Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Поп пејачката Александра Јанева од Струмица му кажа ДА на нејзиниот дечко Иван Ангелов кој за сопруга ја побара под Ајфеловата кула во Париз Франција. Јанева веста ја објави со фотографии на социјалните мрежи каде што напиша „Овој пат вечерта промени сѐ!“ „Сакам кога се смееме заедно и кога ми пееш раштимани тонови, ама чисти од душа. Кога и двајцата пуштаме солза на тажни филмски сцени, а ти ја криеш низ насмевка плачко мој најсакан. Кога ...
Највисоката награда на литературниот конкурс на 56-те Детски Рацинови средби во Велес, ја освои Ване Гавровски од ООУ „Гоце Делчев“ од струмичко Босилово, со менторката Весна Тилева. Во конкуренција на 467 литературни творби на тема „Да му го земеш јазикот на еден народ – тоа значи да му ја земеш душата“ Гавровски кој е деветто одделение го освои Гран прито. ,,Јас им порачувам на сите, ако некој има желба да твори и ако тоа го исполнува и ...
Фудбалерите на Брера Струмица се вратија на победите откако во 14 тото коло славеа над актуелниот првак Струга ТЉ со 2:1. Салваторе Рибаудо и Ѓеорге Јанкулов беа стрелците кои уште во првото полувреме ја најавија петата победа на струмичани за која долго време се чекаше по стартните четири победи. Избраниците на Џовани Валенти одиграа одлично во текот на целиот меч. Ја наметнаа својата игра и контуинирано притискаа на половината на Струга ...
Одбојкарките на Наковски волеј ја продолжуваат својата доминација во Првата женска лига забележувајки ја петата победа во првенството. На свој терен славеа победа против Фит фан волеј со 3:1 во сетови (25:23, 20:25, 25:16, 25:17) со што останаа на лидерската позиција без ниту еден изгубен бод. Гостинките кои се покажаа како респектабилен состав успеаа во вториот сет да дојдат до израмнување откако Наковски поведе. Но очигледно немаа сила да ...
На 10.11.2023 година во 11.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода Т.К.(35) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и семки од канабис. За настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на истиот против Т.К. ќе биде поднесена соодветна пријава. Крадењето авторски ...
Од ноќеска на полноќ дизелот ќе се продава по пониска цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката на РКЕ, еуродизелот поевтинува за два и пол денари по литар, а за исто толку се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство. Па така, од ноќеска на полноќ литар еуродизел ќе биде со цена од 78 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 77,50 денари. Со одлуката на РКЕ, ...
Денеска, во 00.50 часот, на потегот помеѓу село Свидовица и село Куклиш, полициски службеници од РЦ за ГР Исток го лишиле од слобода 63-годишниот А. Д. од Струмица. Тој бил затекнат со група од 11 лица мигранти (5 од Индија и 6 од Непал), кои ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија, извести МВР. За случајот бил известен јавен обвинител, а приведениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл. ...
Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов е избран за прв човек на Советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион и тој во наредната година ќе раководи со највисокото тело на Југоистокот. Тој доаѓа на позицијата претседател, откако му истече мандатот на Ацо Ристов кој раководеше во изминатата година. За него приоритет ќе биде регионалниот развој преку искористување средства од домашни и странски фондови. Најпрво би сакал ...
Струмичките пожарникари добија ново противпожарно возило но и еден дрон за рана детекција на шумските пожари а вакви дронови беа доделени и на противпожарните единици на Гевгелија и Радовиш. Станува збор за донација од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион кој го имплементира проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“. Станува збор за специјализиран мал камион за ...
Во време на брзи промени и глобални предизвици, развојот и поддршката на претприемничките екосистеми стануваат суштински за развојот на иднината на Југоисточниот регион. Преку проектот „Деловен екосистем како интегриран систем“ – Be In кој има за цел да го истражи, подобри и засили деловниот оптимизам и иновациите во нашиот регион но и да се црпат искуства од други држави во поглед на иновациите и одрливата иднина во рамките на проектот беа ...
Денеска во дворот на Регионалниот ЦУК Струмица, во присуство на директорот на ЦУК, заменик Директорот, националните партнери во проектот Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, како и вработените во РЦУК Струмица, се изврши примопредавање на возило FORD KUGA ST X LINE со ИКТ опрема за ноќни операции добиено од реализација на Проект за ефикасно откривање и управување со шумски пожари со цел зголемување на подготвеноста и размена на ...
Агенцијата за вработување преку проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на труд“ објави јавен повик до сите работодавачи и невработени лица за учество во мерката Обука на работно место кај конкретен работодавач. Пријавувањето за овој оглас е до 01.12.2023 или до исполнување на предвидениот број. Обуката е со времетраење од три месеци, при што на секое вклучено невработено лице ќе му биде исплатен месечен паричен надомест од 11.000 ...
После четири децении конечно патот од Иловица и Штука до Турново конечно доби нов асфалтен слој откако целата таа делница од речиси 2 километри беше целосно реконструирана односно отстранета целата асфалтна подлога. Станува збор за патен правец изграден 1983 година и контуинирано се крпеше и санираше. Општина Босилово последниве две години успеа да изработи проект со целокупната документација со која доби средства од Светска Банска за ...
Градоначалникот на Василево Славе Андонов објави дека се исплатени средствата од мерката еднократна парична помош за секое прваче запишано во училиштата во оваа општина кои се пријавија и ги исполнија критериумите на Јавниот повик. На почетокот на учебната година Општина Василево објави Јавен повик за еднократна парична помош на семејства кои имаат запишано прваче во основно училиште на територијата на општина Василево и сите кои ги исполнија ...
Денеска (07.11.2023) околу 13.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија го лишиле од слобода А.К.(47) од Штип, со живеалиште во Гевгелија, соопшти МВР По претходно преземени мерки, тој бил затекнат со моторно возило „бмв“, а при преглед на теренот, во близина на возилото, биле пронајдени и одземени повеќе опаковки ...
15 лица се повредени од кои тројца се хоспитализирани во струмичката болница откако утрово се преврте комбе автобус возило на патот струмица – Валандово. Од болницата соопштуваат дека сите патници се со полесни повреди а трите лица се задржани заради понатамошна опсервација. Од полицијата соопштуваат дека возилото се превртело ,,На 07.11.2023 година околу 06.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат ...
Општина Босилово ги информира сите жители кои планираат утре да го користат патот од Иловица и Штука до Турново дека истиот ќе биде затворен за сообраќај заради асфалтирање. Патот ќе биде затворен од од 08:30 до 16:30 при што за неопходни работи ќе може да се користи полскиот пат Штука Секирник ,,Почитувани граѓани, утре (Вторник) од 08:30 до 16:30 ќе се асфалтира патниот правец од Иловица и Штука кон Турново. Истиот за овој временски период ...
Дарио Ивановски од Скопје со време 30,16 минути и Греса Бакраги од Косово со време 34,54 минути на 10 километри први пристигнаа на целта и освоија златна медала и златен пехар на 3-от маратон „Новембер Рун-Гевгелија 2023“ што се одржа на улиците на Гевгелија Маратонот го организираше Општина Гевгелија и АК „7 ноември“ и ,под покровителство на Атлетската федерација на Македонија која маратонската трка на 10 километри ја прогласи и за трка од ...
Отпочна изградбата на Градскиот пазар во Радовиш кој ќе биде на сегашната локација на зелениот пазар во центарот на градот. Освен зелен пазар според најавите на оваа локација ќе има и деловни простории како и катна гаража. Првиот човек на општината Ацо Ристов го означи стартот на градежните работи за овој капитален проект вреден 114 милиони и 69 илјади денари или околу 1,9 милиони евра. Пазарот ќе го гради Фабрика Карпош АД Скопје кој на ...
Голем број посетители од земјава но и од странство беа присутни на годинашнава манифестација Ден на празот во Градашорци организирана од Општина Василево под покровителство на градонаачалникот на Славе Андонов. Тие уживаа во богатата културно уметничка програма подготвена од учениците на ООУ „Гоце Делчев“ од Василево, ООУ „Атанас Нивичански“од Нова Маала, настапите на КУД Сушевски бисери како и на песните на Благица Калева и Адријана Јаневска ...
Струмица жени славеше против Вардар 2019 од Скопје со 3:0 во сетови и ја впиша четвртата победа во првенството. Немаа проблеми против скопскиот состав кој го надигра за неполн час игра со 3:0 во сетови (25:07, 25:15, 25:15). Гостинките само во првата фаза на вториот и третиот сет пружија отпор но не доволен за резултатска неизвесност. Поповиќ, Пандева, Шчекиќ, Владевска, Поп-Јорданова, Зетова, Михајлова и Дикова беа девојките кои го одиграа ...
Одбокарките на Наковски волеј ја забележаа и четвртата победа во првенството. На гостински терен славеа против Јанта волеј со 3:1 во сетови и е единствената екипа со макисмален учинок во досегашниот тек на првенството зацврстувајки се на првата позиција. Избраничките на Александар Митев и Хари Наковски по победата над шампионот Работнички во четвртото коло го надиграа и вицешампионот Јанта со што ја покажаа својата доминантност и амбициите за ...
Во Гевгелија почна да фунцкионира прифатилиштето за бездомни кучиња кое ќе работи во склоп на ЈПКД “Комуналец” Гевгелија кое доби Решение од АХВ за вршење на дејноста за третман на бездомни кучиња. Прифатилиштето е со капацитет од 13 кучиња со можност да се прошири ,,Гевгеличани кои ќе забележат улични кучиња може да пријавата на сервисот Систем 48 или директно во Комуналец кои ќе излезат на терени да ги заловат. Во процесот се врши ...
Традиционално и оваа година во чест на најголемиот општински празник ќе биде доделена Годишна награда и Награда за животно дело на општина Струмица „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”, соопштија од Општина Струмица ,,Наградата се доделува како признание на правни и физички лица од општина Струмица, Република Северна Македонија и други држави како и на меѓународни организации и асоцијации и нивни претставници за посебни остварувања ...
Вчера во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица од слобода лишиле три лица кај кои се пронајдени наркотици. Според МВР вчера во 6 часот е приведен 19-годишниот Е.И. од Струмица во чиј дом при претрес извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана Синоќа пак околу 22 часот полицијата од Струмица ги лишиле од слобода 23-годишниот К. К. и 20-годишниот Н. П., двајцата од Струмица, извести МВР. ...
Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Д.Џ.(36) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „разбојништво“, соопшти МВР Како што е наведено на веб страната на МВР, Д.Б. се сомничи дека на 31.10.2023 околу 20.30 часот во Гевгелија со помош на ...
Одбојкарките на Наковски Волеј славеа со 3:1 над шампионот Работнички во Скопје и се единствениот тим во женската прволигашка конкуренција со максимален учинок по три првенствени кола. Струмичанки победата ја најавија со самиот старт на мечот добивајки ги првите два сета. Потфрлија во третиот но се вратија во четвртиот за конечни 1:3 (22:25, 19:25, 25:13, 21:25). Наковски само ја продлабочи кризата кај Работнички откако во последното коло на ...
Одбојкарките на Струмица Жени славеа над Јанта Волеј со 3:2 во сетови и најавија дека оваа сезона ќе бидат еден од конкурентите за висок пласман. Малку недостасуваше да го освојат целиот плен од мечот, но во четвртиот сет српската интернационалка Душка Здјелар која ја стопи предноста од 7 поени на Јанта, не успеа да се избори за борба за победа од 3:1 во сетови. Мечот го ,,отворија“ гостинките кои во финишот од првиот сет резулатски се ...
МЗШВ распиша јавен оглас за давање во закуп на државно земјоделско земјиште за површини над 3 хектари по пат на јавно наддавање. Парцели државно земјиште се нудаат и во струмичкиот, валандовскиот и гевгелискиот регион. Дел се актрактивни. Земјиштето се издава за рок од 15 до 70 години за подигање долгогодишни насади како што се лозја, овоштарници, лешник, маслинарници, поставување пчелни семејства, рибници. Во Струмичко, според распишаниот ...
Учениците од социјално-ранливите категории во основните училишта на подрачјето на општина Гевгелија од денеска ќе користат бесплатен оброк. По иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, годинава, околу 50 ученика, чии родители се корисници на социјални услуги, ќе добиваат бесплатен оброк, објави општина Гевгелија. ,,Воведувањето на бесплатниот оброк во училиштата за учениците од социјално-ранливите категории има за ...