Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Пратеникот на СДСМ и поранешен министер, Љупчо Николовски, реагира на како што вели „срамниот одговор на министерот Трипуновски за скандалот со суспензијата на ИПАРД средствата, кој воопшто и не содржи никакви информации ниту пак одговори“. „Срамен и скандалозен „одговор“ добив од Министерството и Министерот во заминување на моите официјални барања. Барања во кои побарав јасно и конкретно: * причините за суспензијата на ИПАРД, * ...
Просечната нето-плата во земјава за последниот месец достигна 45.466 денари, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Растот на платите и понатаму е поддржан од неколку клучни сектори кои бележат стабилно зголемување на приходите и побарувачката. Најголем придонес за порастот на просекот имаат следниве дејности: Информациски и комуникациски технологии (ИКТ) – продолжуваат да ги предводат листите со највисоки плати, ...
„Дебатата за односот кон Русија не се води само во АфД, туку и во ЦДУ, особено околу можниот (повторен) увоз на руски енергенти“, анализира DW. Премиерот на Саксонија, Михаел Кречмер, изјави дека Германија треба да ја разгледа можноста за продолжување на испораките на енергија од Русија, со цел да се обезбедат достапни цени за Европа. Тој смета дека Русија треба „долгорочно повторно да стане трговски партнер, без создавање нова зависност“. ...
Иако веќе изминува месец ноември, дел од граѓаните сè уште го немаат добиено повратот од скенирање фискални сметки преку проектот „Мој ДДВ“. Сепак од Министерството за финансии смируваат – парите ќе легнат на сметките до крајот на месецов. – Исплатата на средствата за скенирани фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“ се врши во рок од 60 дена по завршувањето на кварталот. За третиот квартал (јули–септември), законскиот рок до кога треба ...
Збор кој постојано се поврзува со биткоинот е волатилноста. Тоа значи дека вредноста на оваа криптовалута може значително да се зголеми за кратко време, но може да заврши и со голем дефицит. Секој што некогаш инвестирал во биткоин и други криптовалути е свесен за ова, а ваквите периоди се неизбежни и јасно е дека крипто не секогаш ќе оди само нагоре. Пред нешто повеќе од еден месец биткоинот ја достигна својата највисока вредност во ...
Годишниот пораст на паричната маса во банките изнесува 11,8% и е резултат на порастот на депозитните пари и на краткорочните депозити, при помал пораст и на готовите пари во оптек и на долгорочните депозити до две години, нотира Народната банка во својот најнов извештај за монетарните движења за октомври. Така, вкупните депозити во октомври забележаа месечен пораст од 0,4%, кој во услови на пад на депозитите на корпоративниот сектор, во ...
Вредноста на биткоинот падна за 8,16 проценти на 73.068,37 евра на најголемата светска берза за криптовалути Binance денес во 15:00 часот, што е најниско ниво во последните седум месеци. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа е 109,11 милијарди евра, што е значително повеќе од вчера и укажува на распродажба на ризични средства, вклучувајќи ги и криптовалутите, поради загриженост за можна преценка на акциите на ...
Банките во Македонија за девет месеци од годинава заработиле чисти над 235 милиони евра – покажуваат податоците на Народната банка. Само за три месеци, од јуни, заклучно со септември ја зголемиле добивката за над 85 милиони евра. Тогаш профитот на домашните банки изнесуваше 150 милиони евра. За само девет месеци од годинава се приближиле кон добивката која ја прикажаа за цела мината година кога изнесуваше 283 милиони евра. Податоците ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3 отсто повисока во споредба со истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14,9 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,6 и Транспорт и складирање за 11,5 ...
Производителот на камиони и автобуси MAN објави дека има намера да укине околу 2.300 работни места во својата матична Германија во следните десет години. Работниците нема да бидат отпуштени, нагласи портпаролот на компанијата, но работните места ќе бидат укинати како што вработените ќе се пензионираат. Најголем број работни места ќе бидат укинати во главната фабрика на MAN во Минхен, вкупно 1.300, додека фабриките во Залцгитер и Нирнберг ќе ...
Годишната стапка на инфлација во Еврозоната изнесуваше 2,1 процент во октомври 2025 година, што е мало намалување во споредба со 2,2 проценти во септември. Една година претходно, инфлацијата изнесуваше 2,0 проценти, според ревидираните податоци од статистичката служба на ЕУ. Во Европската Унија, инфлацијата изнесуваше 2,5 проценти во октомври, во споредба со 2,6 проценти во септември, додека минатата година изнесуваше 2,3 проценти, според ...
За ставката храна и пијалаци на семејствата им се потребни 23 534 денари, додека за подмирување на режиските трошоци треба да одвојат 6 130 денари Минималните месечни трошоци потребни за егзистенција на едно четиричлено семејство во ноември изнесувале 65 173 денари, покажуваат најновите податоци од синдикалната минимална кошница, која ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Оваа сума претставува намалување од 371 денар во ...
ДУИ бара минималната плата да се зголеми на 600 евра за тие што имаат завршено само средно школо, а да биде 800 за оние кои завршиле факултет. „Синдикатите со право укажуваат дека владата ја држи минималната плата меѓу најниските во регионот. При тоа, во буџетот за 2026-тата година нема предвидено средства за суштинско зголемување на платите. ДУИ и пратеничката група на Европскиот фронт сметаат дека ова е структурна неправда и огромна ...
Големите банки во еврозоната се добро позиционирани да се справат со кризи, со робусни резерви на капитал и ликвидност, оцени Европската централна банка (ЕЦБ). Во годишната проверка на стабилноста на банкарскиот сектор, ЕЦБ изјави дека банките се профитабилни, иако работат во неповолни околности, вклучувајќи геополитички ризици, нови модели на конкуренција поради дигитализацијата и конкуренцијата од виртуелните банки. „Сето ова диктира ...
Руските сопственици се согласија да го продадат својот удел од 56,15 отсто во Нафтена индустрија на Србија (НИС), изјави денеска министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. Таа истакна дека името на третата страна не се открива бидејќи станува збор за деловни разговори на сериозни компании. – Додека не се завршат разговорите или барем не се дефинираат најважните детали, нема да се зборува за тоа. Ништо не е ...
Народната банка на Србија добила опомена поради потенцијална можност за воведување на таканаречени секундарни санкции, а во врска со Нафтената индустрија на Србија (НИС). Гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, изјави дека оваа опомена е прифатена со сериозност. „Самиот поим за санкции не звучи добро. Се надевам дека нема да има такви санкции бидејќи тоа би значело блокирање на сите плаќања“, потенцираше Табаковиќ. ...
Јајцата поскапеа за 30–40 денари по табла низ продажните места. Многумина реагираат дека деновиве и тешко се наоѓа овој прехрамбен производ. Во изминатите денови забележливо е зголемување на цените на јајцата во најголемиот дел од маркетите и зелените пазари. Табла од 30 јајца (Л класа), која чинеше околу 280 денари, сега се продава за 310 денари. Цената на малата табла од 10 јајца (М класа) порасна од 90 на 105 денари, реагираат купувачите. ...
Јајцата поскапеа за 30–40 денари по табла низ продажните места. Многумина реагираат дека деновиве и тешко се наоѓа овој прехрамбен производ. Во изминатите денови забележливо е зголемување на цените на јајцата во најголемиот дел од маркетите и зелените пазари. Табла од 30 јајца (Л класа), која чинеше околу 280 денари, сега се продава за 310 денари. Цената на малата табла од 10 јајца (М класа) порасна од 90 на 105 денари, реагираат купувачите. ...
„Денеска е објавен јавниот повик и ги повикувам сите студенти да аплицираат, мислам дека се 55.000 на број. Тоа што го ветуваме тоа и го исполнуваме, 15.300 денари добива секој студент за набавка на електронски уред“, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Мицкоски рече дека чекале изборите официјално да завршат за да можат да го објават повикот за аплицирање, за кој што рече дека трае до први јануари 2026 ...
Колкава ќе биде штетата од скандалот со ИПАРД Фондовите и како тоа ќе влијае врз земјоделците, кои вложиле и чекаат финансиска поддршка е прашањето кое се отвора по аферата со мито за доделување на ИПАРД средства, која деновиве ја бранува јавноста. Од Националната земјоделска мрежа за 24 објаснуваат дека најмалку 400 апликанти се засегнати со овој проблем. И потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Серафимов посочува дека ...
Одговорност во моментот треба да даде тој што е фатен на дело за злоупотреба и прекршување на законите. И мислам дека таму ќе се води истрагата до крај, апелирам да биде до крај и сите коишто се евентуално инволвирани во целиот случај да одговараат. Само на тој начин ќе стопираме негативни тенденции, прекршување на закони и девијантни однесувања“, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во интервју ...
Кина го откри своето најголемо наоѓалиште на злато во последните речиси осум децении, објави Министерството за природни ресурси на земјата. Наоѓалиштето Дадонг во покраината Лиаонинг содржи повеќе од 1.000 тони злато, објави кинескиот медиумски сервис CGTN. Проценките покажуваат дека наоѓалиштето содржи околу 1.444,49 тони злато во рамките на 2,586 милијарди тони руда, со просечна содржина од 0,56 грама злато на тон руда. Содржината на злато ...
Словенечката влада одобри закон со кој ќе се воведе задолжителен божиќен бонус за сите вработени, објавија локалните медиуми. Бонусот за зимски празници ќе биде половина од минималната плата, што значи дека оваа година ќе изнесува 639 евра. Според вчера усвоената регулатива, рокот за исплата на бонусот е најдоцна 18 дена по истекот на рокот за исплата на плати во ноември. Доколку компанијата има тешкотии со ликвидноста, парите може да се ...
Чешката централна банка објави дека експериментално купила биткоин во вредност од 1 милион долари и некои други алткоини, иако гувернерката на ЕЦБ, Кристин Лагард, во јануари тврдеше дека биткоинот никогаш нема да биде дел од резервите на која било централна банка во Европа. Се чини, биткоинот веќе го достигна својот врв (на 125.000 долари) во овој циклус, додека етерот дури и не го надмина својот врв од претходниот циклус. Централните банки ...
Цената на какаото бележи драматичен раст од почетокот на годината, зголемувајќи се за 70 отсто на светските берзи. Овој пораст доаѓа како резултат на сериозните проблеми во производството во Западна Африка, регион кој обезбедува повеќе од 60% од глобалното производство на какао. Падот на приносите, болестите што ги зафатија насадите и лошите временски услови создадоа недостиг на суровина, што дополнително го засили притисокот врз цените. ...
Министерството за финансии на САД издаде лиценца со која се дозволува трансакциите поврзани со продажбата на меѓународните средства на Лукоил да продолжат до 13 декември, според документ објавен вчера на веб-страницата на Канцеларијата за контрола на странски средства на САД (OFAC). Министерството за финансии на САД, исто така, издаде лиценца за вршење трансакции со четири компании на Лукоил кои работат во Бугарија, која беше продолжена до ...
Цената на златото достигнува историски рекорди . Побарувачката нагло расте, а експертите советуваат долгорочни инвестиции и безбедно чување во банкарски сефови. Од почетокот на годината цената на златото на светскиот пазар порасна за околу 60 проценти. Непречениот раст последниве години ја зголеми побарувачката за овој благороден метал и во Србија. Тие што сега сакаат да купат, мораат да издвојат повеќе од 16.000 динари за еден грам. Неколку ...
Дали ќе има интервентно зголемување на минималната плата надвор од законот, е предмет на дијалог меѓу синдикатите и работодавачите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека Владата ќе го прифати секое решение за кое меѓусебно ќе се договорат синдикатите и работодавачите. – Што се однесува до минималната плата имаме закон и во целост го почитуваме тој закон. Дали ќе има некое интервентно згоемување надвор од законот, тоа е ...
Швајцарските министри се во Вашингтон, со цел да ги намалат царините од 39 проценти на американскиот претседател Доналд Трамп – највисоки во Европа – врз американскиот извоз. Првичните обиди на швајцарската претседателка Карин Келер-Сутер да влијае врз Трамп беа неуспешни, но неодамнешната посета на швајцарска делегација на Белата куќа на 4 ноември се чини дека ги промени работите. Разговорите со швајцарските министри беа „многу позитивни“ и ...
И покрај зголемените залихи во Кина, растечката понуда ја надминува побарувачката, предупредува Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Следната година, таа ќе ја надмине побарувачката за повеќе од четири милиони барели од 159 литри дневно, соопшти агенцијата во својот месечен извештај. Според проценката на агенцијата, понудата на нафта ќе се зголеми за 3,1 милиони барели дневно оваа година и за дополнителни 2,5 милиони барели дневно во ...