Прославениот бразилски фудбалер и еден од најдобрите леви бекови во историјата Роберто Карлос (52 години) беше примен во болница поради проблеми со срцето. По направените прегледи било констатирано дека неговото срце не функционира како што треба. Му била направен и хируршка интервенција која тареле три часа. Сега неговата здравствена состојба се следи и е под потстојан лекарски надзор. Поранешниот бразилски репрезентативец со ...

Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Роберто Карлос објави денеска дека добро закрепнува, откако беше подложен на „превентивен медицински зафат“, негирајќи дека преживеал срцев удар. „Би сакал да ги разјаснам неодамнешните информации што се појавија. Неодамна бев подложен на превентивна медицинска процедура, која претходно беше планирана со мојот медицински тим. Процедурата беше успешна и јас сум добро. Немав срцев удар. Во добра ...

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас изјави денеска дека поради силни болки во грбот размислувал минатата година да стави крај на професионалната кариера. „Најголемата грижа ми беше дали воопшто ќе можам да го завршам натпреварот. Се прашував: „Можам ли да одиграм уште еден натпревар без болка?“ Бев навистина исплашен по поразот на Ју Ес Опен (од Германецот Даниел Алтмаер). Не можев да одам два дена. Тогаш почнувате да се прашувате за иднината на ...

На четирите последни натпревари од 19.коло од Премиер лигата одиграни синоќа беа постигнати само два. Три дуели завршија без голови, што значи дека шест екипи не постигнаа гол. Единствено голови имаше во дуелот на лондонските екипи Кристал Палас – Фулам, а дуелот заврши 1:1. Без голови 0:0 завршија натпреварите Ливерпул – Лидс, Сандерленд – Манчестер Сити и Брентфорд – Тотенхем. Со освоениот бод против Сандерленд „граѓаните“ го губат чекорот ...

Шест натпревари од Евролигата беа одиграни вчеравечер, а впечатлива е победата на Реал над Дубаи на свој терен. Шпанскиот великан иако на полувреме губеше со 14 разлика, сепак на крајот се радуваше. Резултати: Анадолу Ефес – Црвена ѕвезда 65:87 Басконија – Фенербахче 93:108 Панатинаикос – Олимпијакос 82:87 Виртус – Милано 97:85 Реал Мадрид – Дубаи 107:93 Баерн – Макаби 95:71. Водат Валенсија и Хапоел Тел-Авив со 13 победи и шест порази. МИА ...

Формула 1 тимовите Ферари и Мерцедес му упатија честитки на својот поранешен возач и седумкратен светски шампион, Германецот Михаел Шумахер, за неговиот 57-ми роденден. – Среќен роденден, Михаел. Вистинска икона на Ф1 и важен дел од нашата историја, се вели во соопштението од Мерцедес на социјалните мрежи. „Денот кога се роди легенда“, стои во објавата на Ферари. Шумахер го имаше своето деби во Формула 1 во 1991 година за Џордан. Тој стана ...

По победата на Барселона од 2:0 над Еспањол синоќа во 18. коло од шпанската фудбалска лига, тренерот Ханси Флик истакна дека резултатот ќе ѝ даде самодоверба на екипата пред Суперкупот на Шпанија. – Оваа победа ни дава самодоверба. Како и секоја победа. Не беше лесно по паузата поради празниците. Оваа победа ни дава повеќе самодоверба. Да се надеваме дека сè ќе помине добро. Ќе видиме. Многу сум задоволен од она што го гледам на тренинзите. ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави напуштање на Професионалниот сојуз на тенисери (ПТПА), кој го основаше заедно со Канаѓанецот Васек Поспишил во 2019 година. Поранешниот светски рекет број еден изјави дека одлуката произлегува од загриженоста за транспарентноста, управувањето и начинот на кој е прикажан неговиот имиџ. – Горд сум на визијата што ја споделивме со Васек кога ја создадовме ПТПА – да им дадеме на играчите посилен и понезависен ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави денеска дека нема да настапи на претстојниот АТП турнир во Аделаида бидејќи сè уште не е физички подготвен. „За жал, сè уште не сум физички подготвен да се натпреварувам во Аделаида следната недела. Разочарувачки е за мене, бидејќи имам убави спомени од освојувањето на титулата пред две години. Бев возбуден што ќе се вратам бидејќи таму се чувствувам како дома“, објави Ѓоковиќ на социјалните мрежи. ...

Познат е конечниот список на ракометари кои ќе ја претставуваат Македонија на претстојното Европско ракометно првенство 2026. На списокот на селекторот Кирил Лазаров се: 1. Иван Галевски 2. Петар Атанасијевиќ 3. Никола Костески 4. Филип Кузмановски 5. Игор Ѓорѓиев 6. Жарко Пешевски 7. Михаил Аларов 8. Мартин Велковски 9. Самоил Ристевски 10. Никола Митревски 11. Мартин Томовски 12. Иван Џонов 13. Ненад Костески 14. Марко Митев 15. Павле ...

Поранешниот играч на Реал Мадрид, сега член на Ал Наср, Кристијано Роналдо активно „работи“ на засилувања за својот клуб од европски екипи. Тој во своите планови го има Антонио Рудигер. Договорот на играчот од одбраната на „кралскиот клуб“ му истекува на лето и со тоа тој ќе стане слободен играч. Рудигер сè уште нема потпишано нов договор. Тоа воедно значи дека тој ќе може да преговара за нов трансфер во последните шест месеци од актуелниот ...

Македонската ракометна репрезентација се наоѓа во Швајцарија, каде вечер од 20:30 часот против Бахреиин ќе го има првиот натпревар на „Жолтиот куп“. За очекувањата на овој турнир зборуваше пивотменот Жарко Пешевски. – Овој турнир е составен од репрезентации кои ги респектираме многу. Натпреварите ќе ни користат да се подготвиме за Европското првенство. Резултати не се важни, фокусот ќе биде ставен на нашата игра. Целта ни е да го отстраниме ...

Актуелниот првак на Англија Ливерпул вечерва во Лондон го игра дербито на 21. коло од Премиер лигата и гостува кај лидерот Арсенал. Но, тимот на Арне Слот, кој не е на нивото од ланската сезона и бележи променливи резултати за овој дуел ќе има и дополнителен проблем. На листата на повредени е едно од летните засилувања Александер Исак, а за дуелот против Арсенал неизвесен е и настапот на Уго Екитике. Французинот поради повреда го прескокна ...

Фудбалерите на Реал Мадрид се изборија за финале во шпанскиот Супер куп откако синоќа во второто полуфинале го совладаа градскиот ривал Атлетико Мадрид со 2:1. На тој начин тие се изборија за финалето против Барселона кое ќе се игра на 11.јануари во недела. Каталонците претходниот ден убедливо со 5:0 го совладаа Атлетик Билбао. Најзаслужен за победата на Реал е Валверде, кој во 2.минута донесе водство за својот тим, а во 55.минута му ...

На многу луѓе им е позната состојбата кога некој не нѐ гледа како приоритет, туку како „резервна опција“ – некој што можат „да го земат од полицата“ кога им треба внимание, блискост или (само)потврда. Често за нив се вели дека се „резерва“… Ваквите врски се збунувачки, бидејќи се чини дека постојат, но без јасна намера и насока, пишува порталот „Супержена“. Следат неколку совети за знаците коишто можеби укажуваат дека партнерот ја држи ...

Поради „лоша“ продажба, американската компанија „Епл“ (Apple) одлучи да го намали производството на своите очила за виртуелна реалност, „Вижн про“ (Vision Pro). Имено, иако и натаму се продаваат милиони „Ајфони“ и лаптопи во секое тримесечје, и аналитичарите велат дека технолошкиот гигант сѐ уште не може да го пробие пазарот со својот нов производ, иако бројките не се нула. „Епл“ не ги објави бројките за продажба на ВР-очилата, но според ...

Луѓе и човековидни роботи изведоа повеќе различни настапи на новогодишната гала-свеченост на Кинеската медиумска група (КМГ), привлекувајќи внимание со нивната комбинација од технологија и изведувачки уметности. На претставата насловена како „Нов бот“, одржана во Шангај, роботите им се придружија на пејачот Жоу Шен и танчерите, па гледачите можеа да проследат како и машините прават свртувања наназад, удираат тапани и се движат усогласено со ...

Влегувањето во 2026 година носи чувство на леснотија, оптимизам и необјаснива среќа за некои хороскопски знаци. Како работите сами да се поставуваат – вратите се отвораат, луѓето помагаат, а можностите доаѓаат токму во вистинско време. Еве кој ќе има најмногу причини да биде среќен: Лав Лавовите ја враќаат својата самодоверба и виталност. На самиот почеток на 2026 година, тие добиваат потврда дека се на вистинскиот пат – без разлика дали ...

Посната мусака е јадење кое го исполнува домот со топлина и ароми на домашното готвење за време на печењето. Едноставна е за подготовка, не бара скапи состојки, а резултатот е богат и вкусен оброк. Совршена е за постење, но и кога сакате полесен и заситувачки оброк за целото семејство. Состојки За мусаката: 1 кг компири 2 моркови (крупно рендани) 1 кромид (ситно исечкан) 250 г печурки (шампињони или по желба) 2 лажици масло 1 лажица доматно ...

Во Торонто е отворен несекојдневен музеј посветен на таканаречените „лоши подароци“ – предмети што не им се допаднале на оние кои ги добиле, но наместо да отидат во заборав добиваат нова улога, како музејски изложени предмети. Организаторите ги повикаа граѓаните да донираат подароци што биле непогодени, купени без многу размислување или, како што велат, „навистина ужасни подароци“. Според музејот, предметите подарени „од обврска, погрешен ...

Американската глумица Анџелина Џоли го напушта Холивуд за да почне ново поглавје во својот живот, многу веројатно – вон САД. Познатата актерка, режисерка и хуманитарка, имено, го продава својот имот „Сесил Б. Демил“ во Лос Анџелес, вреден 25 милиони долари, каде што живее од 2016 година и веќе го покажува на потенцијални купувачи, пишува „Пејџ сикс“ (Page Six). Главната причина за заминувањето на Џоли, која е на самиот почеток од шестото ...

Изборот на божиќен филм за којшто целото семејство може да се согласи, може да биде предизвик… А, дебатата за најдобриот празничен наслов е актуелна секоја година. Сепак, наместо личниот вкус за којшто „не се дискутира“, бројките го нудат одговорот. Комбинирајќи ги оценките од популарните страници „Ротен томатос“ (Rotten Tomatoes) и „ИМДБ“ (IMDb), британскиот портал „Експрес“ состави список на 10 најдобрите божиќни филмови на сите времиња. На ...

Шпанската божиќна лотарија оваа година ќе им исплати рекордни 2,77 милијарди евра на добитниците, што е за 70 милиони евра повеќе од минатата година. Основана пред повеќе од 200 години, оваа лотарија се смета за најстара во светот, а позната е и како најголема во однос на добитниот фонд. Главната награда „el gordo“ (дебелата) е четири милиони евра за еден билет и ќе биде исплатена 198 пати оваа година – пет пати повеќе отколку во 2024 година. ...

За посна, но исклучително ароматична и сочна сарма, важно е да се комбинираат зеленчук, зачини и добра верзија на „замена за месо“, без разлика дали станува збор за леќа, печурки или посен фил на база на ориз и зеленчук. Потребни состојки: 1 голема глава кисела зелка (околу 2 кг) 250 г зелена леќа или 300 г ситно сечкани печурки (може да биде комбинација) 120 г ориз 1 голем кромид (ситно сечкан) 2-3 чешниња лук (ситно сечкани) 2 лажици масло ...

Долгиот животен век, покрај начинот на живот и околината, сè почесто се поврзува и со генетските фактори – меѓу кои и крвната група. Секоја крвна група носи одредени предности и слабости, но научните податоци укажуваат дека една од нив се издвојува кога станува збор за долговечноста. Станува збор за крвната група 0, која според повеќе истражувања е најчесто застапена кај луѓето кои доживуваат длабока старост. Помал ризик од сериозни ...

Интелигенцијата се мери со комбинација од логика, интуиција, досетливост и брзо размислување. Иако секој хороскопски знак има свои силни страни, некои се познати по нивната ментална јасност, исклучителни аналитички вештини или креативни вештини за решавање проблеми. Овие знаци честопати се претставуваат како најинтелигентни луѓе кои секогаш се неколку чекори понапред. Близнаци Близнаците се познати по нивната исклучителна ментална агилност и ...

Многу луѓе кои успешно изгубиле килограми со помош на Оземпик и слични лекови од групата GLP-1 агонисти се соочуваат со сериозен предизвик по прекинот на терапијата. Чувството на глад се враќа, често уште поинтензивно, а со него и изгубените килограми. Ова отвора прашања дали кај дел од пациентите се создава потреба од доживотно користење на овие сè попопуларни инјекции, пишува порталот Futurism. Една од нив е Тања Хол, корисничка на лекот ...

Дали и вие во вратата на фрижидерот чувате колекција од полупразни шишиња кечап, сенф и мајонез? Не сте единствени. Сосовите обично се трошат побавно од свежата храна, па со месеци – а понекогаш и со години – заземаат драгоцен простор. Познати се по долгиот рок на траење благодарение на високата киселост, која го спречува развојот на штетни микроорганизми. Но, тоа не значи дека се вечни. Експертите за безбедност на храна објаснуваат колку ...

Во акција на мобилен царински тим, запленети се 40.872 парчиња пиротехнички средства – петарди и огномети, кои претставуваат ризик по здравјето на граѓаните. Како што стои во соопштението на Царинската управа, сторителот е македонски државјанин од Гостивар и против него е поднесена кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи, казниво по Кривичниот законик. – Делото е откриено ...

Обвинителатвото за гонење на организиран криминал и корупција информира дека е поднесен Обвинителен акт против седум лица, меѓу кои и бизнисменот Ристо Крмзов, како и Обвинителен предлог против три физички и 13 правни лица за даночна измама. Поднесениот Обвинителен акт и Обвинителен предлог што по спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК ги доставил до Основниот кривичен суд Скопје е стапен на сила. Обвинителниот акт е против ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
4.12
92%
1000
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
91%
1001
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
65%
1005
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.5
84%
1003
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
96%
1001
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
83%
1009
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
72%
1006
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1004
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1001
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
1.34
89%
1002
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
8.23
66%
1008
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.3623

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.22495

Currency

0.58743

Кобалт

59.52

Платина

72143.25

Злато

143662.56

Иридиум

169549.30

Калај

44.58

Бакар

11.76

Родиум

311058.47

Рутениум

44142.98

Алуминиум

3.08

Сребро

2492.14

Паладиум

58707.26

Цинк

3.11