Купувањето стан за многумина изгледа како далечна цел, но сè поголем број финансиски и пазарни експерти укажуваат на една важна вистина а тоа е дека домот не е трошок, туку долгорочна инвестиција. Прашањето денес не е дали недвижноста е скапа, туку колку ќе чини ако со купувањето се доцни пет или десет години. Според аналитичарите на пазарот на недвижности, најголемата грешка што ја прават луѓето е што цената ја гледаат само низ призмата на ...

Во земја во која речиси секој има мислење за тоа што е „убаво“, „пристојно“ или „модерно“, парадоксално е што вистинската индивидуалност во облекувањето ретко станува доминантна појава. Македонија има модни дизајнери, модни куќи, креативци и авторски колекции кои можат да стојат рамо до рамо со многу регионални и европски брендови, но сепак на улиците најчесто доминира истата визуелна формула или во „превод“ истите кроеви, истите бои, истите ...

Препознатлив по врвниот квалитет на изработка, вниманието кон деталите и автентичниот дизајнерски потпис, брендот ELENA LUKA со секоја нова колекција носи свежа естетика и современ поглед кон женственоста. Низ годините, оваа модна куќа изгради препознатлив моден идентитет во кој префинетоста, луксузот и беспрекорната изработка се спојуваат во креации што оставаат впечаток на прв поглед. Во рамките на колекцијата LA DOLCE ESTATE SS26, брендот ...

Во модата постојат пазари што носат престиж и пазари што претставуваат вистински тест за капацитетот на еден бренд. Дубаи несомнено припаѓа во втората категорија. Тоа е град во кој луксузот не е исклучок, туку стандард. Град во кој светските модни куќи, ексклузивните хотели и премиум брендовите секојдневно се натпреваруваат за вниманието на една од најпребирливите клиентели во светот. Токму затоа, успешното позиционирање на македонски бренд ...

Во историјата на модата имало ревии што ги поместувале границите на естетиката, технологијата и спектаклот, но малкумина успеале да создадат настан што и повеќе од две децении подоцна се споменува како еден од најрадикалните модни перформанси на сите времиња. Токму таква беше презентацијата на колекцијата пролет/лето 2004 на австрискиот дизајнер Карол Кристијан Поел, насловена „Mainstream Downstream“, одржана во Милано во 2003 година. Во ...

На околу еден час возење од Чикаго, среде рамниот пејзаж на Илиноис, САД, се издига објект кој повеќе потсетува на археолошко откритие од Египет отколку на американска семејна куќа. Опкружена со воден ров, чувана од огромни статуи на фараони и обложена во златна боја, оваа градба веќе речиси половина век предизвикува восхит, неверување и бескрајни дебати меѓу архитектите. Станува збор за прочуената Gold Pyramid House во Вадсворт, Илиноис, ...

Кај нас постои една интересна појава која речиси секојдневно може да се забележи на социјалните мрежи, во телевизиските емисии, на свадби, матури или јавни настани. И речиси секој има мислење за тоа дали некој фустан е убав или грд, дали некоја креација му стои добро на оној што ја носи, дали бојата е соодветна или дали цената е оправдана. Но кога разговорот ќе се префрли на конструкцијата на облеката, на кројот, пропорциите, линијата, ...

ELENA LUKA е бренд кој со години создава сопствени модни насоки. Препознатлива по својата способност да ја препознае промената во вкусот на современата жена уште пред таа да стане глобален тренд, македонската модна куќа изгради естетика што се темели на префинетост, прецизен крој и внимателно осмислен дизајн. Во колекцијата LA DOLCE ESTATE SS26, оваа филозофија повторно доаѓа до израз преку модели кои ја слават леснотијата на летото, а ...

ELENA LUKA HOME Берза на недвижности отвора селектирано портфолио на имоти со јасна вредност, директно од сопственик Во време кога квалитетните локации стануваат сè поретки, а купувачите и инвеститорите бараат сигурност, транспарентност и реална вредност, ELENA LUKA HOME го претставува своето сопствено портфолио преку ELENA LUKA HOME Берза на недвижности. Линк до имотите: ELENA LUKA HOME Берза на недвижности: имоти директно од сопственик ...

Постојат луѓе чии битки го менуваат текот на историјата. Една од нив е Ерин Брокович, жената која во 1990-тите стана симбол на граѓанската борба против корпоративната моќ, откако помогна да се разоткрие едно од најголемите еколошки загадувања во САД и да се добие рекордна спогодба од 333 милиони долари против енергетскиот гигант Pacific Gas & Electric. Нејзината приказна подоцна стана холивудски филм, а актерката Џулија Робертс ја освои ...

Во архитектурата ретко се случува објектот да биде истовремено присутен и отсутен. Уште поретко се случува една градба да биде видлива и невидлива во ист момент. Токму тоа го прави CLAUSURA, еден од највпечатливите архитектонско-уметнички проекти во Европа во 2026 година, поставен на просторот на историската опатија Херкенроде во Белгија. Наместо да ја обноват исчезнатата готска црква со камен, бетон или челик, авторите создадоа нешто многу ...

Психологија на потрошувачката, перцепцијата на вредноста и македонскиот однос кон модата Не е невообичаено денес некој да издвои 1.000, 1.500 или дури 2.000 евра за најнов смартфон, но истата личност често ќе се двоуми дали да потроши 300 или 500 евра за врвно изработен моден дизајнерски производ. На прв поглед, ова изгледа како економска одлука. Но ако се погледне подлабоко, станува збор за многу посложен сплет од психологија, социологија, ...

Принцезата Шарлин, една од најелегантните припаднички на европските кралски семејства, уште еднаш покажа дека ненаметливата елеганција е нејзиниот најсилен моден адут. За време на официјалната посета на принцот Алберт II и принцезата Шарлин од Монако на Мадрид, каде што беа пречекани од шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција, модните познавачи не престанаа да зборуваат за изгледот на монашката принцеза. По години експериментирање со ...

Постојат модни парчиња што ја следат сезоната, а постојат и такви што ја дефинираат. Токму во таа втора категорија припаѓа новото палто Solei од колекцијата LA DOLCE ESTATE SS26 на ELENA LUKA, брендот кој со години гради препознатлив идентитет врз беспрекорна изработка, прецизен крој и високи стандарди во секој детал. Во модата, палтото отсекогаш важело за едно од најкомплексните и најпредизвикувачки парчиња за конструкција и шиење. Од ...

Во време кога секојдневно сме опкружени со совршено уредени фотографии, успешни приказни и внимателно избрани моменти од животот на другите, лесно е да поверуваме дека и ние мора постојано да бидеме беспрекорни. Желбата да се трудиме, да напредуваме и да го даваме најдоброто од себе е позитивна особина. Но, кога стремежот кон совршенство станува опсесија, тој може да се претвори во сериозен извор на стрес и незадоволство. Постои голема ...

Вистинската фризура може да ги омекне цртите на лицето, да внесе свежина во изгледот и да направи да изгледате неколку години помладо. Токму затоа изборот на фризура е еден од најмоќните сојузници на добриот изглед, а еве како да ја искористите за подмладување. Долги слоеви Косата со слоеви изгледа полесно, поживо и пополно со волумен. За разлика од рамно потстрижената коса, слоевите создаваат движење околу лицето и му даваат помека рамка. ...

Во време кога градовите стануваат сè погусти, температурите сè повисоки, а зелените површини сè поретки, архитектите и урбанистите се соочуваат со едно клучно прашање односно дали покривот мора да остане само техничка завршница на објектот или може да стане нов простор за живот? Токму тука започнува приказната за зелените покриви, архитектонско решение кое во последните две децении се претвори од авангардна идеја во сериозен елемент на ...

Нејзиното вистинско име било Иљена Лидија Миронов. Имала само девет години кога нејзиниот татко – руски аристократ чие семејство избегало од Болшевичката револуција и пристигнало во работничка Англија – тивко го променил семејното презиме во нешто помалку туѓо. Помалку впечатливо. Нешто што можело малку да им го олесни животот на неговите деца во земја која не знаела баш како да се однесува кон нив. Така станала Хелен Мирен. А она што ...

Ова е веќе феномен! Со децении тивко ја обликува македонската потрошувачка култура, а особено модната сцена. Тој не е поврзан со квалитетот, цената или дизајнот. Станува збор за длабоко вкоренето уверување дека она што доаѓа однадвор автоматски е подобро од она што се создава дома. Во Македонија честопати се случува фустан произведен во Париз, Милано или Истанбул да биде перципиран како повреден од идентичен или дури поквалитетен производ ...

Сто години по смртта на Антони Гауди, официјално е потврдено дека планинското одморалиште Xalet del Catllaràs во каталонските Пиринеи е негово дело. Веројатно сите сте слушнале за Саграда Фамилија во Барселона, а ако не сте, тогаш сигурно сте слушнале за црквата во Шпанија што се гради со векови и сè уште не е целосно завршена. Иако со години се најавува дека изградбата е при самиот крај, тој крај никако да пристигне. Најновите информации ...

Холивудската легенда Mишел Фајфер уште еднаш докажа дека безвременската елеганција никогаш не излегува од мода. На годинешното издание на Gotham Television Awards во Њујорк, актерката воодушеви во префинета креација на Chanel во нежна боја на слонова коска. За свечената пригода, Фајфер, 67, избра фустан без ракави, украсен со богати флорални детали во горниот дел, додека плисираното здолниште му даде дополнителна леснотија и романтичност на ...

*Џени Акројд и самата примаше терапија за рак додека го дизајнираше пристапниот кошула-фустан Додека се лекувала од рак на мозокот, на Емили Родс од Обединетото кралство ѝ било сè потешко да најде облека што е удобна и лесна за носење за време на третманите. 24-годишната манекенка од Јорк постојано купувала нова гардероба, бидејќи болеста предизвикувала брзо зголемување на тежината, а телото ѝ било чувствително и болно. „Одевме во продавници ...

Препознатлива по беспрекорниот крој, префинетата изработка и способноста секоја сезона да понуди нова интерпретација на современата женственост, модната куќа ELENA LUKA и овојпат ја носи софистицираноста на едно повисоко ниво. Наместо спектакуларност по секоја цена, фокусот е ставен на чистите линии, безвременската елеганција и летната леснотија што никогаш не излегува од мода. Токму таков е и фустанот „Фиоренца“ од колекцијата LA DOLCE ...

Имала само шест години кога нејзината мајка си го одзела животот. Шест години! А луѓето околу неа, таткото, роднините, високото париско општество кое продолжило да живее како ништо да не се случило ја испратиле да живее кај нејзината тетка. Нејзината тетка, Винарета Сингер, била една од најголемите покровителки на уметноста и музиката во Европа. Жена која во својот салон ги пречекувала Стравински, Дебиси, Форе и Пруст. Исклучителна личност. ...

Во јавноста најчесто се зборува за фасадите, пентхаусите, големите тераси и луксузните ентериери. Но архитектите и градежните инженери добро знаат дека вистинскиот квалитет на една зграда многу често започнува под земја. Подрумот е еден од најпотценетите, а воедно и најважните делови од секој современ станбен или станбено-деловен комплекс. Според анализите на водечките светски архитектонски и градежни списанија како Architectural Record, ...

Од една страна, јавноста често зборува за „македонска мода“ како за единствен поим, а од друга страна ретко кој навистина се прашува кој ја создава таа мода. Дали стилот што го гледаме на улиците доаѓа од домашните дизајнери и модни куќи, од малите бутици кои увезуваат трендови од Турција, Италија и Кина, или пак од глобалните брендови кои преку социјалните мрежи ја обликуваат естетиката на цела една генерација? Одговорот не е воопшто ...

Постојат многу модни приказни за успех, но малку од нив се толку драматични, инспиративни и речиси неверојатни како животната приказна на Наталија Водјановас. Денес таа е една од најпознатите супермодели на својата генерација, филантроп, претприемач и сопруга на човек кој е дел од најмоќната династија во луксузната индустрија. Но патот до таа позиција бил исполнет со сиромаштија, жртви, болка и борба за опстанок. Во последните денови ...

Вистинската препознатливост на еден бренд секогаш се гради врз нешто многу подлабоко, конкретно врз прецизноста на кројот, јасната дизајнерска визија и способноста секоја креација да изгледа современо денес, но и по многу години. Токму тоа е една од најголемите тајни на успехот на ELENA LUKA. Низ годините, брендот успеа да изгради препознатлив моден јазик во кој беспрекорната конструкција на облеката се спојува со автентичен дизајн, ...

Секоја жена има дел од телото со кој е особено задоволна, но и дел што би сакала малку повеќе да го прикрие. Добрата вест е што вистинскиот костим за капење може визуелно да ја обликува фигурата и да создаде поизбалансиран изглед. Наместо да се фокусирате на килограмите, изберете крој кој ќе работи во ваша корист. Вишок килограми околу стомакот Најдобар избор се едноделните костими со обликувачки ефект и модели со набори или драпирани детали ...

Сè повеќе истражувања покажуваат дека високите температури имаат директно влијание врз нашето расположение, однесување и начинот на кој комуницираме со луѓето околу нас. Ако во топол ден се чувствувате понервозно, поуморно или потешко се концентрирате, науката има објаснување за тоа. Кога температурата се искачува високо, телото вложува дополнителен напор за да се разлади. Овој процес троши енергија и создава физички стрес, а мозокот реагира ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15