Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Скопскиот аеродром опслужи најголем број патници во текот на првиот квартал, при што секој месец регистрира раст од над 30%. Само во март, аеродромот пречека вкупно 285.491 патници низ своите врати, што претставува зголемување од 36,7% во споредба со минатата година со 1.944 летови (пристигнувања и заминувања), што е зголемување од 6,9%. Во периодот јануари-март, во Скопскиот аеродром беа превезени 796.513 патници, што е зголемување од 33,7% ...
Најмалку пет лица загинаа во пад на мал авион во американската сојузна држава Тексас, соопштија локалните власти, додека истрагата за причините за несреќата е во тек, пренесуваат американски медиуми. Според првичните информации, авионот се урнал во близина на населено место во Тексас, а спасувачките екипи по пристигнувањето констатирале дека дел од патниците го загубиле животот, додека за останатите се уште се утврдува состојбата. Локалните ...
Се појавуваат нови сигнали за можен напредок во преговорите меѓу САД и Иран, но спорот околу клучните услови сè уште претставува сериозна пречка што може да доведе до нивен целосен неуспех, пренесуваат меѓународни медиуми. Според дипломатски извори, двете страни покажуваат подготвеност за продолжување на разговорите, особено по периодот на засилени тензии и воени закани. Сепак, главниот проблем останува прашањето за нуклеарната програма на ...
Викендот во Македонија ќе биде посвеж од вообичаено за почетокот на мај, со ниски утрински температури, северен ветер и услови за локален дожд во сабота. Недела ќе биде постабилна, со повеќе сонце, но утрата ќе останат студени, особено во Пелагонија, источните делови и повисоките места. Според УХМР, до недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен до ...
СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, тројца општински службеници и инвеститор, поради случај во кој, според полицијата, под формата на реконструкција била одобрена изградба на нов објект на локација каде што според деталниот урбанистички план воопшто не била предвидена градба. Кривичната пријава се однесува на К.К. на возраст од 36 ...
Министерството за внатрешни работи информира дека при регистрација на возило, во станиците за технички преглед или во управните служби, сопственикот ќе треба да остави број на мобилен телефон и електронска адреса. Потоа на двата канали ќе добие порака со код за верификација, со кој се потврдува дека внесените податоци навистина му припаѓаат нему. Сопствениците на возила при регистрација ќе добиваат код за верификација на мобилен телефон и ...
ВЛЕН ја обвини ДУИ дека го брани стариот договор за изградба на 400-киловолтната интерконекција со Албанија не поради јавниот интерес, туку поради, како што тврдат од партијата, приватни интереси и сомнителни врски со фирми блиски до поранешни функционери од врвот на ДУИ. Реакцијата доаѓа по раскинувањето на договорот со „Енергоинвест“ од Сараево, кој беше ангажиран за изградба на далноводот од ТС Битола 2 до македонско-албанската граница. Од ...
Американски научник осуден за лажење на американските власти за плаќања од Кина додека бил на Универзитетот Харвард, ја обновил својата истражувачка лабораторија во Шенжен за да се занимава со технологија што кинеската влада ја идентификувала како национален приоритет: вградување електроника во човечкиот мозок, пишува Ројтерс. Чарлс Либер, 67, е меѓу водечките светски истражувачи во интерфејсите мозок-компјутер. Технологијата покажа ветување ...
Продолжениот првомајски викенд го зголеми притисокот на граничните премини, особено кон Грција, каде што преку „Богородица“ во изминатите 24 часа поминале околу 19.000 патници, покажуваат информациите од Министерството за внатрешни работи. До 10 часот утринава на овој граничен премин биле регистрирани околу 3.000 македонски државјани кои излегле од земјата, додека останатите околу 11.000 патници биле странски државјани. Бројките покажуваат ...
Турската полиција приведе неколку десетици демонстранти собрани за да го одбележат Први Мај во Истанбул. Две групи беа цел на напади во различни области од европскиот дел на градот откако ја објавија својата намера да маршираат до иконскиот плоштад Таксим, симбол на протестите во Турција, кои беа целосно блокирани преку ноќ. Локалните медиуми, вклучително и опозициската веб-страница Бир Гун, објавија најмалку 57 апсења, објави АФП. Покрај ...
Можеби ќе има, можеби нема да има избори на лето. Утре нема да имаме избори, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на провладиниот телевизиски канал „Пинк“ и објасни: Тој рече дека изборите ќе бидат или на 12 јули или во периодот од октомври до крајот на ноември. Според него, оние што имаат мал процент поддршка секогаш сакаат избори. „Ќе се водиме од државните интереси“, рече тој и додаде дека не знае каква ќе биде ситуацијата за еден ...
Цеков, во телефонски разговор за Инфомакс, остро реагираше за економските ветувања дадени во кампањата, положбата на работниците, минималната плата, поддршката за земјоделците и одговорноста на институциите во случајот со Артан Груби. Тој оцени дека моменталната плата во Македонија не обезбедува достоинствен живот за работниците и побара отворање јавна дебата за минималната плата. „Во кампањата ветувавме сè и сешто, посебно за работниците. ...
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање на Блерим Беџети за употребата на албанскиот јазик, во Собранието изјави дека „луѓето во 21 век на Марс се качија“, додека ја обвинуваше ДУИ дека отвора етнички теми за политички поени. Изјавата брзо се издвои од политичкиот контекст, бидејќи досега ниту една човечка мисија не слетала на Марс. Мицкоски во одговорот рече дека нема ништо против употребата на албанскиот јазик и ...
Компанијата Мета влегува во еден од најамбициозните енергетски проекти во технолошката индустрија: производство на соларна енергија во вселената, која потоа би се пренесувала назад на Земјата за потребите на дата-центрите и инфраструктурата за вештачка интелигенција. Проектот се реализира преку партнерство со американскиот стартап Overview Energy, кој развива систем за собирање сончева енергија во орбита. Според договорот, Мета ќе добие ран ...
Канадските власти не им дозволија влез на дел од раководството на Иранската фудбалска федерација, непосредно пред Конгресот на ФИФА во Ванкувер, што отвори ново политичко прашање околу настапот на Иран на Светското првенство во 2026 година. Меѓу функционерите што не влегоа во Канада е претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ. Според иранските извештаи, тој и уште двајца претставници пристигнале на аеродромот „Пирсон“ во ...
Карлос Алкараз нема да ја брани титулата на Ролан Гарос и ќе го пропушти и мастерсот во Рим, поради повреда на зглобот што го прекина неговиот настап во сезоната на земјена подлога. Шпанецот ќе загуби 3.000 АТП-поени, но за неговата кариера многу поважно прашање е дали повредата може да стане долгорочен проблем. Алкараз се повреди на турнирот во Барселона, по што дополнителните прегледи покажале дека проблемот е посериозен од првичните ...
Меѓународен тим научници предводен од професорот Гарик Ален од Универзитетот во Глазгов успеа да реконструира 42 изгубени страници од еден од најважните рани ракописи на Новиот завет, познат како Codex H. Станува збор за грчки ракопис од шестиот век со Посланијата на свети апостол Павле, чија историја води до манастирот Велика Лавра на Света Гора. Откритието не значи дека е пронајдена „нова Библија“ или непозната верзија што го менува ...
Сојузот на синдикатите на Македонија го одржа традиционалниот првомајски протест со неколку илјадно членство кое маршираше од седиштето на ССМ, преку Собранието до Владата. На почетокот на протестот се обрати претседателот на ССМ Слободан Трендафилов кој рече дека денеска работниците избраа да бидат тука. „Денеска кога ќе се движиме до Владата, ќе ги видиме на лицата на нашите граѓани како гледаат од прозорците и балконите и ќе чекаат некој ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во пораката по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, отвори прашања за состојбата со работничките права, социјалната правда и вистинската положба на работниците во земјата. Во честитката, таа порача дека Денот на трудот не е само празник, туку момент за соочување со прашањето дали трудот во Македонија е доволно ценет и дали работниците навистина ги уживаат економските и социјалните права што им ...
Кога немал доволно пари за класична куќа, маж кој сакал да се тргне од брзото градско секојдневие се решил за поинакво решение: купил транспортен контејнер, го поставил на свој плац и од него направил мал, функционален дом во природа. Станува збор за бродски контејнер долг 12 метри и висок околу три метри, од типот „high cube“, какви што вообичаено се користат за транспорт на стока. Контејнерот го платил околу 5.500 евра, но тоа била само ...
Шест лица се извлечени од патничко возило што излетало од автопатот Скопје–Велес, кај месноста „Манастири“. Возачот и сопатниците биле пренесени во Ургентниот центар во Велес, каде што им била укажана медицинска помош, а според информациите на МВР, тие се надвор од животна опасност. Случајот бил пријавен во Дежурната служба на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи. На местото веднаш ...
Европската комисија ги суспендираше сите исплати кон Србија во рамките на Планот за раст поради застој во судските реформи, објави еврокомесарката за проширување Марта Кос. „Засега ги суспендиравме сите исплати во рамките на Планот за раст бидејќи земјата повторно регресира во областа на правдата. Додека ова не се исправи, нема да може да добие финансиска поддршка од Европската Унија“, рече Кос, критикувајќи ја состојбата на владеењето на ...
Воените трошоци на Турција во 2025 година достигнаа 30 милијарди долари, што е зголемување од 7,2% во однос на 2024 година и 94% во однос на 2016 година, според извештајот на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI). Земјата останува на 18-то место во светот и учествува со околу 1% во глобалните воени трошоци. Воените трошоци се 1,9% од БДП, што е малку намалување од 2% во 2016 година. Специјалниот фонд за ...
Така наречена „Платформата” или ДОС, сеедно, имаше неславен старт во јавност. Не успеа се прослави со првото свое мистериозно појавување во брифинг за една национална телевизија, во кој не се потпишаа кои се и во кое тврдеа дека не се занимаваат со СДСМ, а две третини од содржината на тој брифинг се однесуваше токму на СДСМ. Не кажаа ниту збор за катастрофалните потези и неуспеси на власта. Затоа, прашуваме – Кому служи “Платформа” и зошто не ...
Македонската фудбалска репрезентација доби нов дрес изработен од „Адидас“, со што националниот тим официјално влегува во нова етапа на спортска опрема по завршувањето на договорот со досегашниот снабдувач „Јако“. Фудбалската федерација на Македонија го претстави новиот дизајн на дресот, изработен во рамки на програмата UEFA Kit Assistance Scheme. Од Федерацијата наведуваат дека дресот е персонализиран за македонскиот национален тим, во ...
Цената на нафтата на светските берзи повторно скокна на највисоко ниво од 2022 година, откако се појавија информации дека американската војска подготвила нови опции за можни удари врз Иран, во момент кога Ормускиот Теснец останува практично затворен, а мировните преговори се во застој. Нафтата од типот „брент“ во еден момент надмина 126 долари за барел, пред подоцна да се повлече кон околу 114 долари. Американската ВТИ нафта исто така скокна, ...
По хит-романите за Тито и Сирма, авторот на бестселери Зоран Спасов Ѕоф деновиве ја промовираше својата нова книга – „Гоце Делчев: Љубов и смрт“. Оваа историска фикција, во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ексклузивно беше претставена на 23 април, на Саемот на книгата. На преполниот штанд на „Арс Ламина“, авторот истакна дека „да се пишува за Гоце Делчев е предизвик, храброст и одговорност“. „Гоце Делчев: Љубов и смрт“ е ...
Има 287 номинирани за Нобеловата награда за мир за 2026 година, изјави во понеделник секретарот на Норвешкиот Нобелов комитет. Претседателот на САД, Доналд Трамп, веројатно ќе биде меѓу номинираните, објави Ројтерс. Од номинираните оваа година, 208 се поединци, а 79 се организации, рече Кристијан Берг Харпвикен, додавајќи дека имало многу нови номинирани во споредба со минатата година. „Бидејќи сум нов на позицијата, едно од нештата што ме ...
Пред две години, се појави кратка вест за бомбардерот од следната генерација на Народна Република Кина (НРК), Сиан Х-20. „По официјалната потврда по осумгодишна пауза [на какви било ажурирања на програмата], заменик-командантот на воздухопловните сили издаде „спојлер“ за Х-20: речиси е тука, само почекајте.“ Оттогаш не е кажано многу за програмата, што доведе до прашања за вистинската состојба на планирањето на производството на овој авион и ...
Агенцијата БГНЕС во фокус на Бугарија ја стави темата „самоубиствата“ на желките на островот Голем Град во Преспа со пренесување на анализа на Ксавиер Боне, директор за истражување на биологијата и екологијата на влекачите на Универзитетот во Ла Рошел во Франција. Големите животински популации што живеат во поволна, стабилна и заштитена средина немаат причина да изумрат. Освен ако катастрофа, како што е разорен пожар, уништување на ...