СДСМ обвинува дека Мицкоски преку медиумски настапи нарачува процеси, со цел да изврши притисок врз политичките противници, но и да ја ослабне, како што велат, борбата против корупцијата. Во реакцијата се изнесуваат и тврдења дека постојат сомнежи за меѓународни истраги поврзани со бизнис-релации на унгарскиот премиер Виктор Орбан, во кои, според СДСМ, е вмешан и Мицкоски. Партијата посочува дека јавноста наскоро би можела да дознае повеќе ...
По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, во која повторно посочи дека „има чувство“ за идни процеси против функционери на СДСМ, од партијата реагираа со остар и директен став, оценувајќи дека зад ваквите настапи стои страв и обид за дефокусирање на јавноста. Според нив, откако Мицкоски ги поставил своите луѓе на клучни позиции во судството и обвинителството, сега, во момент кога и самиот станува предмет на интерес на меѓународни истраги, ...

