Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Кривична пријава е поднесена против 42-годишна жена од Свети Николе поради сомнение дека го загрозила семејството со упатување закани кон сопругот и нивните деца. Од МВР информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против С.Т. (42) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Според пријавата, на 8 август 2026 година, во семејниот дом, ...
Кривична пријава е поднесена против двајца турски државјани, со закани присилувале двајца гостиварци на финансиски дејствија на сопствена штета, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. – Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Д.(55) и З.Д.(54) од Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавените, во континуитет, од 2019 до 2026 ...
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К. (52) од Гевгелија, поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Според пријавата, во периодот од 7 ноември 2025 до 3 март 2026 година, пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во рамки на службата. Како што е наведено, тој без налог или одобрение од корисниците ...
Осумгодишно дете од селото Велебрдо, Општина Маврово и Ростуше вчера било донесено во скопскиот клинички центар за укажување лекарска помош, по што од болницата ја алармирале полицијата. Како што соопшти полицијата, на 18.08.2026 година во 14:33 часот во СВР Тетово од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив било донесено осумгодишно дете од Велебрдо за укажување лекарска помош. Детето се здобило со повреди во ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Сончево и ...
Од четврток (20 август) па сѐ до крајот на неделава, територијата на Македонија ќе биде под влијание на нов изразен топол бран од југ, односно од Африка, а времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, освен во сабота на 22 август кога во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме проследено со појава на град и на ...
Премиерлигата за првпат оваа сезона ќе дозволи аудиоснимки од разговорите на теренот меѓу фудбалерите и судиите да бидат емитувани во текот на преносите во живо. Користењето аудиоснимки од страна на носителите на ТВ-правата за Премиерлигата е дел од проширувањето на системот „Рефкам“ (RefCam), кој минатата сезона стана редовен дел од преносите на највисоко ниво, по шестнеделен пробен период на почетокот на сезоната. Камерите „Рефкам“, ...
На 16.08.2026 во 21:10 часот во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека на локален пат Пехчево – туристичка населба „Равна река“, патничко возило „опел“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(34), излетало од патот. -Во несреќата со повреди се здобиле возачот и неговите сопатници М.Б.(40), О.Д., А.С.(35) и Н.С.(52) , констатирани во Општа болница Кочани, информира МВР. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани. ...
Негувателки во градинки во скопската населба Хром, како и во Берово биле пријавени за насилство врз дете, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во првиот случај, мајката пријавила дека детето било удрено од негувателката, а во друиот негувателката згазнала на прстот од раката на детето. „Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 14.08.2026, откако ја зела нејзината петгодишна ќерка од градинка на подрачјето ...
На 16.08.2026 во 23:00 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на патот Зрновци-Пониква, во близина на место викано „Компосара“, мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Ј.Ј.(18) од с.Тркање, кочанско, се превртел на патот, информира МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кочани. Известен е јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани. На 16.08.2026 во 23:00 ...
Кривично ќе се гонат пет лица за насилство по тепачката во Аеродром вчера по полноќ. – Единицата за насилен криминал при СВР Скопје – Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава против Е.М., Е.Р.(30), Ѓ.А., А.Р.(32) и еден малолентик поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 396 став 3 од Кривичниот законик, информираа од МВР. Имено, на 16.08.2026 во 01:15 часот на подрачјето на општина ...
Инцидент во дворот на семејна куќа во Батинци: маж и неговиот малолетен син биле повредени при физички напад од повеќе лица. Од МВР информираат дека на 16 август 2026 година околу 20:00 часот во СВР Скопје И.М. (41) пријавил дека во дворот од неговата куќа во селото Батинци, Скопско, бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С. Според пријавеното, за време на инцидентот Н.С. со тврд предмет скршил стакло од влезната врата на куќата. ...
На автопатот Скопје-Тетово, кај Ласкарци, се случила сообраќајна несреќа во која четири лица се повредени, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди. Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 16 август 2026 година околу 21:45 часот. Во атарот на селото Ласкарци, Скопско, патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.К. (23) од селото Палатица, Тетовско, удрило во ограда, по што излетало од патот. Во ...
Во текот на изминатата ноќ, на територијата на целата држава биле санкционирани 63 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи. Контролата била спроведена од 23:00 до 05:00 часот, при што осум возачи биле лишени од слобода согласно со член 297-а од Кривичниот законик. Најголем број санкции биле изречени на подрачјата на СВР Битола и СВР Куманово – по 12, потоа на СВР Велес и СВР Охрид – по ...
Досегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во ОЈО ГОКК за организиран транспорт на наркотична дрога марихуана од РСМакедонија во РСрбија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност. Обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија и меѓународната соработка со надлежните органи на РСрбија, резултираа со донесување нова Наредба за спроведување истражна постапка ...
Кристијано Роналдо ексклузивно проговори за пензионирсње во интервју за Vogue, додавајќи дека во меѓувреме сака да постави стандарди кои што ќе останат запаметени. Роналдо реално за прв пат говори за своето потенцијално пензионирање. Додавајќи дека фудбалот му е се во животот и дека ќе мора таа огромна празнина да ја пополни со нешто друго во животот. Португалецот изненадувачки рече дека ќе патува многу повеќе отколку сега заедно со ...
Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекуваат утре во земјава – најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во среда претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност. Од УХМР најавуваат дека од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневните температури се очекува да надминат 40 степени. Низ земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време со ...
Првиот целосно електричен Ferrari, кој годинава стана најконтроверзниот модел на италијанскиот производител на спортски автомобили, беше продаден на аукција за неверојатни 40 милиони долари, односно околу 34,5 милиони евра. Приходот од аукцијата, одржана во рамки на автомобилскиот саем во Пебл Бич, Калифорнија, во целост ќе биде дониран на хуманитарната фондација на Ferrari. Автомобилот од моделот Ferrari Luce го носи бројот на шасија 0, што ...
Тешка сообраќајна несреќа синоќа се случила во скопското село Ласкарци, при што, според првичните информации, три лица се здобиле со тешки повреди. Инцидентот се случил откако автомобил, под се уште неразјаснети околности, излетал од главниот пат и завршил на спореден пат во селото. На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата, а повредените биле преземени за понатамошно медицинско згрижување. ...
На 16.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода И.К.(38) од с. Прељубиште затоа што агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава На 16.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски ...
На 16.08.2026 во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода Б.С.(67) од Битола. Тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на ул.„4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијланта противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола и по целосно документирање на ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по елиминацијата од Мастерсот во Синсинати изјави дека има здравствен проблем што го мачи во последните неколку години. Ѓоковиќ загуби од Тијаго Агустин Тиранте во второто коло со резултат 2:1 (6:2, 4:6, 4:6), а за време на натпреварот повраќаше и имаше тешкотии со дишењето поради високата влажност. „Прво, му честитам на мојот противник. Искрено, ова воопшто не беше пријатен натпревар за мене. Така се ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје, сончево со слаб ветер од променлив правец. Следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје, сончево со слаб ...
На 15.08.2026 година во 16:30 часот полициски службеници од ПО Камењане го лишиле од слобода Ј.Н.(45) од с. Боговиње поради тоа што истиот ден во дворот од семејната куќа во с. Боговиње физички ја нападнал својата 34-годишна снаа, при што ѝ нанел телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. На ...
На 16.08.2026 година полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода И.Т.(45) од Гостивар. По претходна пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, кај него се измерени 1,01 промил алкохол во крвта. Во текот на вечерта, сопругата дополнително пријавила дека истиот подолг период под дејство на алкохол ја принудувал на сексуални односи, вршел психичко и физичко малтретирање врз неа и децата. Врз основа на тоа, во 23:55 ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска експлозивна направа била фрлена кон куќа во Бардовци и предизвикала штета. Како што соопшти полицијата, околу 02:35 часот, К.Б.(70) од Скопје пријавил дека во скопското село Бардовци, кон домот бил фрлен предмет кој предизвикал експлозија и направил оштетување на скалите од влезот на куќата. – Направил оштетување на скалите од влезот на куќата, бил скршен прозорец, потоа оштетено било ...
Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода пет лица, сите жители на село Броштица, Општина Центар Жупа, поради физички напад врз лице од село Могорче. -Денеска во 00:20 часот од страна на полициски службеници лишени се од слобода А.В.(19), Н.В.(53), А.В.(50), С.В.(32) и Р.Н.(19) сите од село Броштица, Центар Жупа, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид. Тоа постапувајќи по претходна пријава ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против Д.Р.(73) од Валандово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и муниција“ и „фалсификување на огнено оружје“. На 24.03.2026, по извршени проверки, констатирано е дека пријавениот има дозвола за поседување и носење на оружје за пиштол „Црвена Застава“ калибар 9мм и ...
На магистралниот пат Струмица–Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица синоќа го лишиле од слобода 25-годишниот Д.М. од Струмица, откако при преглед на возилото што го управувал биле пронајдени марихуана и четири таблети екстази. Според информациите од полицијата, на 15 август 2026 година околу 21 часот, при извршен преглед на патничко возило „поло“ со струмички регистарски ознаки, Д.М. од возилото извадил и им предал на полициските ...
Ноќеска (16.08.2026) во 00:50 часот, на брана „Топлик“ Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.А.(44) од Гевгелија. При преглед на патничко возило „поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.А. биле пронајдени марихуана и предмети со остатоци од марихуана, соопшти МВР. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде ...