Податоците објавени од Институтот за статистика (ИНСТАТ) покажуваат дека во месец мај, Албанија ја посетиле 987 илјади туристи, што е зголемување од 1,4 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Вкупниот број за пет месеци годинава достигна 3,4 милиони туристи, што е за 100 илјади повеќе споредено со истиот период минатата година, кога за пет месеци ја посетиле 3,3 милиони туристи или 38 отсто повеќе од истиот период 2023 година. „Во ...

Пуштена е во употреба делницата Фариш – Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д, се скратува времето за патување. Од денеска, отворена е за сообраќај и оваа делница. Проектот е со вкупна вредност од 44,74 милиони евра и е финансиран со заем од ЕБОР (Европска банка за обнова и развој). На пуштањето денеска присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски и директорот на јавното ...

Првиот предизвик за спроведување електронски попис е дека нема да има вистинска мапа на населението, односно нема луѓето да бидат регистрирани таму каде што вистински живеат, туку по личната карта која што во многу случаи е на друго место и втората работа која што е предизвик за спроведување електронски попис е тоа што ја нема националноста во ниту една електронска база, посочи денеска лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче во врска со ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска пристигна во посета на земјава по повод учеството на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан на која ќе се разговара за Планот за раст. Во Владата ја пречека премиерот Христијан Мицкоски, со кого е предвидено да одржат тет – а – тет средба по што ќе следи и билатерална средба со останатите делегации. На Меѓународниот аеродром во Скопје таа беше пречекана од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, ...

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на пуштање во употреба на делницата Дреново- Фариш до Прилеп. – Денес го пуштаме во употреба експресниот пат Фариш- Дреново во дочжина од 10,2 километри со вредност од речиси 45 милиони евра. Проект што е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион, на државата, на секој граѓанин. Овој пат е од витално значење и за Кавадарци и за Прилеп и за Битола и за Ресен и за сите ...

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е загрижен за недостатокот на одмор што неговиот тим ќе го има пред новата сезона во Премиер лигата и изјави дека нивното учество на Светското клупско првенство би можело да ги „уништи“. Сити ја заврши претходната сезона во Англија на 25 мај и ја отвори својата кампања на Светското клупско првенство во Филаделфија нешто повеќе од три недели подоцна, на 18 јуни. „Граѓаните“ се соочуваат со Ал-Хилал ...

Новиот Извештај на Европскиот парламент е практично најлошата оценка што нашата земја ја добила изминатите повеќе од една деценија. Во Извештајот јасно се посочува загриженост за нападите врз новинарите, мизогинија, неказнивост и сѐ поголемо ширење на омраза и дезинформации, порача денеска лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Венко Филипче на прес-конференција во седиштето на партијата. Лидерот на опозициската СДСМ вели дека во ...

Првиот кинески фудбалски натпревар со роботска вештачка интелигенција 3v3 заврши во Пекинг, Кина, на 28 јуни. Турнирот во фудбал со роботска лига ROBO беше искористен како полигон за тестирање за претстојните Светски спортски игри со хуманоидни роботи во 2025 година. Роботите немаа човечки пилоти, туку беа управувани исклучиво од технологија на вештачка интелигенција. Универзитетот Цингхуа го победи Кинескиот земјоделски универзитет со 5-3. ...

Непосредно пред почетокот на денешниот Вимблдон, Италијанецот Синер одлучи да отпушти двајца членови од својот тим, физиотерапевтот Јулисес Бади и тренерот за кондиција Марко Паничи. Овој потег ги изненади сите љубители на тенисот, бидејќи доаѓа во време кога Синер освои осум титули во 2024 година и ја започна 2025 година со титула на Австралија Опен. По отслужувањето на суспензијата, тој играше на Мастерсот во Рим, каде што загуби во ...

Насилството на т.н блокадери во Србија добива на интензитет! Откако предизвикаа во саботата група екстремисти организира обид за дестабилизација Со поддршка од странство и домашни сили се обидуваат да ја парализираат земјата и да предизвикаат насилство од пошироки размери! Блокадерите планираат да ги затворат сите главни патишта и раскрсници во Белград и Нови Сад, а има и планови за блокирање на мостови. Barikade i u NS! SVI NA ULICE ...

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, во заедничка акција со припадници на МУП на РС и БИА, засега се уапсени вкупно шест лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело Подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија од член 320 во врска со кривичното дело Повикување на насилна промена на уставниот поредок од член 309 од Кривичниот законик. Уапсени се Л.С. од Заечар, И.М. од Смедерево, ...

Легендарната британска група „Масив Атак“ (Massive Attack) приреди незаборавно аудиовизуелно доживување на стадионот „АРМ“, во рамки на фестивалот „Скопје Колинг“. Огромен број фанови од цела Македонија, но и регионот се собраа да ја проследат оваа ретка прилика – настап на еден од највлијателните состави на модерната електронска и трип хоп сцена. Низ концертот провејиваше мистичниот и хипнотизирачки звук по кој бендот е препознатлив. ...

Пуштањето во употреба на патиштата не е за чочек, туку за работа, порача владејачката партија. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ реагираше на обраќањето на опозициската СДСМ во врска со завршувањето на патниот правец низ Фаришката клисура, дел од експресниот пат Дреново – Градско. Од владејачката партија порачуваат дека кога СДСМ зборува за инфраструктурни проекти, граѓаните првин се сеќаваат на зурли, тапани и на чочек. „Чочекот е единственото ...

Србија победи и Србија не може да се победи со насилство, изјави претседателот Вучиќ по вчершниот собир на опозицијата и студентите. Како што објасни на протестот имало околу 36.000 и дека се повредени неколкумина полицијци. Седум месеци трае терор на дел од луѓето кои го зедоа законот во свои раце и се однесуваа како божји пратенци ки можат да прават што сакат. Доаѓа време на одговорост, нема да потпишувам никакви помилувања.Зарем мислеа ...

Животната приказна на македонската фудбалска легенда Дарко Панчев наскоро ќе биде преточена на филмското платно. Станува збор за игран филм во кој ќе бидат прикажани сите најинтересни моменти од неговата кариера, но и од животот, неговите лични борби, успеси и падови. Самата филмска приказна треба да ја заинтересира пошироката публика, а не само пасионираните љубители на фудбалот. МИА дојде до екслузивни информации дека на режисерското столче ...

Се подготвува нов закон за угостителска дејност во кој се предвидени задолжителни одредби за контрола и кривична одговорност доколку некој несовесно врши угостителска дејност, соопшти денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски. На прес-конференција во Владата, Стојкоски посочи дека казните ќе бидат поригорозни и ќе биде предвидена кривична одговорност за сопствениците на угостителски објекти доколку прекршат одредби ...

Бугарија се согласи дека мора да се гради заеднички тунел. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов, на која била истакната неопходноста за изградба и модернизација на европските транспортни коридори, со посебен акцент на железничкиот и патниот Коридор 8, како предуслов до регионален економски развој и олеснување на транспортот и ...

За нас, економијата не е статистика. Тоа се работни места, плати, инвестиции, услови за развој. Во првата година покажавме дека знаеме, можеме и сме подготвени. Но, нашата работа не завршува тука – ова е само почеток, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска на денешната прес-конференција во Владата на која информираше за сработеното во текот на измината година. Пред една година, со јасен мандат од граѓаните, ја ...

Денеска присуствував на работен состанок на кој се презентираше инструментот е-фактура во просториите на Управата на јавни приходи.Се воведува системот за е-фактура – крај за фантом фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра народни пари од Буџетот, oбјави премиерот Мицкоски на Фејсбук. Им благодарам на УЈП, на директорката, на нејзиниот тим, на министерката за финансии што после долго време конечно денес после повеќе од 10 години ...

Една година влада на ВМРО-ДПМНЕ и некој месец плус со техничка и избори. Луѓе сме, толку ни требаше да заборавиме колку полошо ни било. Ама, од некаде ќе се појави клипче на кое ќе видиме некоја од тие темни гнасни души со кои патевме над седум години. Па, радоста што ги гледаме кај што припаѓаат – во заборав, ни прави устите да ни се развлечат во насмевка, како на пример: Оливер Спасовски на утринска!! Скролаш по Инста и наеднаш ти се ...

Шест лица беа уапсени вчера,по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, за планирање насилно соборување на владата, поточно, поради сомнение за сторено кривично дело подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија. Аудио-снимка која е објавена повикува да се оди во паркот на студентите кои го поддржуваат Вучиќ т.н „Чациленд“.Во рачно напишаниот текст, може да се заклучи дека станува збор за плановите на ...

На јунскиот Самит на ЕУ се фокусиравме на тоа како да обезбедиме посилна позиција за Европската Унија на глобалната сцена преку зајакнување на европската одбрана, зацврстување на партнерствата и зајакнување на конкурентноста на Европа, порача претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на прес-конференцијата одржана денеска нешто по полноќ, по завршувањето на средбата на шефовите на држави или влади за членките на ЕУ. – Во НАТО, 23 земји ...

Европската Унија ќе продолжи тесно да соработува со земјите од Западниот Балкан и да ги поддржува нивните реформски напори на патот кон членство во ЕУ, се наведува во заклучоците од јунскиот Совет на Европската Унија посветени на регионот. – Европскиот совет останува посветен на унапредување на постепената интеграција меѓу Европската Унија и регионот за време на самиот процес на проширување на реверзибилен начин заснован на заслуги. Иднината ...

Ако ги внесеме Бугарите во Уставот нема да изгубиме ништо, рече опозицискиот лидер Венко Филипче наденешната седница на Собранието за поставување на пратенички прашања. „Во 2022-ра година ВМРО-ДПМНЕ одби заедничка работа со СДСМ за работните групи во францускиот предлог и постои впечаток дека различни групации, различни политички партии и различни групи на граѓани, секако заинтересирани во огромен процент да нашата земја просперира на ...

Српската опозиција и студентите подготуваат немири и насилство на големиот собир на 28 јуни на големиот празник Видовден. На видеото емитувано од пленумот на Градежниот факултет, се наведува дека една од техниките што ги предлага се офанзива против полицијата, со употреба на спреј и бибер спреј. – Мислам дека е потребно луѓето спонтано да се вклучат во некаков вид насилство, па затоа ќе повикаме на граѓанска непослушност, а потоа полека, во ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека Владата ќе стори сѐ да ја внесе Македонија во ЕУ со македонски идентитет и јазик, а не како „модерни“ Македонци, затоа што се виде дека суштината на Бугарија не е Бугари во Устав, туку да создаде нов „модерен“ македонски идентитет и јазик, нешто на што ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше кога се прифаќаше Францускиот предлог. Премиерот ...

Македонија може да се најде во правен вакум пред локалните избори. откако Уставниот суд ги укина членовите 17 и 18, со кои беше кренат прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи. Укинатите членови предвидуваа дека за кандидатура се потребни потписи од еден отсто од вкупниот број гласачи запишани во конкретната изборна единица, ако станува збор за парламентарни избори или од конкретната општина, ако станува збор за локални ...

Вклучувањето на САД во војната меѓу Израел и Иран влијаеше и на цената на нафтата на светските берзи која е на најниско ниво веќе една недела. Тоа секако се одрази, или ќе се одрази и на цените кај нас. Деновиве имаше зголемување на цената, па реално е да се очекува дека во следните денови Регулаторната комисија да објави нови, намалени цени. Од Регулаторна брифираат дека се очекува да продолжи трендот на стабилизација на цените на нафтените ...

– Го поздравуваме усвојувањето на законската рамка од страна на Собранието на Република Македонија со која, во пресрет на сезоната на летни одмори, се става во функција системот “One Stop Shop“ на граничниот премин Табановце. Оваа иницијатива претставува значаен напредок во модернизацијата и подобрувањето на граничните процедури за граѓаните, особено за дијаспората, која со децении се соочува со долги чекања и бројни тешкотии при ...

По пауза од две години, фудбалерите на Барселона ова лето ќе се вратат на својот култен стадион „Камп Ноу“ чие реновирање е во завршна фаза, објави денеска каталонскиот гигант. Премиерниот натпревар е закажан за 10 август, во рамки на Трофејот Жоан Гампер, а противникот сè уште не е прецизиран. Каталонскиот клуб го одигра својот последен натпревар на „Камп Ноу“ во мај 2023 година, а во последните две години официјално беше домаќин на ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
59%
1026
weather icon

Белград

-6ᴼ / -8ᴼ
4.12
63%
1024
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -10ᴼ
0.0
82%
1024
weather icon

Софија

-5ᴼ / -5ᴼ
8.75
68%
1026
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
8.02
72%
1022
weather icon

Љубљана

-7ᴼ / -8ᴼ
0.63
89%
1025
weather icon

Атина

7ᴼ / 5ᴼ
4.92
60%
1015
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
47%
1023
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
7.72
32%
1024
weather icon

Букурешт

-6ᴼ / -7ᴼ
3.09
91%
1018
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
8.23
67%
1021
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
7.72
93%
1017
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.3793

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.224

Currency

0.5855

Калај

44.73

Иридиум

169549.30

Сребро

2569.43

Алуминиум

3.14

Кобалт

59.52

Родиум

310254.70

Рутениум

44946.74

Платина

72292.89

Цинк

3.10

Злато

144981.23

Бакар

11.84

Паладиум

57935.65