Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Во моментот има 35 потврдени случаи и три суспектни на западно-нилска треска, кои се во процес на дијагностицирање, а шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега на Инфективна клиника. Од потврдените случаи, најголем дел се згрижени во Клиниката за инфективни болести, а еден пациент е згрижен во приватна здравствена установа, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Министерот додаде ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Претходната недела дизелот се намали за 8 денари за литар по што сега изнесува 91,50 денари за литар. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинија за по 4 денари за литар. Новата максимална цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 87 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по најмногу 89 денари за литар. Регулаторната комисија за енергетика денеска ...
Родители возеле околу 100 километри низ Италија, не знаејќи дека нивниот 31-годишен син починал на задното седиште од автомобилот. Тие мислеле дека спие, објави „Corriere della Sera“. Трагичниот настан се случил вчера околу 7:30 часот на автопатот А21, на делницата меѓу Торино и Пјаченца, во близина на излезите Кастеџо и Вогера. Семејството со романско потекло патувало кон Торино. Таткото бил зад воланот, мајката седела на совозачкото ...
На 16.08.2026 околу 21:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопат Скопје-Тетово, во атар на с.Ласкарци, скопско, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(23) од с.Палатица, тетовско, удрило во ограда и излетло од патот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.К. и сопатниците М.С.(19) и 15-годишник, додека со телесни повреди се здобил сопaтникот Е.К.(20), сите од с.Палатица, ...
Тешка сообраќајна несреќа синоќа се случила во скопското село Ласкарци, при што, според првичните информации, три лица се здобиле со тешки повреди. Инцидентот се случил откако автомобил, под се уште неразјаснети околности, излетал од главниот пат и завршил на спореден пат во селото. На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата, а повредените биле преземени за понатамошно медицинско згрижување. Засега ...
Унгарско семејство доживеало вистинска драма за време на одморот во Далмација, откако се нашло заробено во близина на Омиш, во моментите кога пожарот брзо се ширел. Двојката, нивното тригодишно дете и бабата пристигнале на одмор во Локва Рогозница истиот ден, но наместо мирен почеток на летувањето, само неколку часа подоцна морале да се борат за да се спасат од огнената стихија. Семејството со автомобил тргнало во обид да ја напушти областа. ...
Американската актерка Хејден Панетиер почина на 36 години. Смртта на младата актерка ја потврди нејзиниот претставник за „Еј-би-си њуз“. „Со длабока тага ја споделуваме трагичната смрт на нашата сакана Хејден. Таа беше неверојатна светлина и сила на природата која донесе неизмерна љубов и радост на сите што ја познаваа – и на милионите што ја гледаа на екранот“, рекол нејзиниот татко, Скип Панетиер, во соопштението. Нејзиниот татко побара ...
Пет тинејџери загинаа, а четворица други се тешко повредени во директен судир меѓу два автомобила на автопатот М9 во Ирска. Ирската полиција беше повикана поради пријави за возило кое се движело во погрешна насока, кон југ по северниот дел од автопатот. Кратко потоа, се случил челен судир со друг автомобил. Телата на пет тинејџери, сите во едно возило, беа пронајдени на местото на настанот. Нивните тела беа однесени во Општата болница Наас, ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, а утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени. Максималната дневна температура ќе достигне меѓу 31 и 38 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува сончево време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 16 ...
Исплатата на регресот за годишен одмор (К-15) за работниците во приватниот сектор е во тек, а оваа година минималниот гарантиран износ изнесува околу 19.116 денари. Зголемувањето на регресот е директен резултат на растот на просечната плата во земјава. Согласно Општиот колективен договор за приватниот сектор, минималниот К-15 изнесува најмалку 40 проценти од просечната нето-плата исплатена во последните три месеци. Како се пресметува ...
Летото за многумина е време за одмор и нови доживувања, но според астролозите, три хороскопски знаци оваа сезона ќе имаат особено многу причини за радост. Љубов, патувања и нови можности се само дел од изненадувањата што ги очекуваат. Лав За Лавовите претстои едно од највозбудливите лета во последните години. Нивната харизма и самодоверба ќе бидат во полн сјај, па лесно ќе го привлекуваат вниманието и ќе бидат во центарот на случувањата. На ...
Заминувањето на познатата балканска пејачка Џансевер остави голема празнина кај нејзините обожаватели, кои со години ја следеа нејзината музичка кариера. Иако во последниот период се соочувала со сериозни здравствени предизвици и голема исцрпеност, нејзините последни активности на социјалните мрежи покажуваат дека до самиот крај се трудела да остане позитивна и поврзана со публиката. Музиката, пријателите и луѓето кои ѝ биле блиски продолжиле ...
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КЛИЕНТИТЕ Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти за појава на фишинг измама преку SMS пораки, во кои се бара ажурирање на податоци преку линк. Пораките се испраќаат од бројот +387 67 142 8204 и содржат линк до лажна веб-страница на која од клиентите се бара да внесат корисничко име и лозинка за дигиталното банкарство. Станува збор за измама со цел неовластено прибирање на вашите кориснички податоци. Не ...
Министерството за внатрешни работи ги предупреди граѓаните да бидат особено внимателни поради појавата на лажни пораки кои се испраќаат во име на системот „Безбеден град“ и имаат за цел да ги измамат корисниците и да дојдат до нивните лични и банкарски податоци. Од МВР информираат дека во изминатиот период се регистрирани повеќе фишинг напади преку СМС-пораки, електронска пошта, лажни веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните ...
Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до 18 часот на ниво на државата се регистрирани 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, а три се под контрола. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани, кај месноста викана Видуш во општина Македонски Брод, кај селото С’лп, м.в. Горно Село во Општина Велес, со проширување кон с. Карабуњиште и селата Добрино и ...
Центарот за управување со кризи информира за нов пожар над селото Вржале во околината на Скопје. Поради непристапниот терен утре наутро планирана е и воздушна интервенција, а екипи ќе останат на терен во текот на ноќта. – Поради непристапниот терен, кој не овозможува целосна локализација на пожарот со интервенција од земја, за утре наутро е планирана и воздушна интервенција, која ќе се реализира во зависност од временските услови и состојбата ...
Компанијата КАМ соопшти дека годинава ќе им исплати рекорден регрес во износ од 52.000 денари на своите вработени, продолжувајќи ја практиката на вложување во подобри услови за работа и вреднување на трудот на својот тим. Од компанијата истакнуваат дека одлуката е дел од нивната долгорочна стратегија за грижа за вработените и создавање работна средина во која секој член на тимот се чувствува ценет, поддржан и мотивиран. „Со задоволство ...
Семејство од Белград, Србија, е повредено во сообраќајка на патот Битола- Прилеп, односно сопружници и малолетно дете. -На 15.08.2026 во 17.09 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп кај место викано “Петилеп” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘бмв” со српски национални ознаки, управувано од Б.С.(46) од Белград и патничко возило “опел” со битолски регистарски ознаки управувано од З.М.(48) од с. ...
Полицијата во Гостивар привела 45-годишен маж по пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, а дополнително биле пријавени и други форми на насилство што, според пријавата, траеле подолг период. МВР соопшти дека на 16 август 2026 година полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода И.Т. (45) од Гостивар. По пријавата за физички напад врз сопругата, кај него било измерено присуство на 1,01 промил ...
Нарушен јавниот ред и мир во Кочани, приведени четири лица На 15 август 2026 година, во 19:15 часот пред ОВР Кочани, полициски службеници привеле четири лица поради нарушување на јавниот ред и мир. Станува збор за Ж.В. (22), Ј.В. (19) и М.В. (47), сите од Кочани, како и И.А. (46) од село Баница, Струмица. Лицата биле приведени согласно член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Нарушен јавниот ред и мир во Кочани, ...
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило. Од нив, 10 управувале возило под дејство на алкохол. -Возачи од Тетово, Кочани, Кичево, Прилеп и Португалија биле запрени и при извршениот алкотест кај нив било констатирано присуство на алкохол. Возач од Турција, кај кого биле измерени 1,98 промили алкохол во крвта, предизвикал ...
Пет лица се повредени, од кои едно тешко, во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на регионалниот пат Струга-Охрид. Според МВР, несреќата се случила околу 16:35 часот, а во неа учествувале две патнички возила – „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот А.И. од Охрид и „сеат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Д.М. од Струга. Во судирот тешки телесни повреди добил возачот на ...
УЖАСОТ НАД ЗЕЛЕНИКОВО Ноќва околу 2 часот по полноќ на телефон ми се јави женско лице со силно вознемирен глас. Најпрво ми се претстави а потоа во паника, со викање, ме извести дека пожарот се приближува кон нејзината куќа која се наоѓа во последниот ред, на ридот над Зелениково, поради што панично бараше помош. Според паниката во нејзиниот глас претпоставив дека пријавата е вистинита а состојбата алармантна. Веднаш се јавив на дежурниот ...
Британската комичарка и актерка Луси Дејвис, позната по улогата на рецепционерката во британската верзија на популарната серија „The Office“, откри дека се соочува со тешка здравствена битка. Актерката објави дека пред околу година и пол ѝ бил дијагностициран рак на дојката во четврти стадиум, кој во меѓувреме се проширил и на коските. Во емотивна објава на Инстаграм, Дејвис сподели видео и подолга порака во која за првпат јавно зборува за ...
Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утрово во Србија, во поширокото подрачје на Краљево. Според податоците на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија, потресот бил регистриран во 5:24 часот, а епицентарот бил на подрачјето на Краљево. Официјалната сеизмолошка евиденција го регистрира земјотресот со магнитуда 2,4. Според координатите на регистрираниот епицентар, меѓу најблиските населени места се ...
Во следните денови, одредени хороскопски знаци би можеле да почувствуваат позитивен финансиски пресврт. Ѕвездите им носат интересни можности за заработка, неочекуван прилив или враќање на пари кои одамна ги очекувале. Доколку припаѓате на некој од овие знаци, добро е да обрнете внимание на вашите финансии и да ги проверите сметките. Можно е да ве очекува пријатно изненадување. ♉ Бик Биковите би можеле да имаат причина за задоволство кога ...
Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се тешко повредени кога полски автобус падна од автопатот М3 во Унгарија синоќа, објави утрово унгарскиот премиер Петер Маѓар. Автобусот паднал во канал и се превртел рано наутро во недела во близина на градот Мецекерешто во источна Унгарија, објави државната новинска агенција МТИ. Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се тешко повредени кога полски автобус се лизна од автопатот М3, објави ...
Почина прочуената словенечка актерка Милена Зупанчич. Имаше на 79 години. Во текот на својата кариера долга повеќе од пет децении, одиграла над 120 театарски и повеќе од 80 филмски и телевизиски улоги. Зупанчич е родена на 18 декември 1946 година, а детството и младоста ги поминала во Бохињска Бела. Дипломирала во 1969 година со улогата на Клер во претставата „Слугинките“, работена според делото на Жан Жене. Истата година се вработила во ...
И денес повторно нè очекува претежно сончево и топло време. Температурите во делови од земјата ќе се искачат до околу 34 степени, додека утрото ќе биде значително попријатно, со температури околу 18 степени. Во текот на денот ќе има мала до умерена облачност, а ветерот ќе биде слаб до умерен и главно од северен правец. Во Скопската Котлина исто така се очекува топол ден, со максимална температура околу 30 степени. Кон средината на неделата се ...
Животот станува неверојатно добар за четири хороскопски знаци во втората половина од 2026 година. Според професионалниот астролог Неда Фар, овие знаци поминале низ тежок период во последните неколку години, но најлошото конечно е зад нив. Ако сте еден од овие знаци на Зодијакот, ќе бидете личност на која сите ќе ѝ завидуваат. До крајот на 2026 година, овие знаци ќе „пливаат“ во пари и ќе доживеат љубов за која досега само сонувале: Риби По ...