Легендарниот дански голман и освојувач на Европското првенство со Данска, Петер Шмајхел, остро го критикуваше селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, по нерешениот резултат против ДР Конго (1:1) на Светското првенство. Португалците разочараа во второто коло од Светското првенство, а Шмајхел верува дека најголемиот виновник е шпанскиот стручњак. „Како можете да ги оставите играчите како Жоао Феликс и Рафаел Леао на клупата држејќи се до ...

Фудбалската репрезентација на Турција, по само две кола е елиминирана од Светското првенство. По поразот од Австралија (0:2), Турција загуби и од Парагвај (0:1). Парагвајците постигнаа гол вреден за победа на самиот почеток од натпреварот, а успеаја да се одбранат до крајот, и покрај тоа што играа со играч помалку во целото второ полувреме. Турција сè уште има неважен натпревар против домаќинот САД, додека Парагвај ќе бара подобра позиција ...

Мануел Нојер, 40-годишниот германски голман, објави дека дефинитивно ќе ја напушти репрезентацијата по завршувањето на Светското првенство. Тој го потврди ова пред натпреварот од второто коло од Групата Е помеѓу Германија и Брегот на Слоновата Коска, кој ќе се игра утре во Торонто, со почеток во 22 часот. Во првото коло, Германија го победи Курасао со 7:1. „Ова е мојот последен голем турнир со Германија. Немам планови за Европското ...

Апелациониот суд во Версај, претпладнево објави дека мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими сепак ќе биде суден за силување. Во февруари 2023 година, Хакими беше обвинета од млада жена која отишла во полициската станица, каде што пријавила дека фудбалерот ја силувал. Фудбалерот на Пари Сен Жермен и капитен на Мароко, чиј тим го игра својот втор натпревар на Светското првенство против Шкотска во петокот навечер, постојано ги отфрла обвинувањата ...

Баер Леверкузен го објави потпишувањето на португалскиот младински репрезентативец Афонсо Мореира од француски Лион во трансфер вреден околу 30 милиони евра, со потенцијални бонуси што би можеле да го зголемат вкупниот износ на повеќе од 33 милиони евра. 21-годишниот крилен напаѓач потпиша договор до јуни 2031 година, што го прави едно од долгорочните засилувања на германскиот клуб од Бундеслигата. Мореира пристигна во Лион од Спортинг за ...

На 16 јули, играчите на Интер ќе патуваат во Германија за подготвителниот период пред новата сезона, а желбата на Кристијан Киву е дотогаш да обезбеди три засилувања. Првото е завршено, тоа е Иван Проведел, голманот кој играше во Лацио во претходната сезона и кој ќе биде платен 3.000.000 евра. Умар Соле е фудбалер кој е голема желба на тренерскиот штаб на Интер. Францускиот фудбалер игра за Удинезе, станува збор за стопер кој има уште една ...

Објавен е распоредот на Премиер лигата за сезоната 2026/27. Актуелниот шампион Арсенал ја започнува одбраната на титулата дома против најдобриот тим во Чемпионшип, новиот член на Премиер лигата, Ковентри. Арсенал ќе го пречека тимот кој се враќа во Премиер лигата по 26 години. Тој натпревар е воедно и премиерата за новата сезона, закажана за петок, 21 август во 21 часот. Во третото коло, „топџиите“ играат градско дерби на истиот стадион ...

Поранешниот италијански напаѓач Игор Проти почина на 59-годишна возраст. Почина од рак кој се проширил на ‘рбетот. Неговото семејство, во согласност со неговата желба, објави емотивна проштална порака. Веста за смртта на поранешниот фудбалер на Ливорно, Месина, Бари, Наполи и Лацио беше потврдена на неговиот официјален профил на Инстаграм. „Со огромна тага, семејството објавува дека Игор почина во текот на ноќта“, се наведува во ...

Католичкиот свештеник од Сплит, Анте Ждериќ, ја коментираше изјавата на селекторт на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, кој рече дека Бог ги сака Хрватите, пренесува хрватскиот „Т-портал“. Далиќ сака да се претставува како голем верник, па затоа постојано изјавува дека „Бог е со нив“, а за време на посетата на папата Франциск во Ватикан во 2024 година, му подари дрес на националниот тим. Покрај тоа, пред секое големо ...

Младиот играч на Лајпциг, Јан Диоманде, Ливерпул го гледа како идеална замена за Мохамед Салах. Од „Енфилд“ во Лајпциг испратиле понуда тешка 100 милиони евра (90 милиони плус 10 милиони бонуси), која била експресно одбиена. Одбивањето, според германските медиуми, не е знак дека во Лајпциг мислат дека Диоманде не е на продажба, туку дека за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска бараат 120 милиони евра. Во Лајпциг, исто така, ...

Тотенхем продолжува да го засилува тимот за следната сезона, во северен Лондон пристигна уште еден дефанзивец. Откако, бесплатно од Борнмут, во Тотенхем простигна Аргентинецот, Маркос Сенеси, договорот со клубот потпиша и Јан Пол Ван Хеке. Холанѓанецот има 26 години и доаѓа од Брајтон, каде што играше редовно во последните три сезони. Како и Сенеси, и тој е централен дефанзивец. Играше 13 пати за холандската репрезентација. We are delighted ...

Ко-домаќинот на СП во фудбал, репрезентацијата на Мексико, прва избори пласман во нокаут фазата. Мексико, во второто коло, во А групата, ја победи Јужна Кореја со 1:0. Мексиканците имаат шест бода, три повеќе од Кореја, додека Чешка и Јужна Африка досега освоија по еден бод. Во исто време, Канада се доближи до нокаут фазата, откако го декласира Катар со 6:0. Мексиканците го искористија подарокот од голманот Сеунг-Гју Ким и со голот на Луис ...

Канадскиот репрезентативец Исмаел Коне доживеа ужасна повреда, во натпреварот Канада-Катар (6:0). Тој ја скрши тибијата по стартот на играчот на Катар во 52-та минута од натпреварот во Ванкувер. Натпреварот беше веднаш прекинат, играчите се држеа за главите, а навивачите беа исплашени. Додека му помагаа, судијата Кристијан Гарај од Чиле се консултираше со ВАР собата и му покажа директен црвен картон на Асим Мадиб. По десет минути пауза, ...

Фудбалерите на Швајцарија ја победија Босна и Херцеговина со 4:1 (0:0) во 2. коло од Групата Б на Светското првенство. Натпреварот на преполниот стадион „СоФи“ во Лос Анџелес го реши 20-годишниот Јохан Манзамби со голови од клупата, но сè имаше своја прелудиум во претходните неколку дена. Токму младиот фудбалер на Фрајбург беше нападнат од Гранит Џака по првиот натпревар со Катар, бидејќи според капитенот, не покажал доволно посветеност во ...

Семејството на Лионел Меси во четврток потврди дека таткото на аргентинската ѕвезда, Хорхе, има здравствени проблеми. Во соопштение семејстото се осврна на гласините што кружат за здравјето на Хорхе, негирајќи информации што не дојдоа директно од официјални канали. „Тој моментално е под медицински надзор, се опоравува и напредува во својата состојба“, соопшти семејството. Меси беше преплавен од емоции по првиот гол во победата над Алжир ...

Репрезентациите на Чешка и Јужна Африка го отворија второто коло на Светското првенство. На стадионот во Атланта, во рамките на А групата, овие две селекции одиграа без победник 1:1. Претходно во првото коло Јужна Африка убедливо беше поразена од Мексико (0:3), а Чесите загубија од Јужна Кореја (1:2). Чесите почнаа агресивно од самиот почеток и создадоа две шанси во првите две минути. Иницијативата вроди со плод веќе во шеттата минута, кога ...

Илјадници навивачи на Њујорк Никс, облечени во сини и портокалови дресови, се собраа во центарот на градот за да го прослават освојувањето на титулата во НБА. Никс во финалната серија со 4:1 го победија Сан Антонио, ја освоија втората титула во клупската историја, прва по 1973 година. По целата улица „Чрч“, која се протега паралелно со рутата на парадата, навивачите палеа џоинти, пиеја виски и пиво, пред очите на збунетите и бројно помали ...

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина вечерва против Швајцарија ќе го игра еден од најважните натпревари на Светското првенство, а тренерот Миленко Бошњаковиќ смета дека клучна улога ќе има психолошкиот притисок под кој се наоѓаат Швајцарците по киксот против Катар. Гостувајќи на „Н1“, Бошњаковиќ оцени дека во швајцарскиот табор се случуваат невообичаени работи. „Швајцарците се разнишани по сите основи“ „Првпат на тоа ниво ...

Пеналот на Хари Кејн предизвика големи реакции, но не од причините што многумина ги очекуваа. Англија го отвори настапот на Светското првенство со убедлива победа над Хрватска, но не и без контроверзии. Најголемиот дел од возбудувањата се случија во првото полувреме. Хари Кејн ги доведе Англичаните во водство од својот втор обид од белата точка, но „коцкестите“ успеаја да израмнат преку Мартин Батурина во 36. минута. Сепак, Кејн до крајот ...

По шокантното реми од 1:1 против ДР Конго на Светското првенство, Кристијано Роналдо одлучи да ги избегне новинарите во микс-зоната, но набрзо се огласи преку социјалните мрежи. По натпреварот следуваа жестоки критики на сметка на фудбалерот, меѓу кои и од легендите Тиери Анри и Вејн Руни. Португалецот испрати јасна порака до јавноста преку социјалната мрежа Икс. „Не беше ова почетокот што го посакувавме, но ова е далеку од готово. Главите ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја, Хонг Мјунг-Бо, го опиша инцидентот со дрон што прелетал над затворениот тренинг на неговиот тим во Гвадалахара пред натпреварот на Светското првенство против Мексико како несреќен. Мексиканската војска пресретнала и соборила летало што се приближувало до тренинг-кампот, потврдил во средата, федерален функционер за Асошиејтед Прес. Во четврток, Јужна Кореја игра против ко-домаќинот на ...

Денеска под водство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција и МВР, спроведува координирана акција на повеќе локации во Скопје. Телвизијата Телма, објави дека во рамките на оваа акција е приведен и поранешниот прв ччовек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓоргиоски. „Пријава против него имаше поднесено уште во 2019 година дека како ...

Аргентина ја започна одбраната на титулата светски шампион со убедлива победа, но според експертите на Би-би-си Спорт, тие не се најдобрата репрезентација на турнирот. Нивниот тим новинари ги следеше првите натпревари на сите 48 репрезентации и ги рангираше од најдобрата кон најлошата. Рангирање од првото до 10-то место: 1-во до 10-то место Франција (Група И, победа против Сенегал 3:1). Со доминантен настап во второто полувреме, таа го ...

Реал Мадрид официјално го потврди доаѓањето на францускиот дефанзивец Ибрахима Конате, кој потпиша договор со шпанскиот клуб до 30 јуни 2030 година. Конате пристигнува во Реал Мадрид како слободен агент по истекот на неговиот договор со Ливерпул и ќе претставува засилување за одбранбената линија на тимот предводен од Жозе Мурињо. Францускиот интернационалец беше еден од најважните дефанзивци на Ливерпул во претходните сезони, но одлучи да ...

Еден од приритетите на тренерот на Јувентус, Лучано Спалети е пред почетокот на сезоната, во клубот да пристигне нов голман. Тренерот не е задоволен од Ди Грегорио, кој зад себе има разочарувачка сезона. Примарна цел на Јувентус е Емилијано Мартинез, но само доколку Астон Вила ги намали финасиските барања. Италијанските медиуми тврдат дека актуелниот освојувач на Лига Европа, за Мартинез бара 15 милиони евра. Мартинез дојде во фокусот ...

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, беше задоволен од победата над Сенегал (3:1) на почетокот од Светското првенство, но призна дека неговиот тим немал лесна задача. „Секако дека е важно да се победи на првиот натпревар, особено против толку квалитетен противник. Имавме тешкотии, но тоа им се случи и на другите репрезентации. Сенегал беше добро организиран, опасен во транзицијата и брз во нападот. Направивме одредени грешки, но ги ...

Ремито на Португалија со ДР Конго ја отвори долгогодишна дилема кај Португалците, како понатаму со или без Кристијано Роналдо? Кристијано, официјално најстариот играч (не голман) кој играл во почетниот состав во историјата на светските првенства, не му помогна на својот тим да ја прескокне првата пречка на Светското првенство. Ветеранот не придонесе со нбишто во играта. Роналдо беше речиси бескорисен против Конго. Со физички беспрекорно ...

Селекторот на Англија, Томас Тухел, ја пофали реакцијата на својот тим по слабото прво полувреме, на отворањето на Светското првенство и победата над Хрватска (4:2). Тухел, по натпреварот зборуваше и за повредата на Деклан Рајс. Германскиот стручњак истакна дека тимот по паузата, во второто полувреме одиграл во согласност со идентитетот што сака да го види на теренот. „Добра реакција. Првото полувреме беше доста комплицирано за нас. Бевме ...

Ливерпул ја активираше откупната клаузула на Виктор Муњоз од Осасуна во износ од 40.000.000 евра и наскоро ќе го официјализира трансферот на шпанскиот репрезентативен крилен играч, објави „Атлетик“. Оваа информација е вистинско изненадување, бидејќи минатата недела, сите релевантни англиски медиуми објавија дека Њукасл ја завршил работата со Муњоз. 22-годишниот фудбалер ќе потпише шестгодишен договор со Ливерпул, додека англискиот клуб ќе ...

Победата на Колумбија над Узбекистан (3:1) и трагичниот пораз на Панама од гана го затворија првото коло на Светското првенство во фудбал. Панама, во Л групата, во 90 минути беше подобриот тим на теренот, но си дозволи контра во 95-та минута, која ја повлече Томас-Асанте по левата страна, влезе во шеснаесетникот и несебично го проигра Халеб Јиренки, кој од неколку метри ја погоди празната мрежа за голема победа на репрезентацијата на Гана. ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
54%
1029
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
56%
1026
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
57%
1028
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
0.81
59%
1029
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1025
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
5.14
56%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 16ᴼ
0.51
62%
1025
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
67%
1026
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.63
53%
1030
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
59%
1028
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
91%
1031
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87