Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Македонската академија на науките и уметностите ( МАНУ ) на 21-то Изборно собрание избра 2 редовни членови, 8 дописни членови, 4 членови надвор од работниот состав и 2 почесни членови. За редовни членови на МАНУ беа избрани дописните членови Изет Зеќири и Блажо Боев. За дописни членови беа избрани проф. д-р Гордана Лажетиќ во Одделението за општествени науки, проф. д-р Мирко Тодоровски и проф. д-р Димитар Трајанов во Одделението за технички ...
Вториот круг од локалните избори се одржува денеска во 18 општини во Косово. Призрен, Ѓаковица, Гњилане, Драгаш, Качаник, Клина, Косово Поле, Јужна Митровица, Обилиќ, Ораховац, Пеќ, Сухарека, Витина, Вуштри и Клокот се општините во кои кандидатите се соочуваат во вториот круг. По првиот круг, движењето Самоопределување (ПС) води со најголем број кандидати во вториот круг, по што следуваат Демократската лига на Косово (ЛДК), Демократската ...
Филипини прогласи вонредна состојба. Силна бура што се приближува кон најголемиот филипински остров Лузон прерасна во супертајфун, додека еден регион веќе страдаше од „услови опасни по живот“, објавија филипинските власти. Повеќе од 900.000 луѓе се итно евакуирани во источните и северните региони, објавува Гардијан. Според Филипинската метеоролошка агенција Пагаса, тајфунот Фунг Вонг ќе донесе ветрови од 185 км/ч и обилни врнежи од дожд во ...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени. Оваа прогноза ја објави денеска УХМР. Според нивните информации, во текот на ноќта иако во телови од државата се чувствувало зимско влажно време, сепак минималните температури не паднале под нулата. 2 степени Целзиусови биле измерени во Крушево со што тој е најстудениот град, 5 ...
Индексот од советникот за недвижности Resonance Consultancy, платформа за брендирање на градови по анкета на повеќе од 21.000 испитаници од 30 земји, заедно со глобални податоци генерирани од корисници го објави списокот на најдобри градови за 2026 година. Рангирањето вклучува 100 градови „што ја обликуваат иднината на Земјата“, особено во услови на зголемена глобална урбанизација и геополитички превирања. Лондон успешно го држи првото место ...
„Утринава во 3.05 часот на бул. „1 Мај” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 26 годишен жител на с.Цапари,битолско.“- информираат од СВР Битола. Имено, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „Опел” со битолски регистарски ознаки, при што било утврдено дека цапарчанецот е под дејство на алкохол. Со апарат дрегер за мерење на количеството алкохол во крвта, измерени му биле 1.69 ...
Убедливо најголем процент од испитаниците го користат својот автомобил како основно превозно средство. Резултатите од анкетата на официјалната интернет страница на ТЕРА Телевизија, која последниве две недели го имаше поставено прашањето за начинот на превоз на граѓаните, јасно укажуваат на доминација на личните возила: Овие бројки ја нагласуваат зависноста на граѓаните од индивидуалниот превоз. Според податоците речиси две третини од ...
Во Битола од денеска функционира и нова продавница на Телеком. Познатото место на Широк Сокак повеќе не е седиште на оваа реномирана телекомуникациска компанија. Сега може да ги најдете во Поштата, нивната позната стара локација, во која се ќе функционира според нов концепт за поблиска и поедноставна комуникација со граѓаните кои се нивни корисници. Македонски Телеком отвори продавница во Битола, со иновативен и мултифункционален простор на ...
Проф. Д- р Игор Неделковски, ректор на универзитетот Св. Климент Охридски, е новиот амбасадор на културната соработка меѓу Македонија и Кина. Промоцијата се случи во рамките на глобалниот дијалог што го реализира Шандонг – aсоцијација за меѓународна размена на персонал. Во рамките на глобалниот дијалог на ректорот Игор Неделковски беше промовиран во амбасадор на културната соработка со Кина, како еден од 15-те претседатели, ректори и други ...
Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола при универзитетот Св. Климент Охридски ја организира 15-та по ред меѓународна Конференција за применети интернет и информатички технологии. Конференцијата се реализира во соработка со Технички факултет „Михајло Пупин“ од Зрењанин од новосадскиот универзитет. Експерти оД сајбер безбедност, професори,студенти, наставници од средни уилишта, компјутерски и софтверски експерти од ...
Семејство од Битола веќе 10 години има проблеми со дивоградба која ниту сопственикот ни општината ја решаваат. Врз нивниот покрив секојдневно паѓаат тули и стиропор, покривот им е оштетен, а од Општината немаат повратна реакција ниту информација дали и кога ке го преземат ветеното. Благица и Игор Здравеви живеат наспроти основното училиште „Ѓорги Сугарев“. Познати им се на секоја генерација ученици, затоа што секојдневно и двајцата, но ...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. – прогнозираат од УХМР. Дневната температура во Битола и Пелагонијај ќе се движи од 7 до 14 степени Целзиусови. И за утре, слично предвидување – Променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите ...
Камерата на ТЕРА Телевизија и денеска на терен забележа неколку показатели за односо што сите го имаме кон хигиената во градот. Екипите на Нискоградба денеска на улицата Партизанска по којзнае кој пат го санираа отворот појавен блиску тротоарот непосредно пред битолската Клиничка Болница. Се санира делот кој се појави како проблем од моментот на инсталирањето на тополоводната инфраструктура. Познавачите денеска со нас, во неформален разговор ...
Жестока и контроверзна вонредна седница на Советот на општина Битола го креира политичкиот дух во градот. Советниците на Левица, Поинаку и СДСМ го обвинија претседателот на Совет Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ за „ подметнати точки“ и, не дадоа легитимитет на донесените одлуки за прашања од урбаното живеење кои не беа изгласани од претходниот состав на Советот. На вонредната седница наместо една, како што неформално беше најавена, на дневен ...
Синоќа имаше ново разочарување од ФК „ПЕЛИСТЕР“. Губењето во низа прекинато само со еден натпревар во кој донесоа нерешен резултат не е во фокусот на менаџментот. Напротив, денеска им беше многу важно да се скараат со ФК „ВАРДАР“ затоа што Комитите направија штета на јужната трибина, таа којашто треба да се реконструира. Фудбалерите на ФК „ Пелистер“ синоќа пред своите навивачи во Битола го доживеаја понижувачкиот вкус на поразот во вечното ...
Бизнис Академија Смилевски го започна семeстарот за вториот циклус студии. Во името на основачите се обрати проф. д-р Цветко Смилевски кој посака топло добредојде на присутните, нагласувајќи ја одлуката на студентите да зачекорат смело во новата фаза од животот. Проф. Смилевски им посака многу успех во градење на кариерната патека и остварување значителни резултати во образованието. Поздравно обраќање имаше и директорката на БАС, проф. д-р ...
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од денес во вечерните часови до понеделник (10.11.) следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). За денеска метереолозите од УХМР прогнозираат променливо облачно. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има ...
На Свечената академија по повод одбележувањето на 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, традиционално беа доделени наградите на поединци и институции за едногодишни достигнувања, како и највисоката општинска награда за животно дело. Управниот одбор на Фондот за доделување на наградата 4-ти Ноември, по пристигнатите пријави, одлучи наградата за животно дело, годинава да ја добие ликовниот уметник и педагог Панде Петровски. Панде ...
Денеска Битола го доби новиот Совет и претседател на Совет. На седницата се измешаа свечениот тон и контроверзниот, поврзан со придавката Северна на државата Република Македонија впишана во Заклетватаи и, наводно бугарскте букви во изјавите со кои лично избраните советници се обврзуваат дека ќе работат според Уставот и законите. Првин беа верификувани мандатите на новоизбраните советници и беше избран нов претседател. А потоа следуваше ...
Од 4 до 9 ноември 2025 година, во Fiera Milano Rho ќе се одржи 82-тото издание на EICMA – Меѓународниот саем за мотоцикли и двоколки, најголемиот светски настан од овој тип. Под мотото „That’s Amore“, годинашниот саем ќе ги обедини над 730 изложувачи од повеќе од 50 земји, претставувајќи околу 2.000 бренда. Првите два дена (4 и 5 ноември) се резервирани за медиуми и индустриски оператори, додека од 6 до 9 ноември саемот ќе биде отворен за ...
Како некогаш изгледала Битола?Тоа денес можеме да го видиме со помош на новите технологии. Дигитален креатор ја оживува историјата на Битола. Старите битолски фотографии и објекти добиваат нов живот. Томи Димовски е познат на социјалните мрежи како БТ ТајмМашин. На историски познатите фотографии им дава нова димензија. 4 ноември и делата на познатите историчари и хроничари се негова инспирација, а графичарите негови ментори. Со својата ...
Светската ревизионистичка политика доминира во ова време, особено кога се работи за Втората светска војна. Но, документите ја покажуваат битолската историја од 4 ноември 1944 година. Битолската прогресивна мисла и слободољубивост ги обедини сите во заедничка борба против фашистичкиот окупатор и денеска со гордост може да се навраќаме на историските настани од октомври и почетокот на ноември, вклучително и 4 ноември, денот на ослободување на ...
Во 87 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 2, 6, 17, 23, 27, 32 и 37. Добивка со седум погодоци немаше, а имеше четири шестки, секоја од нив вредна по 117.294,75 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува 55.479.000 денари. Шестоцифрениот џокер број е 3, 9, 5, 0, 2, 1. На џокерот имаше добивка со шест погодоци и вредност од 3.152.640,00 денари. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци во следното коло на играта џокер е 1 ...
На домашни животни местото не им е во градот. Вака реагираат жители на битолската населба Недопирливи кои деновиве ни испратија видео снимки од кози како се движат низ населбата. Од нив може да се види дека козите се движат и во близина на самиот коловоз. Ваквите ситуации се потенцијално опасни и во сообраќајот, бидејќи би можеле да ги изненадат возачите и да дојде до непосакувани незгоди. Некои од жителите реагираат дека го затекнале истото ...
Битола и битолчани се мојата инспирација, вели ликовниот уметник Панде Петровски, кој е добитник на наградата „4 Ноември“ за животно дело за 2025 година што ја доделува градот Битола. Наградата доаѓа како круна на неговото творештво долго над 65 години. Уште како мал на книжна кеса со помош на јаглен го нацртал неговиот татко. Тоа била неговата портрет карикатура, по што почнува неговото ликовно творештво. Петровски е автор на неколку илјади ...
Уште една реакција деновиве пристигна до телевизија Тера. Овој пат граѓани се жалат поради дива депонија која што се наоѓа во близина на основното училиште Климент Охридски во Битола. Велат дека тоа е првата глетка од нивните балкони и дека не им е пријатна. Нашата екипа веднаш излезе на терен. Се работи за локацијата до мостот кој се наоѓа во близина. Она што може да се види е дека несовесни граѓани оваа локација ја користат за одлагање на ...
12-та година по ред, клубот за слободни летови „Летачки конзули“ од Битола организираше параглајдинг летови од Антена на Пелистер. Повод за ова е 4ти ноември – Денот на ослободувањето на Битола. Интересот оваа година бил многу голем, вели Оливер Цветковски, претседател на клубот Летачки конзули од Битола. Дали и како ќе се лета диктираат и временските услови. Од клубот се надеваат дека ваквите настани ќе анимираат нови млади летачи. Целта е ...
Врнежливо утринава во цела држава. Според УХМР, количината на врнежи измерени за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) изнесува 24 Крушево, 18 Тополчани 12 Прилеп, Битола, 10 Берово, 8 Скопје – Петровец, Виница, Крива Паланка, Кавадарци, 7 Маврови Анови, 6 Претор, Демир Капија, 5 Пожаране, Куманово, Лазарополе, Скопје – Зајчев Рид, 4 Струмица, Тетово, Попова Шапка, Штип, 2 Велес, Ѓуриште, 1 Гевгелија. Прогнозата за денеска вели дека цел ...
Чести се примерите во градот кога сообраќајот не може да се одвива според правилата заради различни дрвја или грмушки кои ја попречуваат прегледноста или пак го попречуваат погледот на крстосница. ова се случува и покрај фактот дека битола има одлука за комунален ред, комунален инспекторат кој постапува и историја на санкционирани граѓани. Црвено, жолто, можеби зелено. Автомобилите , возачите кои имаат намера да се движат по улицата 4 ...