Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер – над 50 километри на час, најавува за денес УХМР. Локално, според најавите, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер – над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 9 до 16, а максималната да достигне од 21 до 28 ...
Во текот на ноќта меѓу 22 и 23 мај 2026 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(28), М.К.(30) и С.А.(30), сите од Скопје, поради поседување дрога. Како што информира полицијата, кај лицата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. Од МВР соопштија дека по целосно расчистување и документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. Во текот на ноќта меѓу 22 ...
Денеска(23.05.2026) околу 10:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од кружен тек од ул.”Христо Татарчев”, ул.”Марко Орешковиќ” и бул.”Србија” настанала сообраќајна незгода помеѓу товарно возило “фолкваген” со скопски регистарски ознаки кое било паркирано од М.Р.(34) од Скопје, кое само тргнало и удрило во пешак И.К.(25) од Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила И.К. констатирани во Ургентен центар при ...
„Креди Јес“ е финансиското друштво за брзи кредити на кое Министерството за финансии поради неправилности во работењето му ја одзеде лиценцата за работа, пишува „Фактор“. Финансиското друштво, зад кое стојат сопственици од Бугарија, ги затвора своите 40-тина филијали низ земјата, а исто така околу 120-тмина вработени добиле известување дека работењето е прекинато. Единствено „Креди Јес“ ќе има право како понатамошна активност да ги наплаќа ...
Тажната вест ја објавија од Градежен факултет: Денес, на 23 мај 2026 г. ненадејно почина проф. д-р Јован Јованов, професор во пензија на Катедрата за Виша Геодезија на Градежниот факултет Скопје при УКИМ. Посмртните останки ќе бидат изложени во 12ч во недела (24.05.2026г.) во капелата на гробиштата во с. Блатец, Виница, а погребот ќе биде во 14ч. Нека почива во мир. Тажната вест ја објавија од Градежен факултет: Денес, на 23 мај 2026 г. ...
Тешка сообраќајна несреќа кај Богатиќ во Србија однесе два млади животи, додека уште две лица се здобиле со тешки повреди. Според српските медиуми, трагедијата се случила во вечерните часови на патот Богатиќ–Белотиќ, во близина на локален ресторан. Во несреќата загинаа Даниел П. (19) и Лазар Е. (19). Во директниот судир учествувале два автомобили, а животот го загубиле двајца 19-годишници кои, според неофицијални информации, биле школски ...
Силното невреме и обилните дождови што ја зафатија Bulgaria предизвикаа сериозни поплави, евакуации и вонредна состојба во повеќе региони, додека спасувачките екипи денеска успеаја да спасат 17-годишно момче од надојдената река Јантра кај селото Шемшево, во близина на Veliko Tarnovo. Во спасувачката акција учествувале нуркачи, пожарникари и полицајци, а бугарските медиуми јавуваат дека момчето влегло во реката во момент кога водостојот нагло ...
Петгодишно дете од пехчевското село Црник се здобило со тешки телесни повреди откако во него удрил електричен тротинет управуван од 12-годишен малолетник. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 22 мај 2026 година околу 11:00 часот во ОВР Берово. Несреќата се случила во село Црник, кога малолетникот, управувајќи електричен тротинет, удрил во петгодишното дете од истото село. Повреденото дете било ...
Земјотрес со јачина од 3.5 степени според Рихтеровата скала попладнево беше почувствуван во Скопје и околината, предизвикувајќи вознемиреност и паника кај дел од граѓаните. Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот бил регистриран во 17 часот и 41 минута, а неговиот епицентар потекнува од скопското епицентрално подрачје. „Според податоците со кои располага Сеизмолошката ...
Македонците кои живеат и работат во Германија од 1 јуни ќе останат без една од најважните директни авионски линии кон татковината. Германската авиокомпанија „Луфтханза“ официјално го прекинува летот на релација Франкфурт – Скопје, кој беше меѓу најкористените од дијаспората. Во системот за резервации веќе нема достапни летови по 31 мај, ниту за летната сезона, ниту за зимскиот распоред што започнува наесен. Наместо директна врска, патниците ...
Исплатата на регресот за годишен одмор (К-15) од 1 јули повторно ја отвора темата за правата на работниците и финансиските можности на работодавачите. Додека законската обврска за исплата останува јасно утврдена со колективните договори, висината на К-15 зависи од просечнатат плата која постојано расте и годинава се очекува дополнително зголемување на износот. Сепак, економските предизвици и неизвесноста во дел од стопанството можат да ...
Летувањето во Грција е речиси незамисливо без гиро, а неговата цена варира од сезона во сезона. На страницата „Грција инфо“ е објавен нов ценовник од познат ресторан во Никити на Ситонија. Туристите кои веќе престојувале во Грција оваа година ги открија цените на гиросот и во други грчки летувалишта. Никити (Ситонија) Гирос пита: 5,30 евра Гирос порција: 12 евра Сендвич: од 4 евра Ханиоти Гирос пита (мала): 5 евра Гирос порција (голема): 10 ...
Во селото Скудриње, на локалитетот познат како „Мустана нива“, вчера се случила трагична несреќа во која животот го загубил 67-годишен жител со иницијали М.С. Настанот бил пријавен во Полициското одделение Ростуше, по што на терен реагирале надлежните служби. Според првичните сознанија што ги соопшти СВР Тетово, несреќата се случила додека починатиот управувал трактор со приколка. Во еден момент, од засега неутврдени причини, тој ја изгубил ...
На Јадранскиот пат, во близина на местото Каменово, се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби 27-годишен возач на мотор од Србија, додека 28-годишен руски државјанин е повреден. Несреќата се случила кога, од засега непознати причини, дошло до судир меѓу моторот управуван од српскиот државјанин и автомобил управуван од рускиот државјанин. Мотоциклистот починал на самото место, а возачот на автомобилот е приведен, соопштија ...
Во Велико Трново е прогласена вонредна состојба откако невидени поројни дождови ги претворија улиците во реки, поплавија десетици домови и однесоа автомобили. Состојбата во градот и општината останува критична откако реката Јантра се излеа од коритото и достигна 6,93 метри на критични 6 метри. Огромниот бран од Габрово и Дрјаново продолжува да го зголемува нивото на реката и да ги загрозува ниските делови од градот, објави дописникот на БГНЕС ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 километри на час). На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гостивар против лице И.Ш., во својство на градоначалник на Општина Врапчиште, поради сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, согласно член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Според пријавата, И, објави 4news.mk Ш. во текот на 2025 година ги пречекорил ...
Исплатата на регресот за годишен одмор (К-15) од 1 јули повторно ја отвора темата за правата на работниците и финансиските можности на работодавачите. Додека законската обврска за исплата останува јасно утврдена со колективните договори, висината на К-15 зависи од просечнатат плата која постојано расте и годинава се очекува дополнително зголемување на износот. Сепак, економските предизвици и неизвесноста во дел од стопанството можат да ...
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, поднесе оставка од својата партиска функција. Оваа одлука доаѓа по низата жестоки реакции во јавноста поврзани со неговите неодамнешни активности. Преку статус на социјалната мрежа Фејсбук, Земон појасни дека се повлекува за да ја заштити партијата од политички напади кои, според него, го вклучиле и неговото семејство. „Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните напади кон мене, а ...
На Јадранскиот пат, во близина на местото Каменово, се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби 27-годишен возач на мотор од Србија, додека 28-годишен руски државјанин е повреден. Несреќата се случила кога, од засега непознати причини, дошло до судир меѓу моторот управуван од српскиот државјанин и автомобил управуван од рускиот државјанин. Мотоциклистот починал на самото место, а возачот на автомобилот е приведен, соопштија ...
Во март 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија изнесуваше 48 433 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2026 година, изнесуваше 48 433 денари. Во март 2026 година, во однос на март 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8,2 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна ...
Вчера во 21:35 часот во ОВР Гостивар, И.М. од Гостивар пријавил дека од дома се оддалечил неговиот чичко А.И. (63) од село Форино, кој работел како овчар на бачило во атарот на село Врапчиште. – По преземени мерки и пребарување на теренот, И.М. со полициски службеници од ОВР Гостивар и екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар во атарот на село Врапчиште, во близина на пат кој го граделе приватни фирми, на 22.05.2026 околу 06:00 ...
Од МВР предмалку го објавија идентитетот и на четвртата жртва во тешката несреќа на скопската обиколница вечерва. Несреќата во полиција била пријавена во 23:00 часот во СВР Скопје, кога било пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку ...
ТАЖНА ВЕСТ Почина Бошко Стаменковски – Македонска Каменица се простува од својот шампион Денеска, почина Бошко Стаменковски – Боле, човекот кој со својата ведрина, истрајност и љубов кон бодибилдингот, спортот и родниот град го издигна името на Македонска Каменица низ целиот свет, објави Каменица.мк Роднините, пријателите и сограѓаните се простуваат од својот другар, роднина и пријател кој што остави неизбришлива трага во урбаното живеење на ...
Со голема тага пријателите, колегите и познаниците се простуваат од Розетка Влаховиќ – Рози, жена која со својата благородност, посветеност и човечност остави длабока трага кај сите што ја познаваа. Веста за нејзината смрт ја објавија од Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ од Аеродром, од каде истакнаа дека Рози била жена со благородна душа, искрена насмевка и срце полно љубов за сите околу себе. „Со голема тага се простуваме од нашата Рози. Жена ...
Израелскиот кошаркарски репрезентативец и играч на Hapoel Galil Elyon, Raz Adam, загина во сообраќајна несреќа, јавуваат тамошните медиуми. Кошаркарот во моментот на смртта имал само 26 години. Според информациите од израелските медиуми, до несреќата дошло при судир на два автомобили. Други загинати немало, додека еден 39-годишен маж се здобил со повреди. Адам, како што се наведува, во тој момент патувал на тимска вечера на својот клуб. Веста ...
Четири лица го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на скопската обиколница, во која учествуваа камион и патничко возило, потврдуваат од МВР. Несреќата во полиција била пријавена синоќа во 23 часот, а трагедијата се случила на потегот помеѓу надвозникот кај Визбегово и клучката Мирковци. Возачот Б.Б. (76) од Косово управувајќи камион „ман“ со полуприколка со косовски таблички, изгубил контрола врз возилото, ја ...
Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам се меѓу загинатите во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница. Според неофицијалните информации, Ристе го управувал возилото. Адам пак е втора на ФИНКИ. Со нив биле уште две лица, од кои едното лице е 20-годишниот П.М. Идентитетот на второто лице се утврдува. Според неофицијалните информации на „Скопје1“, истражните органи веќе утврдиле дека камионот удира ...
Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, 76-годишниот Б.Б. од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од ...
Голема трагедија се случила ноќеска на скопската Обиколница. Во тешка сообраќајна несреќа загинале тројца млади и таткото на едниот од нив, откако во нивната лента се престроил камион и го собрал возилото. Сообраќајот беше нормализиран на патот дури шест часа после трагедијата. Според видео материјал од настанот возилото во кое биле тројцата млади и таткото на едниот од нив, се запалило целосно и било пеплосано. Според неофицијални ...