Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Територијата на нашата Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7 јули) ќе биде под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која е поврзана со поле на висок воздушен притисок. Во ваква ситуација ни следува подолг период на стабилно, суво и на многу топло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен ...
Реал Мадрид донесе одлука да го префрли својот најдобар фудбалер Килијан Мбапе, каде што ќе биде под надзор и подложен на дополнителни тестови, откако е откриено дека францускиот напаѓач има акутен гастроентеритис. Лекарите веднаш почнаа да вршат низа тестови и да му даваат соодветна терапија. Мбапе првпат ги почувствува симптомите по тренингот во понеделник, 48 часа пред натпреварот против Ал Хилал, по што повеќе не беше во можност да ...
Низ цела јужна Европа денеска продолжи топлотниот бран, со зголемен ризик од избувнување пожари, а се очекува овој феномен утре да биде уште поинтензивен во Италија, Шпанија и Португалија. Во Франција, утре и задутре се очекува температура до 35 степени Целзиусови во најмалку две третини од земјата, со „многу непријатни“ ноќи со минимална температура од 20 степени, изјави метеоролог од Météo-France. Феноменот денеска го зафати југот на ...
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен ...
Од утре нашата земја повторно влегува под влијание на жешка воздушна маса од Африка, поради што температурите значително ќе се зголемат и на некои места ќе достигнат дури до 40 степени Целзиусови. Времето ќе биде сончево, многу топло и сушно, а УВ индексот ќе биде многу висок и опасен по здравјето, предупредуваат метеоролозите. Во сила се сите стандардни препораки за заштита од топлотни удари: Избегнувајте престој на отворено во периодот од ...
Тенисерот Новак Ѓоковиќ се огласи за натпреварот меѓу Србија и Албанија во квалификациите за Светското првенство во фудбал. И покрај фактот дека српските фудбалери беа удирани во глава во неколку наврати од страна на албанските навивачи, „Орлите“ го завршија натпреварот со Албанија во Тирана мирно. Натпреварот заврши нерешено 0-0, а по него се огласи и Новак Ѓоковиќ. „Почитта и фер-плејот се секогаш можни. Големо браво за двата тима за ...
По 22 години поврзување луѓе низ целиот свет, Скајп денеска престана да функционира, што претставува крај за еден од пионерите на интернет комуникацијата. „Мајкрософт“ го најави ова на крајот на февруари, повикувајќи ги корисниците да се префрлат на апликацијата Тимс. Лансирана во 2003, Скајп не беше првата платформа која им овозможи на луѓето бесплатно да комуницираат преку компјутер, но помогна да се популаризира. Скајп беше купен од ...
Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи. Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по ...
Aston Martin го претстави својот нов модел, феноменалниот Vanquish Volante. Кабрио верзијата на предводникот GT е придвижувана од V12 мотор кој развива 824 КС, додека максималната брзина е 342 km/h. Луксузниот британски производител на автомобили го претвори своето веќе импресивно купе Vanquish во кабриолет. Volante го задржува истиот моќен 5,2-литарски твин-турбо V12 мотор, кој испорачува 824 КС и 1.000 Nm вртежен момент, доволно за да го ...
СВР Штип – ОВР Берово поднесе кривични пријави против правно лице – угостителски објект од Пехчево и против С.П.(43) од Пехчево и против правно лице – угостителски објект од Берово и В.К.(32) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“. Пријавениот С.П., сопственик и управител на правното лице од Пехчево, на катастарска парцела во Пехчево во државна соспственост, без одобрение за градење издадено ...
Инцидент во Велес. Малолетничка била нападната со метален предмет, а напаѓачот кога дошла полицијата не ги послушал нивните наредби, по што се дал во бегство. Вчера околу 18.00 часот, во СВР Велес, Е.Х.(25) од Велес, пријави дека на улицата „Хаџи Косте“ во Велес, неговата малолетна ќерка била физички нападната од С.У.(23) од Велес, при што напаѓачот употребил и метален предмет, а откако неговата 27-годишна сопруга дошла на местото на ...
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки телесни повреди при сообраќајна несреќа на автопатот „Патот на Арбр“ во Албанија, откако со мотоцикл удриле во заштитен ѕид покрај коловозот. Според информациите од албанската полиција, инцидентот се случил на делницата Маќелари – Булќиза, во близина на месноста „Мостот Череница“. Мотоциклот со скопски регистарски таблички, при обид за непрописно претекнување, излетал од коловозот и удрил во ...
На 13.06.2025 година околу 10.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје -Тетово, кај село Арнакија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(60) од село Буковиќ, скопско и патничко возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(46) од село Пештани, охридско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Р., ...
Три сообраќајки се случија вчера во Тиквешијата, потврди утрово за МИА, доктор Ратко Грков, лекар во Итна медицинска помош во Кавадарци. – Во една од сообраќајките, на патот Кавадарци – село Возарци, кон селото Дреново, имаше едно потешко и едно полесно повредено лице. Во сообраќајната несреќа од градот кон росоманското село Рибарци, во која имаше и деветмесечно бебе, се работеше за полесни повреди. Во третата сообраќајка, стануваше збор за ...
Полициски скужбеници од повеќе сектори за внатрешни работи во текот на викендов исклучувајќи ги од сообраќај од слобода лишија шестмина возачи, а сите по основ на сторено кривично дело по член 297 а – „безобѕирно управување со моторно возило“ од КЗ на РСМ. Така денеска (15.06.) полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Пеце Котески“ во Прилеп го лишиле од слобода М.С.од Скопје, кој што управувал товарно моторно возило „Ивеко“, и при ...
Во периодот од (понеделник 9 јуни до недела 15 јуни) во нашата Република Македонија ќе имаме намалување на интензитетот на овој топлотен бран од Африка и породор на посвежа воздушна маса од север која ќе услови пад на температурите на воздухот за 3 до 5 степени и повремено засилен ветер од северен правец, најави Славчо Попоски. Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност. Во попладневните часови локално ќе има развој ...
Од утре пад на температурите за три до пет степени, најавува Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата, ќе дува и умерен до засилен северен ветер, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 27 до 36. Во втроник ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана ...
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, го освои својот 100-ти јубилеен трофеј победувајќи го Хуберт Хуркач со 2-1 во финалето на турнирот во Женева, во сетови 5-7, 7-6, 7-6. Ѓоковиќ ја пропушти претходната шанса да постигне голема цел во Мајами, губејќи во финалето од Чехот Јакуб Меншик, но беше на висина на задачата во Швајцарија и им се придружи на Американецот Џими Конорс (109) и Швајцарецот Роџер Федерер (103) во клубот на ...
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и појава на град. Невремето зафати повеќе делови од градот. Во повеќе скопски општини беа забележани наноси од мраз, а граѓаните на социјалните мрежи споделија фотографии од дворови, покриви и возила покриени со слој од град. Од надлежните служби засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица, но се апелира на внимателност и ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните североисточни делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено ...
Управата за хидрометеоролошки работи за утре издаде предупредување за силен ветер од северен правец, долж Повардарието и до 70 километри на час. Во поголем дел од земјата утре времето ќе биде ведро и посвежно, во источните делови променливо облачно со слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде од 3 до 11 степени, а максималната од 16 до 24 степени. Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен ...
Најмногу воден талог во изминатите 24 часа до 8 часот утрово од 20 л/м2 е измерен во Крива Паланка, Виница, Струмица. Следат со 16 л/м2 Штип и Кавадарци, 14 во Битола и Берово, 13 во Тетово, Прилеп, Крушево, Попова Шапка, 11 Тополчани, 10 Скопје-Петровец, Куманово, 9 Претор, 8 Демир Капија, 7 Скопје-Зајчев Рид, 6 Велес, 5 Охрид, Гевгелија, Лазарополе и 4 л/м2 во Маврови Анови, соопшти УХМР. Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо ...
Во попладневните и вечерните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, информира УХМР. Од утре ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд и грмежи, а во петок ќе дува засилен југозападен ветер. Под влијание на нов влажен бран во деновите од ...
Неапол вчера експлодираше откако Наполи и официјално го освои Скудетото до кое стигна пред Интер кој остана еден бод зад клубот под Везув. Како што соопшти денеска полицијата, вечерта во кое имаше големо славје зад себе остави 98 повредени лица, најголемиот дел поради невнимателно ракување со пиротехнички средства. Меѓу повредените е и еден белгиски турист, кој бил прободен додека се возел со мотор низ центарот на градот, без како што велат ...
Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Женева, совладувајќи го Италијанецот Матео Арналди со 2-0 во сетови (6-4, 6-4), со што му се реваншираше за поразот на Мастерсот во Мадрид. Српскиот ас во првиот сет се соочи со цврст отпор од Арналди, но успеа да направи брејк за водство од 2-1, по што сигурно го задржа својот сервис и го доби сетот со 6-4. Во вториот сет, Арналди возврати со агресивна игра и поведе со 3-1, но ...
По веста за смртта на папата Франциско, кој почина во утринските часови на 21 април 2025 година, италијанската фудбалска лига Серија А донесе одлука да ги одложи сите денешни натпревари, вклучително и натпреварите на Примавера 1, поради почит кон починатиот поглавар на Католичката црква, Хорхе Бергољо. Одлуката се однесува на 33-то коло во Серија А, кое е одложено до понатамошно известување. Од Здружението велат дека овој потег го следи ...
Во текот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а долж Повардарието ветерот ќе биде поизразен. Во Скопје, времето исто така ќе биде променливо облачно, а попладне во делови од котлината постои можност за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Според најавите од УХМР, утрешниот ден ќе ...
Иако длабоко влеговме во пролетта, српскиот планинскиот превој Јабука, на надморска височина од 1250 метри надморска височина над Пријепоље, утрово осамна под снежна покривка. – Снегот почна да паѓа во раните утрински часови, а температурата се спушти на само 1 степен Целзиусов. Белите снегулки не беа само минлив феномен, снегот брзо се спушти и ја покри околната природа, создавајќи необична зимска атмосфера во средината на мај – раскажуваат ...
Управата за хидрометеоролошки рабори соопшти дека утре ќе има пообилни врнежи од дожд, над 30 литри на метар квадратен. Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта кон сабота наместа засилен северен ветер, над 60 километри на час, особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат. Во сабота ќе има повремени локални ...
Територијата на нашата Македонија утре (четврток 15 мај) од попладневните и вечерните часови, како и во петок (16 мај) ќе биде под влијание на голем влажен бран од Медитеранот кој насекаде ќе услови да имаме обилни врнежи од дожд (локално над 30 литри на метар квадратен дожд). Во исто време од север и од североисток кон Македонија ќе се спушта многу поладен воздух кој значително ќе ги спушти температурите на воздухот, и тие, особено во петок ...