Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Во светот на модата, посебно онаа високата, постојат правила што ретко се изговараат гласно, но се подразбираат. Едно од нив е начинот на кој гостите им оддаваат почит на дизајнерите и модните куќи кога седат во првите редови на ревиите. Во модниот речник тоа не е само прашање на стил, туку на етика, почит и разбирање на модната култура. Почит кон дизајнерот преку облеката *Кејт Мос облечена во Ив сен Лоран на ревијата на Ив сен Лоран Кога ...
Во време кога естетиката на домот станува подеднакво важна како и модата, платформата FASHIONEL заедно со брендот ELENA LUKA HOME ја отворија сезоната со креативен предизвик што го подигна домашното уредување на сосема ново ниво. Наградната игра „НАЈДЕКОРАТИВНА МАСА“ ги повика љубителите на стилот, дизајнот и празничната атмосфера да создадат трпеза што не се поставува за јадење – туку за аплауз. Концептот беше јасен: масата како визуелна ...
Кога уметноста, љубовта и естетиката се среќаваат на иста сцена, настанува момент што лесно се памети. Токму таква ќе биде и концертната серија на познатата српска уметница, пејачката Јелена Томашевиќ која на 7 и 8 март во Скопје, а потоа и на 9 и 10 март во Битола, заедно со својот сопруг, познатиот актер и поет Иван Босиљчиќ, ќе ѝ приредат на публиката четири вечери исполнети со музика, поезија и силна емоција. Оваа концертна приказна е ...
Вистинскиот стил останува непроменлив, како тивка, но сигурна потврда за силата и елеганцијата на жената. Токму затоа 8 Март не е само датум во календарот, туку момент кога се слави женската самодоверба, индивидуалност и присуство. Во таков контекст, безвременската мода добива посебно значење, а некои креации успеваат да го надминат трендот и да останат релевантни долго по нивното создавање. Еден таков пример доаѓа од македонскиот моден ...
Трпезаријата е срцето на секој дом, местото каде семејството се собира, каде се ужива во оброците и се создава топла и пријатна атмосфера за разговори. Клучен елемент во секој простор е трпезариската маса, а нејзиниот избор зависи од големината на просторот, стилот на уредување и функционалноста што ја барате. Големината на масата треба да биде пропорционална со просторот. Општо правило е да оставите барем 90 сантиметри околу масата за удобно ...
Вчерашниот ден на Париската модна недела донесе интензивна модна програма и јасно дефинирани насоки за сезоната есен/зима 2026–27. Пистите во Париз повторно потврдија дека луксузот денес не е само во материјалите, туку и во ставот, концептот и пораката што ја носи секоја колекција. Диор: Поетика на природата во современ крој Во фокусот беше ревијата на Диор каде креативниот директор Џонатан Андерсон претстави колекција што ја спојува ...
Повеќе од еден век, панорамата на Barcelona беше обележана со кули во изградба, кранови и скелиња околу најпознатата градба во градот. Денес, за првпат од 1882 година наваму, надворешноста на Sagrada Família е конечно заокружена. Со поставен крст на врвот на централната кула и комплетирана вертикална композиција од сите 18 предвидени кули зданието ја доби финалната надворешна форма. Највпечатливиот момент беше завршувањето на кулата посветена ...
Ентони Вакарело ја одбележува деценијата на чело на модната куќа со зајакната верзија на класикот на Ив Сен Лоран Најпознатиот костум во светот, „Ле Смокинг“ на Ив Сен Лоран, се врати на париската писта 60 години по неговото создавање. Создаден од покојниот кутурие за мажи, за носење во собите за пушење како заштита од мирисот на цигари, Сен Лоран го прилагодил за жени, стеснувајќи ги панталоните и реверите. Првично, не беше голем ...
На прв поглед, подот е чиста естетика. Мермер што рефлектира светлина, топло дрво што внесува комфор, бетон со индустриски карактер или керамика со беспрекорна геометрија. Но во современото градежништво, подот никогаш не е само завршен декоративен слој. Тој е финалниот потпис на еден сложен, инженерски прецизен систем кој започнува длабоко под нашите нозе. Подот како архитектонска одлука, не само декор Реномираните светски градежници одамна ...
Модата одамна го надмина само практичниот аспект на облеката, таа стана медиум на изразување, идентитет и социјална комуникација. Во современиот свет, каде визуелната култура доминира во медиумите и на социјалните платформи, начинот на кој се претставуваме преку стилот е далеку поважен од тоа само да изгледаме добро. Тоа е меч со две острици, може да не ослободи и визуелно да комуницира со нашите најдлабоки вредности, но исто така може да ...
Во ерата на спектакуларен луксуз и визуелна пренатрупаност, мал број светски ѕвезди свесно избираат домови што не се гламурозна фасада, туку архитектонска позиција. Тоа се простори каде архитектурата не служи за демонстрација на моќ, туку за истражување на форма, структура и односот со пејзажот. Овие домови не се „познати куќи“, туку реализирани архитектонски концепти. Секако, прескапи се. Од 50 до 100 милиони евра. Бијонсе и Џеј-Зи, ...
Во време кога модата сè повеќе се движи кон архитектонски линии и функционален минимализам, CIRANE од ELENA LUKA се наметнува како апсолутен пролетен фаворит, палто-кошула што ја редефинира класиката. Ова не е обична кошула. Ова е дизајнерско парче што ја поместува границата меѓу елеганцијата и современата урбана естетика. Асиметричниот wrap крој ѝ дава архитектонска динамика, трансформирајќи ја традиционалната button-up форма во силуета со ...
Во свет каде облакодерите стануваат сè повисоки и потесни, мега зданието The Interlace во Сингапур избра сосема поинаков пристап. Наместо класична вертикална кула, овој комплекс од 1040 станбени единици, е составен од 31 блок, поставени хоризонтално и вкрстено. На овој начин се создава впечаток на огромна 3D структура што изгледа како внимателно наредени џиновски елементи. Проектот е завршен во 2013 година и брзо стана еден од најпознатите ...
Во свет кој често ја мереше убавината според симетрија, класични пропорции и лесно преносливи трендови, една дизајнерка од Токио упорно ја трансформираше модната историја, не со пригодни форми, туку со провокации, „скршени“ шаблони и иновативни идеологии за облеката. Таа е Реј Кавакубо, оснивачка на Comme des Garçons, чие име станува синоним за авангардната, концептуална мода која ја поместува границата помеѓу уметноста и носивата реалност. ...
Во време кога урбанизацијата е една од најголемите глобални трансформации на човечкото живеалиште, некои од најамбициозните примери на современо градежништво доаѓаат од градови создадени „од нула“ на земјишта што претходно беа неизрамнети, пустински или речиси неприродни за урбан развој. Овие плански градови не се само инфраструктурни проекти, тие се симболи на визија, економски развој, социјална организација и иновации во градежништвото. ...
Модната недела во Париз започна официјано вчера, кога белгиската дизајнерка Џули Кегел приреди извонредно шоу, Стефани Данан триумфираше со CO, а највпечатливиот момент на IFM го имаше Јусра Јусуфа. *Од ревијата на Џули Кегел Низа млади таленти се претставија првата вечер, потврдувајќи ја магнетната моќ на француската престолнина да привлече млади дизајнери. Во текот на наредните денови ќе ги видиме најголемите светски модни куќи и нивната ...
На прв поглед, замрзнатите терени не изгледаат како привлечна средина за градење. Непријателскиот пејзаж, оддалеченоста на локациите, како и екстремните временски услови, го прават дизајнирањето за долгорочно живеење исклучително тешко. Сепак, постојат одредени архитектонски типологии кои не само што опстојуваат, туку и напредуваат во вакви услови. Арктичките опсерватории и видиковци, како и центрите за податоци и истражување, се објекти ...
Во период кога модата повторно ја слави конструкцијата, јасната форма и архитектонскиот пристап кон силуетата, македонскиот бренд ELENA LUKA се издвојува со парче што не е само трендовски актуелно, туку и суштински носливо. Палтото Structure Buckle веќе се најде на листа на чекање, како резултат на зголемената побарувачка и неговата исклучителна функционалност токму во овој преоден период. Кроено од богат, мек материјал во софистицирана ...
Скандинавскиот стил во пролетна верзија е совршен избор за сите што сакаат светол, смирен и уреден дом со доза свежина. Инспириран од ентериерите во Шведска, Данска и Норвешка, овој стил се темели на едноставност, функционалност и природна хармонија. Во пролет, таа препознатлива минималистичка основа добива понежна и потопла нота. Доминираат светлите нијанси, бела, крем и светло сива, но во пролетниот период тие се освежуваат со пастелни ...
На 28 февруари во Скопје, се одржа првиот национален натпревар „CTRI Innovation Robot Challenge“ – едукативен натпревар по роботика и иновации, наменет за деца и млади на возраст од 6 до 14 години. Натпреварот е организиран од Здружението за развој на Технологија, Роботика и Иновации – CTRI, во коорганизација со Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, раководено од директорката Александра Јаковчевска. Овој ...
Во време на експоненцијален раст на урбаното население, зголемени трошоци за домување и ограниченост на градежните земјишта, терминот микро‑квартови (micro‑apartments) не е само архитектонски опис туку претставува цела социјална и економска реакција на актуелните предизвици во големите градови. Што всушност се микро‑квартови? Микро‑квартовите се мали стан‑единици често помали од 40 м², дизајнирани да ги оптимизираат секојдневните потреби во ...
Миланската модна недела (Milan Fashion Week) една од „големите четири“ во светската модна индустрија заврши минатата недела со впечатливи ревии, дебити на нови креативни директори и многу дијалог околу тоа што значи иновативност денес во haute couture и ready‑to‑wear. Демна и неговата „гучификација“ на Gucci Во центарот на вниманието беше креативниот директор, дизајнерот на Демна, кој ја имаше својата прва официјална runway презентација за ...
Минатата недела модата повторно ја презеде главната улога на глобалната сцена, не само преку ревиите и црвените теписи, туку и преку личните трансформации, технолошките иновации и силните визуелни пораки што ги испратија најголемите ѕвезди. Од Миланската модна недела, преку сцената на Санремо, до музичките и филмските награди во Лондон и Лос Анџелес, модата зборуваше смело и со јасен став. Милано: Деми Мур и моќта на минималната ...
Во македонските градови, особено во Скопје, постои еден парадокс што ретко се отвора јавно, зад реално изграденото стои богат, но невидлив слој на идеи што никогаш не добиле простор да станат стварност. Урбанистички визии, конкурсни решенија и силни архитектонски концепти, често поддржани од домашни и меѓународни стручњаци со години остануваат затворени во архиви, каталози и професионални списанија. Тие не се пропаднати проекти, туку ...
Пролетта секогаш носи нови трендови, но вистинската стилска моќ лежи во парчињата и комбинациите што опстојуваат со години. Тоа е онаа тивка, софистицирана естетика што не зависи од сезонските диктати, туку од добар крој, квалитетна ткаенина и внимателно балансирани пропорции. Инспирацијата често доаѓа од модните писти на Париската и Миланската модна недела каде секоја сезона се потврдува дека класиката е најсилната модна формула. Формулата ...
Куќа изградена над водопад, не покрај него. Не со поглед кон природата, туку вградена во неа. Fallingwater е една од оние архитектонски појави што засекогаш ја сменија дефиницијата за тоа што значи да се живее во хармонија со пејзажот. Проектирана во 1935 година од Френк Лојд Рајт, оваа куќа во шумите на Пенсилванија не се обидува да доминира над природата, таа ѝ се покорува, ѝ се прилагодува и станува нејзино продолжение. Наместо ...
Современото градежништво постепено се трансформира од традиционалните структури во живи еколошки системи кои влијаат на здравјето и благосостојбата на корисниците. Болниците и училиштата, како јавни институции со големо влијание, стануваат пример за тоа како архитектурата може да „лекува“ и да создаде оптимална средина за учење, работа и закрепнување. Болници како зелени оази Во последните децении, концептот на „лечење преку дизајн“ (healing ...
Поранешната пејачка на групата Рива, Емилија Кокиќ, открива како повлекувањето од шоу-бизнисот ѝ го обликувало животот и кариерата. Емилија Кокиќ беше вистинско освежување на југословенската музичка сцена. Со својот автентичен глас и енергичен настап триумфираше на Евровизија во 1989 година со песната „Rock Me“, носејќи ѝ ја единствената победа на тогашна Југославија. Но, машинеријата наречена шоу-бизнис, како што самата признава, не можела ...
Во 1965 година, таа беше холивудската „златна девојка“. До 1966 година, исчезна од светлината на пројекторите. Сите мислеа дека нејзината кариера завршила. Грешеа-таа всушност почнувала. Вирна Лизи слета во Лос Анџелес со договор во рака и ѕвездено небо. Беше 1964 година, и италијанската актерка веќе имаше респектабилна кариера во европското кино. Но, Холивуд беше поинаков. Холивуд беше сонот. Студијата ветуваа дека ќе ја направат следната ...
Пролетта 2026 јасно ја дефинира една боја кога станува збор за аксесоари- ЦРВЕНАТА. Најрелевантните модни писти, од Париз до Милано испратија едногласна порака дека токму црвената чанта е новиот статусен детал, доволно моќен да трансформира и наједноставен стајлинг во промислен моден изглед. Модните куќи како Шанел ја интерпретираа црвената преку артистички haute couture модели што се движат на границата меѓу аксесоар и уметнички објект, ...