Торнадо доцна синоќа помина низ департманот Од на југот на Франција, при што беа повредени 15 луѓе и беа оштетени повеќе од 300 куќи, соопштија локалните власти. Снимки објавени на социјалните мрежи прикажуваат торнадо над селото Верзеј во Од доцна синоќа. На многу куќи кои се најдоа на неговиот пат, силните ветрови им ги искршија прозорците, пренесоа светските агенции. Торнадото настана кога интензивниот летен топлотен бран неделава го ...

Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска го претстави предлогот на Европската комисија за реформа на проширувањето на ЕУ и изнесе планирани чекори за постепена интеграција, построга проверка на кандидатите и нова методологија, нагласувајќи дека светот се променил, а со тоа мора да се промени и самиот процес на проширување. Таа на Конференцијата на хрватските амбасадори во Загреб рече дека проширувањето не значи поголема ЕУ, туку ...

Пожарникарите кои се борат со шумскиот пожар во американската сојузна држава Невада кој брзо се шири, соопштија дека пожарот е локализиран 27 проценти. Таканаречениот пожар „Хок“ (Hawk Fire) на ридестиот терен на периферијата на Рино уништи 32 дома и оштети уште шест, според првичните проценки. Началникот на противпожарната служба Ричард Едвардс предупреди дека бројките најверојатно ќе растат. Пожарот брзо се прошири од саботата, а според ...

Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската Унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ. Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна седница одржана вчера црногорскиот Парламент ги усвои предлог-измените на Уставот што се ...

Неограничениот животен век е научно возможна перспектива, но најголемиот предизвик е да се искористат механизмите што го овозможуваат продолжувањето на животот без истовремено да се активираат механизмите што им овозможуваат на клетките на ракот неконтролирано да се размножуваат, вели теоретскиот физичар Мичио Каку во интервјуто со водителот Стивен Бартлет во „The Diary Of A CEO“ . Каку објаснува дека клучот за разбирање на процесот се ...

За жал, бидејќи во многу случаи имаме туристи кои доаѓаат од северните земји или од земји каде што не се соочиле со вакви температури, многу од нив не се соодветно подготвени, ниту во однос на облеката, ниту на обувките, за овие исклучително тешки и високи температури, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина, директорот за комуникации на грчкиот Црвен крст Константинос Гаврилидис, додека членови на организацијата, на туристите на ...

Во три различни акции на три плажи, односно во Пефкохори и Флегра на првиот крак на Халкидики, како и во Каливес, меѓу првиот и вториот крак, вчера и денеска беа спроведени нови акции за отстранување на нелегално поставените чадори, лежалки и друга опрема за плажа, со цел „плажите да останат слободни и достапни за сите“, јави дописничката на МИА од Атина. Од општина Полигирос информираа дека од плажата во Каливес биле отстранети над 170 ...

Производителите на црвената пиперка „ајварка“ од Струмичко денеска со блокада и протест пред подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица го искажаа своето незадоволство од непочитувањето на откупните цени, кои беа договорени на 12 овој месец меѓу земјоделците и откупувачите со посредство на ресорниот министер Борче Серафимовски. На протестот на земјоделците присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и ...

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот. – Да, тоа ќе биде редовно усогласување, нивелирање во согласност со законот. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во заднина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд ...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во вечерните часови во ...

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде е ...

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. На минатото рочиште градежните вештаци одговараа на вкрстени прашања од одбраната. Наодите во врска со материјалите ...

Македонија сака да биде дел од Европската Унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократите од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто што го направивме, но, за жал, тие нè предадоа и нè излажаа – истакнува премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News). Мицкоски членството во ЕУ го опиша како втора клучна цел по стратешкото партнерство со САД. – Да се биде дел од ЕУ е добро ...

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија попладнево од Автомото сојузот на Македонија. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има ...

Пациентите со трансплантирани органи од утре ќе можат да го подигнуваат лекот Myfortic (mycophenolic acid) од 180 мг. и 360 мг. без доплата од договорните аптеки на Фондот за здравствено осигурување. Од Фондот соопштија дека тоа што го најавиле како решение за заштита на оваа специфична категорија пациенти, сега е целосно реализирано, завршени се сите потребни постапки, Управниот одбор ја дал потребната согласност, направени се измените во ...

Учениците ќе имаат учебници, тие се дистрибуирани и се наоѓаат во училиштата. Првпат годинава тоа го имаме завршено многу порано пред почетокот на учебната година – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска една недела пред почетокот на учебната 2026/2027 година. – Не можам да кажам дека ќе нема. За жал, верувам дека и ќе има. Но, искрено верувам дека тоа ќе биде сведено на минимум и дека ќе биде инцидентно – рече ...

Нема дефект во ПЕТ/КТ-скенерот, туку во циклотронот, каде што се произведува радиофармацевтското средство (18F-FDG) потребно за прегледот. Дефектот е резултат на лошо сервисирање и веќе се работи на негово надминување. Ова го објави министерот за здравство Сашо Клековски на својот фејсбук-профил. – Со почеток на работењето на циклотронот приоритет имаат пациентите според насоките на клиниките за онкологија и хематологија! Предизвиците со ...

Северна Македонија е една од првите земји што започнале преговори за трговски договор со САД по тарифите воведени од Трамп, вели премиерот Христијан Мицкоски во ексклузивно интервју за Брајтбарт. Мицкоски изјави дека се надева на дополнителни договори во наредните недели, кога ќе отпатува во САД за Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Тој се надева дека ќе има можност да го посети Трамп во Белата куќа или да се сретне со него ...

Тригодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во несреќа во лифт во зграда во Радишани, откако според пријавата од мајката, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила. Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека Е.З.(30) од Скопје вчера во 20:00 часот во СВР Скопје пријавила дека на 22-ри месецов околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, ...

Тимот градежни вештаци, предводен од судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, повеќе од четири часа одговараше на вкрстени прашања на одбраната, на обвинетите Гроздан Милковски – сопственик на објектот и општинските градежни инспектори Огњен Георгиев и Николчо Коцев, на денешното рочиште во судницата во Идризово при ...

До 18:00 часот вечерва регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е под контрола, а 14 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни пожари: Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума; Општина Гостивар – с. Трново, со ширење кон с. Битово и с. Заград, ниска ...

Во Франција летово, од 19 јуни имало 301 случај со давење, а властите ја поврзуваат таа висока бројка со топлотниот бран, изјави денеска француската министерка за спорт и млади Марина Ферари. Заклучокот се поклопува со податокот дека Франција, Шпанија и Италија беа погодени од топлотни бранови, коишто патем предизвикаа и масивни шумски пожари и уништија десетици илјади хектари земја. Претставничката на власта потврди дека бројот на смртни ...

Европските лидери, меѓу кои и британскиот премиер Енди Бурнам, денеска се собраа во Киев за одбележување на 35-годишнината од независноста на Украина, додека Европската Унија и Велика Британија ветија нова воена помош за земјата во нејзината одбрана од Русија. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, беше меѓу лидерите кои отпатуваа за Киев, откако Брисел одобри транша од 6,1 милијарда евра (7,1 милијарди долари) наменети за системи ...

Екстремните горештини и повеќенеделната суша ја чинеа германската економија најмалку 36 милијарди евра, што е еквивалентно на 0,8 до 0,9 проценти од економскиот учинок на земјата, соопшти денеска еколошката организација „Гринпис“. Цифрата е пресметана со собирање на економските штети од пропаднатите земјоделски приноси, шумските пожари и здравствените трошоци, како и од загубите во продуктивноста и трошоците во образованието предизвикани од ...

Шеесет и тригодишна жена е уапсена откако на Закинтос убила мачка, а за стореното дело ѝ е изречена казна од 30.000 евра, соопшти денеска локалната полиција. Жената, жителка на Ромири била пријавена од страна на сопственикот на мачката, пренесе грчкиот портал „Катимерини“. Според информациите на Здружението за благосостојба на животните на Закинтос (ЗОМЗ) станува збор за возрасна мачка што жената ја задавила со јаже, а причините за убиството ...

Над седум од десет мали и средни бизниси во Атина, односно 71,3 отсто велат дека годинава, за време на летните попусти имале полош промет од лани, а 98 отсто од анкетираните бараат промена на институционалната рамка за попустите и враќање на построги правила, покажуваат резултатите од истражувањето на Асоцијацијата на трговци на Атина (ЕСА), јави дописничката на МИА од Атина. Во истражувањето биле вклучени 409 мали и средни претпријатија од ...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации дефинирани со позитивните законски прописи. Како што информира АХВ. небезбедните количини млеко кои биле наменети за пласман во синџир маркети во земјава, ...

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за 1,5 денар – одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62 отсто. Новата максимална малопродажна цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 93 денари за литар, „евросупер БС-98“ ќе се ...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне и кон крајот на денот, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје денеска попладне и утре во вечерните часови во ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја одложи главната расправа во предметот за наводни злоупотреби во АД „Државна лотарија“, во кој меѓу обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби. Судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски образложи дека одлагањето е потребно за обвинетите и нивните бранители да имаат доволно време да извршат увид во доставените докази, да се запознаат со нивната содржина, да ја подготват одбраната и да достават листа ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42