Финансиска полиција утрово вршела истражни активности во општина Тетово. Градоначалникот Биљал Касами, тоа го оценува како политички притисок, затоа што се работи за предмет од пред 10-тина години на поранешен градоначалник. Од Управата за финансиска полиција велат дека постапуваат по наредба на Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, но не откриваат детали затоа што случајот е во предистражна постапка. ...

Грчката влада усвои нови мерки за борба против коронавирусот и премиерот Кирјакос Мицотакис кажа дека тие не се насочени против невакцинираните, туку имаат за цел да се избегне воведување ново целосно затворање. Мерките, претставени од министерот за здравство Танос Плеврис, ќе стапат на сила в понеделник и, како што кажа, се во согласност со посветеноста на владата економијата да функционира непречено. Новите мерки предвидуваат скалести смени ...

Основниот кривичен суд во Скопје денеска пресуди казна затвор до 7 години и 6 месеци за 22-годишниот кумановец Никола Стефановски, возачот кој беше обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот со смртни последици, за сообраќајна несреќа во која загина малолетната кумановка Јелена Филиповиќ. Изрекувањето на пресудата следува откако обвинетиот на претходното рочиште ја призна вината, но не изрази каење за делото. На 19.11.2021 година ...

Популарниот актер Хит Фримен, познат во светот по улогата на серискиот убиец Хауард Епс во првите две сезони од серијата „Коски“, во саботата починал на 41-годишна возраст. Причината за смртта на актерот сѐ уште не е соопштена, но неговиот менаџер Џо С. Монтифјоре ја потврдил веста. Странските медиуми пишуваат дека Фримен починал во сон, во својот дом во Остин, Тексас. Некои од позначајните актерски проекти на Фримен ги вклучуваат ...

Еден по еден лидерите на партиите во Бугарија поднесуваат оставки по парламентарните избори. Следуваше и лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова. Како што најави, нејзината партија доби слаба поддршка на 14 ноември (го освои само четвртото место со околу девет отсто од гласовите) поради истовременото одржување на парламентарните и претседателските избори и стравот на граѓаните да излезат на гласање поради ковид 19. ...

Маж на возраст од 59 години бил убиен синоќа во групна тепачка што се случила синоќа половина час пред полноќ во Брушанско маало во Кавадарци. Според официјалните информации од МВР, четириесет и петгодишниот Х.С. исто така од Кавадарци во физичка пресмета помеѓу повеќе лица, во којашто биле употребени остри и тврди предмети му нанел убодна рана педесет и деветгодишниот З.П. кој подоцна починал во болницата во Кавадарци. Неколку часа по ...

Бугарскиот електорат се сврте кон (не)сигурно, давајќи го мнозинството гласови на новата партија предводена од двајца политичари со диплома од Харвард. Тоа е, разбирливо, многу поважна легитимација од карате појасот на Бојко Борисов или пејачката кариера на Слави Трифонов . Кирил Петков и Асен Василев ги разбрануваа политичките води откако влегоа во преодната влада која ја води државата од април. Токму тогаш се одржаа првите избори годинава, ...

Пратеникот Кастриот Реџепи во Собранието прво на албански па на македонски зборува за своето отсуство. За да нема сомнежи и спинови , како сојузник на сите за поглед напред , во интерес на мојата земја самоволно се засолнив за да не дозволам земјата да отиде во правец спротивен од евпропските интеграции. Не е лесно да си спроти твоите сопартици но си реков: Да Кастриот некој мора да биде тој што ќе пресече во корист на иднината, тоа си ти. ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска изврши увид во активностите за интензивно расчистување на дивите депонии во општините Бутел, Сарај и Карпош. Градот Скопје веќе почна со чистење на мапираните диви депонии низ населените места на повеќе локации во Град Скопје. – Од првите денови од мандатот работиме на реализација на проектите чии што рок на имплементација се токму 82 дена, а чистење на дивите депонии е еден од клучните ...

акцинациите против сезонски грип и против ковид-19 – без разлика дали е прва, ревакцина или е трета доза, може да бидат и истовремено. Ако пак има временска разлика, нема никаква врска колкава е таа временската дистанца. Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче денеска кога почна вакцинирањето против сезонски грип. Тоа се одвива во центрите за јавно здравје и делови на здравствените домови и е на различни пунктови од оние ...

Македонското Собрание денеска во 11 часот, како што е најавено, треба да ја почне седницата за доверба на Влада. Доколку опозицијата обезбеди 61 глас против кабинетот на премиерот Зоран Заев, тогаш Владата е должна да даде оставка во рок од 24 часа, по што би почнал да тече рокот од 10 дена во кои претседателот Стево Пендаровски треба да го даде мандатот за составување нова влада на партијата или партиите кои ќе потврдат дека имаат најмалку ...

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија. Како што информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, одлуката е донесена врз основа на процената на Комисија дека постои ризик од настанување на ...

Трошоците на живот во октомври биле зголемени за 0,5 проценти во однос на септември, а за 4,1 процент во споредба со октомври лани. Цените на мало, пак, во октомври биле на исто ниво како и во септември, а во однос на октомври лани се зголемени за 6,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика. Пораст на трошоците на животот во споредба со септември е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2,5 ...

Одлуката на ДИК во четвртокот да го прифати приговорот на ДУИ за ова избирачко место, што водеше кон прегласување, Беса го искористи како повод да се потпише на иницијативата за гласање доверба на Владата во која и таа се уште учествува Управниот суд денеска реши да ја прифати тужбата на Беса за избирачкото место 2107 во Општина Желино што значи дека таму ќе нема прегласување и дека за градоначалник е избран Блерим Сејди, кандидат на Беса. ...

Пратеничката Ангелинка Петкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во моментов се наоѓа во изолација, бидејќи е позитивна на Ковид 19, потврдуваат од ВМРО-ДПМНЕ за „Фокус“. Изолацијата ќе и трае и во четврток, за кога е закажано гласањето недоверба на Владата во Собранието. Од ВМРО-ДПМНЕ неофицијално велат дека „со задоволство“ ќе пристапат кон гласање во скафандер, со оглед на тоа што Комисијата за заразни болести објави ...

Опозицијата денеска во Собранието ја достави иницијативата за гласање доверба на Влада. Во прилог на образложението по повод барањето за покренување прашање за доверба на Владата се достави и списокот со потписи на пратениците кои го поднесуваат барањето за гласање на Доверба на Владата. „Слободен печат“ дојде до текстот на образложението во кој се нагласува дека „Владата предводена од СДСМ и ДУИ, не донесе значајни ...

Пратеникот од Алтернатива Скендер Реџепи во изјава за ТВ 21 рече дека дал потпис за изгласување недоверба на Владата на СДСМ и ДУИ, но не знаел дека ќе седнат на иста маса со Левица која, вели, има антиалбански и анти – НАТО ставови. Без неговиот потпис групацијата на партии собрани околу ВМРО-ДПМНЕ не би можела да побара седница за гласање доверба на Владата доколку списокот во меѓувреме не е проширен со барем уште еден пратеник од ...

Власта врши притисок Судскиот совет денеска да го назначи досегашниот претседател на Кривичниот суд, Иван Џолев за ВД претседател само заради исполнување на политички агенди, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред седницата на Советот на којашто прва точка на дневен ред е одлуката за определување на ВД претседател на Основен кривичен суд Скопје. –ВМРО-ДПМНЕ во име на граѓаните на Република Македонија бара Членовите на судскиот ...

Ситуацијата е лоша, од утрово повторно преземавме струја, но помалку од претходно затоа што и времето ни оди во прилог, изјави утрово за Фактор, првиот човек на МЕПСО Куштрим Рамадани. Претходно АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) соопшти дека заради дефект во котелот на Блок 1, целиот бпок е исклучен синоќа во 3 часот наутро. Со ова практично, домашното производство е сведено на нула, а струја на располагање има од увозот кој го направи ...

Саниран е пожарот кој изби синоќа во РЕК Битола, и на местото се врши увид од страна на стручни екипи од АД ЕСМ за утврдување на причините. „Пожарот почна на еден од изолаторите на надворешниот трансформатор на Блок 3 и со брза интервенција на противпожарните служби огнот беше изгаснат. Не се дозволија дополнителни хавариски оштетувања. Локацијата е обезбедена и екипи на АД ЕСМ и на надлежните служби ќе ги истражуваат причините за ...

Министерството за здравство информира дека утрово на УК за Неврохирургија, се воведе нова метода во лекување на пациенти со мозочно крварење. Операцијата е извршена со новиот иновативен уред-дволуменски систем кој истовремено овозможува следење на интракранијалниот притисок, испирање на коморниот систем на мозокот и дренажа на цереброспиналната течност. Овој систем веќе континуирано се употребува во секојдневната клиничка пракса во неколку ...

Вчерашната оставка на премиерот Зоран Заев всушност значи оставка на цела Влада. Според член 93 од Уставот, сега Заев за ова треба и писмено да го извести претседателот на Собранието, по што следува процедурата за избор на нова влада. Во членот 93 од македонскиот Устав пишува дека „…оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата… Владата ...

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев во неделата поднесе оставка откако неговата партија загуби во вториот круг од изборите за градоначалник во неколку градови во земјата, вклучително и во главниот град Скопје, јави новинската агенција Ројтерс, која ја пренесува неговата изјава дека ја презема одговорноста за овие случувања. Заев поднесува оставка од местото премиер и претседател на СДСМ Ројтерс додава дека Заев останува на ставот дека ...

Во управувањето со градот го очекуваат проблеми врзани со заживување на економијата по кризата предизвикана од ковид-пандемијата, економската и социјална нееднаквост, недостатокот на евтини станови и тешкотиите во јавното образование. Демократот Ерик Адамс, кој е поранешен полицаец и борец против расната дискриминација, победи на изборите за градоначалник на Њујорк. Во кампањата 61-годишниот демократ го победи републиканскиот ривар Куртис ...

По учеството на БНТ, синоќа приведен е кандидатот за претседател на Бугарија Бојан Расате. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Расате е приведен во првата регионална управа на МВР во Софија. Претходно во текот на денот, обвинителството во Софија објасни дека претседателскиот кандидат не бил пронајден на ниту една од адресите познати на истражителите. Во понеделникот, главниот бугарски обвинител, Иван Гешев, побара да му се укине ...

Откако неколку дена се бележеше тенденција на опаѓање, вчера беше забележан повторно раст на заболени од Ковид-19. Беа регистрирани нови 593 случаи, од вкупно 3.391 тестирања, при што повторно најмногу новозаболени има во Скопје. Минатата недела најголем раст на новозаболени имало кај населението од 20 до 29 години. Од Министерството за здравство соопштија дека по Скопје, најмногу новозаболени има во Куманово и Прилеп – по 39, Битола ...

Состојбата со коронавирусот во Бугарија им задава вистинска главоболка на властите. Вчера, медиумите објавија дека само две области во целата држава не биле класифицирани како „темно-црвена зона“, со стапка на инфекција над 500 инфекции на 100.000 луѓе. Монтана има највисока стапка од 1.425 случаи на 100.000 луѓе, а главниот град Софија е на второ место. Воедно, денеска оваа држава го собори рекордот по бројот на починати од ...

Се затвори одделот за детски болести во охридската болница. Нема специјалисти кои можат да лекуваат пациенти. Сега се вршат само амбулантски прегледи со работни време од 8 до 20 часот-а за викенди и останатото време болните дечиња ќе се упатуваат во струшката општа болница. Хоспитализирање нема. -Останавме само двајца педијатри во цела болница практично неиздржливо е, ние пробавме да работиме еден месец секој втор ден по 24 часа меѓутоа ...

Цената на струјата за домаќинствата по Нова Година ќе се зголеми за повеќе од 20 отсто. Освен цената, проблем е и недостигот на струја и доколку итно не почнат со производство ТЕЦ „Неготино“ и РЕК Битола може да останеме без струја, бидејќи европските земји забранија извоз на јаглен во Македонија. И покрај предупредувањата на експертите, власта со смирувачки пораки до граѓаните дека нема потреба за прогласување на енергетска ...

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска прогласи победа и рече дека победата е огромна. „Голема благодарност што ми ја дадовте довербата. Не можам да ја изразам мојата радост и колку ми значи што сите вие скопјани ги поддржавте мојата ивизија и моите проекти и што ми ја дадовте вашата дoверба да го водам Град Скопје во наредните четири години“, изјави Арсовска вечерва по ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.66
34%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.34
81%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
82%
1015
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.54
43%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.56
37%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
79%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.92
49%
1014
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.78
36%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.49
47%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.58
49%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.61
54%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Платина

57324.78

Алуминиум

3.46

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Паладиум

42535.44

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Сребро

2269.46

Злато

139690.59

Бакар

13.10