Расел Бренд, осуден за сексуални престапи против четири жени, ја помина својата прва ноќ во затвор. Според „Дејли меил“, комичарот бил преплашен. Уште во октомври, Бренд јавно го изрази својот страв од можноста да заврши зад решетки. Бренд помина години градејќи јавен имиџ на ексцентричен и заводник, но новинарската истрага откри потемна страна од неговата личност. Судот во Саутерк го прогласи за виновен за силување и три сексуални напади ...

– Кога ќе се гледаат со повнимателно око скулптурите на Башески, станува јасно дека постигнувањето сличност со моделот е само воведен дел од една намера која под тој надворешен слој носи многу посложени интенции. Тие човечки тела чија епидерма предизвикува почит кон вештината на авторот во подражавањето на природата, секогаш сакаат да ни соопштат некои подлабоки вистини, посочи, меѓу другото, академикот Влада Урошевиќ на пристапната изложба ...

Македонските банки викендов ќе спроведуваат планирани технички прилагодувања на своите системи, поради воведувањето на новите стандарди во денарскиот платен промет, кои официјално почнуваат да се применуваат од понеделник, 9 ноември 2026 година. Како што информираат од Македонската банкарска асоцијација, активностите се дел од подготовките за имплементација на регулаторните промени што се однесуваат на новите платни налози, шифрите за целта ...

Град Скопје за весникоТ ВЕЧЕР потврди дека на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“, сега преименувана во „Свети Кирил и Методиј“ се реализираат инфраструктурни активности за проширување на коловозот кај вртењата на крстосниците во рамките на неопходните подготовки за воведување на времен сообраќаен режим за изградбата на булеварот „Македонија“. Инаку, утринава беа забележани градежни активности на овој потег, а според неофицијалните информации ...

Првиот основен суд во Белград одреди притвор за деветмина поранешни и сегашни припадници на Единицата за обезбедување на одредени личности и објекти (ЈЗО) при Министерството за внатрешни работи (МУП). Тие се осомничени за малтретирање и тортура врз студенти и други граѓани, кои ги однеле во гаражата на Владата на Србија по протестите во август минатата година. Пред два дена, по барање на Првото основно јавно обвинителство, тие првично беа ...

Откако жителите на Крагуевац, Јагодина, Ќуприја, Лапово, Баточина и околните места пријавија две силни детонации проследени со потреси на тлото, на социјалните мрежи се појави снимка од безбедносна камера – на која, наводно, се гледа моментот на една од експлозиите што денес ги вознемири жителите на централна Србија. Инстаграм-страницата „192_rs“ објави снимка од безбедносна камера, тврдејќи дека на неа е фатен моментот на детонацијата што го ...

Хакери упаднале во електронската пошта на грчкиот министер за здравство, Адонис Георгиадис, пренесува „Катимерини“. Сторителите нарачале луксузни возила и огнено оружје. Георгиадис изјави дека, во негово име, биле направени нарачки за 150 возила „Порше Кајен“, 50 „Мерцедес-Мајбах“, 24 пушки „Бенели“ и еден пиштол „Спрингфилд Армори Ешелон“. Министерот наведе дека стапил во контакт со грчката единица за сајбер-криминал и има намера да преземе ...

Албанската полиција казни 83 учесници на антивладините протести во Тирана поради блокирање на сообраќајот и непочитување на полициските предупредувања. Само по демонстрациите во средата вечерта, санкционирани се 31 лице, со казна од 5.000 леки, односно околу 55 евра по лице. Казните се изречени врз основа на новите построги правила, кои стапија во сила на 28 октомври по иницијатива на владата на премиерот Еди Рама. Со измените се предвидуваат ...

Министерството за одбрана соопшти дека Војската на Србија денеска испратила два борбени авиона да пресретнат патнички авион, за кој, според добиените информации, постоела дојава дека во него има бомба. За време на операцијата дошло до појава на звучен удар. Според Министерството за одбрана, дојавата за бомба се однесувала на авион на компанијата „Виз ер“ (Wizz Air), кој летал на релација Брисел – Софија. „Борбени авиони на Војската на Србија ...

Албанскиот премиер Еди Рама повторно упати повик за дијалог со студентите, притоа поставувајќи камена маса пред зградата на неговиот кабинет, на која остави букви што го формираат зборот „Дијалог“. „Добро утро“, напиша Рама на социјалните мрежи, повторувајќи дека е подготвен да разговара со секој што верува во дијалог и во изнаоѓање решенија преку комуникација – во секое време и на секое место – пренесува „Еуроњуз Албанија“ (Euronews ...

Преостануваат десет поглавја, а целта на Подгорица е да ги заврши преговорите до крајот на 2026 година. На 30-тата Меѓувладина конференција беа затворени Поглавјето 1 – кое се однесува на слободното движење на стоки – и Поглавјето 12 – кое опфаќа безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика. Пред два дена, Европската комисија го претстави својот годишен извештај за напредокот на Црна Гора, заедно со патоказ кој сугерира дека ...

Студентите кои моментално учествуваат во блокада, ги повикаа Загорка Доловац и Младен Ненадиќ да ги истражат тврдењата изнесени во „Радар“ (Radar) за наводни врски помеѓу поранешниот претседател Александар Вучиќ и групи на организиран криминал, пренесува О21. Во изјава објавена на социјалните мрежи, студентите наведуваат дека написот во „Радар“, објавен на 22 октомври, открил информации од јавен интерес – прашања за кои, според нив, ...

Едвард Џозеф, американски професор и експерт за Балканот, изрази очекување дека Конгресот – во кој од јануари двата дома ќе бидат под контрола на опозициската Демократска партија – ќе изврши поголем притисок за преиспитување на политиката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кон Србија. Џозеф, професор на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, изјави дека политичките случувања во Србија би можеле да го засилат овој фокус и да ...

Континуираната поддршка од Европската Унија (ЕУ) овозможува натамошна модернизација на земјоделските стопанства и преработувачката индустрија, воведување нови технологии и усогласување со европските стандарди, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешниот состанок на Секторската работна група за земјоделство и рурален развој, воспоставена во рамките на секторскиот пристап за програмирање и ...

Температури над просекот за ноември кои ќе се искачат над 20 степени, силен јужен ветер со удари од над 60/70 км/час, но и нови врнежи ни носи втората недела од ноември на Балканот, но и во Македонија. Во текот на втората недела од ноември, односно во периодот од 9 до 16 ноември Атлантикот ќе се активира и ќе ни носи значително потоплол но и повторно повлажен воздух. Повторно ќе има нови пообилни врнежи ширум Балканот, а нови локални врнежи ...

31-годишна жена од Куманово вчеравечер била пријавена како исчезната, соопшти МВР. Случајот го пријавил таткото на жената. „На 04.11.2026 во 20:00 часот во СВР Куманово, М. М. (54) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка М. Џ. (31). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово. ИЗДВОЕНИ “Уплати 10.000 денари, бара син ти во затвор” „Алта банка“ меѓу новиот сопственик ...

Предлог за притвор за тројца осомничени од група која со закани изнудувала пари од граѓани, им наметнувала фиктивни долгови и со фалсификувани договори им одземала автомобили, достави Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје. Четвртиот осомничен подолг период е надвор од државата, а за нотар кој заверувал лажни документи се бараат мерки на претпазливост. Според истрагата, групата ја формирал ...

Во Македонија минатата недела се регистрирани 116 заболени од грип и заболувања слични на грип, што е зголемување за 90,2 отсто во споредба со претходната недела, кога биле пријавени 61 случај. Иако бројот на заболени расте, земјава сè уште не го достигнала епидемиолошкиот праг за официјален почеток на сезоната на грип. Според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, податоците се однесуваат на периодот од 26 октомври до 1 ноември. ...

Во првите девет месеци од годинава во Македонија се регистрирани 1.337 кривични дела поврзани со семејно насилство, а како жртви се евидентирани 1.433 лица, од кои дури 1.144 се жени. Ова го покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи за периодот од јануари до септември 2026 година.За овие кривични дела пријавени се 1.388 сторители, од кои 1.278 мажи и 110 жени. Меѓу жртвите има и 289 мажи, но жените се убедливо најзастапени. ...

Популистички, паушални и со етнички предзнак се обвинувањата од партијата ДУИ и водат само кон меѓуетничка нетрпеливост, а не разумно прикажување на фактите, реагира денеска МО. До реакцијата дојде по обвинувањата на опозициските интегративци, кои во партиско соопштение наведоа дека во Воената академија годинава не е примен ниту еден кадет Албанец, што се случува првпат од основањето на институцијата во 1995 година. Од партијата обвинуваат ...

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно отстрани две минофрлачки гранати од 75 mm од Прва светска војна што биле пронајдени на локација каде што се работи на изградба на автопатот Битола – Прилеп. Местото на минско експлозивните средства прво било обележано по што, тоа место, а и поблиската околина, ги проверува стручно лице за да провери дали има уште такви или други заостанати неексплодирани убојни средства. Од ДЗС информираат ...

Општина Гевгелија започна со постапка за проектирање нов градски плоштад, кој според локалните власти, треба да биде современ, функционален и урбан простор со кој ќе се разубави изгледот на централното градско подрачје. На работна средба со претставници од општинскиот Сектор за урбанизам, претставници на проектантското биро и стручни лица од областа на архитектурата и урбанизмот, локалните власти ги разгледале предлозите за идниот изглед на ...

Денеска свечено беше пуштена во употреба третата фаза од системот за наводнување „Страиште“ во Пирава, општина Валандово. Со реализацијата на оваа фаза се очекува дополнително да се подобрат условите за наводнување на земјоделските површини во регионот, што ќе придонесе за поефикасно земјоделско производство. Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на настанот, нагласи дека со овој проект ќе им се овозможи на земјоделците кои ги ...

Триесет и шестгодишен скопјанец е уапсен од слобода откако пријавила 29-годишна жена дека ѝ се заканувал оти ќе испрати фотографии со експлицитна содржина до членовите на нејзиното семејство доколку не му даде пари и не стапи во сексуален однос со него. Жената го пријавила случајот во полиција, по што на 5 ноември, во 9:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Љ. С. (36) од Скопје во полициската станица Кисела Вода. Според ...

Граѓаните не ги оценуваат институциите според плановите и ветувањата, туку според услугите што ги добиваат, одговорите што ги чекаат и довербата што ја имаат во системот. Знаењето треба да стане сила на администрацијата, професионалноста нејзин стандард, а довербата на граѓаните нејзин најголем резултат. Ова го порача министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на третиот циклус генерички обуки за административните службеници за 2026 ...

Последното сино цунами во американскиот Конгрес, неспоредливата победа на демократите над индиспонираните републиканци во Претставничкиот дом и во Сенатот, ја возобнови дилемата за политички упокоената глобализација, владеење со планетата од еден светски центар. Глобализмот не беше мртов, тој само накратко отстапи од политичката сцена, лижејќи си ги раните по последната надмоќна победа на шефот на Белата куќа, Доналд Трамп. Во вакви измешани ...

Вчера во 09:50 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(36) од Скопје. Според полициското соопштение, 36-годишникот бил уапсен по претходна пријава од 29-годишна жена дека истиот ѝ се заканувал дека ќе испрати нејзини слики со експлицитна содржина на членови од нејзиното семејство доколку не му даде пари и има сексуален однос со него. По целосно документирање на случајот ќе следува ...

Силното невреме кое на 21 јули го зафати скопското подрачје, откри бројни слабости во системот за заштита и спасување, кој треба да се применува во вакви случаи. Освен застарени и ненавремено ревидирани планови за заштита и спасување и процени на ризиците посебно слабо функционира Секторот за заштита и спасување на Градот Скопје и неговиот актуелен раководител. Потребни се промени кои треба да започнат со изработка на Оперативниот протокол за ...

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител телевизија порача дека ЗНАМ нема да отстапи од ставот дека правосудниот испит се полага само на македонски јазик, ниту ќе прифати Македонија повторно да прави отстапки во однос на уставните измени. За овие прашања нема политички пазарења, нема импровизации и нема отстапување од државните интереси. Во однос на правосудниот ...

Жена од Гостивар била измамена од непознат маж кој по телефон и побарал да му уплати на сметка 10.000 денари наводно по барање на син и кој бил во затвор. “Син ти бара 10.000 денари уплати ги на оваа сметка”, ја довел непознатиот во заблуда жената која ги уплатила парите мислејќи дека се за синот, објавија од СВР Тетово. Подоцна истиот пак и се јавил но сега барал пари со закани. И барал на гостиварката да уплати 10.000 денари. Жената ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58