„Кам“, македонскиот број еден, годинава одбележува три децении јубилеј и влегува во ново поглавје од својата успешна македонска приказна заснована на квалитет и доверба. Пионер во многу сегменти во полето на малопродажбата, компанијата е позната по грижата за секој потрошувач и по тоа што ги донесе ниските цени на пазарот. Годишнината не е само празнување на минатото, туку и ветување за иднината. Три децении сме покрај нашите потрошувачи и ...

Промената е законот на животот. Ако гледаме само во минатото или се држиме за сегашноста, ризикуваме да ја пропуштиме иднината. Ова не е само филозофска мисла, ова е реалност што секој од нас ја чувствува, особено кога сме дел од организација што се трансформира. Пишува: Ирена Спасовска, корпоративен директор за интерна ревизија и контрола на трошоци во „Малиќи груп“ Во моето повеќедецениско искуство во менаџмент и финансии одамна заклучив ...

Приватните трговски марки сочинуваа 24,6% од вкупната продажба на храна во Шведска во 2024 година, соопшти Националната статистичка агенција на Шведска. Вредноста на продажбата на производи од приватните трговски марки порасна од 89 милијарди шведски круни (7,83 милијарди евра) во 2023 година за 11,6%, на 99 милијарди шведски круни (8,71 милијарда евра) во 2024 година. Зголемувањето на вредноста на продажбата на производи од приватните ...

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска изјави дека имало предлог, кој со сигурност ќе бил прифатен, за повеќекратно да се зголемат казните од сегашните 20.000 евра, за непочитувањето на Законот за нефер трговски практики Еден од предлозите, кој сигурно ќе го прифатиме за поголемо почитување на Законот за нефер трговски практики, е зголемување на казнената политика. Предлогот е повеќекратно да се зголеми сегашната ...

Шестта година по ред, Radenska се грижи за обнова на шумите погодени од природни непогоди или пожари. Компанијата „Раденска Адриатик“ годинава во Радља ќе обнови 10.000 квадратни метри шума уништена во бура со помош на дронови, а ќе биде активна и во Хрватска, каде заедно со волонтери во Шибеник ќе посадат 10.000 садници автохтоно дрвје. Активностите за обнова на шумите, кои „Раденска Адриатик“ ги спроведува веќе шест години, до сега дале ...

Петар Башиќ ја презема улогата претседател на Управата на „Јамница плус“ и извршен директор на групацијата за пијалаци во рамките на групацијата „Фортенова“. Со гордост ја преземам улогата на претседател на Управата на „Јамница плус“ и извршен директор на групацијата „Фортенова“ за пијалаци. „Јамница“ е компанија со богата традиција, силни брендови и голем потенцијал. Заедно со тимот сакам да продолжам да ја градиме „Јамница“ што ќе биде уште ...

Инфлацијата во еврозоната, по два отсто во август, во септември се забрза на меѓугодишни 2,2 отсто, соопшти „Евростат“. Актуелната стапка е за 0,2 процентни поени над вредноста што Европската централна банка (ЕЦБ) ја има како долгорочна цел. Цените во септември биле за 0,1 отсто повисоки од оние во август. Базичната инфлација, која не ги вклучува цените на енергенсите и храната поради нивната променливост, останала непроменета на 2,3 отсто. ...

Над 1 милијарда денари нова транша е исплатена од кон Развојната банка за подршка на домашните компании, средства кои Владата ги обезбеди по поволни услови од унгарскиот заем. Од централниот Буџет кон Развојната банка се исплатени 1,2 милијарди денари, односно 19,4 милиони евра, средства со кои ќе се реазираат инвестициски проекти од страна на домашните компании, кои претходно се одобрени од страна на деловните банки. Со оваа транша вкупната ...

Како што пренесува BiznisInfo.ba рускиот трговски синџир „Мере“ повторно ќе отвори продавници низ Босна и Херцеговина. Ова не е прв обид на рускиот „ултра-дисконтен“ бренд да се позиционира на пазарот во БиХ. Пред три години, трговецот ги отвори првите продавници во Источно Сараево, Приедор и Добој, најавувајќи голема експанзија низ државата од Мостар и Бања Лука до Тузла, Зеница и Бијељина, со план да изгради мрежа од 50 до 80 објекти. ...

Како што пренесува BiznisInfo.ba рускиот трговски синџир „Мере“ повторно ќе отвори продавници низ Босна и Херцеговина. Ова не е прв обид на рускиот „ултра-дисконтен“ бренд да се позиционира на пазарот во БиХ. Пред три години, трговецот ги отвори првите продавници во Источно Сараево, Приедор и Добој, најавувајќи голема експанзија низ државата од Мостар и Бања Лука до Тузла, Зеница и Бијељина, со план да изгради мрежа од 50 до 80 објекти. ...

„БекВерк“ стана еден од најголемите синџири на пекари во Германија. Концептот ја спојува традиционалната пекарска култура со модерен fast-casual пристап. Неговите локали, сместени во централните делови на градовите, се обраќаат на патници, канцелариски вработени и туристи, нудејќи брзи ужини и седење во „кафиќ“ стил. Автор: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар Германците се страсни љубители на лебот, речиси се генетски ...

Компанијата „Данон“ свечено ја отвори својата лабораторија „Данон УанБиом“ во Париз, со што одбележа важна пресвртница во својата посветеност на иновациите засновани на наука и лидерство во истражувањето на здравјето на цревата. Лабораторијата „Данон УанБиом“ ќе служи како глобален центар за наука за микробиомот, исхрана и дигитално здравје, зацврстувајќи ја улогата на „Данон“ во обликувањето на иднината на храната и здравјето, се наведува во ...

Започна со работа новиот дистрибутивен центар на „Лидл“ во Марторел, Барселона. Центарот претставува стратешка инфраструктура која го зајакнува оперативниот капацитет на компанијата на североистокот на Шпанија и ѝ овозможува да продолжи со својата експанзиона стратегија. Вредна 140 милиони евра, оваа инвестиција претставува најголемото логистичко вложување на „Лидл“ во Шпанија од неговото доаѓање пред повеќе од три децении. Со отворањето на ...

Компанијата „Аб Инбев“ соопшти планови за инвестиција од 7,4 милиони долари во својата пиварница во Лос Анџелес, Калифорнија. Инвестицијата ќе биде насочена кон модернизација на опремата за варење и пакување пиво, со цел зголемување на производството на брендот Michelob ULTRA, најпродаваното и најбрзо растечко пиво во САД, се наведува во соопштението на компанијата. Оваа најнова инвестиција од 7,4 милиони долари во пиварницата во Лос Анџелес ...

Компанијата „Џон Луис“, во соработка со „Џонсонс“ („Тимсон груп“) воведе нова услуга за репарирање на кадифените играчки во сите свои продавници и во повеќе над 200 продавници на „Веитрос“. Оваа услуга е лансирана во пресрет на Божиќ и во продавниците на „Веитрос“ кадифените играчки ќе може да им се заменат делови, да се исчистат или повторно да се зашијат. Цените на услугите ќе бидат од 20 фунти па нагоре. Тимот за поправки помина обука кај ...

Законот за нефер трговски практики се применува веќе една година. Тоа е доволен повод за разговор со Малинка Силјановска -Николиќ, претседателка на Комисијата за заштита на конкуренцијата, која има надлежност за спроведување на примената на законодавството од областа на заштита на конкуренцијата и законодавството од областа на државната помош. Разговараше: Петар Чаушевски, petar@instore.mk Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) ја ...

Компанијата „Коти Инк“ објави дека ќе ја интегрира својата престижна козметика и масовна линија на мириси, со цел да се фокусира на своето потекло и клучни предности, за да оствари одржлив профитабилен пораст и да го забрза создавањето вредност. Дополнително, „Коти“ почнува сеопфатен стратешки преглед на својот бизнис со потрошувачка козметика за да го отклучи неговиот целосен потенцијал. Оваа следна фаза од нашата трансформација се однесува ...

Големата наградна игра „Исполни си ги желбите со Moja kravica!“ веќе донесе радост во првите домови. Во рамки на првите две неделни извлекувања, најверните потрошувачи од Скопје, Штип, Битола, Кавадарци, Ресен и Куманово ги добија своите награди – модерни iPhone 15 телефони, PlayStation 5 конзоли и пакети со производи „Моја Кравица“. Со тоа, уште еднаш се потврди дека брендот кој со децении е дел од семејните моменти, сега носи и возбудливи ...

Прометот на стоки во малопродажба во Република Србија во август 2025 година, во споредба со истиот месец од претходната година, е зголемен за 6,6% по тековни цени, а за 2,7% по постојани цени, соопшти Републичкиот завод за статистика. На месечно ниво, е забележан пораст на прометот од 1,1% по тековни цени и 1,0% по постојани цени. Прометот во трговијата со храна, пијалаци и тутун на годишно ниво пораснал за 7,6% по тековни цени и 0,4% по ...

Прометот на стоки во малопродажба во Република Србија во август 2025 година, во споредба со истиот месец од претходната година, е зголемен за 6,6% по тековни цени, а за 2,7% по постојани цени, соопшти Републичкиот завод за статистика. На месечно ниво, е забележан пораст на прометот од 1,1% по тековни цени и 1,0% по постојани цени. Прометот во трговијата со храна, пијалаци и тутун на годишно ниво пораснал за 7,6% по тековни цени и 0,4% по ...

„Атлантик група“ и „Пипи бевериџис“потпишаа договор за стратешко партнерство, со кое „Атлантик“ станува дистрибутер на еден од најпознатите регионални безалкохолни пијалаци. Договорот стапува на сила на 1 ноември, по што „Атлантик“ најпрво ќе ги дистрибуира производите на „Пипи“ низ цела Хрватска, а подоцна се планира „Атлантик“ да го преземе и пазарот на Словенија. Симболично, договорот беше потпишан на сплитските Баќвице, место кое ...

Просечната цена на пинта пиво (0,57 литри) во Обединетото Кралство оваа година порасна за 6% на годишно ниво, достигнувајќи 5,5 фунти (6,49 евра), додека целата индустрија се соочува со притисоци од зголемените трошоци и новите трендови кај потрошувачите. Како што и се очекува, пинтата е најскапа во Лондон, каде што во просек чини 6,83 фунти (8,02 евра), но има и градови како Хал и Бредфорд, каде што може да се испие пиво за помалку од четири ...

Трговскиот синџир „Унимаркт“ одлучи да ја затвори својата малопродажна мрежа во Австрија и да продаде повеќе од 90 продавници на конкуренцијата. Одлуката доаѓа само неколку месеци по одбележувањето на 50-годишнината од основањето на компанијата, со што завршува половина век историја на овој синџир, основан во 1975 година. Околу 120 вработени во седиштето во Траун и 500 вработени во продавниците се пријавени во австриската служба за ...

По повод Меѓународниот ден на свесноста за фрлањето на храна, „Лидл“ - Хрватска ги соопшти своите планови за значително проширување на соработката со Банките за храна, „Каритас“ и градските друштва на Црвениот крст во Хрватска. Освен донациите на свежо овошје, зеленчук и пекарски производи, „Лидл“ спроведува и системски мерки за намалување на отпадот од храна. Компанијата во април 2024 година ја започна соработката со Банката за храна на ...

Групацијата „Фереро“ соопшти дека ја заврши на аквизицијата на компанијата „Келог“, вредна околу 3,1 милијарда долари. Трансакцијата првично беше објавена во јули 2025 година, а акционерите на „Вк Келог Ко“ ја одобрија на 19 септември. Според соопштението на „Фереро“ аквизицијата го поддржува стратешкиот план за раст во Северна Америка и го проширува присуството на компанијата преку повеќе потрошувачки можности со брендови кои потрошувачите ...

Проф. д-р Ристе Темјановски е редовен професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Со богата академска и истражувачка кариера, тој е еден од водечките експерти во областа на транспортот, логистиката, регионалната економија и претприемништвото во земјава. Автор е на над 170 научни трудови и 15 академски книги, а неговото долгогодишно искуство успешно го пренесува и во практични и едукативни проекти од национално и ...

Малопродажбата во Словенија има пораст за 0,7% на годишно ниво во август, по падот од 0,6% во претходниот месец, соопшти статистичкиот завод, пренесува „Сибиз“. Прометот во малопродажбата се зголеми за 0,3% во август во споредба со претходниот месец, наведува заводот. Во периодот јануари–август, оборотот во малопродажбата порасна за 1,4% во однос на истиот период лани. Во малопродажбата на непрехранбени производи е забележан раст од 2,4%, во ...

Во август годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,9 отсто и е намалена за 0,01 процентен поен (п.п.) на месечно ниво и 0,54 п.п. на годишна основа. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечен пад од 0,02 п.п., при годишен раст од 0,23 п.п. и изнесува 2,19 отсто, информира Народната банка (НБ). При тоа, како што се посочува, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити е повисока за 0,06 п.п. ...

Германците секоја година фрлаат речиси 11 милиони метрички тони храна, изјави Алоис Рајнер, министер за земјоделство, за агенцијата „Дпа“, пред почетокот на националната кампања за подигнување на свеста „Пребогато за корпата“. Овој огромен губиток на вредни ресурси може да се намали само со заедничко дејствување, изјави Рајнер. Министерството за земјоделство смета дека 60% од отпадот потекнува од приватните домаќинства.Германските ...

Скопје доби ново катче за дружба, компанијата „Бадел 1862“ го прослави отворањето на Пелин-Парк со отворен настан за граѓаните кои уживаа во новиот изглед на паркот зад полициската станица „Беко“. Компанијата „Бадел 1862“, под капата на брендот Pelinkovac, со овој проект целосно ја обнови и збогати урбаната опрема. Паркот доби и целосно ново хортикултурно уредување со растенија кои одговараат на условите и местоположбата на локацијата, а ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
7.2
54%
1020
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
5.14
74%
1022
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -5ᴼ
0.51
68%
1024
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
5.66
79%
1021
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
9.22
74%
1018
weather icon

Љубљана

-5ᴼ / -8ᴼ
1.03
91%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
63%
1008
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
6.69
56%
1013
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
11.32
32%
1019
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -5ᴼ
0.0
85%
1015
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
10.8
69%
1019
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
8.75
93%
1010
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Сребро

2569.43

Злато

144981.23

Паладиум

57935.65

Рутениум

44946.74

Бакар

11.84

Кобалт

59.52

Алуминиум

3.14

Калај

44.73

Иридиум

169549.30

Цинк

3.10

Платина

72292.89

Родиум

310254.70