Американскиот спринтер Ноа Лајлс ја освои титулата на 100 метри во најдраматичното финале во олимписката историја, во кое што разликата помеѓу златото и среброто беше само 0,005 секунди. Дваесет и двегодишниот Лајлс и Јамајканецот Кишане Томпсон стигнаа на целта со идентично време од 9,79 секунди, но фото-финишот покажа дека Американецот бил побрз за пет илјадити дела од секундата. Трет беше светскиот првак Фред Керли од САД со време од девет ...

Со концерт на салса оркестарот „Меркадонегро“ , Фестивалот Охридско лето вечерва (4 август) ќе одбележи 64 години од основањето. „Охридско лето е врвна културна сцена. Место каде музиката и театарот ја надополнуваат богатата традиција. Денеска ги славиме годините испишани со богата историја, со славни имиња од светската музичка и театарска елита“, рече директорката Наташа Поповиќ. Салса оркестарот „Меркадонегро“ е оформен од Армандо Миранда. ...

Осмото издание на Фестивалот за краток филм „Дримшорт“ (DrimShort 2024) ќе се одржи од 8 до 11 август во Струга. Годинава темата е „Бесконечна слобода“. Програмата ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Европска куќа Струга и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, во селекција на Иван Бакрач. „Со цел промоција на македонскиот ...

Легендарниот американски рок бенд „Аеросмит“ објави дека ги откажал сите преостанати датуми на концерти и официјално се повлекуваат од турнејата, бидејќи „не е можно закрепнувањето на пејачот Стивен Тајлер поради повредата на гласните жици“. „Ни беше чест што нашата музика стана дел од вашите животи“, стои во објавата на групата на социјалните мрежи која наликува како проштална изјава. Групата веќе беше на она што беше најавено како нивна ...

Калиопи сношти (2 Aвгуст) одржа фантастичен концерт во Охрид, на Античкиот театар како убава прослава на Илинден. Долги години немаше концерти во Македонија, и точно се виде дека на публиката ѝ фалел нејзиниот моќен глас, енергијата и срцето кое го дава на сцената. „Таа е примадона, ѝ нема рамна“, коментираше еден турист од Србија во публиката. Имаше публика од цела Македонија, од регионот и фанови на Калиопи од странство, кои ја следат од ...

Филмското студио „Јуниверзал“ ги откупи правата за мемоарите на Бритни Спирс, „Жената во мене“ (The Woman in Me”) и ќе снима филм за поп-пејачката. Режисер ќе биде Џон М. Чу, режисер на „Откачени богати Азијци“, а продуцент е Марк Плат, кој беше продуцент и на оскаровецот „Ла ла ленд“. Мемоарите на Спирс излегоа лани во октомври и се продадоа во над 2.5 милиони примероци. Четириeсет и двегодишната Спирс на платформата Икс објави дека е ...

„Вечерен ѕвон“ е насловен вечерашниот концерт (2 Август) на Охридско лето, посветен на 65 години од раѓањето на македонскиот композитор Гоце Коларовски. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во 21 часот. Ќе настапат: Викторија Коларовска-Гмирја, пијанистките Марија Вршкова и Марија Ѓошевска, виолинистот Владимир Костов, флејтистот Страшо Темков, сопранот Гонца Богоморова, како и гудачкиот квартет составен од Ева Богоевска – виолина, ...

Денес (2 Август) во 20:30 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се отвори изложбата „Ретроспектива“ на уметникот Даме Затуровски. Тој ќе се претстави со своето декади долго и плодно творештво со околу седумдесетина дела изработени во пастел и неколку други техники. Неговиот академски реализам е претставен преку мотиви на на мртва природа, пејзажи како и портрети во делата, инспирирани од родната Струга. Затуровски е ...

Кога ќе грмне тапанот на 14-годишната битолчанка Бојана Илиевска, станува јасно дека тапанарството не е само машка професија. Таа беше меѓу петте девојчиња од Школата за традиционални инструменти при Ансамблот за фолклор „Гоце Делчев“ кои свирејќи тапани учествуваа на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола. Младата тапанарка вели дека љубовта кон овој инструмент ја наследила од татко ѝ. „Почнав да тропам на тапани од мојата седма година. ...

Архитектите ги објавија првите снимки од стадионот „Хасан Втори“, кој со своите 115.000 седишта ќе биде најголем фудбалски стадион на светот. Ќе се гради за потребите на Светското фудбалско првенство во 2030 година, чиј домаќин ќе биде и Мароко. Именуван според поранешниот крал на Мароко, стадионот ќе се гради во Бенслимане, околу 40 километри од Казабланка. ФИФА ќе ја одбележи стогодишнината од првото светско првенство со мундијал што ќе се ...

Премиерата на втората сезона на хит-серијата на „Нетфликс“, „Игра на лигни“ (Squid Game), е закажана на 26 декември. Стриминг гигантот ја најави премиерата на долгоочекуваната нова сезона на јужнокорејската акциона драма преку краток трејлер, а во објавата се додава и дека третата и последна сезона ќе излезе во 2025. Во 2022 „Игра на лигни“ испиша историја откако стана прва азиска серија која освоила Еми награди. Глобалната сензација на ...

„Кајмак“ на Милчо Манчевски ја освои наградата за Најдобар филм на Меѓународниот филмски фестивал Фортеца во Црна Гора, кој заврши на 30 јули. За „Кајмак“, чија светска премиера беше пред две години, оваа меѓународна награда е осма по ред досега. Фортеца е мал, но реномиран фестивал кој се одржува во живописниот историски град Пераст, а е содружник со познатиот БаНеФФ од Стокхолм, Шведска каде лани Манчевски ја доби Наградата за достигнувања ...

Поп-пејачката Ивона Јо го промовираше својот втор сингл оваа година, пет месеци откако ја објави песната „Друго“. Таа вели дека песната „Тие очи“ има модерен побрз ритам, соодветен за овие топли денови. „Пресреќна сум што создадовме песна и спот кои се исполнети со брз ритам и убава енергија. Тоа е дефинитивно она што најмногу ни треба во овој период. Ова го правам за мојата душа и за сите вас“, вели Ивона. Текстот на песната го напиша Тамара ...

На Охридско лето вечерва (31 јули) од 21 часот во „Св. Софија“ концерт ќе одржи триото „Халир“ од Чешка. Ова трио е оформено во 2016 со цел да се одржи споменот на ликот и делото на чешкиот виртуозен виолинист Карел Халир (1859-1909). По неочекуваната смрт на водечкиот чешки пијанист Вацлав Маха во 2022, триото „Халир“ сега го сочинуваат Едуардо Гарсија Салас (шпански виолинист кој живее во Прага), словачката виолончелистка Јана Подолска и ...

Полски нуркачи пронајдоа остатоци од брод покрај брегот на Шведска натоварен со над 100 шишиња шампањ и веруваат дека овој ексклузивен товар бил наменет за рускиот цар. Бродот од 19. век носел и порценал и шишиња минерална вода. Остатоците се откриени 60-ина метри под површината на Балтичкото Море, но нуркачите велат дека ќе им треба дозвола од шведските власти за да го извадат товарот надвор. „Речиси целиот брод е таму. Не е уништен многу. ...

Во срцето на планината Бистра, утре (1 август) започнува 5. издание на Галичник филм фестивал, во чија програма ќе бидат прикажани 28 краткометражни играни, документарни и анимирани филмови. Жирито оваа година го сочинуваат актерот Ѓорѓи Јолевски, режисерката Тамара Котевска, филмскиот монтажер Мартин Иванов и кинематограферот Џин Дакар. Покрај филмските проекции, посетителите ќе имаат можност да учествуваат во различни активности, како ...

Четириесет и петтото издание на Скопско лето се затвора вечерва (31 јули) во 20:30 часот во Сули ан со концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ под диригентство на Иван Еминовиќ. Солисти се Симеон Гошев на виолина и Енис Аљи на виолончело. На програмата се дела од Вивалди, Аврамовски, Попер, Зографски и Шуплевски. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 38 години и е основан ...

Можеби не е така позната и атрактивна како Санторини или Мајорка, но угледниот сајт за патувања „Лонли планет“ ја избра Корчула за најдобриот остров во Европа. Најзелениот далматински остров е сместен само три километри од копното, со што разбирливо има голем број посетители во лето. „Со своите лозја, маслинови насади и густи шуми, лесно достапната Корчула е мирно и прекрасно место за посета и надвор од сезона. Добро зачуваните средновековни ...

Српскиот виолинист со светска кариера и миленик на македонската публика Стефан Миленковиќ на 20 септември ќе има концерт во Филхармонијата во Скопје со македонскиот камерен оркестар „Профундис“. На програмата се дела од Чајковски, Паганини, Сен-Санс, Масне, Бацини и Сарасате. Миленковиќ ја почна кариерата на шест години, одржувајќи повеќе од 1,000 концерти пред да наполни 16 години. Неговите виртуозност и длабочина на изведбата го направија ...

Групата „Парусион“ ќе одржи концерт вечерва (30 јули) од 20:30 часот во Куршумли ан,на Скопско лето. Членови на групата се: Михаил Парушев – тапани, Петар Христов – кларинет и саксофон, Ѓоко Грујовски – гитара, Јован Цветковиќ – пијано и Дионис Стратов – бас гитара. „Парусион“ е оформен во 2003 од Михаил Мишко Парушев, кој е композитор и свири на ударни инструменти. Парушев е автор и на солистичкиот албум „Агол“ од 2022 и моментално ...

Под мотото „Кинореалност ’24“, од 1 до 5 август ќе се одржува 19. издание на интернационалниот филмски фестивал Астерфест во Струмица. Отворањето е во 20:30 часот во Амфитеатарот со проекција на годинашниот кански лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ на хрватскиот режисер Небојша Слијепчевиќ, кој освои Златна палма за најдобар краток филм. Годинашниот добитник на наградата „Астер“ е македонскиот режисер и сценарист Антонио Митриќески, ...

На Охридско лето вечерва (29 јули) концерт ќе одржи квинтетот „Адриатико“, од 21 часот во црквата „Св. Софија“. Ансамблот „Квинтето Адриатико“ е нов проект на италијанскиот пијанист Федерико Ловато, хрватската виолончелистка Латица Аниќ и хрватско-македонскиот контрабасист Илин Диме Димовски. Квинтетот е плод на повеќе од 20-годишната соработка на Ловато и Димовски. „Во постојана потрага по нови предизвици и квалитетно заедничко музицирање, ...

Сопранистката Марија Наумовска и пијанистот Андреја Наунов вечерва (29 јули) од 20:30 часот ќе одржат концерт на Скопско лето во Даут пашин амам. На концертот ќе се изведат дела од Штраус. Наунов беше вработен во Националната опера и балет (НОБ) ĸаĸо хорсĸи пејач (2002-2005), а од 2005 работи ĸаĸо пијанист-ĸорепетитор, соработувајќи со голем број диригенти, солисти и режисери. Од 2009 работи и ĸаĸо надворешен соработниĸ на Фаĸултетот за ...

Мајкл Си Хол потврди дека ќе се врати во улогата на Декстер Морган откако беше најавено снимањето на нова серија за омилениот сериски убиец. Како што беше објавено на фестивалот Комик-Кон во Сан Диего, „Декстер: Воскреснување“ ќе биде продолжение на „Декстер: Нова крв“, на чиј крај главниот лик умира, поради што се веруваше дека тоа е дефинитивен крај. Креаторот на серијата Клајд Филипс не откри многу детали од дејството, освен дека Декстер ...

Дубаи планира да претвори 64 километри долга сообраќајница во „најзелениот автопат на светот“, што ќе биде негов одговор на њујоршки Хај лејн. „Зелениот рбет“ ќе го замени патот „Шеик Мохаман бин Заед“, на кој ќе бидат посадени над милион дрвја и ќе бидат изградени пешачки патеки и трамвајски систем на соларна енергија. Целта е да се подобрат урбаниот пејзаж на Дубаи и квалитетот на воздухот, што, пак, би помогнало за разладувањето на градот. ...

Охридско ѓомлезе, комат, питулици, макало, домашна ракија, вино, сирење и кашкавал пробуваа гостите на манифестацијата „Вкусете го Охрид – локално“, која се одржа во центарот на Охрид. За настанот имаше голем интерес од охриѓани, домашните и странските туристи, кои се распрашуваа за потеклото на производите. „Сите специјалитети се приготвени на традиционален начин. И годинава, нашата порака е: ‘Ние сме она што го јадеме‘“, рекоа од ‘Слоу фуд ...

Оскаровецот Роберт Дауни Џуниор се враќа во филмскиот серијал „Одмаздници“, но овојпат како негативецот Виктор вон Дум, попознат како Доктор Дум. Педесет и деветгодишниот Дауни, кој се прослави како Ајрон Мен, ги изненади фановите на фестивалот Комик-Кон во Сан Диего, при што објави дека отсега ќе игра нов лик и ќе носи друга маска. Дауни дебитираше како Ајрон Мен во 2008 и потоа ја повтори оваа улога во уште осум филма на „Марвел“. ...

По петте концерти лани во Филхармонијата и концертот на Хераклеја во Битола на 5 јули, „Нокаут“ сношти одржа концерт во Античкиот театар во Охрид. Специјален гостин беше Дарко Гелев-Брејк. За него, фронтменот на бендот Никола Перевски-Пере претходно рече дека им требале пет години да го убедат пак да запее. Публиката го пречека Брејк со голем аплауз, а тој настапот го почна свирејќи пијано. „Кога ја пишував песната ‘Болиш’ дома, ѝ ја пуштив ...

Откако воведе месечен билет од 49 евра за целиот јавен превоз, Германија сега планира да овозможи неограничено гледање филмови во кино по поволна цена. Проектот наречен Cinfinity треба да почне во октомври низ целата земја, при што за 12,5 евра месечно ќе може да се оди во кино во кое било време. Повеќе од 100 киносали досега се пријавиле за оваа иницијатива. За билетот ќе можат да аплицираат само постари од 18 години. Просечната цена на ...

Кенза Лејли од Мароко е избрана за првата Мис вештачка интелигенција на светот. „Иако јас не чувствувам емоции како луѓето, искрено сум возбудена поради тоа“, изјави Лејли за „Њујорк пост“. Титулата доаѓа со голема награда од 20.000 долари за нејзиниот креатор од Мароко, кој ја оживеа Лејли за Fanvue World AI Creator Awards. Конкурсот беше објавен во април и беа поканети визионери за вештачка интелигенција од целиот свет да ја покажат својата ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1026
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.26
57%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.39
79%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 4ᴼ
0.42
73%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
71%
1025
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
76%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 0ᴼ
2.57
79%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
59%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
5.66
70%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Паладиум

51794.85

Родиум

372948.66

Кобалт

66.14

Платина

68963.35

Злато

166253.76

Сребро

2711.59

Иридиум

231355.22

Бакар

11.73

Рутениум

47358.05

Алуминиум

3.42

Калај

50.64

Цинк

3.24