Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш ја спореди ситуацијата во која се наоѓаат Палестинците од 7 октомври со „пекол кој секој ден е се полош“, пренесува Н1. Гутереш се осврна на влошената ситуација на Палестинците во Газа на состанокот на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА). Тој рече дека на министрите за надворешни работи на земјите членки им ја објаснил ситуацијата ...

Министерството за образование и наука (МОН) вчеравечер ги објави резултатите од Конкурсот за сместување студенти (бруцоши) во студентски домови во академската 2024/2025 година. Листите со примени студенти во студентските домови може да се најдат на следниов ЛИНК. Приговор по однос на резултатите, студентите може да поднесе директно во домот каде што аплицирал за сместување, во рок од 5 дена од објавата на резултатите. Конкурсот беше објавен ...

Лекарската комора на нивната веб-страница, со одлука на Извршниот одбор, објави информација за доктори кои се носители на важечки лиценци за работа, со цел, како што велат, да се подобри транспарентноста во работењето и безбедноста на пациентите. Листата содржи информации за име и презиме на докторите, нивната специјалност, бројот на лиценца и датумот на важност. Таа е јавно достапна и сите заинтересиран правни и физички лица може да проверат ...

Првиот прототип на сувенир изработен од биоотпад денеска беше претставен од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Град Скоје во седиштето на УНДП. На него е прикажан часовникот на старата железничка станица, чии стрелки се застанати во 5 часот и 17 минути означувајќи го катастрофалниот земјотрес во Скопје од 26 јули 1963. „Овој часовник потоа стана препознатлив и како симбол на обновата на градот и светската солидарност“, велат ...

Здружението „Икуалити“ вчеравечер во Музејот на современата уметност во Скопје организираше ZEN Инклузивно Soirée со модна ревија на која 31 лице со уникатни способности продефилира во колекција гардероба адаптирана за нивните специфични потреби. На ревијата беа промовирани панталони, кошули, маици, фустани и јакни со модерни дезени и дизајни креирани да придонесат за поголема независност и поквалитетен живот за лицата со попреченост, пишува ...

Руската Дума со големо мнозинство го одобри нацрт-законот со кој се забранува посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е легална, пренесува Данас. Предлог-законот мора да помине уште две читања во Думата пред да биде испратен до Горниот дом, а потоа до претседателот Владимир Путин за негов потпис. Претседателот на Думата, Вјачеслав Володин, рече дека законот има за цел „да ги заштити детските и традиционалните ...

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје и Општина Центар утре (петок) повторно одганизираат вело-бус низ Дебар Маало. „Децата, заедно со возрасните, ќе возат низ населбата, ќе се чекаат на 5 вело-бус постојки низ населбата и заедно, безбедно, ќе стигнат до градинката 13 Ноември и основното училиште ‘Коле Неделковски’“, велат од „Гоу Грин“. Од таму нагласуваат дека по четирите успешни возења на вело-бусот ...

Основниот граѓански суд Скопје, претставуван од судијата Јованка Спировска Панева, го одби барањето за повторување на постапката за надомест на нематеријална штета поднесено од тужителот Горан Трпеновски, информира Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). „Образложението на судот во пресудата е неприфатливо, бидејќи се оспорува својството на новинарите кои работат или работеле во онлајн медиуми имплицирајќи дека тие не се новинари. Во ...

Светскиот натпревар во хип хоп и стрит денс шоу во организаија на клубот „Брејк а лег“ ќе се одржи од 9 до 17 октомври во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Скопје ќе биде домакин на 5 илјади танчери кои доаѓаат од 35 држави и 5 различни континенти. Најавени се натпреварувања во повеќе возрасни категории. „Очекуваниот број на публика од петнаесет илјади присутни, говори дека Скопје во текот на тие десет дена ќе биде навистина раздвижено, ...

Кратка панел дискусија за еко активизмот и учеството на средношколците во еко акции и истражувања ќе се одржи во петок, 27 септември со почеток од 10 часот во Клубот на новинари во Скопје. „Доколку сте професор, ученик, граѓански активист, претставник на граѓанска организација, средно училиште или едноставно сакате да дознате нешто повеќе за граѓанската наука, нејзината важност, како и организациите кои спроведуваат вакви проектите и ...

И после неполн месец од почетокот на школската година, некои деца со атипичен развој се’ уште немаат добиено образовен асистент. Сега и вториот оглас се пролонгираше, што значи дека десетици ученици се’ уште се исклучени од образовниот процес и остануваат дома, бидејќи дел од основните школи немаат капацитет паралелно да спроведуваат едукација и инклузија. Родители што се обратија до Радио МОФ се жалат дека нивни деца не се примаат во ...

Пишува: Ангела Петкова „Немој да се жалиш ќе ни направиш проблем“; „Ти ќе страдаш, тие секогаш се во право“; „Абе се крева ли револуција сам? Нема да те поддржи никој“; „Правно се заштитени тие“, „Супер е што го имаш тој порив, само не во овој систем“, „Ти не знаеш кај живееш?“… Ова се коментари кои ќе ги добиете од колеги, пријатели, професори и родители доколку им кажете дека сакате да поднесете жалба против сторена неправда во било која ...

Израелските напади продолжија низ појасот Газа, а според Министерството за здравство, утрово се убиени 23 Палестинци, пренесува Ал Џазира Балканс. Цел на израелската авијација бил бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Газа. Мета на израелски беспилотни летала беше и бегалскиот камп Буреиџ. Била погодена цивилна зграда, при што загинале шест членови од исто семејство. Од почетокот на израелскиот геноцид во Газа, речиси 42.000 ...

И после неполн месец од почетокот на школската година, некои деца со атипичен развој се’ уште немаат добиено образовен асистент. Сега и вториот оглас се пролонгираше, што значи дека десетици ученици се’ уште се исклучени од образовниот процес и остануваат дома, бидејќи дел од основните школи немаат капацитет паралелно да спроведуваат едукација и инклузија. Родители што се обратија до Радио МОФ се жалат дека нивни деца не се примаат во ...

Граѓанската организација „Младите можат“, во рамки на кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“, објави повик преку кој ги повикува сите средни училишта да аплицираат и да станат дел од програмата за подобро ментално здравје. Таа вклучува целогодишен процес на активности со учениците, како и обуки за наставниот кадар, стручните служби и раководството, при тоа опфаќајќи теми како булинг, ефективна комуникација, меѓуврсничко насилство, ...

Со свечена церемонија за доделување медали вчера во Охрид беше заокружено 31. издание на Балканската олимпијада по информатика (БОИ), во организација на Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ). Добитник на највисокиот златен медал и освоено прво место е Даниел Којнов од Бугарија, додека златни медали освоија и Милош Милутиновиќ од Србија и Борис Михов и Андреј Стефанов од Бугарија. На овогодинешната Балканска олимпијада по ...

Од денеска па се до 30 септември во Крушево ќе се одржи 22. Меѓународна младинска конференција насловена „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“ во организација на Младински Сојуз. На конференцијата ќе присуствуваат повеќе од 100 активни млади лидери од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Италија, Романија, Србија, Словенија, Германија и Франција. „Овој настан се ...

Долгометражниот документарен филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов ќе има интернационална премиера во рамките на 13. Фестивал за филм и архитектура во Прага. Проекцијата е закажана за 29 септември, со почеток од 14:30 часот во Националната галерија во Прага, соопшти „Скопје филм студио“. По проекцијата е најавено предавање од кураторите на изложбата „Ниедно чувствo не е конечно: Колекција на солидарноста во Скопје”, реализирана во ...

Следниот месец Албанија ќе го отвори првиот кластер во пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ), јавува Радио Слободна Европа (РСЕ). Оваа одлука сега резултира со неформално одвојување на Албанија од Македонија, бидејќи Бугарија сè уште не ѝ дозволува напредок во пристапните преговори со ЕУ. Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ се договорија на следната меѓувладина конференција, на 15 октомври, Албанија да отвори пет поглавја од првиот ...

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, во своето обраќање на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации изјави дека светот не може да си дозволи Либан да стане уште една Газа, пишува „Анадолу“. „Народот на Либан, како и народот на Израел и луѓето во светот, не можат да си дозволат Либан да стане уште една Газа“, рече Гутереш. Тој повика на итен прекин на непријателствата и ги повика сите страни да ...

Запознајте го Алшар – првиот хуманоиден робот ди-џеј во Македонија. Алшар кој претставува спој на вештачката интелигенција и мехатрониката, неодамна го имаше првиот настап во клубот Ребел во Охрид. Хуманоидниот робот ди-џеј беше промовиран на Денот на независнота на Македонија, каде домашна и странска публика имаше можност да го просведочи перформаност. Покрај Ребел, тој бил промовиран и на смотрата за електронска музика во Битола, а веќе има ...

По иницијатива на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за злоупотреба на службена положба Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје отпочна постапка против поранешниот организациски директор на Клиниката за токсикологија. „Основното јавно обвинителство Скопје, по поднесената иницијатива од страна на ДКСК за кривично гонење, ја прифати иницијативата, оформи предмет и отпочна постапка по обвинителен предлог против ...

Министерот за надворешни работи на Либан, Абдула Бу Хабиб, објави дека бројот на внатрешно раселените лица се приближува до половина милион поради тековните израелски напади, што укажува на значително зголемување на кризата со раселувањето во земјата, пишува „Анадолу“. „Бројот на внатрешно раселени лица во Либан се зголемил за речиси 500.000 поради израелската воена офанзива“, истакна Бу Хабиб на настан организиран од Фондацијата Карнеги на ...

Кинематограферот Бруно Делбонел вчера (24 септември) одржа мастер-чет во склоп на 45 издание на ИФФК „Браќа Манаки“. „Кога го снимавме филмот „Амели“, во тоа време не мислев дека правам нешто посебно, немав такво чувство. Не ме водеше мисла ‘Е сега ќе направам нешто извонредно’. Но, сепак бев среќен во тоа време кога го снимивме филмот“, истакна Делбонел во преполната сала на киното Манаки во Битола. Делбонел, на почетокот од мастер-чатот за ...

Во петок и сабота на 27 и 28 септември на плоштадот Коцка и во домот на култура „Димитар Влахов“ во Автокоманда ќе се одржи третиот по ред фестивал за урбана и алтернативна култура „Гази Баба Хип хоп фест“. Како и во изминатите години, концептот на фестивалот е славење на сите форми на оваа култура, поради што освен рап концерт во програмата се вклучени и две работилници со Кацар и Tonyo San, промоција на интернационалното академско списание ...

Голема меѓународна студија за однесувањето на децата на училишна возраст покажа дека во просек 11% од испитаниците ги користеле социјалните мрежи на проблематичен начин во 2022 година, а 7% во 2018 година, пренесува Ал Џазира Балканс. Истражувањето сугерира дека од пандемијата има нагло зголемување на она што го нарекува „проблематично“ користење на социјалните медиуми кај младите. Истражувачите од европскиот огранок на Светската здравствена ...

Промоцијата на стихозбирката „Модра мрежа“ од Марина Икономова Шокева, издание на ПНВ Публикации, ќе се одржи в петок, 27 септември, од 19:30 часот во кафе-книжарницата „Буква“. „’Модра мрежа’ е интроспекција на душевните доживувања пренесени преку два спротивставени поетски јазика, натурална наспрема урбана поезија, метафорите наспрема директните поетски слики од секојдневното живеење“, истакнува Снежана Стојчевска која е промотор на ...

Вчера започна 14. меѓународна школа „AI IN ACTION: Companies Co-creating the Future“ на Економскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје која до 27 септември ќе обединува 40 студенти и повеќе од 10 компании. „Во овој период младите, поддржани од професори и експерти, работат на решенија на реални проблеми со кои се соочуваат компаниите користејќи вештачка интелигенција“, се вели со соопштението. Учесниците низ работилници ...

Загадувањето со сулфур диоксид, прашина и азотни оксиди од термоелектраните на јаглен на Западниот Балкан продолжило и во 2023 година, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од објавен од Bankwatch. Во 2023 година, шест години откако правилата за контрола на загадувањето влегоа во сила преку Спогодбата за Енергетската заедница, загадувањето со сулфур диоксид од термоелектричните централи што користат јаглен, во Босна и ...

Платформата Телеграм соопшти дека ќе ги споделува ИП-адресите и телефонските броеви на корисниците на властите доколку имаат валидни правни барања, што означува голем пресврт на политиката за компанијата, јавува Евроњуз. Одлуката на компанијата, која со години одбиваше да ја контролира платформата, доаѓа откако нејзиниот извршен директор и ко-основач Павел Дуров беше уапсен во Франција во август поради неуспех да управува со екстремистичка ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
67%
1015
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
37%
1017
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
39%
1020
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
54%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
2.48
61%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
38%
1020
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
6.71
69%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
55%
1012
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
51%
1014
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
56%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
28%
1017
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
75%
1016
Currency

61.645

Currency

52.4687

Currency

70.884

Currency

37.5414

Currency

38.4236

Currency

67.2068

Currency

7.6959

Currency

0.69846

Currency

0.32902

Currency

0.52513

Currency

1.16927

Currency

0.56091

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Рутениум

53788.20

Бакар

12.18

Злато

153002.26

Платина

66584.20

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.62

Паладиум

50026.56

Калај

51.07

Сребро

2508.22

Родиум

326330.08