Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Сподели Првиот вицепремиер, Изет Меџити, вети дека ќе има правда не само за трагедијата со пожарот во Кочани, каде што загинаа 59 лица, а над 100 беа повредени, туку и за другите тешки случаи што ја потресоа земјата, како несреќата со „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово и трагичната несреќа во Ласкарци. Тој нагласи дека Северна Македонија доживеала многу трагедии со тешки последици, но правдата недостасувала, а државата ...
Сподели Владата ја изразува својата најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми кои и покрај нашите континуирани апели за почитување на етичкото новинарство, денес ја преминаа секоја граница на хуманост и достоинство во известувањето за трагичниот погреб во Кочани. Во време кога интегритетот, точноста и одговорноста треба да бидат основата на известувањето, сведоци сме на непочитување на ...
Сподели Тагата и болката на родителите, браќата и сестрите, роднините и другарите на настраданите во пожарот во Кочани е најголема. Да ги оставиме унесреќените родители, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда. Да им оддадат почит, да постојат до нив пред да бидат положени во гроб. Да го оставиме Синодот на МПЦ предводен од Неговото Блаженство г.г. Стефан, поглавар на МПЦ ОА на гробиштата во Кочани како и ...
Сподели Членовите на бендот ДНК ќе бидат погребани денеска во Скопје и Струмица. Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, ќе биде погребан на градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев ќе биде на градските гробишта во Струмица. Граѓаните на Пробиштип ќе се простат со своите ...
Сподели Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите истакна дека нема ниеден починат од повредените лица во пожарот во Кочани. Од вкупно 178 повредени пациенти, 64 се третираат во јавните здравствени установи во државата, 13 пациенти во приватните, а 101 пациент се третираат во странски медицински центри. -Пациентите се во релативно стабилна состојба. Јас лично вчера заедно со министерот за надворешни ...
Сподели Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на градовите Кочани и Штип. Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика ...
Сподели По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово го затекнале Т.В.(58) од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот. Веднаш потоа, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објектот и биле пронајдени и одземени пиротехнички ...
Сподели На територија на државата извршени се околу 50 контроли во текот на 16 и 17.03. 2025 година во угостителски објекти коишто имаат лиценца за работа која се однесува на кабаре, ноќен клуб, диско-клуб и диско-клуб на отворен простор. Во моментот на надзорот субјектите не вршат дејност, што е разбирливо поради прогласената седумдневна жалост. Но, врз основа на податоците со коишто располага Државниот пазарен инспекторат и остварени ...
Сподели Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и нивните семејства ги замолуваме медиумите да се воздржат од објавување на шпекулации и дезинформации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста. Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, за жал млади луѓе кои на трагичен начин ги изгубија своите животи. Но, одредени медиуми повикувајќи се на разно ...
Сподели Македонската православна црква упати повик за единство по ужасната трагедија што се случи во Кочани. “Возљубени во Господа, Минува третиот ден од ужасната трагедија во која животите ги загубија 59 невини наши млади чеда, а над стотина се здобија со тешки повреди. Оттогаш, Светата Македонска Православна Црква постојано се моли за спасение на невино настраданите, служејќи помени за упокоените и принесувајќи молитви за исцеление на ...
Сподели Воислав Дабевски кој живее во Осло, Норвешка понудил помош по трагедијата во Кочани. На ФБ објави дека за малку ќе го измамиле, пишува Воислав, кога добил повик од дечко кој се претставил како Филип Мицевски, син на пејачката Сара Пројковска, која загина во пожарот. “ВНИМАВАЈТЕ луѓе, постојат нелуѓе! За малку ќе наседнев на измама за пари откако понудив помош по трагедијата во Кочани. Добив повик од дечко кој се претстави како ...
Сподели „Во текот на вчерашниот ден посетив пациенти. Во текот на денешниот ден, исто така посетив пациенти. И вчерашниот и денешниот ден, ги запазив сите оние протоколи коишто ми беа апсолутно побарани од страна на медицинскиот персонал, од страна на докторите и итн. итн. И во текот на вчерашниот ден и во текот на денешниот ден, нема никогаш да видите лице, ниту пак да слушнете или прочитате име на пациент, којшто јас сум го посетил. Ќе ...
Сподели Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Арбен Фетаи, денеска оствари комуникација со министерот за надворешни работи на Белгија, Максим Прево, во врска со трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица. Министерот Прево изрази искрено сочувство и ја истакна посветеноста на Белгија да помогне во надминувањето на ситуацијата, нагласувајќи дека тимовите за брза интервенција B-FAST, вклучувајќи медицински ...
Сподели Итно да се пристапи кон промена на изборниот модел во државата со цел да се отвори можност квалитетни, компетентни и надпартиски кадри да добијат можност да извршат ресетирање на постојниот општествен систем. Тие кадри треба да воведат систем на меритократија, унифицирани стандарди и процедури, ќе ги преработат законите и правилниците кои дозволуваат двојни аршини и слободно толкување. Само изборниот модел каде државата е една ...
Сподели Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека овие денови има зголемено присуство на полициски службеници на територија на цела држава, особено во градот Кочани и околу општинската зграда. Зголемениот број на полициски службеници е поради извршување на службени активности и обезбедување на документација од општината, а не заради попречување на граѓаните во нивното загарантирано со Устав право на собирање и ...
Сподели Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска се потпиша во книгата на жалост, отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, по повод трагичниот настан во Кочани. Тој изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите, истакнувајќи ја важноста на солидарноста и заедништвото во овие тешки моменти: „Нема зборови што можат да ја опишат болката од загубата на човечки животи во оваа трагедија. Во ...
Сподели Мислам дека сите оние информации коишто се поврзани со здравствената состојба на пациентите коишто се наоѓаат во овој објект, за сите оние коишто се наоѓаат во другите објекти, околу протоколите, околу начинот на третирање веќе беше кажано, само ми преостанува да уште еднаш повторам тоа што го кажа директорот, а тоа е секој оној којшто бил во или во близина на ужасниот настан, да се јави доктор и да побара консултација без разлика ...
Сподели ЈП за Одржување и заштита на регионалните и магистралните патишта известува дека од 22:50 часот, поради врнежи од снег, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во двата правци. Од 23 часот, поради врнежи од снег, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар во двата правци, информираат од Центарот ...
Сподели Министерот за здравство Арбен Таравари и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски утринава беа во на посета на повредените од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во болницата „Папаниколау“ и Воената болница во Солун “Денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи г.Тимчо Муцунски и со Д-р Илир Вела дојдовме во Солун за да ја видаме состојбата на пациентите хоспитализирани овде. Само што ...
Сподели Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора да покажеме одговорност и почит кон жртвите. Во јавноста се пласираат шпекулации и дезинформации во врска со бројот на загинатите. Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Сите други тврдења за 100 или 120 загинати се неточни и ...
Сподели Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски гостуваше во Тема на денот во централниот Дневник на телевизија Сител. Министерот во гостувањето истакна дека грозоморниот случај ќе биде целосно расветлен и дека јавноста ќе биде запознаена со сите незаконити дејствија што се случувале и притоа довеле да дојде до ваков случај, кој ја потресе целата држава. „Овој предмет во детали ќе биде расветлен од аспект на сите оние дејства коишто ...
Сподели МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч.). Претпладне претежно во западните и југозападните делови ќе има повремени врнежи од снег. Попладне облачноста ќе се намали и врнежите насекаде ќе престанат. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, -8 степени Целзиусови се измерени на Попова Шапка, -4 во Крушево, Маврови Анови, -1 во Берово, 0 во Крива ...
Сподели Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата и оваа недела спроведе 165 вонредни инспекциски надзори во магацини и ладилници за храна. Недоследности се утврдени кај 41 оператор, за што се издадени решенија за наредба. Изречени се 15 парични казни и уништени се десеттина килограми небезбедна храна. Кај 7 од контролираните оператори утврдени се незадоволителни хигиенски услови, а кај двајца, производите не биле означени ...
Сподели Во текот на вчерашниот ден, хоспитализирани се нови 20 случаи, вклучувајќи три пожарникари. Со ова, бројот на хоспитализирани лица, и покрај преносот во странство, изнесува околу 90 повредени. Од нив, 60 лица се на Клиничкиот центар, 17 во ГОБ 8 Септември и 12 во Св. Наум Охридски. Дополнително, во Аџибадем Систина има 8 повредени, а во Жан Митрев 6, изјави директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски. Вчера во странство се ...
Сподели Почитувани медиуми, портали, сите што известувате за оваа трагедија, Размислувате ли пред да објавите? Ги гледате ли насловите што ги пишувате? Дали сте свесни дека овие имиња што ги објавувате не се само бројки. Тоа беа нечии деца. Нечии браќа, сестри, родители. Овој град е мал. Секој од нас загуби некого. Секој од нас познава барем две три жртви. И секој од нас ќе живее со оваа болка засекогаш. Дали за вас е „добра содржина“ да ...
Сподели Бугарија прими 14 повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, кои се хоспитализирани во три болници. Според информациите од здравствените установи, сите пациенти се во тешка состојба, со изгореници и вдишување на жешки гасови. Во Универзитетска мултипрофилна болница за активно лекување и ургентна медицина „Н.И. Пирогов“ во Софија примени се осум пациенти, од кои тројца се малолетни на возраст од 15 и 16 години. Останатите ...
Сподели Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани. Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни пријатели. Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој ...
Сподели На денешната Координација која се одржа во 10 часот во Сала на Влада на Собранието, присуствуваа претседателот на Собранието, потпретседателите и координаторите на сите пратенички групи, како и генералната секретарка и претставник од Владата. Координацијата започна со оддавање почит на трагично загинатите во пожарот во Кочани. Присутните изразија сочувство до семејствата на загинатите во пожарот и надеж дека хоспитализираните ќе се ...
Сподели Почитувани сограѓани, ужалени родители и јавност… Неизмерна е болката од трагедијата што го снајде Кочани. Страотен е екот на тагата од нашите срца. Со огромна тага изразувам најдлабоко сочувство за загубата на животите во страшната трагедија што го потресе Кочани. Во овие тешки моменти сите наши мисли и молитви се со семејствата и најблиските на загинатите. Ги правиме сите напори и се молиме за што побрзо закрепнување на ...
Сподели Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите истакна дека сите пациенти повредени во вчерашниот пожар од болниците во Кочани и Штип се пренесени во Скопје и се во стабилна состојба. Во Клинички центар моментално има 49 пациенти, а во ГОБ „8 Септември“ 18 пациенти, во Стара Градска болница 17. -Денеска се јавија и двајца нови пациенти во Штип кои досега не беа третирани. Апелирам сите лица кои биле ...