Пазарот на криптовалути е во криза во последните два месеци. Загубите се мерат во стотици милијарди долари, велат експертите. Според страницата CoinGecko, која 11 години следи сè што се случува со криптовалутите и дериватите, во втората половина од годината вкупната пазарна капитализација на криптовалутите се намалила од 3,75 трилиони долари на 3,1 до 3,2 трилиони долари, што значи дека повеќе од 600 милијарди долари се изгубени за многу ...

Почнувајќи од денес, 12.12.2025 година, со усвојувањето на измените и дополнувањата на Статутот на Собранието на акционери, Стопанска банка а.д. Битола и официјално доби ново име АЛТА банка АД Битола или скратено само АЛТА банка. Успешната аквизиција на Стопанска банка а.д. Битола од страна на АЛТА банка АД Белград заврши во октомври 2025 година, со што банката доби нов мнозински акционер кој заедно со поврзаните субјекти поседува 93,2571%. ...

И овој декември, Видеолотарија Касинос Австрија ја продолжи својата хумана мисија и традиција на општествена одговорност, реализирајќи ја 25-тата крводарителна акција. Акцијата се одржа во просториите на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје. Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст, компанијата уште еднаш ја потврди својата посветеност кон хуманите вредности и поддршката на доброволното крводарување. Оваа, ...

Доколку Европа не отстапи од планот за воведување на јаглеродната такса кај земјите членки на Енергетската заедница (ЕЗ), наместо интеграција со земјите членки на ЕУ и формирање на еден заеднички европски пазар ќе ни се случи тргување со електрична енергија исклучиво помеѓу земјите кои што не се членки на ЕУ – посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на трибината посветена на предизвиците во ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, изјави дека нема да се стопираат исплатите, таа појасни дека трезорот функционира непречено и дека најавеното „заклучување“ се однесува на рокот за доставување на налозите од институциите. „Трезорот прима налози, велиме до 15 што велиме не значи ако некој задоцнил, но има исклучоци дека нема да ги примиме, како може, што затвараме и ќе одиме на скиање? Ќе го затвориме и заминува цел ...

Сериозни неправилности поврзани со нелогични и непостоечки трансакции и записи без соодветна финансиска документација се само дел од неправилностите што ги констатирале ревизорите кај Државната лотарија за работењето во 2024 година. Ова, според ревизорите, отвара сомнеж за злоупотреба на парични средства и незкаонско работење со благајната и платежните сметки. Во официјалната информација од ревизијата се наведува дека дневниот пазар по основ ...

Од 1 јануари 2026 година во оптек ќе бидат пуштени нови евро-кованици, со кои Европската унија продолжува со освежување на дизајнот на заедничката валута. Новите монети ќе коегзистираат со постојните и ќе важат под исти услови за плаќање во сите земји од еврозоната. Промените главно се однесуваат на визуелниот изглед, при што е задржана препознатливоста на еврото, но со појасно истакнати симболи на европското единство, географската ...

Собранието денеска на продолжение на 76-та седница треба да гласа за Предлог законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија во врска со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел. Договорот беше потпишна во Ѓуешево на 6 ноември од страна на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов. ...

Во рамки на проектот “Играј одговорно“, се одржа едукативно предавање со цел превенција и зголемена свесност кај младите луѓе за опасноста и ризиците од прекумерното играње на игрите на среќа. Со поддршка на Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, Здружението на лекувани зависници, на 04.12.2025 одржа едукативно предавње за студентите на психологија на Славјанскиот универзитет во Битола. Говорници на предавањето беа прим. д-р ...

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс впиша важна победа над Филаделфија со 108-112, а мечот донесе и историски момент за Леброн Џејмс. Супер-ѕвездата се искачи на второто место на вечната листа по број на победи во регуларниот дел од сезоната, надминувајќи ја легендата на Бостон, Роберт Периш. Џејмс стигна до 1.015 победи во кариерата и сега пред него останува само Карим Абдул-Џабар, кој е на врвот со предност од 59 победи. Теоретски, Леброн може ...

Екипите на Орландо Меџик и Њујорк Никс закажаа меѓусебно полуфинале во НБА Купот, откако славеа во своите четвртфинални средби. Никси како гости во Торонто триумфираа со 101-117. Со одлична игра во втората четвртина тимот од Њујорк направи висока предност која потоа во второто полувреме ја одбрани. Најдобар поединец на средбата беше Џејлен Брансон со 35 поени зад своето име, додека кај Рапторси се истакна Брендон Инграм со 31. Орландо Меџик ...

Кошаркарската Федерација на Македонија информира дека на 21. декември (недела), 2025 година. ќе ги организира All Star натпреварите, кои повторно стануваат дел од официјалниот календар како симбол на современа, отворена и атрактивна кошарка. Планирани се три натпревари: Натпревар за македонските надежи (М20) – „Sвезди во подем“, Женски сениорски All Star натпревар, Машки сениорски All Star натпревар. Во двата сениорски натпревари ќе настапат ...

Извршниот комитет на Европската ракометна федерација на својот состанок во Ротердам во саботата, го отвори патот за нова ера на европскиот клупски ракомет. Веќе е познато дека Лигата на шампионите од следната сезона ќе се прошири на 24 екипи и ќе се воспостави нов формат, Извршниот комитет го потврди системот за распределба на местата за елитното натпреварување. Основата за распределбата е рангирањето на федерациите за клупските ...

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се покажа како големо засилување за шпанскиот гигант Реал Мадрид, а тоа го докажуваат и бројките. Новинарот Фабрицио Романо објави статистика која покажува дека Мбапе постигнал дури 55,3 отсто од головите на „кралскиот клуб“ оваа сезона. Тоа значи дека Мбапе бил стрелец на повеќе од половина погодоци за шпанскиот клуб и дефинитивно е незаменлив во тимот на Чаби Алонсо. Мбапе оваа сезона настапи на 25 меча, а ...

Најдобриот македонски голман Столе Димитриевски ќе го пропушти крајот на 2025 година, поради повреда информираат од Валенсија. Димитриевски беше прв голман во шпанскиот Куп, меѓутоа нема да застане меѓу стативите на вечерашниот меч против Спортинг Хихон. Македонскиот чувар на мрежата вчера го пропуштил тренингот поради мускулната повреда која ќе го оддалечи од терените до крајот на 2025 година. „Лилјаците“ вечерва играат против Хихон во ...

АТП одобри воведување на ново правило поврзано со екстремно високите температури, кое ќе стапи на сила од сезоната 2026 година, со цел подобра заштита на здравјето на тенисерите. Новото правило се базира индексот на сончеви зраци и предвидува задолжителни мерки за ладење кога температурата ќе достигне 30,1 степени или повеќе во мечевите што се играат на два добиени сета. Во таков случај, по вториот сет може да се побара пауза од 10 минути, ...

Дисциплинската комисија при Ракометната федерација на Македонија (РФМ) во својот последен билтен ги соопшти казните за немилите настани по натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер во салата „Билјанини Извори“. Имено, двете екипи им е изречена парична казна од по 45.000 денари, а суспензии добија и актерите во инцидентот Крсте Андоновски и Дејан Манасков. На помошникот на Ројевиќ му е изречена дисциплинска санкција од забрана за настап на ...

Њујорк Никс е освојувач на НБА Купот, откако во финалето славеше победа над Сан Антонио Спарс со 124-113. На тој начин Никси за првпат го освоија овој трофеј. По Лос Анџелес Лејкерс и Милвоки Бакс, тие се третиот тим што го освоил ова ново натпреварување. Исто така, за славниот клуб од Њујорк ова е и прв трофеј по пауза од 52 години. Оваа титула е мини-одмазда за 1999 година и болниот пораз на Никси во финалето на НБА плеј-офот од Сан Антонио ...

Олександр Усик, светскиот шампион во бокс во тешка и крузер категорија, се најде во центарот на нов геополитички скандал, при што руските власти му го запленија имотот на Крим, тврдејќи дека тој ја финансирал украинската војска. Владимир Константинов, претседателот на кримскиот парламент назначен од Русија, објави на дека имотот на познатиот боксер Усик, заедно со 84 други физички и правни лица, е додаден на списокот на „национализирани“ ...

ФИФА во вторникот ги намали цените на билетите за Светското првенство што ќе се одржи догодина, наменети за организираните и најверни навивачи на националните репрезентации, откако минатата недела избувна протест против високите цени на влезниците, пренесуваат светските агенции. Пред неколку дена навивачите дознаа дека најевтините достапни билети за натпреварот за титулата на Мундијалот 2026, кој во јули ќе се игра во Њу Џерси, ќе чинат ...

Европската унија постигна правно обврзувачки договор за климата со кој ќе се намалат емисиите на стакленички гасови за 90 проценти до 2040 година во споредба со нивоата од 1990 година, вклучително и купување странски јаглеродни кредити за покривање на пет проценти од намалувањето на емисиите, соопшти Европскиот парламент во среда. Договорот ќе бара од европските индустрии да ги намалат емисиите за 85 проценти, а од 2036 година, ...

Десет години по потпишувањето на значајниот Париски договор за климата, научниците и еколошките групи предупредуваат дека светот е далеку од постигнување на климатските цели усвоени во тоа време. Договорот, усвоен од речиси 200 земји на 12 декември 2015 година, ги обврзува земјите да го ограничат глобалното затоплување на далеку под 2 степени Целзиусови, идеално 1,5 степени, над прединдустриските нивоа. Мартин Кајзер, раководител на Гринпис ...

Глобалните температури во 2026 година веројатно ќе бидат повеќе од 1,4 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа, соопшти британската Метеоролошка служба, предупредувајќи дека загадувањето од фосилни горива продолжува да ги поттикнува екстремните временски услови. Според централната прогноза на Метеоролошката служба, 2026 година ќе биде малку поладна од 2024 година, која со околу 1,55 степени Целзиусови над прединдустрискиот просек беше ...

Кремљ очекува САД да ја информираат Русија за исходот од преговорите со Украина и Европската Унија за украинската криза, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков изјави дека Москва сè уште не видела официјални информации за можното воведување нови американски санкции врз Русија, но дека Кремљ е свесен за таквите планови, пренесува „Спутник“. Песков ги коментираше наводите на „Блумберг“ дека Вашингтон разгледува нови санкции ...

Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски на денешната прес-конференција денеска во тренинг центарот на „црвено-црните“ индиректно потврди дека актуелниот тренер на клубот, Гоце Седлоски е и главниот кандидат за наследник на Благоја Милевски на клупата на македонската репрезентација. Неделковски истакна дека Вардар нема проблем Седлоски да биде во следните шест месеци и селектор на Македонија, но и да го води тимот до крајот на ...

Шефицата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, изјави дека блокот мора да донесе одлука за финансирање на Украина на клучниот самит оваа недела, при што лидерите се под притисок да се согласат за план за користење на замрзнатите руски средства. „Нема поважен чин на европска одбрана од поддршката на одбраната на Украина. Следните денови ќе бидат клучен чекор за обезбедување на ова, од нас зависи како ќе ја финансираме борбата на Украина. Ја знаеме ...

Венецуела ја осуди нафтената блокада наметната од американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека неговата „интервенционистичка и колонијалистичка“ реторика го докажува долгогодишниот план на Вашингтон да ги заплени природните ресурси на Венецуела. Трамп го објави потегот во вторник на платформата за социјални медиуми Истина, опишувајќи го како „тотална и целосна блокада на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат и излегуваат ...

Европскиот парламент денеска потврди постепена и целосна забрана за увоз на руски природен гас до крајот на 2027 година, која ќе се применува дури и по постигнувањето на евентуален мир во Украина. Парламентот гласаше за новиот закон во среда со 500 гласови „за“, 120 „против“ и 32 „воздржани“. – Аргументот дека не можеме да го замениме рускиот гас не е точен – можеме и веќе го направивме тоа, изјави еден од известувачите на Парламентот за ...

Поради реконструкција на пругата на делницата Скопје-Зелениково, од 2 јануари 2026 година до крајот на февруари 2026 година ќе има измени во сообраќајот на два воза, информираат од Железници на Република Северна Македонија-Транспорт АД-Скопје. -Возот број 642 кој ќе сообраќа на релација Битола-Велес време на тргнување предвидено со возниот ред (време на тргнување од станица Битола во 12:46 часот.) Возот број 643 ќе сообраќа на релација ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека ЕУ нема да ја принуди Белгија да прифати користење на замрзнатите руски средства. Кошта доцна синоќа во интервју за француската телевизиска станица RTBF изјави дека ЕУ нема да го наметне решението во четврток во Брисел доколку Белгија се спротивстави на тоа. „Нема да гласаме против Белгија“, рече Коста, објави Euractiv. Тоа е значајна промена на ставот на Кошта, кој минатата ...

weather icon

Скопје

-8ᴼ / -8ᴼ
0.51
86%
1015
weather icon

Белград

-10ᴼ / -13ᴼ
2.06
92%
1010
weather icon

Загреб

-9ᴼ / -9ᴼ
0.51
92%
1008
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
2.06
73%
1014
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
6.53
70%
1010
weather icon

Љубљана

-7ᴼ / -8ᴼ
5.14
86%
1010
weather icon

Атина

9ᴼ / 6ᴼ
3.13
49%
1014
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
80%
1016
weather icon

Подгорица

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
80%
1016
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -4ᴼ
3.6
82%
1004
weather icon

Будимпешта

-6ᴼ / -11ᴼ
0.89
82%
1008
weather icon

Истанбул

1ᴼ / 1ᴼ
4.12
64%
1009
Currency

61.555

Currency

52.853

Currency

70.9578

Currency

35.3623

Currency

38.0917

Currency

66.0649

Currency

7.56297

Currency

0.65614

Currency

0.33649

Currency

0.5246

Currency

1.22495

Currency

0.58743

Бакар

11.67

Злато

142522.91

Калај

44.87

Сребро

2439.02

Алуминиум

3.10

Родиум

316684.85

Паладиум

54399.06

Рутениум

44142.98

Кобалт

59.52

Платина

69516.08

Иридиум

169549.30

Цинк

3.17