Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Најмалку 12 лица се повредени во пукање на фестивалот Олд Вест Енд во Толедо, Охајо. Инцидентот се случил синоќа, околу 23 часот по локално време, кога полицијата им помагала на посетителите да се разотидат по завршувањето на настанот. Според полицискиот извештај, десет лица се здобиле со прострелни рани, а уште две се повредени додека бегале од местото на настанот. Возраста на повредените се движи од 16 до 51 година. Двајца од повредените ...
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Црна Гора е меѓу најнапредните земји во регионот во процесот на европска интеграција, но нагласи дека напредокот кон Европската Унија ќе зависи и од решавањето на отворените прашања со Хрватска. Зборувајќи на самитот ЕУ, Западен Балкан во Тиват, Пленковиќ истакна дека Загреб очекува конкретни чекори од Подгорица во однос на повеќе чувствителни билатерални теми. Меѓу нив ги посочи обесштетувањето ...
Повеќе од милион луѓе се собраа денеска на главниот плоштад во Мадрид за да присуствуваат на миса што ја служеше поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти. Денешната миса се совпадна со католичкиот празник Corpus Domini, на кој поворки граѓани, предводени од свештеник кој ја носи Евхаристијата, минуваат низ градовите и местата. Папата дојде во Шпанија вчера, ќе биде во посета една недела со намера да ја истакне ...
Џо Бајден боледува од рак на простата во четврт стадиум, кој метастазирал на коските, и ќе живее со оваа болест до крајот на животот, изјави неговата сопруга Џил Бајден. Според неа, поранешниот американски претседател, и покрај здравствените проблеми, продолжува со своите секојдневни активности и јавни ангажмани. Зборувајќи за време на промоцијата на книгата од политичката аналитичарка Ана Наваро, Џил Бајден рекла дека не очекувала ...
Руски научници развија нови препарати за дијагностицирање и лекување на глиом, еден од најагресивните форми на тумори во мозокот, објави Министерството за наука и високо образование на Русија. Како што наведе министерството, тим истражувачи и лекари презентираа нови пристапи за откривање и лекување на болеста, вклучително и употреба на радиоактивни аптамери во дијагностиката. Според соопштението, новиот радиофармацевтски препарат се користи ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија повторно ја гаѓала нуклеарната централа Чернобил, при што во еден дел избил пожар, што набрзо е изгаснат. Зеленски на платформата Икс објави дека еден дрон ја погодил зградата на централното складиште за искористено гориво. – Екстремно критична инфраструктура и екстремно зол руски напад, наведе Зеленски, додавајќи оти по нападот нивото на радијација на ги надминува ...
Мнозинство британски граѓани не сакаат да ги поништат правилата за Брегзит, покажува новото истражување спроведено од организацијата „Britain Unbound“ во соработка со YouGov. Според тоа истражување, околу 60 отсто од испитаниците изјавиле дека не би биле подготвени да се откажат од дел од законодавниот суверенитет заради поблиска економска соработка со ЕУ. Околу 27 отсто од анкетираните изјавиле дека би прифатиле таква размена, додека 14 ...
Луксузните хотели во Дубаи, симбол на скап туризам, приватни плажи и „инфинити“ базени, се соочуваат со неочекуван пресврт. Поради падот на странските туристи по воената криза во регионот, дел од хотелите почнаа да нудат големи попусти за локалните жители и резидентите во Обединетите Арапски Емирати, со цени што во некои случаи се и до четири пати пониски од вообичаените. На Палм Џумеира, една од најпознатите луксузни локации во Дубаи, ...
Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, трети во изминатите 16 месеци, откако парламентарните партии не успеаја да постигнат договор за избор на нов претседател на државата, кој го избираат пратениците во парламентот. Предвремените избори одразуваат долгорочна политичка и институционална криза во која движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти се надева на уште една победа. Нови предвремени избори беа распишани откако ...
Излезноста до 9 часот наутро на изборите за собранието на привремените приштински институции е 2,99 проценти, а најголема излезност има во српските области, во северниот дел на Косовска Митровица, дури 10,67 проценти, покажуваат податоците од Централната изборна комисија (ЦИК) во Приштина. Според податоците објавени на веб-страницата на Централната изборна комисија, излезноста до 9 часот наутро била 10,13 проценти во Звечан, 6,06 проценти во ...
Се помасовни се протестите во Албанија против изградбата на луксузен ресорт во „Зврнец” и островот Сазан. Во Тирана синоќа на главниот плоштад се одржа седмиот по ред протест, на кој четири часа учесниците го изразуваа своето противење за проектот, порачувајќи дека „Албанија не е на продажба”. Учесниците меѓу кои и културни работници дури и новинари, побараа оставка на владата, укинување на статусот и законската рамка поврзани со стратешките ...
Албанскиот премиер Еди Рама во својот подкаст „Фласим“ (Зборуваме), остро ги критикуваше демонстрантите кои веќе седум дена протестираат против проектот во Зврнец, порачувајќи им дека нема отстапки околу реализацијата на истиот, бидејќи станува збор за инвестиција од стратешко значење за Албанија. Според него меѓу демонстрантите има инфлуенсери и луѓе кои живеат од социјалните мрежи, предупредувајќи дека протестите би можеле да предизвикаат ...
Гласачките места во Косово се затворени, а според излезните анкети на вонредните парламентарни избори најголем број гласови доби движењето Самоопределување. Самоопределување освои 42,3 проценти од гласовите, Демократска партија на Косово-21,6 отсто, а Демократскиот сојуз на Косово – 17,3 проценти. Овие резултати се без гласовите од дијаспората, која гласаше во амбасадите и конзулатите, како и без гласовите пристигнати по пошта. МИА ...
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) потсетува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата на патарини, почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови. Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува, а корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на ...
Цената на златото е е повторно во пад, бидејќи сè уште нема јасен напредок во мировните преговори меѓу САД и Иран за запирање на конфликтот на Блискиот Исток. Во петокот златото се тргуваше под 4.450 долари за унца, со што неделниот пад достигна околу два процента. Иако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека преговорите се во завршна фаза, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи оцени дека досега не е постигнат ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 23 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и топло со мала до ...
– Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Скопје ќе го одржи 32. Конгрес кој е посветен на финализирањето и усвојувањето на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата, документи кои треба да ги дефинираат идните политички насоки и приоритети на партијата. Конгресот, како што информираат од партијата, ќе се одвива во два дела – отворен и работен. Во рамки на отворениот дел ќе се обрати претседателот на СДСМ, ...
Свети Јован Крстител е меѓу најпочитуваните светци. Неговиот ден се слави неколку пати во црковниот календар секоја година. Тој е познат како голем пророк кој го најавил доаѓањето на Исус Христос и кој за својата вера претрпел ужасна смрт достојна за маченик. Третото обезглавување на Свети Јован Крстител се слави на 25 мај според црковниот календар, а на 7 јуни според грегоријанскиот календар. Како што кажува народното предание, на овој ден ...
Жалбата на 30-дневниот притвор за поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев во петокот е доставена до обвинителството и јавниот обвинител кое сè уште нема дадено мислење, информираат денеска од Основниот кривичен суд Скопје. -По комплетирање на списите, судија на претходна постапка, предметот ќе го достави до кривичниот совет на одлучивање – посочуваат од Кривичен. Богоев во средата попладне беше спроведен во Основниот кривичен ...
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе има голема желба да игра против Португалија и Бразил на претстојното Светско првенство. Мундијалот ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. – Сонувам да играм против Кристијано и Нејмар на Светското првенство. Тоа ќе биде нивното последно Светско првенство, изјави Мбапе за „Сораре“. Франција ќе игра против Сенегал, Ирак и Норвешка во групната фаза. Дваесет и седумгодишниот Мбапе одигра 44 ...
Крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, е прогласен за фудбалер на сезоната во Ла Лига, објави денеска шпанската фудбалска лига. Осумнаесетгодишниот Јамал ѝ помогна изминатата сезона на Барселона да ја одбрани шпанската титула, стана првиот фудбалер кој ја освои наградата за играч на месецот во лигата три пати во една сезона и заврши како најдобар стрелец на клубот во Ла Лига со 16 голови, а додаде и 11 асистенции. Поради повреда на ...
Њујорк ноќеска го победи Сан Антонио со 105:104 на гостински терен во вториот натпревар од финалето на НБА. Никс поведоа со 2:0 во серијата. Третиот натпревар ќе се одржи во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк. Според „ESPN“, најевтиниот билет за третиот натпревар чини 9.000 долари. Најскапиот билет ќе чини 45.000 долари. Третиот натпревар ќе се одржи во вторник, 9 јуни. Почетокот е во 2:30 часот по македонско време. Тимот на Њујорк никс е ...
Зеленчукот е важен дел од балансираната исхрана, но некои видови се издвојуваат по исклучително високата концентрација на витамини, минерали и други корисни хранливи материи. Токму затоа американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) спроведе истражување во кое беа рангирани повеќе од 40 видови овошје и зеленчук според нивната нутритивна вредност. На самиот врв на листата се најде поточарката – листест зеленчук со остар, ...
Секторот за внатрешни работи Штип информира дека во изминатиот период е забележан зголемен број пријави за кривични дела „измама“ и „обид за измама“, при што најчесто на мета се повозрасни граѓани. – Зголемен е бројот на случаи кога непознати лица од странски телефонски броеви се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама на начин што на лицата им соопштуваат дека нивни блиски, роднини и слично имаат повреди и треба да им се изврши итна ...
Министерството за внатрешни работи информира дека се регистрирани вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, при што две лица се лишени од слобода. Полициски службеници од Полициското одделение Чашка вчера во 23:50 часот го лишиле од слобода И.Н. (54) од село во Општина Чашка, постапувајќи по пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 21 возач за безобѕирно управување возило, од кои 13 возеле без возачка дозвола, седуммина под дејство на алкохол и еден со забрана за управување возило, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од вкупно 13 кои возеле без возачка дозвола петмина се во Скопје, двајца во тетовско и по еден во Македонска Каменица, Куманово, ...
Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко изјави дека руската противвоздушна одбрана синоќа пресретнала 86 дронови над Санкт Петербург. Поради нападите меѓународниот аеродром Пулково во Санкт Петербург привремено ги откажа летовите. Во среда, на отворањето на форумот во Санкт Петербург, украински дронови погодија нафтена рафинерија и воен објект. Руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа пресретнати се вкупно 376 ...
САД одобрија приближно 38 милиони долари дополнително финансирање на борбата против еболата, со што директната американска помош изнесува над 200 милиони долари, соопшти синоќа Стејт департментот. Во соопштението се наведува дека американскиот Центар за контрола и превенција на болести ќе соработува со властите во Демократска Република Конго и во Уганда, за да се обезбеди „брз и сеопфатен одговор“ на епидемијата на ебола. Според Светска ...
Во три одделни руски напади врз јужната украинска област Херсон загинаа пет луѓе. Гувернерот на Херсон, Олекдсандар Прокудин на Телеграм објави дека во еден од нападите загинале три лица над 70 години, чии тела биле откриени во нивните домови. Херсонската област е една од четирите региони анектирани од Русија по инвазијата врз Украина во 2022 година. На почетокот на војната Русија зазеде голем дел од областа, но украинската армија успеа да ги ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков коментирајќи ја моменталната ситуација во односите Русија – САД, истакна дека „за танго потребни се двајца“. – За танго потребни се двајца, а Американците сè уште не го сакаат тоа, наведе Песков во интервју за Централната кинеска телевизија, додавајќи оти на Москва за тоа прашање „не и се брза“. Тој се осврна и на улогата на САД во решавањето на војната во Украина, истакнувајќи оти Москва немала нереални ...