На 7 август во Културно-информативниот центар (КИЦ) на Македонија во Софија ќе се отвори изложбата „Простори на конјункција – Картографија на фрагментот: Наративи, граници, меморија“ на кураторскит тим од Националната галерија на Македонија Ана Франговска, Горанчо Ѓорѓиевски, Маја Неделкоска-Брзанова и Маја Чанкуловска-Михајловска. „Оваа изложба ја истражува кревката граница меѓу малите приказни од интимниот свет на индивидуата и големите ...

Лејди Гага (фото), Бруно Марс и Кендрик Ламар ги предводат номинациите за овогодинешните Ем-Ти-Ви видео музички награди (ВМА). Сабрина Карпентер и Аријана Гранде се исто така меѓу најноминираните. Бијонсе и Тејлор Свифт, кои се изедначени во најмногу добиени награди, имаат само по една номинација оваа година – и двете во категоријата уметник на годината. Ниедна од нив не издаде албум во изминатата година, но имаа успешни турнеи. Свифт беше ...

Поп-пејачот Александар Тарабунов ќе одржи концерт во Скопје на 10 декември во Филхармонијата. Taрабунов, кој е син на пејачот на народни песни Ванчо Тарабунов и вработен во хорот на Операта, вели дека концертот ќе биде остварување на неговата животна желба. „Ова ми е животна зелба и мислам дека сега е моментот за овој концерт, кој ќе биде почеток на нешто големо во мојата кариера. Ќе има 40 музичари на сцената и аудиовизуелно ќе биде сѐ по ...

Музика од македонскиот диџеј и продуцент Галоски се пушташе на фестивалот „Тумороуленд“, кој секое лето се одржува во Белгија. Ова е еден од најголемите фестивали на електронска музика во светот, познат по уникатна сценографија, на кој доаѓаат десетици илјади луѓе од целиот свет. Песната од Галоски, „Движење“ (Move), се најде во репертоарот на шведското хаус трио „Свидиш хаус мафија“. Галоски е активен на меѓународната сцена повеќе од десет ...

Црногорскиот кантавтор Владо Георгиев ќе одржи концерт во Битола во Хераклеја на 16 август. Koнцертот е насловен „Господски во Хераклеја“, „По шест години повторно ќе имам чест и задоволство да настапам на прекрасната сцена во Хераклеја, место кое зрачи со неопислива енергија и каде што секој пат се чувствувам како да сум во некое друго време. Битола, секако прекрасен град и луѓе, како и цела Македонија воопшто, секогаш го правеле секој ...

Составот „Кафе де Анатолија“ потпиша глобален договор со „Сони мјузик паблишинг“ за нивните музички изданија. „Ова е значаен момент не само за брендот, туку и за целата музичка сцена во Македонија и Источна Европа, поставувајќи нови стандарди за глобален успех“, велат од „Кафе де Анатолија“. „Сони мјузик МЕНА“ ја потврди соработката преку своите официјални канали на социјални медиуми, објавувајќи ја пораката „Добредојдовте дома“. МЕНА ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, освои награда за најдобар анимиран филм на Меѓународниот филмски фестивал во Аријано, Италија. „Филмот успеа да нè маѓепса со своите нескротлива креативност, зачудувачки стил и способност да ги истражува чудата и тајните на вселената. Секој кадар е триумф на имагинацијата – со ликови со чудни сличности и пејзажи исполнети со необични ...

Танцувајќи со македонското знаме, францускиот диџеј и продуцент Хугел сношти (4 август) настапи со својот голем хит „Те обожавам“ (I Adore You) во Охрид на стадионот „Билјанини извори“. Она што беше најубаво на настапот на Хугел е неговата близина и поврзаност со публиката, која среќна танцуваше околу него и се сликаше со него. „Многу се радувам што се вратив во Македонија“, рече диџејот, кој гостуваше во Охрид и пред неколку години. Она што ...

Музичка еуфорија приреди кралот на електронската и транс музика Армин ван Бурен на синоќешниот настап на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. По неговите минатонеделни гостувања на Ибица, тој допатува во Битола, каде што успеа да собере над 10.000 публика од Македонија и поширокиот регион. Тие имаа несекојдневна можност околу два часа да уживаат во неговите споеви на најпопуларните транс траки, а настанот со други гости траеше и подолго. ...

Забавен, духовит и непосреден со публиката, Сергеј Ќетковиќ одржа уште еден одличен концерт во Македонија, во Античкиот театар во Охрид сношти (3 август), по двата во Скопје во Филхармонијата во јуни. Го следеа бенд и Битолскиот камерен оркестар, со кој диригираше Владимир Димовски. Пријателството и соработката на црногорскиот кантавтор со диригентот и оркестарот трае неколку години, откако заедно настапија во Битола на настанот „Поп ...

Џон Красински ќе биде режисер, сценарист и продуцент и на третиот дел од филмот „Тивко место“. Премиерата е закажана на 9 јули 2027 во киносалите, соопшти „Парамаунт“. Првиот филм, кој излезе во 2018, постигна голем успех на киноблагајните, заработувајќи околу 341 милион долари низ целиот свет со буџет од само 17 милиони долари. Исто така, го етаблираше Красински, кој глумеше заедно со неговата сопруга Емили Блант во постапокалиптичниот ...

Поминаа повеќе од две децении откако комедијата „Откачениот петок“ за размена на тела, која ги доловуваше сложените односи мајка-ќерка, стана светски хит. Сега во „Почуден петок“ Џејми Ли Кертис и Линдзи Лохан повторно се среќаваат во продолжение кое ги истражува истите теми од многу различна фаза од животот. Филмот продолжува со ликот на Лохан, Ана, која има своја ќерка. Семејната динамика станува уште почудна бидејќи има четирикратна ...

Американската аренби ѕвезда Џејсон Деруло приреди светско шоу сношти (2 август) во Охрид, на стадионот „Билјанини извори“. Со екипа професионални танчари и богати сценски ефекти, Деруло ги испеа своите најголеми хитови со милионски прегледи на музичките платформи и на социјалните мрежи. „Можевте да бидете било каде вечерва, но вие одбравте да сте тука со нас. Најдобрата забава на светот е сега и овде, во Македонија“, ѝ рече Деруло на ...

Серијата „И едноставно така“ (And Just Like That), продолжението на хит-серијата од 1990-тите „Сексот и градот“ ќе заврши после третата сезона, објави „Ејч-Би-О“. Продуцентот Мајкл Патрик Кинг на Инстаграм објави дека додека ја пишувал последната епизода, сфатил дека тоа е совршен момент да заврши серијата. Именувана по препознатливата фраза на нејзината хероина Кери Бредшо, комедијата-драма ги следи животите на три од четирите оригинални ...

Се радувам што моите песни им помогнале на луѓето да ги пребродат најтешките моменти или да се радуваат со нив, вели американската аренби ѕвезда Џејсон Деруло, кој на 2 август ќе одржи концерт во Охрид на стадионот „Билјанини извори“. „Најблагодарен сум што сум мал дел од животите на луѓето. Фановите ми пишуваат дека моја песна им помогнала полесно да го поминат раскинувањето или дека ја запросиле својата девојка со ‘Омажи се за мене‘ (Mаrry ...

Сакам да ја видам цела Македонија на моето шоу на 3 август во Охрид, порача францускиот диџеј Хугeл, кој ќе има настап на стадионот „Билјанини извори“. „На 3 август ќе се вратам во Македонија за големо шоу. Македонија ја носам во срцето и навистина сакам да ве видам сите на мојот настап“, кажа Хугел во видеопораката, која ја објави продукцијата „Прагма“ на нивниот инстаграм профил. Од продукцијата велат дека тимот на Хугел побарал тој да ги ...

„Силви бенд“ прослави 35 години на сцената со концерт во Античкиот театар во Охрид сношти (31 јули). Вечерта почна со песната „Летни гулабе од Охрид“ и балетска точка, по која Силвана Мучиќ-Плевнеш пушти гулаб да одлета од сцената. Концертот беше сеќавање на сите песни на дуото, кое публиката го засака во емисијата „Оваа сабота“ на МТВ во 1990-тите, кое почнуваше со нивната песна „Македоламбада“. „Уредник на таа емисија беше Димитар Масевски, ...

Денеска и утре (1 и 2 август), на Споменикот на слободата во Кочани ќе се одржи хуманитарниот фестивал „Расплет“, кој го организираат млади кочанчани заедно со локалниот бенд „Корка“ (фото). „Главна цел на настанот е да подигнеме свест дека донациите не треба да се намалат и се потребни исто како во првите денови на формирањето на ‘Супорт Кочани‘. Донациите стивнуваат. Ние сме овде да ве потсетиме дека донациите не смеат да запрат, бидејќи им ...

Сергеј Ќетковиќ во придружба на Битолскиот камерен оркестар ќе одржи концерт во Охрид на 3 август во Античкиот театар. Од oркестарот велат дека ова не им е прва соработка со црногорскиот кантавтор, кој претходно има настапувано со нив во Битола. Овојпат, тоа ќе биде во едно од највпечатливите места во Македонија, Античкиот театар во Охрид, За нас како оркестар, ваквите проекти се посебно доживување. Да се спојат топлината и романтиката на ...

Кантавторот Борис Цветановски познат како Рис Флауер по две години сними нова песна насловена „Сомот“ (Velvet), која му ја посвети на гитаристот Кристијан Волчев, кој почина неодамна. Цветановски е од Скопје, а последниве две години живее и работи во Ротердам, Холандија. Тој беше еден од финалистите на македонскиот избор за Песна на Евровизија во 2022, кога победи Андреа Коевска. Вели дека новата песна е најава за новиот албум, „Циклус“, кој ...

Хит-серијата „Венздеј“ на „Нетфликс“ го проширува светот на семејството Адамс, враќајќи се на екраните речиси три години по премиерата во ноември 2022. Втората сезона имаше светска премиера во лондонски Вестминстер, при што актерите и креаторите шетаа по виолетов тепих пред Централната сала и Центарот на кралицата Елизабета Втора. Во новата сезона, Венздеј Адамс, која ја игра Џена Ортега, се враќа во академијата „Невермор“ како херој, на ...

Поради најавите за лоши временски услови, концертот на гитаристот Дамјан Пејчиноски вечерва (31 јули) ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид од 21 часот, место во предворјето на црквата „Света Софија“, како што беше најавено. Концертот на охридскиот гитарист е во рамките на музичкиот дел од програмата на Охридско лето. Пејчиноски ќе настапи заедно со Дејан Милосављевиќ на ударни инструменти, Зоран Јасгоридовски на ...

Спектакуларен концерт синоќа во Хераклеја одржаа Битолскиот камерен оркестар „IWConnect“ и гостинките, светски познатата виолончелистка Ана Руцнер од Хрватска (фото), оперската певица од Косово Зана Абази-Рамадани и македонските оперски пејачки Виолета Арсовска, сопран со богата музичка кариера и Јаворка Витанова, млада оперска дива. На концертот „Цветна симфонија“ Хераклеја беше преполна до последно место, а гостите од Македонија и странство ...

Дуото „Силви бенд“ ќе прослави 35 години на сцената со концерт во Охрид денеска (31 јули) во Античкиот театар од 21 часот. Силвана Мучиќ-Плевнеш и Влатко Плевнеш најавуваат концерт со нивни популарни песни, а ќе ги придружува симфониски оркестар. „Сакавме јубилејот да го прославиме токму овде, во мојот роден град, недалеку од семејната куќа каде што го поминуваме секое лето. Многу ми е драго што ќе настапиме со симфониски оркестар, со ...

Националниот џез оркестар ќе настапи на фестивалот Сплитско лето денеска (30 јули), на плоштадот Перистил, во организација на Хрватскиот народен театар. „Овој концерт ја отвора новата сезона на интернационални гостувања, со кои оркестарот ја зацврстува својата позиција на меѓународната музичка сцена“, велат од НЏО. За публиката во Сплит е подготвена уникатна програма што го поврзува современиот џез со традиционалното португалско фадо. Ќе ...

Хрватската поп-пејачка Јелена Розга до последно место го наполни Античкиот театар во Охрид на нејзиниот прв концерт во овој простор. Енергична и весела на сцената, Розга настапи со нејзиниот бенд и камерен симфониски состав со музичари од Македонија и Хрватска. Публиката на нозе ја дочека сплитската ѕвезда, која е поранешна пејачка на групата „Магазин“ и пееше со неа во текот на целиот концерт. Неколку деца се качија на сцената со подароци за ...

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ денеска (30 јули) ќе има концерт во Сули ан од 20:30 часот и со тоа свечено ќе биде затворено 46. издание на Скопско лето. Диригент е Иван Еминовиќ, а на програмата се „Четири годишни времиња“ од Вивалди и „Четири годишни времиња“ од Пјацола. Камерниот оркестар „Саша Николовски-Ѓумар“ е основан пред повеќе од 35 години, како прв сегмент на Летниот музички камп на ...

„Дизни“ го објави првиот трејлер за третиот дел на „Аватар“, насловен „Fire & Ash“, кој доаѓа во кината на 19 декември. Времетраењето на филмот не е објавено, но режисерот Џејмс Камерон претходно кажа дека ќе биде подолг од „Патот на водата“, кој трае три часа и 12 минути. Трејлерот ги враќа фановите во Пандора и претстави две нови племиња, Винд Трејдерс и народот Еш. „Аватар“, објавен во 2009, останува филм со најголема заработка во ...

Вечерва (29 јули) од 21 часот, во дворот на Европска куќа Велес, поранешниот двор на киното „11 Октомври“, ќе се прикаже холандскиот игран филм „Џипи повеќе го нема“ (Jippie No More). Филмот снимен во 2023 е искрена и топла семејна приказна со доза на хумор. Европската куќа Велес ова лето продолжува со прикажување европски филмови под отворено небо. Во ноември лани, на истото место се одржа настанот „Велес на филм“, кој го реализираа Европска ...

На 25 септември, во Националната опера и балет (НОБ) ќе се одржи изборот на Мис на Македонија за Мис на светот. Пет девојки ќе ја претставуваат Македонија на светски избори за убавина, а победничката оди на Мис на светот за 2026. Организаторите на светскиот избор за убавина уште не го објавија местото каде што ќе се одржи натпреварот. „Наместо една, ќе бидат избрани пет победнички кои ќе ја претставуваат Македонија на пет различни ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54