Познатиот српски актер Никола Ѓуричко, заедно со својот бенд „Џони миднајт трио“, ќе одржи концерт на 3 јули (среда) во „Јавна соба“ во Скопје. Овој неодамна формиран рок бенд е како да гледаме стaри ноти на песни на легендарни екс ЈУ бендови, но со многу силен личен печат. Обработените песни, кои ги слават авторите кои ги почитуваат како Џони Штулиќ, ЕКВ, Шарло акробата и други, се отсвирени многу поинаку. Нивната песна „Лептир” личи како да ...

Љубителите на уметност ќе можат да ги видат делата создадени за време на годинешната уметничка работилница во „Арт Поинт – Гумно“ во демирхисарското село Слоештица денеска попладне од 18 до 21 часот. „Слоештица – име за цел еден свет“ е темата што ги инспирира уметниците кои годинава гостуваат на меѓународната уметничка колонија „Арт Поинт – Гумно“. Од 15 до 30 јуни десетмина уметници од Македонија, Грција, Чешка и од Србија создаваат ...

Самостојна изложба на познатиот македонски сликар Стефан Хаџи-Николов ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Градскиот музеј во Крива Паланка. Изложбата се отвора на иницијатива на Градскиот музеј кој од оваа година почнува со организирање годишни изложи на по еден учесник на Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“, што се одржува во истоимениот манастриски комплекс. Стефан Хаџи-Николов е долгогодишен учесник на колонијата и ...

„Месечината јасно свети во ноќите како оваа“ – цитатот од „Венецијанскиот трговец“ е мото на 10. јубилејно издание на Шекспир фестивалот во Битола што ќе биде отворен вечерва во 20 часот со изведбата на претставата „Едвард Втори“ во режија на Андриј Жолдак, копродукција помеѓу Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес и Драмски театар од Пловдив, Бугарија. Јубилејниот фестивал ќе се состои од шест претстави, од кои половината се ...

На сцената на Тетовскиот театар вечерва и утревечер е закажана премиерата на претставата „Тартиф“ според Молиер, во режија и адаптација на Андреј Цветановски. Молиер е еден од најзначајните автори на класичната дранатургија и е голем зафат за целата екипа, вели режисерот Цветановски. Оваа претстава се работеше во интензивен процес кој изобилуваше со креативност и добра енергија. Во насловната улога настапува: Ѓорѓи Нешкоски, Петрит Незири, ...

Халкбанк го креираше пакетот за млади Halk EZ (Halk Easy), кој покрај банкарски услуги, ќе понуди и финансиска едукација на студентите и младите претприемачи, културно – забавни активности и корисни општествено – одговорни практики, пред сè насочени кон заштита на животната средина, едукација, стимулирање активен спортски живот, дружба и забава. Со цел да биде прилагоден на животниот стил на младите, Halk EZ нуди бесплатно мобилно и ...

Пишува: м-р Маја Георгиева Павловски, семеен и системски советник Изминативе години често се пишува за анксиозноста, за видовите на анксиозност, за симптоми, техники и совети што помагаат за оваа состојба. Моето секојдневно искуство со личности кои се соочуваат токму со анскиозност говори дека, за жал, бројот расте сè повеќе секојдневно. Анксиозноста е состојба која многу често доведува до попречување на секојдневното функционирање. Луѓето ...

Спектакуларното улично дефиле и претстава „Сонот на Ербер“ на француската театарска трупа „Кидам“ вечерва ќе заврши прославата на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје. Настанот почнува 21 часот пред Музејот на град Скопје, потоа низ улица „Македонија“, преку Камениот мост до плоштадот „Карпошово востание“, каде што ќе се одржи финалето на претставата. – Низ волшебна музика, пет обемни фигури, високи 4 метри, ќе ...

Проекција на кратки видеоарт филмови се во фокусот на 6. издание на изложбата „Фемина 8“ вечерва во 20 часот, во Кинотеката во Скопје. Станува збор за кураторски проект на Јана Манева-Чупоска во рамките на програмските активности на Друштвото на ликовните уметници на Македонија чија цел да обедини повеќе различни ликовни стилови, знаци и пораки. Ќе с еодржат 13 проекции на кратки видео арт филмови на македонски и странски уметници. Изложбата ...

Умно.мк во соработка со Europe House Скопје ја креира рубриката „Надреден знак“ во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумна на теми што нè засегаат Пишува: Мила Јовановска, комуниколог, екоактивист Сите наидуваме на клише изреки кои ги кажуваме со потсмев и невистини, но всушност најчесто клишеата се жива вистина. Но кога станува збор за одговорност и преземање акција, нема поточна изрека од онаа во насловот на оваа колумна. Да ...

Во галеријата „Остен“ во Скопје, вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики, цртежи и графики од Вангел Наумовски (1924-2006). Изложбата се поставува во чест на големиот сликар-наивец кој е добитник на наградата „Светско културно наследство“ на „Остен биенале Скопје 2024“. Наумовски е роден во охридското село Скребатно во 1924 година. Се запишува во Средното уметничко училиште во Скопје, но во 1947 година е исклучен како ...

Студентската и академска јавност доби нов број од двојазичниот студентски магазин „УКЛО КОЛОРС“. Во име на редакцијата, професорката од Педагошкиот факултет, Силвана Нешковска го претстави новиот број на списанието, во чие создавање во секој чекор учествуваат студенти од сите три циклуси и од сите единици на УКЛО. Списанието е креативно студентско дело видливо и надвор од нашата земја, истакна Нешковска. За студентската вклученост во УКЛО ...

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Врзино“ од Стефан Анчевски. Тој ќе се претстави со триесетина дела во вид на интегрирана sидна инсталација. Стефан Анчевски (Куманово, 1993) е визуелен и мултимедијален уметник. Дипломирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Реализирал осум самостојни изложби, а ...

Младите поети Ивана Јовановска, Андреј Медиќ Лазаревски и Павлина Атанасова ќе настапат на фестивалот „Стих у регији“ во Загреб, Хрватска што ќе се одржи од денеска до недела. Гостувањето е дел од соработоката за размена на автори помеѓу Хрватското друштво на писатели (ХДП) од Загреб, Хрватска, и издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје. Јовановска, Медиќ Лазаревски и Атанасова ќе се претстават со нивната поезија пред загребската публика на ...

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне од Франција и Сергеј Јордановски од Македонија. Тие ќе се претстават со 20 дела создадени во просториите на уметничкото атеље на КИЦ. Изложбата е дел во рамките на меѓународниот уметнички проект на вмрежени градови од Европа „КРЕАРТ – Уметник во престој“ подржана од градот Скопје како еден од градовите ...

Во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола вечерва во 20 часот концерт ќе одржи „Пијано трио“, по повод нивниот 10 годишен јубилеј. Во составот членуваат етаблирани музичари: Татијана Петрушевска-Караскаковска (прва обоа во оркестарот на НОБ), Марјан Милошевски (прв фагот во оркестарот на НОБ) и професор по фагот на Факултетот за музичка уметност и Петар Макариевски, пијанист и уметнички соработник при ФДУ. – Тројца докажани уметници, ...

Во Музејот на современата уметност во Скопје вечерва во 21 часот ќе се одржи проекција на документарецот „20 дена во Мариупол“, годинашен добитник на „Оскар“ за документарен филм. Проекцијата е дел од изложбата „Украина: Воено злосторство“, која е поставена во „Мала станица“. – Овој моќен филм ја продолжува нашата посветеност за прикажување на суровата вистина со која се соочуваат луѓето погодени од војната. Документарецот ја следи храброста ...

Новиот софтверскиот систем е финансиран со пари од ИПА фондовите на Европската Унија Електронски дневник е дел од новиот новиот информациски систем за управување со образованието. Софтверскиот систем финансиран со пари од ИПА фондовите на Европската Унија денеска го промовираше министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа се заблагодари за поддршката од ЕУ и очекува новиот систем да биде ефикасен зашто оваа база на податоци и ќе ...

„Алхемија на дивината“ е мултимедијален, локациски специфичен перформанс кој денес и утре ќе се изведува на различни локации на Вевчанските извори. Премиерата ќе биде вечерва во 19 часот, а следните две изведби се закажани за утре (12 и 19 часот). Волшебниот свет на „Алхемија на дивината“, мултимедијален и локациски специфичен перфоманс, ги трансформира патеките на живописното Вевчани и Вевчанските извори. Ова уникатно искуство е дело на ...

Фестивалот ќе биде отворен вечерва во 21 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје со изложбата на фотографии „The Vlatko Stefanovski Experience“ Големиот филмскиот композитор Збигњев Прајснер е добитник на наградата за животно дело на 10. издание на Фестивалот на музики документарни филмови „Скопје синема сити“. Фестивалот ќе биде отворен вечерва во 21 часот во Мултимедијалнио центар „Мала станица“ во Скопје со зложбата на ...

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата Скопско лето вечерва во 20 часот на малата сцена на Македонскиот народен театар ќе биде иузведена претстава „Поткровје“, според „Цената“ на Артур Милер, во режија на Александар Ивановски. Играат: Томислав Давидовски, Елена Кузманов, Горан Ников и Хари Михајловски. Сценографијата е на Ненад Тонкин, а плакатот го дизајнираше Тео К. Атанасовски. – Се е прашање на гледна точка, и ако не ...

Во Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул денеска во 18.30 часот ќе биде отворена групната изложба „Варијации на мазга“. Ќе бидат претставени дела од уметниците Владимир Лукаш, Вук Митевски и Ѓорѓе Јовановиќ. Изложбата е дел од годишната програма на Асоцијацијата за култура ИКОН и нашето Министерство за култура која го прикажува уникатниот спој на цртежот, сликарството и колажот на уметниците, истражувајќи ги темите на хуморот, ...

Дејан Радуловски од Битола отсекогаш знаел дека историјата е науката на која ќе ù го посвети животот. Дипломирал со просек 10.00 на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје. Неговиот научен интерес е нововековната историја и веќе е запишан на вториот циклус на студии Тој има 23 години, паралелно студира два факултета, едниот веќе на втор циклус на студии, а вториот за да го разбере повеќе првиот. Дејан Радуловски од Битола ...

Во Музејот на македонската борба вечерва во 20.30 часот, женски камерен хор „Св. Злата Мегленска“ ќе го одржи концертот „Глорија концерт за душа“ – Антонио Вивалди. Концертот се одржува во рамките на 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, а диригент е Летка Димовска-Полизова. Солисти се Надежда Рубен и Јасмина Димитровска. Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ од Скопје е формиран во 1996 година при Македонската Православна ...

Претставата „Демони“ од Достоевски поставена во Националниот театар во Дебрецен, Унгарија, во режија на Дејан Пројковски е прогласена за најдобра претстава на сезоната. Специјалната награда ја додели директорот на театарот, Mátyássy Szabolcs на свечена церемонија што се одржа на 20 јуни. „Демони“ беше поставена на крајот на април и наиде на позитивни критики кај стручната јавност, но и кај публиката. Сценографијата е на Валентин Светозарев, ...

Повик за млади уметници објави Кинотеката во рамките на одбележувањето на 30 години од снимањето на филмот „Пред дождот“. Конкурсот насловен „После дождот“ е наменет за млади филмаџии, музичари, графичари, ликовни уметници. Заинтересираните треба да снимат оригинален краток филм (меѓу 30 секунди и 30 минути), во кој ќе искористат барем една реплика од „Пред дождот“, на кој било видео формат. Или да креираат оригинален плакат, оригинален ...

Во дворот на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на „Антологија на иднината“. Станува збор за издание на библиотека со избор творби од работилницата за креативно пишување, одржана минатата година. Антологијата содржи песни, проза и есеи на 23 млади автори, учесници на двомесечната работилница што ја ја водеше писателот Александар Русјаков, кој е и уредник на изданието. Автор на корицата е ...

Три концерти во Хрватска ќе одржи Националниот џез оркестар на кои ќе настапи заедно со Рамбо Амадеус. Мини турнејата почнува денеска со концерт што вечерва ќе биде одржан на „Тврдината на св. Миховил“ во Шибеник. Следува концертот на 28 јуни, во рамки на првото издание на фестивалот Island Vis Music Breeze, кој ќе се одржи од 28 до 30 јуни на полуостровот Прирово. Третиот концерт ќе се одржи на 1 јули во Хрватскиот народен театар во Сплит, ...

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска напладне ќе се одржи промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“ во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски. Книгата е издание на „Арс Ламина“, а ќе ја промовираат Влада Урошевиќ, Венко Андоновски и Оливера Ќорвезироска. Изданието е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“ и содржи 19 раскази инспирирани од ликот и делото на Андреевски. Сликата на ...

„Сосема обично“ е насловот на изложбата на уметникот Владимир Илиевски, отворена во галеријата „Метаноја“ во Скопје. Делата на Илиевски ќе бидат изложени во галеријата еден месец. – Светлината е најобична природна појава. Таа е толкав дел од нашето искуство така што забораваме дека не само што можеме самата неа да ја видиме, туку и заради неа гледаме сѐ друго. Како што псалмистот вели, „Во Твојата светлина гледаме светлина“ (Псалм 36:9). ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
4.7
33%
1010
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
0.89
72%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.78
72%
1014
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.97
44%
1011
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.15
46%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
1.74
76%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
2.68
43%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.92
48%
1014
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.08
47%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
2.24
42%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
46%
1013
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 24ᴼ
1.58
45%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Калај

53.60

Бакар

13.10

Сребро

2269.46

Родиум

257205.97

Злато

139690.59

Платина

57324.78

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.46

Кобалт

45.39

Паладиум

42535.44