Сообраќајна несреќа се случи вчера на магистралниот пат Кочани – Виница, на местото викано Сланечки дол, откако возач со патничко возило „пежо“ излетал надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од здобиените повреди, на местото на настанот, починал возачот. „Патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ. (48) од Виница вчера во 17:35 часот излетало надвор од коловозот на патот ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вчера и денеска престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, како што се наведува во соопштението од МНРиНТ, се очекува денешниот самит да биде значајна можност за потврда на стратешката определба на Европската Унија за проширување кон Западен Балкан – порака која е ...

Во акцијата „Армагедон“ уапсени се осум лица поради поседување порнографски материјали и искористување малолетници за порнографија и полово вознемирување. Осомничените С. Ј. (24), А. Ѓ. (33), Е. Б. (40), Л. Т. (26), М. И. (32), М. Б. (64), В. С. (43) и државјанинот на Руската Федерација А. А. (41), во подолг временски период, преку интернет преземале, чувале и споделувале содржини настанати со искористување деца за порнографски цели, ...

Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека се надева дека казнените мерки што Европската Унија (ЕУ) ги воведе врз Косово во 2023 година наскоро ќе бидат целосно укинати. Таа ги даде овие забелешки за време на состанокот со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Брисел, пред самитот ЕУ-Западен Балкан. Еден ден претходно, косовскиот вицепремиер Бесник Бислими изјави дека бил информиран од Европската комисија дека ...

Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Преспанскиот договор нема да биде прифатен од грчката страна, пишува во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи (МНР) во врска со, како што се наведува, изјавите на премиерот на Северна Македонија. „Во меѓународните договори нема де факто ситуации, нивната примена е униформна и универзална. Напредокот во билатералните односи со Северна Македонија и непреченото ...

Собранието со 65 гласа „за“ и пет гласа „против“ попладнево ја донесе „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во образложението истакна дека парламентарното мнозинство и Владата имаат јасна, доследна и непроменлива политика против нелегалната миграција. Потенцира дека Владата никогаш не побарала, не ...

Добро е кога Западниот Балкан е во оптиката на Европската Унија и тоа е охрабрувачки и за граѓаните од регионот, затоа што на тој начин се покажува интересот за нашата заедничка иднина, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Западниот Балкан, посочи премиерот, географски припаѓа на Европа и логично е тој да се интегрира во рамките на Европската Унија. – Ние како држава тоа го ...

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, преку фејсбук-објава побара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Македонското законодавство познава убиство од небрежност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла!!! Или тешка ви е одговорноста? Или ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош!!! М?Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. ...

Овие листи ги претставуваат филмовите што го поминале првиот круг на селекција и од кои ќе бидат избрани конечните номинирани, објави Варајети. Главни фаворити: Најголеми успеси постигнаа „Грешници“ на Рајан Куглер и мјузиклот „Wicked: For Good“. И двата филма беа номинирани во не помалку од осум категории, вклучувајќи шминка, звук, визуелни ефекти, музика, фотографија и кастинг. Интересно е што двата филма успеаја да се најдат на листата со ...

Променливо облачно со сончеви периоди – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во претпладневните часови на одредени места ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од -5 до 2 степени Целзиусови, додека максималните ќе се искачат од 6 до 13 степени. Времето во Скопје ќе биде променливо облачно магла во делови од котлината во претпладневните чсови. ...

Намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино-Демир Капија. На останатите државни патишта, сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од Авто мото сојузот на Македонија потсетуваат дека во сила е законската обврска за ...

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска изјави дека е уверена оти лидерите на Европската унија ќе постигнат договор за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на одбраната и обновата на Украина пред денешниот самит на ЕУ. Во разговор за германскиот радио канал Дојчландфунк, таа рече дека ова нема да биде прв пат да се најде решение во многу сложена ситуација. Лидерите на Европската ...

Во реткото вечерно обраќање од Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ги пофали своите достигнувања и го обвини својот демократски претходник за вртоглавото зголемување на потрошувачките цени. „Пред единаесет месеци наследив хаос и го поправам“, рече Трамп во говорот што траеше помалку од 20 минути. Републиканскиот претседател, кој редовно се жали дека не добива признание за своите достигнувања, понуди малку нови ...

Украинскиот преговарачки тим за разговори за прекин на конфликтот со Русија патува во Соединетите Американски Држави на разговори со американски преговарачи во петок и сабота, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски им рече на новинарите дека сè уште нема конечни мировни предлози, повторувајќи го својот апел до партнерите да ја зајакнат Украина во случај Русија да одбие да ја прекине војната, објави Ројтерс. ...

Општина Гази Баба рано утрово започна со акција за рушење на бесправно изграден објект во населбата Инџиково. Според информациите од градоначалникот Бобан Стефковски, акцијата започнала во 05:00 часот, по претходна координација со МВР. Се работи за објект во карабина фаза кој имал намера да се надградува, и покрај претходните забрани од надлежните служби. „Во моментот на акцијата, објектот беше во приземје – карабина фаза, со јасна намера ...

Неколку основни и средни училишта низ Република Српска добија заканувачки е-пораки за поставени експлозивни направи, а во тек се инспекции за контрасаботажа. Во заканувачката е-пошта што ја добија училиштата низ Република Српска се наведува дека „Во училиштето е поставена експлозивна направа“ и се бараат пари за да се избегне експлозија. – Ние сме вистински муслимани, воини на Исламската држава и не го одобруваме притисокот и влијанието на ...

Целата Европска Унија мора да ги сноси сите финансиски ризици, бидејќи износите на штетите во судовите би можеле далеку да ја надминат вредноста на замрзнатите руски средства, изјави белгискиот премиер Барт де Вевер, зборувајќи за можните последици од конфискацијата на руските средства. „Затоа Белгија продолжува да бара целата Европска Унија, а не само Белгија, да преземе целосна финансиска одговорност за сите ризици што сè уште остануваат ...

Ви се обраќам од Брисел, затоа што борбата за слободата и демократијата во Македонија бараат акција и заедничко дејствување, се вели во соопштението од СДСМ, од изјавата на претседателот на партијата Венко Филипче од Брисел. Во текстот се додава: „Донесената срамна Резолуција на ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието е директен удар врз демократијата, слободата на говор, мислењето и политичкото дејствување. Кога парламент носи неуставна резолуција, ...

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, најави дека партијата до Уставниот суд ќе поднесе претставка за уривање на правниот поредок откако владејачкото мнозинство вчера во Собранието усвои „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“ поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ја оцени Резолуцијата за неуставна, додавајќи дека претставува вовед кон автократија, ...

За во понеделник во 11 часот е одложена седницата на Советот на јавни обвинители на која треба да определи вршител на должноста државен јавен обвинител откако Љупчо Коцевски во вторникот си поднесе неотповиклива оставка, по што Собранието истиот ден го констатираше престанокот на неговата функција. Денешната седница беше одложена поради отсуството на членот на Советот, Јелена Догазанска Колева. Заради нејзиното отсуство, членот на Советот ...

Данската влада денес објави дека предлага проширување на постојната забрана за носење облека што го покрива целото лице на јавни места на училиштата и универзитетите. „Бурките, никабите или другата облека што го крие лицето немаат место во данските училници“, изјави министерот за имиграција и интеграција, Расмус Стоклунд, во соопштението, објави „Еурактив“. Тој додаде дека Данска веќе има забрана за носење маски за лице на јавни места и дека ...

Русија се подготвува да контактира со Соединетите Американски Држави за да добие информации за резултатите од нивната работа со Украинците и Европејците за решавање на украинската криза, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како што објави РИА Новости. Претходно, американските медиуми објавија дека претставници на САД и Русија ќе се сретнат во Мајами овој викенд, како дел од напорите на администрацијата на американскиот ...

Бројот на активни пушачи во земјата изнесува 40,4 отсто, а само пет проценти од пушачите успеале да се откажат од цигарите во последните години, покажуваат истражувањата на Институтот за јавно здравје. Македонија губи околу 4.000 животи годишно како последица од пушењето тутун или тутунски производи. Според податок од СЗО, 40 проценти од младите на возраст од 14 години веќе пушат. Сеопфатните закони за средини без чад, нивно ефикасно ...

Тројца руски граничари нелегално влегле на територијата на Естонија во среда, 17 декември, соопшти естонското Министерство за надворешни работи. Министерството соопшти дека полицајците ја преминале контролната линија меѓу Естонија и Русија преку бранобран во реката Нарва. Тие пристигнале на местото со глисер, па продолжиле пеш по речната брана, а подоцна се вратиле во своето возило и заминале кон руска страна. Министерството објави видео ...

На 17.12.2025 во 11.40 часот во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишија од слобода Н.С.(40) од с.Горно Лакочереј, охридско. Тој се сомничи дека на 11.12.2025 измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра. Според пријавеното, на 11.12.2025 тој телефонски ја побарал жената, лажно се претставил и ѝ рекол дека нејзината ќерка прегазила дете на пешачки премин и дека ќе ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 71 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава 73 ...

Во политиката постојат партии што се натпреваруваат со идеи и визија и партии што опстануваат преку клевети, лаги и фабрикувани конструкции. СДСМ одамна го избра вториот пат. Апелациониот суд со правосилна пресуда утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене, без докази и без основа. Со оваа одлука, по потврдената првостепена пресуда, СДСМ и формално е судски утврдена како клеветничка партија, објави на Фејсбук премиерот ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ информира дека од 17:30 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е во прекин. Поради штрајк на грчките земјоделци, овој граничен ...

Во наредните десет дена сообраќајот на патот меѓу селата Требеништа и Мешеишта во Општина Дебрца ќе се одвива по изменет режим. Од Секторот за внатрешни работи Охрид велат дека на оваа автопатска делница, која е во изградба, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево. Од СВР Охрид упатуваат апел возачите да бидат крајно внимателни, да возат со приспособена брзина и да ја почитуваат ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува поддршка од пратениците за измените на Законот за прекршоци и на Кривичниот законик, коишто се последните од пакетот законски измени за официјалната примена на системот „Безбеден град“, што од почетокот на месецов е во пробна функција. Тошковски вечерва во гостување на ТВ Канал 5 рече дека останува најавата за официјален старт на „Безбеден град“ од 1 февруари, како што рече, „согласно ...

weather icon

Скопје

-8ᴼ / -8ᴼ
0.51
86%
1015
weather icon

Белград

-10ᴼ / -13ᴼ
2.06
92%
1010
weather icon

Загреб

-9ᴼ / -9ᴼ
0.51
92%
1008
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
2.06
73%
1014
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
6.53
70%
1010
weather icon

Љубљана

-7ᴼ / -8ᴼ
5.14
86%
1010
weather icon

Атина

9ᴼ / 6ᴼ
3.13
49%
1014
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
80%
1016
weather icon

Подгорица

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
80%
1016
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -4ᴼ
3.6
82%
1004
weather icon

Будимпешта

-6ᴼ / -11ᴼ
0.89
82%
1008
weather icon

Истанбул

1ᴼ / 1ᴼ
4.12
64%
1009
Currency

61.555

Currency

52.853

Currency

70.9578

Currency

35.3623

Currency

38.0917

Currency

66.0649

Currency

7.56297

Currency

0.65614

Currency

0.33649

Currency

0.5246

Currency

1.22495

Currency

0.58743

Платина

69516.08

Бакар

11.67

Кобалт

59.52

Иридиум

169549.30

Цинк

3.17

Паладиум

54399.06

Калај

44.87

Злато

142522.91

Рутениум

44142.98

Алуминиум

3.10

Сребро

2439.02

Родиум

316684.85