Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени, јавува УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Музичкиот свет остана без уште едно препознатливо име. Џансевер Далипова, позната како Џансевер, почина на 8 август 2026 година, на 59-годишна возраст, во болница во Есен, по долгогодишна борба со тешка болест. Само еден месец пред смртта, пејачката го прославила својот 59-ти роденден. На 8 јули таа споделила емотивно видео од прославата, не знаејќи дека тоа ќе биде едно од нејзините последни обраќања до публиката. „Прославивме мал роденден. ...
На 09.08.2026 во 05:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на влезот од с.Брајчино, ресенско, В.Т.(44) од с.Љубојно, ресенско, управувајќи мотоцикл со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди, мотоциклистот В.Т. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото извршила екипа на ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинтиел телото на починатиот било дадено на ...
Невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи во моментов ја зафаќа околината на Делчево. На одделни места е забележана и појава на суградица. Според информациите од терен, врнежите се со променлив интензитет, а проследени се со засилен ветер и грмежи. ⚠️ На граѓаните им се препорачува зголемено внимание при движење, особено во сообраќајот, и доколку не е неопходно, да избегнуваат престој на отворено за време на најинтензивниот дел од ...
Пороен дожд во моментов има во североисточните делови од Македонија, каде што се развива нестабилна облачност. Според метеоролошките податоци, системот се движи од североисток кон југозапад, поради што во наредниот период дождот може да зафати и други делови од земјава. На места се можни интензивни врнежи, засилен ветер, а локално и појава на грмежи. Граѓаните во погодените и подрачјата по должината на правецот на движење на облачноста се ...
Пороен дожд проследен со засилен ветер и појава на ретки грмежи во моментов има во подрачјето источно од Пробиштип и северно од Крива Паланка. Нестабилноста е локална, а врнежите на места се со поинтензивен карактер. Од УХМР е објавена и мапа на која е прикажана моменталната состојба со врнежите и атмосферската нестабилност. ⚠️ Се препорачува внимателно движење, особено во подрачјата каде има појава на пороен дожд, засилен ветер и грмежи. ...
Во тек е потрага по М. М., 71-годишен скопјанец, кој вчера (8 август) скокнал во Преспанското Езеро кај Сливница, Ресенско, по паднати весла од чамецот и не излегол од водата. Во СВР Битола околу 12:30 часот било пријавено дека на брегот на езерото во село Сливница излегле двајца рибари, кои информирале дека во чамецот останале двајца други. Според пријавеното, околу 12:20 часот, едниот од нив, М. М. од Скопје, скокнал во езерото по веслата ...
СВР Скопје расчисти неколку кривични дела, сторителите се уапсени и против нив се поднесени кривични пријави. Одделението за насилен криминал поднесе кривична пријава против Д.В.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 07.08.2026 околу 21:10 часот, по претходна расправија, тој со нож го нападнал А.К.(38) од Скопје и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. Веднаш ...
Нестабилно време е забележано во делови од Кочанскиот регион, особено во планинските и повисоките предели северно од Кочани. Според актуелните информации, во овие подрачја има локална појава на дожд и грмежи, а на места врнежите можат да бидат и поинтензивни. Нестабилноста е со локален карактер и во текот на денот може да се проширува или засилува во одделни подрачја. Граѓаните во погодените места се советуваат да бидат внимателни при престој ...
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Максималната дневна температура ќе достигне до 39 степени Целзиусови. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температури од 32 до 39 степени Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 11 до 22 степени, додека максималните ќе бидат во ...
Според податоците од МКФФИС, на 9 август 2026 година во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и метеоролошкиот индекс за опасност од пожари – FWI (Fire Weather Index), предупредува директорот на ЦУК, Мухамет Али. „Во попладневните часови, покрај источниот дел од земјата, централниот и јужниот дел на Република Северна Македонија се со МНОГУ ВИСОК FWI, што укажува на зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на ...
Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Гостивар – Кичево. Според информациите од СВР Тетово, несреќата била пријавена околу 17:10 часот, а во неа учествувале две патнички возила – „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки. „Пежото“ го управувал Н.С. (34) од Гостивар, додека зад воланот на „опел астрата“ бил Ѓ.П. (63) од Скопје. Од ...
Невреме со пороен дожд и силни грмежи вчера го зафати Кратово и околината. За кратко време паднаа интензивни врнежи, проследени со грмежи. На социјалните мрежи се појавија и снимки од невремето, на кои се гледа силниот дожд и се слушаат грмежи. Погледнете го видеото од вчерашното невреме во Кратово. Според метеоролозите, вакви локални нестабилности со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се можни во периоди кога топлиот и влажен воздух над ...
Животот станува неверојатно добар за четири хороскопски знаци во втората половина од 2026 година. Според професионалниот астролог Неда Фар, овие знаци поминале низ тежок период во последните неколку години, но најлошото конечно е зад нив. Ако сте еден од овие знаци на Зодијакот, ќе бидете личност на која сите ќе ѝ завидуваат. До крајот на 2026 година, овие знаци ќе „пливаат“ во пари и ќе доживеат љубов за која досега само сонувале: Риби По ...
Откако ноќеска земјотрес го потресе подрачјето кај Нови Винодолски, денеска е забележан и послаб земјотрес во близина на Дубровник. Сеизмолошката служба денеска во 8:46 часот забележа слаб земјотрес со епицентар на седум километри северно од Цавтат, кај местото Заградиње во соседна Босна и Херцеговина, соопштија надлежните. Магнитудата на земјотресот изнесувала 2,6 степени според Рихтер, а интензитетот во епицентарот е проценет на III-IV ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва на регионалниот пат Ресен–Битола. Според првичните информации, на местото на несреќата се присутни полициски екипи, а сообраќајот се одвива успорено и по една сообраќајна лента. Засега нема официјални информации дали во несреќата има повредени лица. Надлежните служби се на терен и се очекуваат повеќе информации за околностите под кои се случила несреќата. Повеќе детали и официјални информации ќе ...
Денеска (08.08.2026) околу 17:10 часот, во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила, „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Н.С. (34) од Гостивар и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ѓ.П. (63) од Скопје. „Во незгодата, доктор од Итната ...
Според најновите радарски податоци, во околината на Кратово има појава на повремен пороен дожд, проследен со ретки грмежи. Врнежите се локални и со променлив интензитет, а во поединечни области можно е краткотрајно засилување на дождот и појава на грмежи. Се препорачува зголемено внимание при движење на отворено и во сообраќајот, особено во периодите кога врнежите се поинтензивни. Според најновите радарски податоци, во околината на Кратово ...
Денеска околу 17:10 часот, во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две возила, „пежо“ управувано од Н.С. (34) од Гостивар и „опел астра“ управувано од Ѓ.П. (63) од Скопје. Во незгодата, доктор од Итната медицинска помош на лице место констатирал смрт кај возачот на возилото „опел астра“, Ѓ.П. (63). ...
Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот во СВР Штип било пријавено дека во својот дом бил пронајден починат А, П. (38) од Штип. На местото на настанот пристигнала екипа на Итната медицинска помош, а лекар констатирал смрт кај 38-годишниот маж. При првичниот преглед не биле забележани видливи траги на насилство. По пријавувањето на случајот биле преземени ...
Со огромна болка и неверување, Мери Николовска ја сподели тажната вест за смртта на нејзиниот сакан син, Александар Николовски. „Нашиот непрежален син, Александар Николовски, го напушти овој свет и се пресели горе на небото, меѓу ангелите“, се вели во објавата на семејството. Последното испраќање и оддавањето последна почит на Александар ќе се одржи во недела, 9 август 2026 година, со почеток во 15:00 часот, на Градските гробишта во Куманово. ...
Брутална тепачка со употреба на нож се случила доцна синоќа пред угостителски објект на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово, при што двајца 20-годишници се здобиле со убодни рани. Случајот во полиција бил пријавен вчера точно на полноќ, односно во 23:50 часот. Во физичката пресметка меѓу две групи учествувале повеќе лица, а со нож биле повредени Е.М. (20) и А.Р. (20), двајцата од селото Камењане. По брза реакција на полицијата, во 01:25 часот во ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила во Скопје, во која се судриле два мопеда, при што три лица се повредени, а меѓу нив најтешко минал 17-годишен малолетник. Инцидентот се случил синоќа во 22:15 часот на крстосницата меѓу улиците „Маџари“ и „Финска“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во сообраќајката учествувале мопед што го управувал 18-годишниот Н.Х. од Скопје и друг мопед што го возел 17-годишен малолетник од ...
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов информираа дека попладнево појавени два пожари на територијата на Скопје. Според Ангелов, едниот пожар е на територија на Волково каде со интервенција на скопските пожарникари постепено се става под контрола. Вториот пожар е на територија на општина Сопиште. На овој пожар за интервенција се упатени екипи од скопската противпожарна бригада и четири возила пинцгауер. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов ...
По дополнително преземени мерки, околу 19.40 часот во с.Арачиново, скопско, пронајдено е возилото и возачот С.О.(46) од с.Арачиново. Тој е лишен од слобода На 07.08.2026 во 12.12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски ...
Следните денови можат да донесат пријатни финансиски изненадувања за три хороскопски знаци. Без разлика дали станува збор за исплата што долго ја чекале, бонус, подарок или нова можност за заработка, ѕвездите најавуваат позитивни промени на полето на парите. ♉ Бик Биковите конечно би можеле да ги почувствуваат резултатите од својот труд. Можно е да пристигне неочекувана исплата, враќање на стар долг или понуда која ќе им донесе дополнителен ...
Пензионерите повторно се во центарот на вниманието, откако во јавноста се отвори прашањето за следното покачување на пензиите. По претходните линеарни зголемувања, новото усогласување треба да се направи во септември, а точниот износ ќе зависи од законската пресметка и економските параметри. Според последното зголемување беше линеарно и тоа од 1.000 денари, додека за септември се најавува законско усогласување кое допрва треба да се пресмета ...
Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени, јавува УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од ...
Сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило и камион попладнево се случила на патниот правец Гостивар – Стража. Според првичните информации, засега нема информации за повредени лица. Полицијата е на терен и врши увид во местото на несреќата. Поради сообраќајката, движењето на возилата на овој патен правец се одвива отежнато. Повеќе информации за причините и околностите под кои се случила несреќата се очекуваат во текот на денот. ...
Времето утре ќе биде многу топло, па Управата за хидрометеоролошки работи ја стави целата држава во портокалова фаза. Според нивната прогноза утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа по должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се движат од 15 ...