Македонскиот шампион ОК Струмица во рамките на шеснаесетфиналето од Купот на ЦЕВ го пречекува тимот на Дурен од Германија. Станува збор за двомеч при што првиот се игра во салата Парк во Струмица (четврток 23.11) со почеток во 19 часот додека вториот во Германија по што ќе биде познат патникот во осминафиналето од ова второ по квалитет европско одбојкарско натпреварување. Во таборот на ОК Струмица постои оптимизам за германскиот преставник ...

Вчера во 12 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш- Отсек за економски криминал го лишија од слобода К.Ѓ. (33) од село Подареш, радовишко, вработен во Државен пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш, поради сомнение за сторено продолжено кривично дело „примање поткуп“ по член 357, а во врска член 45 од Кривичниот закон. „На 21.11.2023 осомничениот ...

Петнаесеттото издание на Европската недела за намалување на отпадот (EWWR), кое трае до 26 ноември 2023 година, ќе привлече внимание на овогодинешниот тематски фокус – Пакувањето. Серијата настани на EU Youth Cinema: Green Deal особено ќе ги охрабри младите да спроведат акции за подигнување на свеста за одржливо управување со ресурсите и со отпадот. Пакувањето има огромно влијание врз животната средина. Во однос на употребата на нечист ...

За една деценија просечната плата во земјава пораснала за 72%, но македонскиот работник останува меѓу најмалку платените во регионот. За сериозен раст на платите е потребен раст на економијата и на продуктивноста. Во последните неколку години платите за прв пат имаат посериозна тенденција на раст, но тоа е резултат пред се на административни мерки – зголемениот минималец и покачувањата во јавниот сектор. Во последните десет години просечната ...

Комерцијална ПР објава Колумна на Огњан Лазаров, геолог во пензија „Времето на нашите агресивни кочничари на развојот во улоги на лажно загрижени еко-активисти веќе помина или им истече рокот на употреба „expiry date“ … “ Во последниве години колективно влеговме во темниот тунел на самосожалување како судбински страдалници и губитници од памтивек на кои им е пишано само да живуркаат или да преживуваат. Сите заедно, некако перверзно како да ...

Општина Василево ги обезбеди потребните средства за изработка на техничка докуметнација со ревизија за уредување на училишниот двор на ,, Атанас Нивичански” во Нова Маала. Градоначалникот Славе Андонов, го потпиша Договорот во рамките на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, како активност на Фондот за техничка документација спроведена од УНДП со финансиска поддршка од Шведска и Бирото за регионален развој ...

Репрезентацијата на Македонија вечева на арената „Тодор Проески“, успеа да освои историски бод против репрезентацијата на Англија (1:1). Во првиот дел на изненадување на сеопштата фудбалска маса и навивачи ширум Европа, Македонија поведе против големиот фаворит Англија, преку пеналот кој го реализира Енис Барди. Македонскиот интернационалец Барди првично го промаши пенал, па одбиената топкана Џордан Пикфорд, ја смести во голот на гостите, за ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во југоисточните делови ќе има повремен дожд. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој во попладневните и во вечерните часови вдолж Повардарието ќе ...

Децата во основните училиштата низ Македонија се постојани жртви на врсничко насилство, но не се храбри тоа да го пријават, покажуваат истражувањата на Фондацијата „Чекор по чекор“ во соработка со Народниот правобранител. Според податоците, докажувањето на сила, проблеми во однесувањето како и покажување доминантност пред другите и љубомора, се најчестите причини зошто децата се насилни во училиштата. Од 648 основци кои биле дел на ...

Синдикатот на вработените од јавната администрација УПОЗ денеска преку соопштение потврди дека работниците од Фондот за здравствено осигурување излегуваат на протест заради поголеми плати. Ваквата реакција следува откако во предлог-државниот буџет за 2024 година, кој помина на Влада, не предвидувал никакво покачување на плати за вработените, кои бараат зголемување од 7.500 до 10.000 денари. „Вработените во фондот за здравствено осигурување на ...

Регионот на Западен Балкан продолжува да е под засилено руско влијание. Ова го потврдија и високи американски претставници по објавувањето на новите имиња од регионот што се најдоа на т.н. црна листа. Според потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање на САД, Брајан Нелсон, Русија и понатаму го користи своето влијание на Западен Балкан за да ја спречи интеграцијата на земјите во меѓународните институции и организации, како и да ги ...

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,65 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 77, а на Екстра лесното ...

Вечерва во 19 часот во Домот на култура „Бранд Петрушев” во Богданци ќе се одржи концерт со наслов „EJ, ЛАЗАРЕ ЛАЗАРЕ” на кој ќе настапи Фолклорниот ансамбл ,,Мегдан“ кој паралелно ќе ја престави и новата женска носија од етнографскиот предел Бојмија. ,,На концертот ќе се претстави само нашиот прв состав на ансамблот а ќе биде претставена нашата нова женска носија од етнографскиот предел Бојмија (проект поддржан од страна на Министерство за ...

Екипата на Струмица жени со 3:1 во сетови славеше против Наковски волеј во првото градско дерби оваа сезона и ја превзеде лидерската позиција на прволигашката табела во женска конкуренција. Во преполнетата сала при СОУ Димитар Влахов , Струмица жени победата ја најави уште на стартот од мечот откако ги доби првите два сета, Наковски се закани но без сила за пресврт. Двата тима почнаа со надмудрување на теренот. Во првата половина и имаа егал ...

На 16.11.2023 година, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишија од слобода Г.Д. (37) од село Мрзенци, гевгелиско. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири воздушни пушки, 184 куршуми со различен калибар, два патрони за ловечка пушка и една чаура, објави МВР Запознаен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот ...

Во рамките на седмото првенствено коло од Првата женска одбојкарска лига утре (18.11) во салата на СОУ „Димитар Влахов“ ќе се одигра првото градско соочување меѓу екипите на Наковски волеј и Струмица жени за оваа пренствена сезона. Дерби натпревар на колото бидејки се среќаваат двете водечки екипи кои по шест кола имаат максимален учинок . Токму утрешната меѓусебна пресметка ќе даде јасен одговор кој ќе ја превзеде лидерската позиција во ...

Денеска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за време на реализирањето на проектот Отворен Кабинет во СВР Струмица, беше запрашан за замена на личните документи, односно за можноста граѓаните коишто живеат надвор од Скопје да ги заменат личните документи. Спасовски информираше дека граѓаните од внатрешноста надминаа 80% од замената на личните документи на граѓаните. „Исто така издадена е наредба од помошникот-министер на Одделот ...

Детски реквизити – лулашки, клацкалки и лизгалка, донација од пријателска општина Умраније, Р.Турција, се поставени во Меморијалниот детски забавен парк Методи Митев, лоциран пред Домот на културата во населеното место Василево. Денес, паркот го посети градоначалникот на општина Василево Славе Андонов со дел од општинската адмиистрација, каде заедно посведочија на радоста на дечињата кои уживаа во играта и забавата во новиот, за нив уреден ...

На 15.11.2023 од страна на Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Регионалниот центар Исток и СВР Струмица во координирана акција со Службата за борба против дрога од градот Килкис, Р.Грција, спречен е транспорт на 85 килограми марихуана и притоа во Република Северна Македонија лишени се од слобода четири лица, додека во Република Грција е распишана потрага по едно лице грчки ...

Фондацијата „Елеуса“ донираше два монитори за интензивна нега за следење на пациентите за детското одделение на Струмичката болница .Апаратите кои ги мерат виталните параметри кај пациентите се набавени со средствата собрани од хуманитарната изложба „Во мир и тишина“ на Отец Гаврил а донацијата ја врачи Отец Константин од Струмичката епархија. „Се надевам дека денешната донација е само почеток на една наша заедничка понатамошна соработка, ...

Во дербито на шестото првенствено коло, одбојкарките на Струмица жени славеа против Работнички со 3:1 во сетови (25:19, 16:25, 25: 22, 25:20) и се закотвија на втората позиција зад Наковски волеј со заостанување само поен. Избраничките на Гоце Кончалиев мечот го отворија одлично. Диктираа и игра и резултат и без проблеми поведоа со 1:0. Потфрлија во вториот сет кога Работнички успеа да го консолидира приемот но и да бидат поофанзивни на ...

Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Е.Г.(35) и С.И.(41), двајцата од село Бучим, радовишко и Ј.В.(62) од село Лубница, општина Конче, поради основано сомнение дека Е.Г. сторил кривични дела „пустошење на шума“, „фалсификување на знаци за обележување на стоки, мери и тегови“ и кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, дека С.И. сторил кривично дело ...

На 14.11.2023 кај место викано ,,Сушичко стопанство” на магистралниот пат Ново Село-Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишија од слобода А.А.(33) и Р.Џ.(33), двајцата од Струмица. Тие се сомничат дека истиот ден извршиле тешка кражба во плантажи за производство на медицински канабис во атар на село Сушица, струмичко. Кај лицата е пронајдена вреќа во која имало украдени стебла марихуана. По запознавање ...

На 14.11.2023 во 16.00 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишија од слобода З.Ј.(45) од Струмица затоа што кај него е пронајдена марихуана. Истиот ден, врз основа на Наредба на судија од Основен суд Струмица, извршен е претрес во неговиот дом во Струмица, при што се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја, соопшти МВР При претресот З.Ј. агресивно се однесувал и ...

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион деновиве во Струмица организира обука за пожарникарите од Југоистокот но и за сите чинители кои се вклучени при вакви непогоди како да ракуваат и управуваат беспилотни летала за рана детекција на шумски пожари. Имено Центарот во рамките на проектот eFidar набави три специјализирани дронови со термална камера за рано откривање на пожари со резервни батерии од производителот DJI Модел: Mavic 3 ...

Фудбалскиoт клуб „Бера Струмица“ доби покана и се најде во друштвото на најдобрите европски и светски клубови на самитот насловен како „TransferRoom“ во Лисабон Португалија. На самитот клубот го преставуваа Леонардо Алеоти член на сопственичката структура на клубот и Јован Симиќ генерален директор на клубот. ,,На овоој настан учествуваат околу 300 клуба и целиот свет меѓу кои и преставници на Манчестер Сити, Јувенутс, Рома, Челси, Севиља, ...

Одбојкарките на Струмица жени го комплетираа петото коло од Првата женска одбојкарска лига и ја прокнижаа и петата победа на своето конто откако вечерва славеа со 3:0 во сетови против Младост УГД во Штип. Победаta на струмичанки не беше доведена во ниту еден момент судејки по движењето на резултатот. Избраничките на Гоце Кончалиев беа доминантни во сите три сета. Вложија толку колку што беше потребно да се има контрола и врз играта и врз ...

Oпштина Василево заедно со ЈПКД „Турија“ а на иницијатива МПЦ ОА, Православна црква Успение на Пресвета Богородица од с. Василево ќе го оградуваат паркот лоциран на влезот од Василево каде се наоѓа и параклисот посветен на Св. Јован Крстител. Паркот ќе добие ограден ѕид од камен со ограда од ковано железо со што ќе се добие една урбана целина на самиот влез од Василево. ,,За неколку месеци, овде, во Паркот на влезот во Василево, ќе биде ...

Во Струмица вчера полициски службеници ги лишиле од слобода Д.К.(20) и Џ.И.(25), двајцата од Струмица. Како што денеска соопштија од МВР, тие се сомничат дека на 11.11.2003 во Струмица со употреба на сила одзеле личен предмет од едно лице. Предметот бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицата се задржани во Полициска станица Струмица. За настанот, посочуваат од МВР, е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. ...

Струмичките сино бели ја забележаа и шестата победа во Втората лига откако денеска на свој терен славеа против Караорман со 2:1. Милушев и Бејков беа стрелци на головите за Беласица која со ова победа се проби на четвртата позиција на второлигашката табеал веднаш зад водечката тројка Бесими, Детонит и Пелистер. Беласица изминативе пет кола нема пораз. Забележа три победи и две реми и веќе се вбројува во екипите кои може да се вмешат во трката ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
67%
1026
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
49%
1027
weather icon

Загреб

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
45%
1027
weather icon

Софија

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
54%
1028
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
3.94
56%
1029
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
0.45
64%
1028
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
6.26
54%
1025
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
29%
1025
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
42%
1026
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
54%
1031
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
37%
1028
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
50%
1029
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Родиум

372948.66

Кобалт

66.14

Злато

166253.76

Паладиум

51794.85

Рутениум

47358.05

Алуминиум

3.42

Цинк

3.24

Иридиум

231355.22

Калај

50.64

Платина

68963.35

Сребро

2711.59

Бакар

11.73