Првиот основен суд во Белград одреди притвор за деветмина поранешни и сегашни припадници на Единицата за обезбедување на одредени личности и објекти (ЈЗО) при Министерството за внатрешни работи (МУП). Тие се осомничени за малтретирање и тортура врз студенти и други граѓани, кои ги однеле во гаражата на Владата на Србија по протестите во август минатата година. Пред два дена, по барање на Првото основно јавно обвинителство, тие првично беа ...

Голема финансиска истрага во Турција, која се однесува на сомнителни трансакции на пазарот на капитал и тргување со акции, влезе во нова фаза. Поранешната турска министерка Фатма Бетул Сајан Каја е уапсена и ставена во притвор под сомнение за прекршување на Законот за пазарот на капитал и за припадност кон организација формирана со цел вршење кривични дела. Налогот за притвор беше издаден од надлежен суд во Истанбул, откако Каја беше ...

Осуммина припадници на Управата за криминалистичка полиција (УКП) се уапсени во врска со смртта на Далибор Драгијевиќ во полициската станица во Бор, на 7 април 2024 година. Драгијевиќ бил задржан во полициски притвор како дел од истрагата за исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ. По налог на јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Ниш, службеници од Секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи уапсија ...

Непознати сторители синоќа со автомобил провалиле во трговскиот центар „Меркур“ во Крањ, Словенија, при што украле голема количина накит од една златарница. Според словенечките медиуми, сторителите со автомобил влетале низ влезните врати и продолжиле да возат околу дваесет метри во внатрешноста на објектот, сè додека не стигнале до златарницата. Полицијата интензивно трага по сторителите, пренесува „Словенске новице“. Провалата се случила ...

ФОТО: pexels Светот околу нас е полн со неверојатни факти и неверојатни природни феномени кои честопати ги надминуваат нашите очекувања. Од мистериозните длабочини на океанот до величествените планински венци, нашата планета крие многу интересни работи што ретко ги забележуваме или воопшто не знаеме ништо за нив. Од најдлабоките длабочини на океанот до највисоките планински врвови, светот во кој живееме е полн со прекрасни чуда и мистерии. ...

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата на Албанците и СДСМ упатени кон претседателот Максим Димитриевски. Кога нема аргументи за суштината на прашањата, очигледно остануваат навредите и обидите за политичка дискредитација. Квалификацијата „патриот на батерии“ најдобро зборува за политичката култура на оние што ја употребуваат, но не и за Максим Димитриевски. Во 2017 ...

Бурнемаут ова лето им соопшти на заинтересираните клубови дека Алекс Скот не е на продажба. Неколку месеци подоцна, тие се подготвени да разговараат за заминувањето на англискиот репрезентативец, кој засега не прифаќа нов договор. Според „Скај Спортс Њуз“, понуда поголема од 80 милиони фунти, плус бонуси, би била сериозно разгледана во јануари. „Тајмс“, од друга страна, наведува дека Бурнемаут го цени својот играч од средниот ред на околу 100 ...

Манчестер Сити неодамна беше прогласен за виновен за кршење на многу правила кога станува збор за финансиите, поради што се очекува клубот од „Итихад“ да биде драконски казнет. Се чини дека и Ерлинг Халанд е свесен за ова бидејќи наводно започнал преговори со клубот каде што сака да ја продолжи кариерата. „Граѓаните“ се жалеа на одлуката дека се виновни за кршење на многу финансиски правила во изминатите повеќе од десет години, но многумина ...

Додека Велика Британија сè повеќе зборува за подготвеност за вонредни ситуации, жените кои со години складираат залихи објаснуваат зошто таквата подготовка не е претерување, туку разумен начин за заштита на своите семејства. Дејли меил пишува дека британската влада ги повикала граѓаните да бидат подготвени за можноста од национална криза. Домаќинствата се советуваат да обезбедат залиха од храна и вода најмалку три дена и да имаат пари при ...

Американецот Џејмс Гејтс од Северна Каролина тврди дека неговата сопруга со месеци користела ChatGPT за да планира како да го отруе, а сега поднел тужба против компанијата OpenAI, обвинувајќи ја дека четботот ѝ давал конкретни совети и инструкции за обидот за убиство. Целиот случај добил бизарен пресврт откако Гејтс ненадејно тешко се разболел во својот дом. Во тој период пронашол рачно напишана белешка на која, покрај список со отровни ...

Хрватска изгуби 63.918 ученици од основно и средно образование во последните 13 учебни години, или 12,5 проценти. Најтешко погодена е Вуковарско-сремската жупанија, каде што бројот на ученици е намален за повеќе од една третина, додека само Градот Загреб и Истра жупанија бележат раст. Податоците од ШеР (Школски е-Рудар) на Министерството за наука, образование и млади покажуваат дека најголем пад на бројот на ученици е забележан во ...

Законските измени кои Владата ги образложува како дел од усогласувањето со европското законодавство се најдоа под силна критика од опозициската Левица, еколошките организации и Младите правници. Главните забелешки се однесуваат на можноста за повторно доближување на тешката индустрија до населени места, слабеењето на механизмите за справување со контаминирани локации и намалувањето на просторот за јавен и институционален надзор Измените на ...

Патничко возило од марката „Фолксваген“ се запали денеска во близина на Католичката црква. Пожарот бил изгаснат со противпожарен апарат, а засега не е позната причината поради која дошло до избувнување на огнот. Засега нема информации за повредени лица или за поголема материјална штета. ИЗДВОЕНИ Македонскиот кикбокс е на врвот, но спортските институции не нè вреднуваат како што заслужуваме! “Уплати 10.000 денари, бара син ти во затвор” „Алта ...

Иако летото заврши, многумина повторно сонуваат за море, а едно добро познато место меѓу Македонците може да се пофали со високи температури дури и во ноември. Кипар, особено крајбрежниот град Пафос, е совршен противотров за ноемвриското сивило. Според TUI, температурите достигнуваат до околу 23 степени, а островот нуди топло време, златни плажи и опуштено темпо на живот, што го прави еден од најдобрите одмори во Европа во ова време од ...

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар откри дека последиците од падот на трката во Шпанија се многу поголеми отколку што првично се мислеше. Словенецот имаше пад за време на осмата етапа од Вуелта. Првите медицински анализи покажаа скршеница на седмиот цервикален прешлен, клучна коска и потрес на мозокот. Сепак, последователните прегледи во Словенија открија уште две скршеници. „Всушност, тоа е смешна приказна. Пред две недели бев во ...

Лорен Спиезија (32) од Њу Џерси привлече огромно внимание на Њујоршкиот маратон, откако одлучи да ја истрча трката долга 42,195 километри без маица, покажувајќи ги лузните од тешката битка со ракот на дојка. Американката, која ја победи болеста, со овој потег сакаше да испрати силна порака за храброста, издржливоста и подигнувањето на свеста за ракот на дојка. Таа ја заврши трката за четири часа и 54 минути, не криејќи ги лузните кои, како ...

До телевизиски куќи низ Европа беа испратени закани за поставени бомби со пораката „времето истекува“, што доведе до евакуации и привремен прекин на емитувањето програма. Закани добија ирскиот јавен сервис RTE, британската телевизија „Скај“ (Sky), бугарската телевизија „Нова“ и други медиумски куќи. На локациите опфатени со заканите не беа пронајдени бомби. „Сакаме целиот свет да дознае за нас, поради што еден од нашите оперативци постави ...

Германскиот новинар Флоријан Кениг (59) откри дека намерно избегнува да прашува за здравствената состојба на својот долгогодишен пријател и легендарен Формула 1 возач, Михаел Шумахер, почитувајќи ја приватноста на неговото семејство. Кениг, кој со години известува од светот на Формула 1, во интервју за „Билд“ призна дека никогаш не разговарал на оваа тема ниту со сопругата на Шумахер, Корина, ниту со неговиот син, Мик, ниту со неговиот брат, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп одржал состанок со својот тим за национална безбедност на кој била разгледувана можноста за продолжување на воените операции против Иран. Според информации на „Фокс њуз“, високите американски функционери потврдиле дека во Белата куќа во изминатите два дена се одржале повеќе разговори за евентуално продолжување на нападите. Трамп најави дека Вашингтон наскоро ќе донесе одлука за следните чекори, при што ...

На Македонија ѝ треба цел век за да го достигне европското ниво во заштитата на животната средина, додека загадениот воздух и лошото управување со отпадот и водите остануваат сериозен проблем. Само две од шесте мерни станици во Скопскиот Регион (Скопје и Миладиновци) испорачуваат податоци, а усогласеноста со европските стандарди за собирање и пречистување на отпадните води изнесува само 13 %. Во меѓувреме, и македонските компании ќе мора да ...

Министерството за животна средина и просторно планирање воведува пет дигитални модули во рамките на иницијативата „Зелен пресврт низ дигитализација“, со цел зголемување на транспарентноста, поедноставување на административните постапки и подобрување на управувањето со податоците и на процесите во областа на животната средина. Министерот Муамет Хоџа вчера ги презентираше модулите „Темели“, „Јадро“, „Време“, „Земја“ и „Воздух“, нагласувајќи ...

Националниот парк „Шар Планина“ го претстави своето искуство од воспоставувањето и развојот на системот за мониторинг на дивите животни на Седмиот конгрес на еколози, организиран од Македонското еколошко друштво. Преку научен труд, претставниците на националниот парк ги презентираа досегашните активности за следење на дивиот свет, како и предизвиците и можностите за унапредување на системот за мониторинг на подрачјето на Шар Планина. Во текот ...

Македонија требаше да го добие патоказот за интеграција во европскиот блок при блиц-посетата на шефицата на Европската Ккомисија, Урсула фон дер Лајен, минатата недела. Конкретно, и овој пат и оваа Влада, како и претходните, остана со куси ракави, уште еднаш се повторија истите сценографија и наратив на Брисел, со преповторуваниот quid pro quo, услов без кој не се може. Пред десетина години, тоа беше македонското уставно име, за кое ЕУ ...

Во правната наука и во политичката теорија често се зборува за разнебитеност на системот, за колапс на институциите, за лоши закони што имаат цел да амнестираат криминал на високите функционери или на бизнис-тајкуните, за комплетна партизација и за енормна корупција. Но, постои една подлабока, потивка и далеку поопасна димензија на пропаѓањето на нашето општество што ретко ја ставаме на маса. Тоа не е отворениот криминал, ниту директниот ...

Во бурата на руско-украинската војна, се случи Калињинград. Оваа чувствителна руска ексклава на Балтикот, за која некои фински гласноговорници или американски новинари тврдеа дека може НАТО без поголеми последици да ја заземе, донесе застрашувачки одговор од Кремљ. „Ќе го браниме Калињинград по секоја цена, нема да избираме средства“, одговорија од Москва. Без нараквици, Западот е предупреден за можна употреба на рускиот нуклеарен арсенал. ...

Најголемите проблеми доаѓаат од стравот и зависноста. Кога ќе почнеме поретко да се плашиме и помалку да зависиме од другите, ќе бидеме добро. Мирот со себе ќе го постигнеме ако престанеме опсесивно да се врзуваме за луѓето, предметите и ситуациите од минатото, бидејќи сè е минливо и менливо. Само промената е трајна и поврзана со законитоста на животот: што и да биде, ќе помине. Духовен мир ќе постигнеме ако фокусот го насочиме кон ...

Повеќе од две децении, Македонија се обидува да го развива туризмот како значаен двигател на економијата, но истовремено дозволува дел од туристичката активност да остане надвор од формалниот систем. Ги следиме бројот на туристи и ноќевања, го истакнуваме потенцијалот на Охрид, Струга, Дојран, Маврово и другите туристички центри, но ретко се поставува суштинското прашање: колкав дел од туристичката економија е регистриран, оданочен и вклучен ...

Италија наскоро би можела да воведе казни во висина до 160 евра за возачите кои се движат премногу бавно на одредени делници од патиштата, објавија медиумите во петокот. Оваа мерка, чија цел е подобрување на протокот на сообраќајот, првично се однесува на автопатишта со вкупно шест ленти и се очекува наскоро да стапи на сила, според италијанскиот правен портал „Брокарди“ и швајцарскиот портал „Блу њуз“. За крајната лева лента на делници со ...

Октомври оваа година беше најтопол досега, соопшти европската служба за климатски промени. Просечната глобална температура била 15,35 степени целзиусови, што е за 1,75 степени повисоко од просекот за прединдустрискиот период. Во споредба со периодот од 1991 до 2020 година, октомври бил за 0,90 степени потопол. Тоа беше трет месец по ред во кој глобалната температура ја надмина границата од 1,5 степени во споредба со прединдустрискиот период. ...

Како што објави весникот „Вашингтон пост“, во петокот, во својот дом во Вашингтон, на 89 години, почина член на едно од најбогатите американски семејства. Тој помина три децении во Сенатот на САД, залагајќи се за проширување на здравствената заштита за сиромашните и остро критикувајќи го начинот на кој претседателот Џорџ В. Буш ја водеше војната во Ирак. Семејството не ја откри причината за смртта, додава весникот, а пренесува новинската ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07