„Таму ќе биде промовирана инвестицијата за реткиот минерал антимон од кривопаланечкото село Луке, кој ќе се извезува во САД. Топилницата за негова преработка би се градела во Оклахома“, рече Мицкоски. Тој рече дека истражувањата на терен се при крај и наскоро очекува да почнат ископувањата на рудата. „Ова е нешто што е многу важно за македонската економија и за нас како граѓани“, подвлече Мицкоски и додаде дека економската придобивка од оваа ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави плоден ден од втората сесија од стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, што денеска се одржува во Вашингтон, и којшто би требало да заврши со заедничка изјава. Очекува да се промовира инвестиција во еден значаен производен објект за реткиот минерал антимон, а пред потенцијални американски инвеститори ќе биде претставен и проектот за Чебрен и Галиште. Македонија е првата земја од Европа која има ...

Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД отвора ново поглавје во билатералните односи, со фокус на конкретни инвестиции и развојни проекти. Во центарот на вниманието е најавениот извоз на антимон, редок минерал, кој може да донесе значителна економска корист за земјава. Разговорите во Вашингтон опфаќаат и клучни области како дигиталната трансформација, инфраструктурата и одбраната. Македонската делегација настојува да обезбеди подлабока ...

“Македонија е првата земја од Европа што одржува Стратешки дијалог на вакво ниво со актуелната администрација на Соединетите Американски Држави (САД)”, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски зборувајќи за очекувањата од денешната посета на македонската делегација во Вашингтон, која ќе учествува на втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу С.Македонија и САД. “Темите што ќе бидат опфатени се дигиталната трансформација, вештачката ...

По повеќе децении, рудникот „Крстов Дол“ кај Крива Паланка се подготвува за повторно активирање. Откако најави премиерот Христијан Мицкоски дека ќе се извезува македонскиот антимон до топилница во Оклахома, САД, весникот ВЕЧЕР дојде до информација дека деталните геолошки истражувања ги прави австралиската компанија „Пела рисорсис“. Според нашите сознанија, станува збор за историски рудник за антимон што бил затворен во 1981 година, поради ...

Најавена е значајна американска инвестиција поврзана со експлоатација на антимон во близина на Крива Паланка. Како што кажа премиерот Христијан Мицкоски инвеститор од САД ќе изгради топилница во Оклахома, каде што ќе се преработува рудата што ќе се извезува од Македонија. Инаку, антимонот е редок и стратешки важен метал кој има широка примена – од батерии и електроника до одбранбената индустрија. Токму поради неговата ограничена достапност и ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски пред два дена ја претстави најавената експлоатација на антимон кај кривопаланечкото село Луке како голема економска можност, со порака дека рудата ќе се вади во Македонија, а ќе се преработува во САД. „Тоа се неколку области во кои што очекуваме да се постигне голем напредок, а истовремено да се промовира една инвестиција во еден значаен производен објект, а тоа е рудата антимон, која што ќе се ...