Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Загреб под удар на невреме за неколку часа се соочи со силен ветер, град, обилен дожд, паднати дрвја, прекини во сообраќајот и снег на Сљеме, откако студената и нестабилна фронта што претходно ги зафати северните делови на Хрватска околу пладне стигна и до главниот град. Според хрватските медиуми и службите на терен, невремето најпрво ги зафатило Меѓимурје и Загорје, а потоа се спуштило кон Загреб. Темни облаци, силни налети на ветер, грмежи ...
Истрагата за мазутот во ТЕЦ Неготино е запрена по едногодишна постапка, откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека не утврдило докази дека осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаа на товар, ниту дека постои друго кривично дело што се гони по службена должност. Предметот се однесуваше на сомнежи за злоупотреби при набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ во време на енергетската ...
Врсничкото насилство во Македонија од почетокот на 2026 година веќе не може да се третира како низа изолирани инциденти меѓу деца, туку како аларм дека училиштата, семејствата и институциите предолго реагираат откако ќе се случи штетата. Најновиот случај од скопско Ченто, каде што 15-годишник влегол во основно училиште во Гази Баба и со остар предмет тешко повредил ученик, ја покажува најопасната форма на проблемот: насилството веќе не ...
Јасен пат кон ЕУ е прашањето што повторно се отвори по настапот на премиерот Христијан Мицкоски, кој порача дека Владата го избира „потешкиот пат“ кон интеграцијата, затоа што Македонија треба да го заслужи членството со квалитет, реформи и достоинство, а не со отстапки што, според него, би ја понижиле државата. Пораката звучи политички цврсто, но останува суштинската дилема: ако нема „пократок пат“, дали Владата има прецизен, мерлив и ...
Германија ќе возвраќа на хакерите со нова стратегија за „активна сајбер-одбрана“, откако министерот за внатрешни работи Александер Добринт најави закон што треба да им дозволи на безбедносните служби да интервенираат против сервери, софтвер и инфраструктура што се користат за напади врз германски институции, компании и критична инфраструктура. Добринт најави дека законот ќе биде испратен до владата уште овој месец, со цел Германија да не ...
Во општина Центар ќе биде воспоставен систем за селекција и рециклирање на батерии, со кој граѓаните ќе можат на поорганизиран начин да го одложуваат овој вид отпад, со цел намалување на загадувањето и подобра заштита на животната средина, објавува Кајгана. Според информациите, проектот предвидува поставување на специјални собирни места каде што ќе се одвојуваат искористените батерии од останатиот отпад, по што тие ќе бидат транспортирани до ...
Австриското воено воздухопловство два дена по ред било принудено да подигне борбени авиони „Јурофајтер“ откако американски воени летала без дозвола навлегле во воздушниот простор на земјата, која е неутрална држава, објави Б92. Според информациите пренесени од австриските воени власти, инцидентите се случиле во недела и понеделник, при што првично биле забележани два помали авиони тип PC-12, кои американската армија ги користи под ознаката ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран се согласил целосно да го прекине збогатувањето на ураниум, што според него претставува клучен услов во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран за идниот нуклеарен договор и стабилизација на односите меѓу двете земји. Трамп, говорејќи за актуелната состојба на преговорите, нагласи дека американската страна инсистира на целосен прекин на сите активности поврзани со збогатување ураниум, ...
Во Франција засега не е утврдено дали хантавирусот што циркулира во тековниот кластeр претрпел мутации, додека здравствените власти потврдуваат вкупно 11 случаи на инфекција и продолжуваат со засилено следење на контактите и изолациски мерки. Според француските здравствени институции и Светската здравствена организација, истрагата е во тек, а научниците сè уште ја анализираат генетската секвенца на вирусот за да утврдат дали има промени во ...
Синдромот на полицистични јајници (PCOS), кој најчесто се смета за гинеколошко нарушување, во медицинската заедница сè почесто се опишува како комплексна ендокринолошка состојба што влијае на хормоналниот баланс, метаболизмот и општото здравје на жените, особено во репродуктивниот период. Станува збор за состојба во која јајниците произведуваат зголемени нивоа на андрогени (машки хормони), што може да доведе до неправилни менструални циклуси, ...
Во училиште во Скопје се случил тежок инцидент во кој едно дете се здобило со сериозни повреди и, според првичните информации, се бори за живот, додека полицијата и надлежните институции спроведуваат истрага за околностите под кои дошло до нападот, објавува ПРВ. Според информациите објавени во медиумите, инцидентот се случил во просториите на училиште во главниот град, по што веднаш биле повикани итните служби, а повреденото дете било ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека Западен Балкан е од големо стратешко значење за алијансата. Руте, кој е во посета на Подгорица, Црна Гора, укажа на постоењето актери, кои се обидуваат да го повлечат регионот назад и да го дестабилизираат нагласувајќи дека НАТО ќе се спротивстави на таквите намери. – Знаеме дека постојат актери што се обидуваат да го повлечат Западен Балкан назад, да го нарушат напредокот и да го ...
Министерството за внатрешни работи инфромира дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола. Четири возачи во Скопје, двајца во Струга, двајца во Битола и еден во Прилеп управувале возило без возачка дозвола. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. ...
Во рамките на 54. издание на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“ на 16 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“. Гостинот од ...
Пит Хегсет го започна своето сведочење пред поткомитетот за одбрана на Комитетот за апропријации на Претставничкиот дом со оправдување на барањето на Трамп за буџет за одбрана од 1,5 трилиони долари. „Претседателот Трамп наследи база на одбранбена индустрија која годините на политиките „Америка е последна“ ја испразнија и ослабнаа. Го менуваме овој системски пад и ја враќаме нашата база на одбранбена индустрија во воена состојба“, рече ...
Секојдневно се разобличуваат лагите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, порача денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Апсолутно не им се верува, секој ден се гледа како ги разобличуваме нивните лаги. Едно збореа до изборите 2024 година, друго зборуваат сега. Како викаше, на Никола Груевски судските процеси биле местени, сега треба да иде у затвор. Па кој е Христијан, вистинскиот Христијан? Тој што го збореше тоа или ова сега?” рече ...
Шеесет и седумгодишна жена е уапсена во белградската населба Чукарица, по сомнение дека утрово, по расправија, го убила својот 76-годишен сопруг во станот во кој живееле. Телото на мажот било пронајдено во станот, а смртта била констатирана околу 7:30 часот. Првичните информации од истрагата наведуваат дека мажот бил усмртен со дрвен предмет, за кој се испитува дали е ногарка од стол. Предметот бил пронајден и испратен на вештачење, а увидот ...
SPAR официјално влегува на македонскиот малопродажен пазар со отворање на својот прв INTERSPAR маркет во земјата, сместен во комплексот Retail Fresh Store во Скопје (Бул. Македонско-косовска бригада 11/1), со што се одбележува значаен чекор во развојот на современиот малопродажен сектор во Македонија. Официјалниот настан за лансирање ќе се одржи утре (13 мај), кога SPAR ќе го отвори својот прв маркет и формално ќе гo започне своето работење ...
15 годишно момче кое вчера било прободено со нож од негов врсник е хоспитализирано на скопските клиники и се наоѓа во критична состојба. Директорот на Ургентен центар д-р Игор Мерџаноски за весникот Вечер потврдува дека детето е оперирано и е во критична состојба. Претходно, полицијата информираше дека е уапсен 15-годишникот кој со остар предмет нападнал ученик во основно училиште во Општина Гази Баба во Скопје. Според информациите, ...
Тотенхем не успеа да ја искористи шансата да се оддалечи од зоната за испаѓање, откако на домашен терен одигра 1-1 против Лидс во 36. коло од англиската Премиер лига. Со ремито, тимот од Лондон останува само два бода пред Вест Хем, кој е во опасната зона, на две кола до крајот на сезоната. Домашниот тим поведе во 50. минута преку Матис Тел, но истiot играч подоцна направи прекршок во сопствениот шеснаесетник. По интервенција на ВАР, беше ...
Првата полуфинална вечер на Евровизија 2026 се одржува вечерва во Виена, со што официјално почнува 70. издание на најголемиот европски музички натпревар. Настанот се одржува во „Винер Штадхале“, а домаќини на трите евровизиски вечери се Викторија Сваровски и Михаел Островски. Во првата полуфинална вечер настапуваат 15 земји, од кои десет ќе обезбедат место во големото финале на 16 мај. Во полуфиналето повторно ќе учествуваат и професионалните ...
Турската стендап-комичарка Туба Улу се соочува со обвинение со кое обвинителството во Истанбул бара казна затвор до три години поради шега за османлискиот султан Сулејман Величествениот, кажана за време на настап и подоцна проширена на социјалните мрежи. Обвинението ја товари Улу за „поттикнување омраза и непријателство во јавноста“. Случајот почнал откако кратко видео од нејзиниот настап се појавило на интернет во април, по што била отворена ...
Попладнево во Македонија ќе се задржи топло време со променлива облачност, но во повеќе делови ќе има засилен, повремено и силен западен ветер. Според УХМР, ветерот наместа може да надмине 80 километри на час, а во попладневните часови локално се можни пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје, попладнево се очекува нестабилност во делови од котлината. Жолт метео аларм за ветер е активен во делови од земјата, особено во Полошкиот, ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја запре истражната постапка за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, откако по едногодишна истрага не биле потврдени наводите од кривичната пријава. Со одлуката, во оваа фаза нема обвинение против лицата опфатени со предметот, меѓу кои беа и бизнисмените Ратко Капушевски и Асмир Јахоски. Предметот се однесуваше на набавките на мазут за ТЕЦ Неготино во ...
Опозициската СДСМ побара итна вонредна седница на Советот на Општина Карпош поради состојбите со градоначалникот Сотир Лукровски, кој официјално е на боледување, додека неговите надлежности привремено ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски. Барањето го соопшти претседателот на Општинската организација на СДСМ во Карпош, Панче Милевски-Панта, кој обвини дека општината е во застој и дека граѓаните имаат право да знаат кој управува со ...
Силно невреме денеска го погоди Загреб, носејќи силен ветер, дожд и град во делови од градот. На повеќе локации биле пријавени паднати дрвја, оштетени покриви и прекини во јавниот превоз. Поради паднати дрвја врз трамвајските линии, трамвајскиот сообраќај бил прекинат на делови од Савска и Максимирска улица. Проблеми имало и во Микулиќи, каде што бил пријавен паднат електричен кабел, додека граѓани објавувале снимки од откорнати ќерамиди и ...
Стан од 45 квадратни метри во Кисела Вода е продаден за 130.000 евра, што е највисока постигната цена по квадратен метар во првите три месеци од 2026 година. Цената изнесува 2.888 евра за квадратен метар, според податоците од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за јануари, февруари и март годинава. Во истиот квартал биле евидентирани 712 новоизградени станови или станови од инвеститор, што е за 29 проценти ...
Комарците се меѓу најопасните живи суштества за човекот, не поради самиот убод, туку поради болестите што ги пренесуваат. Маларија, денга, жолта треска, чикунгуња и вирусот зика годишно предизвикуваат огромен товар врз здравствените системи, особено во тропските и сиромашните региони. Векторските болести сочинуваат повеќе од 17 проценти од сите заразни болести и предизвикуваат над 700.000 смртни случаи годишно, а комарците се главен ...
Средношколци од повеќе училишта денеска во Собранието разговараа со пратеници за прашања што директно ги засегаат младите, меѓу кои условите во образованието, средношколскиот стандард, менталното здравје и перспективите за останување во државата. Средбата се одржа во рамки на Клубот на младински прашања и политики, со учество на ученици вклучени во програмата „Најгласни“, која ја спроведуваат Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Здружението Лидери ...
Иран би можел да почне збогатување ураниум до 90 проценти, ниво што се смета за погодено за нуклеарно оружје, доколку повторно биде нападнат од САД или Израел, предупреди Ебрахим Резаи, портпарол на Комисијата за национална безбедност и надворешна политика во иранскиот парламент. Резаи објави дека една од опциите на Техеран во случај на нов напад би можела да биде збогатување ураниум до 90 проценти и дека за тоа ќе се расправа во парламентот. ...