Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сите мини поставени во меѓународните води на Ормутскиот Теснец се детонирани или отстранети, додавајќи дека Иран е предупреден дека секој брод што ќе постави нови мини ќе биде уништен. Трамп рече дека САД го следат „секој квадратен сантиметар“ од стратешки важниот теснец преку своите Вселенски сили. Ормутскиот Теснец е еден од клучните морски патишта за глобалниот транспорт на енергенси. ...
Иран и Оман предлагаат привремена бродска рута и заедничко деминирање на Ормускиот теснец, во обид да се обезбеди безбедна пловидба. Трамп, пак, тврди дека сите мини се отстранети и предупредува дека секој брод што ќе поставува нови ќе биде уништен. „Иран е известен дека секој брод или чамец што ќе поставува нови мини ќе биде веднаш и систематски уништен“, објави американскиот претседател, Доналд Трамп. Катар повикува на дипломатско решение ...
Нафтата падна под 90 долари за барел во вторник откако трговците изјавија дека новите американски санкции врз Иран засега претставуваат помал ризик за снабдувањето отколку можна воена ескалација. Цените на нафтата паднаа под 90 долари за барел на меѓународните пазари во вторник, бидејќи трговците ги отфрлија најновите закани со американски санкции врз Иран, велејќи дека економскиот притисок претставува помал ризик за снабдувањето со нафта ...
Светот се бори со недостик на дизел нафта предизвикан од војната на САД и Израел со Иран. Најмногу недостасува средна и тешка нафта, од која се прават дизел, керозин и моторни масла, анализира „Република.рс. Дестилацијата на тешка нафта дава поголем процент на мазут, керозин и дизел, што е крвотокот на глобалната економија. вози камиони,бродови, земјоделска механизација и градежна механизација. Во јануари, барел дизел на берзата чинеше околу ...
text size Сојузниците на САД неофицијално предупредуваат дека Ормутскиот Теснец најверојатно сè уште е миниран, што фрла сомнеж врз тврдењето на претседателот Доналд Трамп дека американската морнарица целосно ги отстранила и детонирала експлозивните направи поставени од Иран. Според овие извори, кои побараа да останат анонимни, САД веројатно постигнале одреден напредок во отстранувањето на мините во меѓународните води. Сепак, тие сметаат ...

