Кога лидерот на опозицијата Питер Марки-Зај не успеа да го собори премиерот Виктор Орбан на изборите во Унгарија во 2022 година, многу Унгарци рекоа дека резултатот покажува дека само „внатрешен играч“ може да победи, користејќи ги тврдите тактики на владејачката партија Фидес. Питер Маѓар, кој води во анкетите пред изборите во недела, е токму таков кандидат – ветеран на Фидес кој бил во брак со поранешна министерка за правда во владата на ...

Будимпешта, 10 април 2026 (МИА) - На два дена пред парламентарните избори во Унгарија, премиерот Виктор Орбан ја обвини конзервативната опозиција, предводена од Петер Маѓар, дека подготвува немири во случај неговата партија да биде поразена, јави ДПА. „Нашите противници нема да застанат пред ништо“, изјави Орбан во видео-порака „до сите Унгарци“, објавена на неговата страница на Фејсбук. Тој тврди дека опозицијата соработува со странски ...

Денеска Унгарија излегува на гласачките кутии во атмосфера на голема неизвесност и остра поларизација. Гласачите денеска за првпат по 16 години имаат шанса да направат промена на власта во државата чијшто лидер, Виктор Орбан и неговата ФИДЕЗ најдолго раководат со една земја-членка на ЕУ. Последните анкети покажуваат јасна генерациска поделба која може да биде пресудна за исходот од овие избори – додека младите масовно ја даваат поддршката за ...

Виктор Орбан го призна поразот на изборите во Унгарија, а во центарот на вниманието е Петер Маѓар, човекот кој успеа да го собори долгогодишниот лидер. Маѓар привлече широк спектар на гласачи незадоволни од економската стагнација, високите трошоци за живот и раширената корупција во земјата. Петер Маѓар е 45-годишен адвокат кој до неодамна беше дел од самиот систем на Орбан. Тој извршуваше функции поврзани со државните институции и беше ...

Кога Петер Маѓар бил дете, залепил фотографија од Виктор Орбан, тогаш жесток антикомунист, на ѕидот во својата спална соба, воодушевен од првите демократски избори во Унгарија во 1990 година, пишува „Ројтерс“. Децении подоцна, тој стави крај на 16-годишното владеење на Орбан како премиер на избори што донесоа рекордно висока излезност и од кои се очекуваше да ја вознемират Русија и да предизвикаат потреси во десничарските кругови низ ...

Лидерот на партијата „Тиса“, Петар Маѓар, синоќа прогласи победа на парламентарните избори во Унгарија, оценувајќи дека неговата политичка опција постигнала убедлив резултат и, како што изјавил, веројатно обезбедила двотретинско мнозинство во парламентот. Обраќајќи се пред толпата на плоштадот во Будимпешта, Унгарецот рече дека граѓаните „заедно го замениле Орбановиот систем и ја вратиле татковината“, истакнувајќи дека никогаш во историјата ...