– На 03.06.2024 во периодот од 17.30 до 21.00 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Т.(37), Н.С.(39) и Д.С.(34), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од К.Б.(35) од Скопје дека на 01.06.2024 околу 12.45 часот со патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки го однеле во близина на гробиштата во с.Арачиново, скопско, каде што го држеле без негова волја и физички ...

Денеска селекторот на кошаркаската репрезентација на Словенија објави список од 16 кошаркари на кои ќе смета за турнирот во Париз, а на списокот се најде и Дончиќ. Иако, Дончиќ го чека финалето од НБА против Бостон, сепак ќе ги брани боите на својата држава. Од друга страна, Јокиќ кој претходно доживеа елиминација се уште не соопштил дали ќе настапи за Србија. Ќе потсетиме, минатата година кога Денвер играше финале во НБА лигата, Јокиќ со цел ...

Раководството на Манчестер Сити ќе започне преговори за иднината на менаџерот Пеп Гвардиола, чиј договор истекува за точно една година. Претседателот на „граѓаните“ Калдун Ал Мубарак изјави дека во разговорите двете страни ќе се обидат да го најдат „вистинското решение“. По завршувањето на сезоната во која Сити ја освои четвртата последователна титула, Гвардиола изјави дека е „поблиску до заминување отколку да го обнови“ договорот со клубот. ...

Човечко тело е извлечено од надојдената речна вода на вливот на реката Тополка во Вардар, а потоа и е идентификувано од страна на синот, којшто вчера го пријавил татко му за исчезнат, информираат од ЦУК. На единствениот број за итни повици 112 во ЦУК, вчера во почетокот на ноќта, конкретно 21.30 часот имаше пријава од рекреативен риболовец дека е забележано безживотно човечко тело на вливот на реката Тополка во река Вардар. Конкретно, тоа ...

МВР информира дека вчера во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул. „Наум Наумовски“ со ул. „Прилепска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(65) од Битола и патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(53) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.П. и бил пренесен ...

На 04.06.2024 во 12.30 часот, полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ во содејство со Државен инспектор за труд извршиле контрола на градилиште над с.Дрен, демиркаписко. При контролата, на градилиштето биле затекнати С.В.(47), А.Х.(33) и А.Р.(60), сите од Република Турција, при што било констатирано дека престојуваат спротивно на целта, односно ...

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена променлива облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, во северозападните и северните делови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. UV=7 Во Скопје сончево и топло со умерена облачност, попладне со услови за појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Метео предувредување ...

Компанијата „Мета“ започна со тестирање на функцијата наречена „Ad Break“(пауза за реклами). Станува збор за реклами кои нема да може да се прескокнуваат, со времетраење од три до пет секунди. „Ad Breaks“ се нов начин за прикажување реклами на „Инстаграм“. Понекогаш ќе треба да гледате реклама пред да продолжите да ја гледате содржината, стои во описот на оваа функција објаснет од порталот Neowin. Најавата предизвика критики на социјалните ...

Настапот на фудбалската репрезентација на Македонија на синоќешниот контролен натпревар со Хрватска (0-3) разочара многумина. Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, со една фотографија објавена на Инстаграм, без зборови упати моќна порака и ги потсети фудбалерите како се гине за националниот дрес. Ристовски во објавата сподели фотографија од еден од неговите настапи за репрезентацијата на која е со раскрвавена ...

Новак Ѓоковиќ се огласи на Инстаграм по повлекувањето од Ролан Гарос. „Навистина сум тажен што можам да соопштам дека се повлекувам од Ролан Гарос. Играв со срце, дадов се од себе на вчерашниот натпревар, но за жал – поради медијално кинење на менискусот на десното колено, јас и мојот тим донесовме тешка одлука, по внимателно размислување и консултација. Им посакувам многу среќа на сите играчи кои се натпреваруваат оваа недела и искрено им ...

Дрес на Коби Брајант беше продаден на аукција за 1,2 милиони долари. Дресот е од натпреварот против Голден Стејт Вориорс (118:116) кога и се повреди. -Дресот со потписот на Брајант има лепенка со логото на НБА и виолетовиот круг со иницијалите „ЈБ“ во чест на починатиот сопственик на Лејкерс Џери Бас, кој почина во февруари 2013 година, изјави Дилана Манфре од „Спортико“. Најскапиот дрес на Брајант, оној што го носеше во сезоната 2007-08 во ...

На 03.06.2024 во 19.00 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ги лишиле од слобода Е.А.(23) од Скопје и Б.А.(45) од с.Чифлик, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден во кругот на Кванташки пазар во Скопје физички ги нападнале С.И.(30) и Р.И.(27), двајцата од с.Чифлик, при што употребиле тврд предмет и рачка од пиштол. По целосно документирање на случајот ќе следува ...

Новак Ѓоковиќ нема да го продолжи настапот на Ролан Гарос, a како причина е наведена повредата на коленото, на која српскиот тенисер се пожали за време на осминафиналниот меч. Резултатите од магнетната резонанца на коленото очигледно потврдиле лоши вести за светскиот рекет број еден, па тој решил да не ризикува и го заврши настапот во Париз. Србинот одигра два долги мечеви во пет сета во серија, а на последниот против Серундоло се пожали на ...

Непознати напаѓачи ја убиле градоначалничката на Котиха, град во западниот дел на Мексико, Јоланда Санчез Фигуероа, соопштија утрово регионалните власти. Владата на државата Мичоакан го осуди убиството на претседателката на општина Котиха. Потрагата по одговорните за убиството е во тек. Локалните медиуми јавија дека напаѓачите биле вооружени цивили во комбе и оти нападот се случил на улица. Во септември минатата година, Санчез Фигуероа беше ...

На 02.06.2024 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.Ф.(52) од Куманово, додека на 03.06.2024 на Граничен премин Табановце бил задржан С.Ш.(57) од Штип. Тие се сомничат дека на 01.06.2024 измамиле 79 – годишна жена од Куманово за сума од 100.000 денари. Тие ѝ се јавиле на телефон и претставувајќи се како вработени во полиција и ги побарале парите за да помогнат нејзината ќерка да не оди во затвор за ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со вчерашната победа против Аргентинецот Франциско Серундоло стана тенисер со најмногу победи на Гренд слем турнирите. Со вечерашната победа во осминафиналето во Париз, најдобриот светски тенисер ја постигна рекордната 370-та победа на Гренд слем турнирите. Така зад себе го остави Роџер Федерер кој има 369 победи, Рафаел Надал е трет на вечната листа со 314, Џими Конорс е на четвртото место со 233, додека Андре ...

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, по победата над Франциско Серундола на прес-конференцијата изјави дека не е сигурен дека ќе игра четвртфинале на Ролан Гарос поради ситуацијата со повреда. На почетокот на вториот сет, Новак Ѓоковиќ незгодно застана и почувствува силна болка во коленото, поради што мораше да побара лекарски тајм-аут. Пилулата помогна да се ублажат болките, но српскиот ас несомнено беше во агонија во следните ...

Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива на гостувањето кај Хрватска во Ријека (0-2) во првиот од двата јунски пријателски натпревари кои ги играме на гостински терен. Нова лоша претстава на македонската репрезентација и игра далеку под секој просек. Мајер со два гола ни зададе тешки удари. Посебно вториот гол беше одличен, а нашите играчи анемични во одбраната. Се надзира уште еден пораз на Благоја Милевски како селектор на ...

Бројот на лица хоспитализирани откако гром удри во дрво во северниот чешки град Либерец се зголеми од првичните осумнаесет на дваесет и два. Повеќето повредени се во болницата во Либерец, медицинскиот персонал ќе ги пушти во понеделник. Нивната состојба е стабилизирана. Сите се надвор од животна опасност, пренесува чешки „ЦТ24“. Деца во паркот на замокот во Вратиславице се повредени откако гром ги удрил во неделата околу 15 часот и 30 минути. ...

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска од 19:00 часот го игра натпреварот против Хрватска кој е од пријателски карактер. Селекторот Благоја Милевски за овој дуел се одлучи да стартува во формација 3-5-2. Во напдот е тандемот Миовски – Трајковски, потоа зад нив Алими, Атанасов и Елмас, по страничните позиции Ашковски и Алиоски, а триото во одбраната е составено од Муслиу, Велковски и Зајков. На голот е нашиот најдобар голман, Столе ...

Извршниот директор на УФЦ, Дaна Вајт, изјави дека ќе бидат почестени доколку рускиот претседател Владимир Путин присуствува на настан на УФЦ. Говорејќи пред новинарите по УФЦ 302, предводен од руската суперѕвезда Ислам Махачев, кој ја задржа титулата во лесна категорија против Дастин Поиер, шефот на УФЦ беше прашан каква ќе биде неговата реакција доколку Путин посети настан на УФЦ во Русија, исто како што тоа го направи Доналд Трамп во САД. ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп присуствуваше на настанот УФЦ 302 во Њу Џерси и изјави дека ќе ја запре крвавата војна во Газа. Трамп доби овации од толпата во Њуарк, Њу Џерси на УФЦ 302 додека навивачите го чекаа мечот меѓу Дастин Пориер и Ислам Махачев. Хабиб Нурмагомедов беше во аголот на Ислам Махачев, кој во 5. рунда успеа да го совлада Пориер со завршница. Нурмагомедов го искористи присуството на Трамп и го повика да ја ...

Производство и извоз на делови за мотроцикли. Ги нудат сите резервни делови за велосипеди, моторчиња… Фирмата успешно работи од 1992 година. Ориентација им се трговијата, но умешни се и во производството на резервни делови во сопствениот погон. Продукцијата има муштерии главно во странство. Махери се за трговија со делови за мотори, велосипеди, мотокултиватори, за скутери, моторни пили. Имаат дуќан во старата чаршија. Канонада е претпријатие ...

Утрово голем број патници кои од Велес со воз патуваат до Скопје останаа без превоз. Возот што тргнува од Скопје за Гевгелија и обратно, а по возен ред од Железничката станица во Скопје поаѓа во 16,55 часот синоќа по тргнувањето се расипал. Поради тоа утрово истиот воз во 4.40 часот не тргна од станицата во Гевгелија, информираат за МИА од Железничката станица во Велес. Според возен ред од Железничката станица во Велес, овој воз требало да ...

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно време со локална појава на пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град. UV=7 Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Метео предупредување: ...

Дваесет и едногодишно момче со својот опел удрил во 68-годишен пешак па избегал. Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера во 09:40 часот на улицата Пабло Неруда. Во ОВР Струга вчера во 9:40 часот било пријавено дека на улицата „Пабло Неруда“ во Струга патничко возило опел со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.М.(21) од село Радолишта, струшко, удрило во пешакот С.Д.(68) од село Долна Белица, струшко, по што го напуштило ...

На 01.06.2024 во 18:47 часот СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворениот дел на установата бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи на затвореници. Во масовната тепачка, осуденикот Х.Ф.(29) од с.Студеничани, скопско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на ...

Кинеската сонда „Chang’e-6“ слета денеска на подалечната страна на Месечината, каде што ќе собира примероци за првпат во историјата на човештвото, објави Кинеската Национална вселенска агенција (CNSA). Сондата полета на Месечината на 3 мај, а слета денеска во 6:23 часот по локално време во Пекинг, пренесе Ксинхуа. За време на слетувањето користен е автономен систем за избегнување визуелни пречки што со помош на камера избира релативно ...

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Дарио полумаратонот го истрча за 1 час 10 минути и 1 секунда. На второто и третото место се пласираа атлетичарите од Бугарија Михаил Валковски (1:14:00ч.) и Николај Николов (1:15:44). Победникот Ивановски покрај парична награда од 300 евра од Општина Охрид доби ваучер за ...

Хрватскиот интернационалец, Лука Модриж (38), испиша историја по победата на Реал Мадрид на „Вембли“ против Борусија Дортмунд (2-0) во синоќешното финале од Лигата на шампионите (ЛШ), откако се изедначи со Пако Гент со најмногу трофеи во ова натпреварување – по шест. Капитенот на Хрватска влезе во игра во 85. минута и дојде до 26. пехар во дресот на Реал, со што стана најтрофеен фудбалер во историјата на „кралевите“. Тој ги „прескокна“ Карим ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
66%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
91%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.25
77%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.85
69%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
92%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 15ᴼ
1.49
100%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.89
66%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
0.85
71%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.32
59%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.58
70%
1010
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.2
100%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Калај

53.60

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28