Доколку унгарската страна купи дел од НИС, Србија ќе поседува 29,87%, малите акционери 13,9%, Мол 11,3%, што ќе значи вкупно мнозинство од 55,07% Унгарскaта компанија МОЛ би можела да купи 11,3 проценти од Нафтената индустрија на Србија (НИС), пишува неделникот „НИН“ во својот нов број, наведувајќи дека, според неофицијални извори, кризата поврзана со таа компанија, која е под санкции на САД, би можела да се реши до 25 ноември. „Русите му ...

Во четврток, Европскиот парламент ќе гласа за предлогот за продолжување на трговските привилегии за Западен Балкан до 2030 година. Станува збор за измена на постојната Регулатива на ЕУ, која ги регулира трговските односи со земјите и териториите кои учествуваат во или се поврзани со Процесот на стабилизација и асоцијација. Регулативата, која важи до 31 декември 2025 година, ослободува одредени земјоделски производи од Западен Балкан од ...

Просечната годишна плата за вработените со полно работно време во Европската Унија изнесувала 39.800 евра во 2024 година, објави Евростат. Статистичкиот завод на ЕУ наведува дека таков износ претставува зголемување од 5,2 проценти во споредба со 37.800 евра во 2023 година. Меѓу земјите од Европската Унија поединечно, највисока просечна годишна прилагодена плата со полно работно време е забележана во Луксембург (83.000 евра), по што следат ...

Сметките за електрична енергија овој месец ги шокираа жителите на Штип. Дел од граѓаните добиле фактури повисоки и до 3.000 или 4.000 денари, иако, како што велат, се трудат да штедат и ги вклучуваат греалките и климите само по потреба – најчесто наутро и навечер. „Се грееме само кога е најладно, а сметките пак растат. Ако е ваква состојбата уште во ноември, не знам што ќе биде во декември и јануари“, велат штипјани. Мнозинството се ...

Врз основа на обврските утврдени со член 33 од Правилата за котација на Македонска берза, Стопанска банка АД Битола информира дека на ден 5 ноември 2025 година, членот на Управниот одбор м-р Даниела Ѓоршевска поднела писмена оставка од својата функција. Паралелно со тоа, Надзорниот одбор на банката на својата 25. седница одржана на 10 ноември 2025 година донел одлука за именување на м-р Маја Кадиевска Војновиќ за нов член на Управниот одбор. ...

НОВ ИНВЕСТИЦИСКИ ЦИКЛУС ОД 30 МИЛИОНИ ЕВРА Нов инвестициски циклус од 30 милиони евра и нови 200 работни места во следната 2026 година најави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на компанијата „Костал“ во Охрид. А пак, до крајот на годинава, тој најави дека се очекува четири до пет компании да потпишат договори за отворање свои капацитети во земјава, во кои би биле вработени околу 1.000 луѓе. – Веќе имаме неколку што се во процес на ...

Кина ги укина специјалните пристанишни такси за американските бродови за една година, како одговор на сличен потег од Вашингтон, соопшти денеска Министерството за транспорт на Кина. Според соопштението на Министерството за транспорт на Кина, наплатата на специјалните пристанишни такси „ќе биде суспендирана за една година“ од 10 ноември, што се совпаѓа со суспензијата на релевантните мерки против Кина од страна на САД, како дел од ...

Европските бизниси очекуваат ефектите од американските царини и трговските тензии да бидат значително полоши во 2026 година отколку во 2025 година, кога ефектите беа ублажени од претходните нарачки, покажа анкета на BusinessEurope. Според анкетата, трговските тензии би можеле да го намалат бруто домашниот производ на Еврозоната, Европската Унија и пошироката група европски земји за околу 0,03 проценти во 2025 година. Сепак, веќе во 2026 ...

Регулаторната комисија за енергетика, ја објави новата цена на горивата која ќе важи од вечерва на полноќ. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 0,5 денари, и од утре ќе се продава по цена од 74,5 денари по литар. Исто за 0,5 денари се зголемува и цената на ЕУРОСУПЕР 98+, и од утре ќе се продава по цена од 76,5 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 1 денар, и ќе чини 72 денари по литар. Цената на екстралесното масло за домаќинство ...

Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути малку се зголеми. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово зајакна за 0,1 процент, на 99,64 поени. Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за 0,35 проценти, на 153,95 јени. Сепак, американската валута стагнира во споредба со европската, па цената на еврото ...

Ефектите од промените во климата веќе принудија многумина да ги напуштат своите живеалишта, алармираше Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) пред денешното започнување на Конференцијата за клима КОП30, која ќе се одржи во Белем, Бразил. Во извештајот на УНХЦР се потенцира дека во текот на претходните десет години, несреќите поврзани со временските услови предизвикаа приближно 250 милиони внатрешни преместувања, што е ...

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека во октомври индексот на трошоците на живот забележал мала дефлација од 0,2% во споредба со септември. Тоа се должи на поевтинувањето на транспортот за 6,1%, мебелот и одржувањето на домаќинствата за 0,3%, како и на образование и култура за 0,1%. Индексот на цените на мало бележи слично благо намалување, на 98,7 поени. Сепак, ова благо месечно намалување не го менува годишниот тренд. Во однос на ...

Британската Влада во потрага по дополнителни приходи, размислува за воведување данок за електрични возила, со цел праведно финансирање на патната инфраструктура во споредба со бензинските и дизел автомобилите. „Во цената на гориво постои ставка за патиштата, но од електричните возила не се наплаќа ништо за патната инфраструктура. Сакаме поправеден систем за сите возачи“, вака портпарол на британската влада ја објасни мерката. Од овој данок, ...

За девет месеци, односно од јануари до септември годинава, на патарините низ државата наплатени се 58 милиони евра, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесувал 401.971.971 денар, а во летните месеци, кога е највисока фреквенција на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни. Најпрофитабилна е наплатната станица ...

Во септември 2025 година сезонски прилагодената стапка на невработеност во еврозоната изнесувала 6,3%, стабилна во споредба со август 2025 година, како и со септември 2024 година. Стапката на невработеност во ЕУ изнесувала 6,0% во септември 2025 година, исто така стабилна во споредба со август 2025 година и зголемена од 5,9% во септември 2024 година. Овие бројки ги објавува Евростат, статистичката канцеларија на Европската унија. Евростат ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денес започна исплатата на правата од социјална заштита, деца и граѓанска заштита за октомври 2025 година. Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнуваат пари на банкарски банкомати, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронскиот и мобилниот банкарски систем, почнувајќи од денес, 6 ...

Министерството за финансии на САД претходно објави дека САД нема да му издадат лиценца за работа на „Гунвор“ додека трае конфликтот во Украина. Министерството изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно зборувал за потребата од што е можно поскоро завршување на украинскиот конфликт, а бидејќи тоа не се случило, „Гунвор“ нема да добие лиценца. Министерството тврдеше дека „Гунвор“ е под руска контрола. „Гунвор“, исто така, издаде ...

Украина планира да ги замени своите монети копејки за да се ослободи од долгогодишното влијание на Москва, изјави гувернерот на Украинската централна банка, Андриј Пишни, додавајќи дека се надева дека промената би можела да биде завршена оваа година. Украина воведе сопствена валута, гривна, во 1996 година, пет години по стекнувањето независност од Советскиот Сојуз, и коваше свои монети, но го задржа поранешното советско име за нив – копеjки. ...

Вредноста на биткоинот се зголеми за 0,34 проценти на 89.657,42 евра денес во 15:00 часот на најголемата светска берза за криптовалути Binance. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа е 50,33 милијарди евра, што е речиси половина од износот од вчера. Индексот на страв и алчност за биткоинот денес е на ниво 27 во категоријата „страв“, малку подобар од вчера кога беше на ниво 23 во категоријата „екстремен страв“. Вредноста ...

Предвидувањата на Народната Банка за раст на инфлацијата во земјава од 3% на 3,9 отсто не го загрижува премиерот Христијан Мицкоски. Не само што тој не најави нови можни мерки за обид за зауздување на инфлаторните шокови, туку Мицкоски изјави дека очекува инфлацијата дополнително да се зголеми до 4 проценти. Христијан Мицкоски: „Ние очекуваме инфлацијата овој месец октомври да биде нешто поголема бидејќи беше многу ниска минатиот октомври ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера изјави дека неговата администрација спречила глобална економска депресија со воведување царини, истакнувајќи ја важноста на случајот на Врховниот суд што се занимава со вонредните овластувања и царини на претседателот. -Слушнав дека расправата поминала добро денеска, рече Трамп во интервју за Фокс њуз, додавајќи: „Би било катастрофално за нашата земја да го изгуби тоа. Катастрофално. Мислам дека е ...

Цените на угостителските услуги во октомври 2025 година бележат раст од 3.9 % во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Анализирано кумулативно, во периодот јануари – октомври 2025 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 5.1 % во споредба со истиот период лани. Растот на цените во овој сектор, споредено со декември 2024 година, изнесува 2.1 %. Само во октомври 2025 година, ...

Комерцијална банка има ново практично решение за бизнисите што се движат брзо – дебитната картичка Debit Mastercard Business. Новата деловна картичка Debit Mastercard Business нуди бројни премиум бенефиции кои го унапредуваат деловното секојдневие и го следат темпото на вистинските професионалци. Со Debit Mastercard Business корисниците добиваат: Секое деловно патување со Debit Mastercard Business станува премиум искуство со повеќе можности ...

Според најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2025–2028 година, економијата ќе продолжи со стабилен раст и отпорност, додека инфлацијата постепено ќе се приближува кон историскиот просек. Гувернерот Трајко Славески на денешната прес-конференција изјави дека за 2025 година се очекува раст на економијата од 3,5 отсто, а во периодот 2026–2028 тој би забрзал на околу 4 проценти. „Макроекономската слика за домашната ...

Кина ќе ги суспендира дополнителните царини од 24 проценти за американскиот увоз за една година, но ќе ја задржи стапката од 10 проценти, соопшти Царинската комисија на Државниот совет на Народна Република Кина (владата на Кина). Ова доаѓа неколку дена по состанокот минатата недела меѓу кинескиот лидер Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп. Комисијата, исто така, објави дека Кина, најголемиот светски купувач на земјоделски ...

Доцна вечерва до пратениците во Собранието пристигна предлог буџетот на Република Македонија за 2026 година, кој изнесува 6,75 милијарди евра. Според првичните информации, буџетот за наредната година е проектиран со цел да обезбеди стабилност на јавните финансии, поддршка за економски раст и инвестиции во клучни сектори како инфраструктура, здравство, образование и земјоделство. Очекувањата се во наредните денови министерот за финансии да го ...

Во првите девет месеци од 2025 година, извозот на стоки од Македонија изнесувал 368,3 милијарди денари, што е раст од 2,09% во споредба со лани, додека увозот достигнал 523,2 милијарди денари, со зголемување од 3,59%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. И покрај скромниот раст на извозот, трговскиот дефицит се продлабочува, што укажува дека домашната економија и натаму е силно зависна од увозот. Најмногу се извезуваат ...

Властите во Британија го укинуваат експериментот со четиридневна работна недела во локалните јавни служби и совети откако оцениле дека иако ефикасноста се подобрила, се појавиле зголемени трошоци и влошување на одредени јавни услуги. Пилот-програмите покажаа дека од 24 јавни служби, кај 21 од нив ефикасноста останала иста или се подобрила. Сепак, анкетите меѓу граѓаните открија друга слика: кај 13 категории услуги, дури девет биле оценети ...

Уделот на даноците и на нето социјалните придонеси во вкупниот бруто домашен производ (БДП) во ЕУ лани изнесуваше 40,4 отсто, што претставува зголемување во однос на 39,9. проценти во 2023 година, соопшти Европската статистичка служба – „Евростат“. Во исто време, тој удел во еврозоната бил 40,9 проценти, што, исто така, претставува зголемување во однос на претходната година, кога изнесуваше 40,5 отсто. Во апсолутни бројки, во 2024 година, во ...

Извозот на Турција во таканаречениот сектор „критични технологии“ – кој опфаќа производство на производи со средна и висока технолошка содржина – достигна 80,7 милијарди долари (3,39 трилиони турски лири) во периодот јануари-септември 2025 година, објави агенцијата Анадолу, врз основа на податоци од Турскиот статистички институт (ТуркСтат). Според анализата, фокусот на Анкара на инвестиции, производство, вработување и извоз во индустрискиот ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1006
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
92%
1000
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
91%
1002
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
64%
1007
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.46
83%
1003
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1002
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
82%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
67%
1006
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1004
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
77%
1002
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
2.68
89%
1002
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
9.77
62%
1009
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.3623

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.22495

Currency

0.58743

Иридиум

169549.30

Бакар

11.76

Калај

44.58

Сребро

2492.14

Кобалт

59.52

Паладиум

58707.26

Рутениум

44142.98

Цинк

3.11

Алуминиум

3.08

Родиум

311058.47

Злато

143662.56

Платина

72143.25