Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ. Серафимовски му посака успешен мандат, изразувајќи уверување дека неговиот ангажман ќе придонесе за натамошно продлабочување на традиционално пријателските односи меѓу двете земји. На средбата се зборуваше за можностите за унапредување на билатералната соработка во земјоделството, со посебен ...
Грција планира да воведе данок од 10% на капиталната добивка остварена од тргување со криптовалути, со предвидено годишно даночно ослободување за добивка до 500 евра. Новото законско решение има цел да воспостави јасна регулаторна рамка за оданочување на дигиталните средства и да обезбеди поголема транспарентност на пазарот на криптовалути. Предлог-законот, кој грчкото Министерство за национална економија и финансии го објави на 7 октомври ...
Извршниот одбор на Народната банка вчера одржа редовна седница за поставеноста на монетарната политика, на којашто беа разгледани најновите макроекономски показатели од домашното и надворешното окружување, најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари, како и согледувањата од најновите макроекономски проекции на среден рок. На оваа седница Извршниот одбор одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од ...
Случајот со АЛТА банка – Битола отвори сериозни прашања за ефикасноста на финансискиот надзор, навременото препознавање на ризиците и заштитата на граѓанските депозити. Додека штедачите се соочуваат со драстично ограничен пристап до сопствените средства, на површина излегува уште еден загрижувачки податок од последниот ребаланс на Буџетот, велат од Левица. Имено, како што се додава, Владата на ДПМНЕ ги намалува средствата за Управата за ...
Вредноста на биткоинот (BTC) денеска забележа пад од 2,55 отсто, додека обемот на тргување со оваа криптовалута значително се зголеми. И покрај намалувањето на цената, расположението на пазарот останува позитивно, а Индексот на страв и алчност покажува дека меѓу инвеститорите и понатаму преовладува оптимизмот. Цената на биткоинот денеска, во 15:15 часот, на платформата „Бајнанс“ (Binance), една од најголемите светски берзи за криптовалути, ...
Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече: „Го прочитав и тоа соопштение од опозициската СДСМ. Затоа е добро да јавното обвинителство се занимава со ова кривично дело саботажа, бидејќи ова што го зборуваат не е само дневна политика. Ова е многу подлабоко од тоа и навлегува во темелите на ...
CUPRA Raval официјално е номиниран за финалната рунда од гласањето за наградата Автомобил на годината 2027 (COTY). Жири од 64 новинари од 25 земји оценува вкупно 38 возила пред да ги избере седумте финалисти, а CUPRA Raval е меѓу нив. Номинацијата означува уште една важна пресвртница за CUPRA Raval. Електричното урбано возило на брендот претставува кулминација на трансформацијата на компанијата и годините на инвестиции во електрификација на ...
Криптовалутата Zcash (ZEC) се најде меѓу највпечатливите дигитални средства на криптопазарот во 2026 година, по силниот раст на нејзината вредност и обновениот интерес кај инвеститорите. Цената на ZEC се движи над 1.200 американски долари, а дополнително внимание привлекува претстојното мрежно ажурирање NU7, кое треба значително да ја зголеми брзината на обработка на трансакциите. Според пазарниот преглед на ZECstats, цената на Zcash ...
Енергетскиот сектор во Македонија бележи напредок во повеќе области, вклучително и зголемување на капацитетите од обновливи извори, реформи на пазарот на електрична енергија, изградба на нови интерконектори и усогласување со европската регулатива. Ова е наведено во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2026 година, во кој се издвоени реализираните активности, законските промени и инфраструктурните проекти во ...
Една од најголемите криптоберзи во светот, Binance, потврди сериозен безбедносен инцидент со проценета вредност на погодените криптосредства од околу 6,3 милијарди долари. Компанијата соопшти дека во соработка со партнерите успеала да замрзне приближно 3 милијарди долари, додека привремено ги суспендирала депозитите и повлекувањата на средства. Инцидентот предизвика потреси на криптопазарот и нови прашања за безбедноста на дигиталните ...
Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата на внимателно избрани производи кои потрошувачите во Македонија можат да ги најдат во нивните маркети. Под мотото „Нешто посебно, нешто вкусно!“, актуелната селекција носи производи од познати производители, со акцент на традиционалните и медитеранските вкусови кои не се дел од вообичаената понуда на домашниот пазар. Концептот „Само во Веро“ опфаќа различни категории, од кафе, тестенини и ...
Штедачите и доверителите на Алта банка не треба да подлегнуваат на шпекулации и обиди за создавање паника. Државните институции внимателно го следат целиот случај, а граѓаните целосно ќе бидат обештетени дури и доколку финансиската институција замине во стечај. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека опозицијата намерно се обидува да создаде страв кај граѓаните и да го искористи случајот за политички поени. Во својата изјава ...
Еден од најголемите сајбернапади во финансиската историја откри сериозни слабости во заштитата на дигиталните средства. Хакери успеале да извлечат криптовалути вредни околу 6,3 милијарди долари од Binance, најголемата светска берза за криптовалути, за време на нападот на 29 октомври 2026 година. Според најновите сознанија, операцијата не започнала со директен напад врз дигиталните паричници, туку со повеќемесечна инфилтрација во ...
Владата денеска на седница го усвои Дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година во кој се вградени одредени реалокации. Дополнетиот предлог се усвојува по завршување на расправата во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет и повторно ќе се достави во Собранието за усвојување на пленарна седница. Со Дополнетиот ребаланс се направени реалокации помеѓу буџетските корисници со цел усогласување на реализацијата со ...
Победата на демократите на изборите за двата дома на американскиот Конгрес се одрази денес на светските финансиски пазари, ослабувајќи го доларот и охрабрувајќи го растот на цените на американските државни обврзници, додека европските акции зајакнаа. Приносот на десетгодишните американски државни обврзници падна за пет базични поени, на 4,92 проценти, додека приносот на соодветните германски обврзници се намали за два базични поени, на 3,31 ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на својот Фејсбук-профил најостро ги демантираше и ги отфрли како невистинити денешните наводи изнесени во соопштението на СДС. Таа категорично ги отфрли обвинувањата за какво било незаконско или противправно постапување, нагласувајќи дека податоците за јавниот долг се официјални и се засноваат на релевантни информации од сите надлежни институции, согласно нивните законски ...
Членките на еврозоната имаат рок до петок да предложат кандидат кој ќе ја наследи Кристин Лагард на чело на Европската централна банка (ЕЦБ), за министрите за финансии веќе во следниот понеделник да ги разгледаат номинациите, изјави денеска портпарол на Еврогрупата за „Евроњуз“. Еврогрупата ги обединува министрите за финансии на земјите од еврозоната. По минатонеделното писмо на Кристин Лагард до претседателот на Европскиот совет, Антонио ...
Во еден момент во мојот настап во емисијата „Топ тема“ на Телма во минатиот понеделник изнесов став околу една од можните причини за брзото пропаѓање на Алта банка од Белград. Спомнав дека „Медиумите ја урнаа банката …“, мислејќи на мноштвото шпекулации и непроверени информации кои циркулираа во медиумскиот простор во Србија неколку дена пред одлуката на НБС за одземање на дозволата за работа на банката, се посочува во соопштението од ...
За забрзување на процесот на енергетска транзиција, покрај усогласувањето на законските одредби, неопходни се континуирани вложувања во развојот на паметна дистрибутивна мрежа што ќе овозможи напредок на пазарот. Според податоците од социо-економската студија „Бела книга“, изработена од Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, вкупните инвестиции на ЕВН Македонија ...
Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди. Во Извештајот се истакнува дека Народната банка останува посветена на водењето на монетарната политика во рамките на ...
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и регулиран со најстроги закони. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Централниот дневник на МРТ. -Банкарскиот сектор во Република Македонија е стабилен и ова не е првпат да го зборувам. Ова е резултат на едно долгогодишно искуство и работење во банкарскиот сектор. Законите во Македонија се најстроги кога станува збор за овој дел или финансискиот систем ...
Народната банка најостро ги отфрла денешните обвинувања на СДСМ во врска со назначувањето на еден од администраторите на АЛТА банка АД Битола. Од таму велат дека станува збор за повторување на веќе демантирани тврдења, со кои свесно се извртуваат фактите и се создава погрешна слика во јавноста. -Овие наводи беа објавени вчера во неколку медиуми, по што Народната банка веднаш реагираше и ги демантираше. Демантот беше професионално објавен од ...
Премиерот најави дека во текот на декември ќе бидат објавени три фабрики кои ќе започнат да се градат во државата. Оваа информација беше соопштена на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Михалис Рокас, при што фокусот беше ставен на тековните разговори за привлекување нови инвестиции. „И затоа три фабрики ќе ги објавиме во декември кои ќе се градат“, рече Мицкоски. Тој се осврна на неодамнешните разговори што ги водел во ...
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2026 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-26/1 усвоена на ден 05.11.2026 ...
Управата за јавни приходи ги продолжува активностите насочени кон подигнување на даночната свест и обезбедување поддршка за туристичкиот сектор, во рамки на кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“. Како дел од овие активности, на 05.11.2026 година во Кочани беше организирана информативно-работна средба на која учествуваа туристички работници, угостители, лица кои нудат сместувачки услуги, како и други субјекти кои се ...
Комерцијална банка АД Скопје се најде на престижната глобална листа „Forbes World’s Top-Performing Banks 2026“, со што стана првата и единствена банка од Македонија вклучена во изборот на 500 финансиски институции со најдобри деловни резултати во светот. Ова е значајно меѓународно признание за македонскиот банкарски сектор, бидејќи Комерцијална банка се најде во друштво на светски финансиски гиганти како JPMorgan Chase, DBS Group, OCBC ...
Европската комисија(ЕК) во Извештајот за Северна Македонија за 2026 година ги издвојува донесувањето на новиот Закон за органско производство, Националниот план за одржлива употреба на пестициди и Националниот план за управување со јагулата како конкретни чекори што придонесуваат кон напредокот во соодветните области. Во делот за земјоделство и рурален развој, ЕК го нотира продолжувањето на усогласувањето на земјоделската политика со ...
Цените на нафтата на меѓународните берзи денеска се искачија до 97 долари по барел. На берзата во Лондон барел нафта денеска се тргуваше за 97,05 долари, што е за 2,43 долари повеќе од вчера, додека на американските берзи цената на нафтата се зголеми за 2,25 долари односно се тргува за 90,37 долари. Цените на нафтата вчера се намалија поради шпекулациите дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ја заврши војната во Иран. ...
За Владата и Министерството за финансии остануваат клучни приоритети водењето одговорна фискална политика, со постепена фискална консолидација, одржување на макроекономската стабилност, поттикнување на инвестициите и обезбедување долгорочна одржливост на јавните финансии. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во обраќање на 13. издание на „Ерсте Инвесторс Брекфаст“ (Erste Investors Breakfast), што во организација ...
Комерцијална банка од 1 октомври ги зголеми фиксните каматни стапки за орочено штедење во денари и евра, со што на штедачите им нуди повисок гарантиран принос во рамки на новата промотивна понуда. Промотивниот период трае од 1 октомври до 31 декември 2026 година, а највисоката фиксна каматна стапка достигнува 3,60%. Кај денарските депозити, за рок на орочување од 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 2,90%, додека за 40 месеци достигнува ...