Тренерот на Милан, Рубен Аморим, не го криеше гневот и разочарувањето по изненадувачкиот пораз од Ференцварош со 0:2 во Лигата на Европа. Португалскиот стратег призна дека неговиот тим бил целосно неподготвен за натпреварот и дека во моментов нема капацитет да го одржи потребното ниво при згуснат распоред. „Росонерите“ продолжуваат со големите осцилации во своите настапи. Само неколку дена по импресивната победа од 3:1 над градскиот ривал ...

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, побара неговиот тим да не го зафаќа еуфорија по синоќешната победа на гостувањето кај Барселона (2:1) во 10. коло од шпанската Ла Лига. – Тоа беше тимска победа. Целиот тим одигра херојски. Знаевме дека мора да играме тимски натпревар. Добро се подготвивме во последните неколку натпревари бидејќи победувавме, игравме добро и бевме во добра ментална состојба. Денес, дадовме сè што имавме на теренот. ...

Рафиња изрази надеж дека ќе ја заврши кариерата во Барселона, откако официјално го продолжи договорот со каталонскиот клуб до летото 2030 година. Бразилскиот напаѓач, кој има 29 години, не ја криеше гордоста од новиот договор и истакна дека и неговото семејство е исклучително среќно поради постигнатиот договор. „Ова е чувство на огромна гордост за мене и за моето семејство. Само ние знаеме низ што поминавме во себе. Многу сум горд на сè што ...

В недела со почеток од 21:00 часот се игра големото дерби од новото коло во шпанската Примера во кое што ќе се сретнат екипите на Атлетико Мадрид и Барселона. Каталонците се подготвени за овој мега дуел, како и домаќинот. Гостите имаат повод за радост затоа што Ерик Гарсија според последните информации го издржал последниот тренинг и ќе патува за Мадрид. Доколку пак го одработи и утрешниот тренинг целосно, тој би требало да се најде и во ...

Европската авантура на младинскиот состав на АП Брера Струмица заврши со тежок дебакл во Германија. По поразот од 3:0 на домашен терен, струмичани доживеаја вистински резултатски потоп на гостувањето кај Хофенхајм, губејќи со убедливи 9:0 во реваншот од младинската Лига на шампиони. Вкупно 12 примени голови на два натпревари и ниту еден постигнат. Резултат кој неизбежно отвора прашања за разликата во квалитетот, подготвеноста и конкурентноста ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини денеска го објави списокот на 31. репрезентативец на кои ќе смета за претстојните мечеви од Лигата на Нациите против Франција односно Белгија. На него има неколку имиња кои предизвикаа интерес кај јавноста. Во прв ред тоа се 20. годишниот офанзивен играч од средниот ред Алфаџо Сисе , кој е најдобар стрелец на Милан, 17. годишниот играч од средниот ред Рикардо Касано , кој ...

Дарко Чурлинов продолжи со одличните изданија во дресот на Погон, стрелајќи прецизно и на вечерашното гостување против поранешниот првак Раков. Се играше самиот почеток кога македонскиот напаѓач одлично се снајде, па веќе во 5. минута мајсторски стрелаше над главата на голманот, во мрежата на домашниот состав за рано водство на Погон од 0-1. Ова е четврти погодок на Чурлинов во полскиот шампионат за тимот на Погон, со што Македонецот полека, ...

Во редицата на објавени состави денеска за претстојниот репрезентативен прозорец, во рамките од Лигата на Нациите застана и Шпанија. Селекторот на актуелниот светски шампион, Луис Де Ла Фуенте ги одреди играчите на кои што смета, а на списоко има доста измени со оглед на повредите кои што се случуваат во моментов. Шпанија ќе се сретне со Чешка и Англија, а на списокот се следниве играчи. Голмани: Унаи Симон, Давид Раја, Жоан Гарсија, Алваро ...

Судот за спортска арбитража пресуди денеска дека руските хокеарски репрезентации можат да учествуваат на светските првенства во машка и женска конкуренција следната година, поништувајќи ги со тоа одлуките на Меѓународната федерација во хокеј на мраз (IIHF) за нивно исклучување од меѓународните натпревари. Судот со седиште во Лозана ги потврди жалбите поднесени од Руската хокеарска федерација против одлуката на IIHF да им забрани на руските ...

Тренерот на римската екипа Лацио Џенаро Гатузо е прогласен за тренер на месец октомври 2026 во Серија А и за првпат добива награда во својата кариера. Гатузо има серија извонредни резултати со Лацио. Екипата е лидер во Серија А и на десет натпревари има девет победи и само едно реми, додека во октомври тимот на Гатузо оствари четири победи против Монца (3:1), Јувентус (3:0), Парма (2:1) и Сасуоло (6:2). И на почетокот од новиот месец Лацио ...

Штипскиот боксерски клуб Пинк Пантер, утре заминува за Лозница, Србија, каде ќе учествува на силен меѓународен турнир „Великани на лозничкиот бокс“ во организација на боксерскиот клуб Вукови са Дрине. Пинк Пантер пријави шест боксери, но од страна на организаторот се прифатени четири боксери. До 46 килограми ќе настапи Али Расимов, до 54 килограми Кристијан Штрков, до 57 килограми ќе настапи Иса Бајрам, а пак до 63 килограми Зулфикар Бајрам. ...

Кошаркарската Евролига ги изрече паричните казни за белградските екипи Црвена Звезда и Партизан за инцидентите за време на дуелот од седмото коло. Црвена Звезда ја доби една од најригорозните санкции – во следните пет натпревари ќе игра на гостински терен без поддршка од своите навивачи. Дополнително Црвена Звезда е казнета вкупно и со 115.000 евра од причина што навивачите на Црвена Звезда ја загрозиле безбедноста на другите навивачи, ...

Менаџерот на лидерот на табелата на Премиер лигата Микел Артета потврди дека крилниот напаѓач Букајо Сака ќе отсуствува неколку недели. Тој на денешната прес-конференција, пред дуелот со Хал утре на „Емирати“, ја потврди информацијата дека фудбалерот го очекува неколку неделна пауза. Сака нема да биде и дел од англиската репрезентација на двата дуела со Хрватска и Шпанија, што следуваат по викенд натпреварите. – Зборуваме за период од неколку ...

Некогашниот ракометар на Пелистер и Пролет, кој одамна живее во Германија, Стевче Ангелкоски, гради тренерска кариера. Минатата сезона ја заврши играчката кариера и веднаш почна тренерска во тимот на Алфелд, каде што играше најдолго време во Германија. Тој го водеше вториот тим на Алфелд и го однесе ранг погоре во регионалната конкуренција во Германија, а сега ќе има нов предизвик. Ќе биде предводник на младинската екипа на ТСВ Андертен. ...

В сабота се играат мечевите од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига, водечките екипи без право на грешка, екипите кои водат борба за опстанок со притисок за освојување на трите бодови. Лидерот Охрид ќе има предизвик на домашен терен да ги освои трите бодови против дебитантот Камјани кој влегува во победничка серија и ќе сака до три бодови на „Билјанини Извори“ и така да фаќа приклучок барем за бараж за Прва лига бидејќи има минус ...

Формула 1 ја разви финалната верзија на календарот за сезоната 2027. Календарот официјално ќе биде објавен во среда, 16 септември, по формалното одобрување на состанокот на Светскиот совет на Светската автомобилистичка федерација (ФИА). Сезоната 2027 е закажана да започне на 14 март со трката за Големата награда на Бахреин, по што следи Големата награда на Саудиска Арабија една недела подоцна. Сепак, се забележува дека одржувањето на трките ...

Еден од најголемите таленти на англискиот фудбал, 16-годишниот Џеј Џеј Габриел, веќе е во Мадрид, каде што се подготвува за следниот чекор во својата кариера – преселба во Реал Мадрид. Младиот напаѓач, кој досега беше дел од академијата на Манчестер Јунајтед, во интервју за шпанска „Марка“ откри дека неговата голема амбиција е еден ден да ја освои „Златната топка“. „Мојот сон е да ја освојам Златната топка“, порача Габриел, кој веќе неколку ...

Еден од најважните шаховски настани во текот на годината е Европскиот клупски куп, турнир кој традиционално се одржува кон крајот на сезоната, но кој претставува епицентар на шаховските збиднувања поради интересот кој го побудува и квалитетот што го нуди. Популарно наречен шаховска верзија на Лигата на шампионите, ЕКК секоја година го собира кремот, но не само од Европа. Шаховскиот клуб Алкалоид неколку децении го гради својот имиџ ...

Фудбалската репрезентација на Албанија со победа од 2:0 над Белорусија го започна настапот во Лигата на нации. Албанија одиграа сигурен натпревар и заслужено стигнаа до трите бода. Резултатот го отвори Кристијан Аслани во 34. минута, откако успешно реализираше удар од белата точка. До крајот на првото полувреме Албанија постигна уште еден гол. Ернест Муќи погоди во судиското продолжение за предност од 2:0. Во второто полувреме Албанија ја ...

Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка ја заврши својата професионална кариера. Тој го одигра последниот натпревар во кариерата синоќа во Базел. Доживеа елиминација во првото коло од Јиржи Лехечка со 7:5, 7:6 (7:2). „Цела моја кариера сакав само едно нешто, секогаш да давам се од себе, никогаш да не жалам за ништо. Секогаш да се борам, секогаш да давам 100 проценти. Од почит кон себе, кон противникот, кон турнирот, кон навивачите. Кон сите“, ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски го објави списокот на фудбалери за последните два натпревари кои „црвено-жолтите“ ќе ги одиграат во Б сегментот Лигата на нации каде за противници ќе ги имаме Шкотска и Словенија. Прво на 13. ноември ќе и гостуваме на Шкотска, а три дена подоцна ќе го завршиме настапот во Лигата во која за првпат игравме оваа сезона, но во следното издание ќе се вратиме во Ц-сегментот. ...

Убедлива победа со 3:0 забележа Швајцарците на вечерашниот дуел со македонската фудбалска репрезентација во 1. коло од Б-сегментот на Лигата на нации. Гостите на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје доминираа во текот на целиот натпревар. Головите ги постигнаа Ремо Фројлер и Зеки Амдоуини два. Македонците не упатија ниту еден удар во рамките на голот на противникот. Од друга страна, Швајцарија имаше уште неколку убави шанси, но ...

Албанија ја заврши задачата против Сан Марино и стигна до убедлива победа од 3:0. „Црвено-црните“ одиграа сигурен натпревар и со три постигнати голови ги освоија важните три бода. Албанија ја контролираше играта и без поголеми проблеми стигна до посакуваниот резултат. Со оваа победа, Албанија продолжува со позитивните резултати и останува во добра позиција во групата. Следен предизвик за албанската репрезентација е дуелот против Финска, каде ...

Foto:Federata Shqiptare e Hendbollit Албанската и Шпанската ракометна федерација потпишаа договор за соработка со кој ќе работат заеднички на повеќе сегменти – од теренот, преку едукацијата на кадри, до судењето и организацијата. Договорот беше потпишан во Тирана, во седиштето на Олимпискиот комитет на Албанија, од претседателот на Албанската ракометна федерација, Лаерт Ќендро и првиот човек на шпанската федерација Франциско Беласкез ...

Штип утревечер повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8 ноември – Денот на ослободувањето на Штип, во петок со почеток од 18 часот ќе се одржи традиционалната Ноќна трка, на која се очекува да учествуваат околу 150 натпреварувачи. Станува збор за спортска манифестација со долгогодишна традиција, која со децении е дел од активностите на ...

Заменик-комесарот на НБА, Марк Тејтум, потврди дека лигата е во завршна фаза од подготовките за новото натпреварување во Европа, кое ќе биде заеднички проект со ФИБА. Се планира лига со 16 екипи, од кои 12 со постојано место, а четири ќе се квалификуваат преку европските натпреварувања и домашните првенства. Според најавите, првиот квалификациски турнир би се одржал во јуни 2027 година, а клубовите би можеле да остварат профит уште во ...

На денешната ждрепка во Нион, женската А репрезентација на Македонија ги доби противниците во новото издание на УЕФА Лигата на нации. Нашата селекција ќе се натпреварува во Лига Ц, каде за противници ги доби репрезентациите на Израел, Фарските Острови и Андора. Во Лига Ц се натпреваруваат репрезентациите кои според пласманот во квалификациите за Светското првенство 2027 се најдоа во третиот ранг на европскиот репрезентативен фудбал. ...

Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот остров Родос, шахистите на Алкалоид забележаа убедлива победа од 4,5 : 1,5 над најсилниот претставник на Израел, Ришон ле Цион, кој е седми носител на турнирот според почетниот рејтинг, со што ја освоија втората позиција на табелата, односно вицешампионската тутула! Овој турнир е најсилен во клупската конкуренција на Стариот континент, поради што често се споредува ...

Во сабота ќе се одигра еден меч, а в недела четири од 12. коло на Првата женска фудбалска лига. Колото се отвара во Македонска Каменица со мечот меѓу Каменица Саса и Речица, во дуел каде „рударките“ ќе бидат апсолутни фаворити за седми сезонски триумф, се освен триумф за домаќинот ќе биде големо изненадување. Дербито на колото ќе го одиграат шампионот Скопје и Тиверија Брера, соочување на вториот и третиот тим од табелата. Двете екипи во ...

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница во спортската историја на градот под Исарот. Младата кошаркарка со ова големо признание направи значаен чекор во својата спортска кариера, а нејзиниот успех претставува гордост за Штип и за ЖКК Тим Арена, клуб кој има важна улога во нејзиниот ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Родиум

295786.87