Израел ќе го прифати барањето од администрацијата на Доналд Трамп за прекин на нападите врз Иран, но ќе продолжи со нападите врз јужен Либан, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на два израелски извори. Еден од изворите ја опиша ситуацијата како „многу кревка“, наведувајќи дека сè уште постои закана од Иран дека би можел повторно да го нападне Израел доколку израелските сили продолжат да дејствуваат во Либан. Претходно во понеделник, Иран објави ...
Израел ќе го прифати барањето од администрацијата на Доналд Трамп за прекин на нападите врз Иран, но ќе продолжи со нападите врз јужен Либан, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на два израелски извори. Еден од изворите ја опиша ситуацијата како „многу кревка“, наведувајќи дека сè уште постои закана од Иран дека би можел повторно да го нападне Израел доколку израелските сили продолжат да дејствуваат во Либан. Претходно во понеделник, Иран ...
Портпаролот на израелската армија за медиумите на арапски јазик, Авихај Адраеи, издаде нова наредба за евакуација на жителите на Тир, петтиот по големина град во Либан, во пресрет на најавени напади, пренесува Гардијан. „Итно предупредување до жителите на градот Тир, вклучувајќи го и христијанскиот кварт, како и камповите и околните населби“, напиша Адраеи, повикувајќи ги жителите на јужниот либански град „веднаш да се евакуираат“ и да се ...
Осум луѓе загинаа во денешните израелски напади врз градот Тир, соопшти Цивилната одбрана на Либан. Нападите биле насочени кон дел од градот каде има станбени згради за домаќинствата со ниски приходи. Претходно, Израелската армија (ИДФ) ги повика жителите од градот Тир да ги напуштат домовите. Предупредувањето се однесува и на жителите на христијанската четврт. На граѓаните им е наредено да се евакуираат северно од реката Захрани. – ...
Израелската армија (ИДФ) денеска нареди ги повика жителите од градот Тир, јужен Либан, да ги напуштат домовите. Предупредувањето се однесува и на жителите на христијанската четврт. На граѓаните им е наредено да се евакуираат северно од реката Захрани. – Престојувањето на жителите во близина на припадниците на Хезболах ги загрозува вашите животи. Секоја зграда што ја користи Хезболах за воени цели може да стане мета, објави портпаролот на ИДФ, ...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД мора да одговорат откако го обвини Иран за соборување на американски воен хеликоптер кај Оман, што претставува нова закана за мировниот договор за којшто со недели веќе зборува дека е блиску. „Тукушто бев информиран од нашата Голема армија дека синоќа Иранците собориле еден од нашите високософистицирани хеликоптери ‘Апачи’ додека патролирал над Ормускиот Теснец“, објави Трамп во вторникот на ...
Од Вашингтон до Техеран, сите очи се вперени кон Либан. Иднината на војната со Иран, како и изгледите за постигнување договор за нејзино завршување, би можеле да се одлучат таму, пишува Си-ен-ен. Либан, досега мало бојно поле во овој регионален конфликт, сега презема централна улога. Оваа нова реалност е резултат на постојаните напори на Иран да ги поврзе судбините на двата конфликта, но и на сè поочигледните разлики во приоритетите на ...
Израелските сили продолжија со воздушните напади врз територијата на Либан и покрај претходните предупредувања од Иран дека воените дејствија треба да запрат. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека и натаму гаѓаат, како што наведуваат, „терористичка инфраструктура“ на Хезболах во јужен Либан. Според нив, во текот на изминатото деноноќие биле погодени повеќе позиции во областа на градот Тир и на неколку други локации на југот од ...
Израелските сили денеска напредуваа подлабоко во јужен Либан, додека продолжуваат силните воздушни напади и копнените операции низ целата земја, зголемувајќи ги стравувањата од понатамошна ескалација на конфликтот со Хезболах, поддржан од Иран, јави ДПА. Либанската државна агенција ННА соопшти за десетици израелски напади врз областите на југот и истокот од земјата, а првичните извештаи од теренот укажуваат на најмалку 13 убиени лица. Во ...
Вашингтон и Техеран влегоа во директен воен конфликт по жестоките американски напади врз цели во Иран, на кои иранската војска возврати со ракетирање на 18 американски воени бази во регионот. Тензиите ескалираа откако Белата куќа соопшти дека ќе продолжи со бомбардирањето се додека Иран не го потпише договорот за нуклеарната програма, додека Техеран најави масовен отпор. Воените дејствија се закануваат целосно да го дестабилизираат Блискиот ...

