Скопје
-5ᴼ /
-5ᴼ
Здружението Зборци ја организира првата „Зборотворба на годината“, настан посветен на македонскиот јазик, креативноста и уметноста кој ќе се одржи на 13 септември (сабота) со почеток во 19:00 часот, во дворот пред студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Манифестацијата се одржува токму во годината кога Македонија ја прославува 80-годишнината од официјалната кодификација на македонскиот јазик. Така, „Зборотворба на годината“ претставува и ...
Скопје, 9 септември 2025г. – А1 Македонија со гордост објавува дека годинава е генерален спонзор на реномираниот филмски фестивал, „Браќа Манаки“, кој по 46-ти пат ги отвора вратите на светската кинематографија за македонската и меѓународната публика. Под мотото „Сон на платно“, годинашното издание на фестивалот ја слави магијата на филмската камера, визуелниот јазик и богатството на креативниот израз. Како лидер во дигиталната трансформација ...
Додека полека се збогуваме со летото, го започнуваме септември со креативност, разговор и заедничко дејствување. Со задоволство ви го претставуваме Колаж Клуб на Мрежа Стела, настан посветен на креативно справување со предизвиците на дигиталното родово базирано насилство. Овој клуб е наменет за сите креативни личност кои сакаат да ја искористат својата имагинација во борбата против насилството, или пак бараат простор каде што креативноста и ...
Во срцето на Венеција, на најстариот и најпрестижен филмски фестивал во светот, Македонија испиша ново златно поглавје. „Силјан“, новиот документарен филм на двојно оскар-номинираната режисерка Тамара Котевска, ја освои една од најретките награди на Биеналето – „Cinema and Arts Award“, позната и како „Наградата на Музата“, дел од официјалната натпреварувачка програма. Во конкуренција од 20 филмови за ова признание, „Силјан“ го освои првото ...
Ако мислевте дека Crocs нема повеќе како да ве изненади, размислете уште еднаш! По серијата соработки со музички ѕвезди и модни дизајнери, брендот сега направи чекор напред, навлегувајќи во светот на технологијата на најнеочекуван начин. Crocs се префрли од нашите нозе директно во нашите раце, со иновација која ја спојува модата со секојдневната употреба. Во соработка со јужнокорејскиот бренд SLBS, специјализиран за техничка облека, Crocs ...
Агенцијата за филм ја информира јавноста дека два македонски филма – „DJ Ahmet“ на Георги Унковски и „Мајка“ на Теона Стругар Митевска – се селектирани во официјалната програма на престижниот 69. BFI London Film Festival, што ќе се одржи од 8 до 19 октомври 2025 година. Ова претставува историски момент за македонската кинематографија, бидејќи за првпат два домашни наслови ќе имаат проекции на еден од најзначајните и најценети филмски ...
Во модата, најинтересни се моментите кога практичното станува пожелно. Ранецот, некогаш чисто утилитарен предмет, денес е префинет моден акцент. Тој ја одразува новата култура на движење – урбаната личност што патува со велосипед на работа, што сака да има слобода на рацете и простор за своите идеи и предмети. Есента 2025 го истакнува ранецот како симбол на современата елеганција: модели изработени од луксузни материјали, внимателни пропорции ...
Венеција оваа година повторно го потврди својот статус како едно од најважните места на светската филмска мапа. 82-от фестивал понуди богата програма со политички провокативни дела, интимни драми и смели жанровски експерименти кои отвораат дискусија за иднината на седмата уметност. Од сите премиери, овие пет филма ги издвоивме како наслови кои ќе останат дел од културниот разговор и по затворањето на црвениот килим. 1. The Wizard of The ...
Септември е месецот на нови почетоци – школски, работни, па зошто да не и филмски. Вечерите стануваат посвежи, а со нив доаѓа желбата за добра серија или филм што ќе нè однесе во друг свет. Овој септември Netflix подготвува вистинска понуда за љубителите на филмови – мистерии, документарци, романтични комедии и семејни наслови што ќе ја обојат оваа преодна сезона со совршен микс на забава и емоција. Топ 10 Netflix премиери во септември 2025 ...
Венеција повторно е центарот на светската филмска и модна сцена. 82-рото издание на Филмскиот фестивал, организиран од La Biennale di Venezia и под уметничко водство на Алберто Барбера, започна на 27 август и ќе трае до 6 септември 2025 година. Градот на лагуните секоја година го претвора островот Лидо во сцена на која се среќаваат најголемите режисери, актери и модни дизајнери – и оваа година не е исклучок. Покрај премиерите на филмови како ...
На 10 септември Њујорк ќе ја почувствува треската на 70-тите. Valentino Beauty ќе ја отвори вратата кон митот наречен Studio 54 и за една ноќ ќе го претвори градот во сцена на најгламурозната диско забава. Атмосферата ќе биде инспирирана од оригиналниот Studio 54 – со пригушени светла во ivory тонови, простор дизајниран за танц и динамична музика што ќе ја долови енергијата на легендарните вечери од 70-тите. Valentino ќе ја искористи оваа ...
Македонската режисерка Тамара Котевска, единствената што се осмели да живее со племе во Сибир, оваа година го освојува и Венецијанскиот филмски фестивал со два филма. Нејзиниот нов документарец кој се снима во Сибир е селектиран на престижниот копродукциски маркет на Венеција, а истовремено во официјалната програма на фестивалот ќе ја има и светската премиера на нејзиниот трет долгометражен филм „Силјан“. Котевска повторно ексклузивно се ...
Зоран Кардула е еден од најпрепознатливите македонски визуелни уметници, чиј опус ја преминува границата меѓу графичкиот дизајн, илустрацијата и уметничкиот активизам. Неговите дела се движат од минималистички и симболички постери до експериментални дигитални колажи, во кои се испреплетуваат локалното културно наследство и глобалните поп-културни кодови. Со способност да создава визуелни наративи кои истовремено се интимни и колективни, ...
Кинотеката на Македонија со особена чест ја најавува септемвриската програма, која ќе донесе вистински филмски празник за љубителите на седмата уметност. Овој месец е посветен на антологиските филмови од историјата на светската кинематографија, како и на значајни македонски играни и краткометражни остварувања. На репертоарот ќе се најдат ремек-дела што го обележале златното време на филмот. Посебно место во програмата ќе имаат и македонските ...
На 2 септември 2025 година, во 19 часот, во Младинскиот културен центар – Скопје ќе биде отворена самостојната изложба „Маските како лице на денешницата“ на уметницата Бојана Мандевска. Изложбата претставува колекција од рачно изработени глинени маски, преку кои авторката ја преточува својата внатрешна приказна – емоции, мисли и искуства обликувани во уникатни ликови. Делата се инспирирани од секојдневието, од околината и од современото ...
Ријана официјално се врати на музичката сцена со нова песна, дел од саундтракот за претстојниот анимиран филм „Smurfs“. Нејзиниот сингл „Friend of Mine“ е објавен на 13 јуни и ја најавува новата соработка на поп-ѕвездата со филмската и анимирана индустрија. Покрај тоа што ја изведува водечката песна, Ријана го позајмува својот глас за главниот лик во филмот и е вклучена и како креативна продуцентка. Премиерата на филмот се одржа на 28 јуни во ...
Во понеделник, од Расадник во скопската општина Кисела Вода, ќе започне Баскерфест 2025, обележувајќи го почетокот на јубилејното 15. издание на еден од највозбудливите и најпрепознатливи улични фестивали во Македонија. Под мотото „Побарај ја забавата“, после неколкугодишна пауза, фестивалот повторно ќе ја оживее уличната сцена, носејќи ја уметноста меѓу луѓето, на плоштадите, улиците и јавните простори. „Ме радува што по неколкугодишна ...
Халкбанк, преку ХалкЕко платформата за грижа кон природата и заедницата, со исклучително креативен пристап потсетува на иницијативата за засадување на 1.000.000 садници низ државата. „Во Сенка“, краткиот филм со кој банката го поддржа овој проект, е одговор на прашањето што сѐ носи една сенка со себе? „Во Сенка“ преку низа кратки, автентични и искрени моменти опфатени под само едно дрво во текот на само еден сончев ден, ја доловува магијата ...
Додека светот на модата постојано се менува, со дизајнери кои се натпреваруваат кој ќе го воведе следниот голем тренд, една моќна промена се случува незабележливо: враќањето на second-hand и винтиџ облеката. Ова не е само алтернатива на брзата мода, туку вистинско движење што ја редефинира нашата перцепција за стилот, вредноста и одговорноста. Причината за овој бум е повеќеслојна. Од една страна, брзата мода, со своите евтини материјали и ...
Во летните месеци, шетајќи низ грчките аптеки, неминовно ви паднале в очи полиците преполни со производи што мирисаат на море, билки и сонце. Грчката природна козметика веќе со години ужива респект и на домашниот и на светскиот пазар – создадена од филозофија што спојува древно знаење со современа наука. Денес, во време кога сè повеќе луѓе бараат автентична и етичка нега, природната козметика не е само тренд, туку и избор за поздрав животен ...
ИКЕА конечно пристигна во Брајтон, а со тоа и една од најкреативните и најзабавните маркетинг кампањи што сме ги виделе. Наместо да ги величаат живописните плажи и историските шеталишта на вода, тие ѝ оддадоа почит на еден од најстарите и најважни жители на градот – галебот. Новата кампања е едноставна, но генијална. Со помош на неколку од нивните најпознати производи како што се фотелјата POÄNG, детското столче MAMMUT и фиокарот HELMER, IKEA ...
Овој викенд имав незаборавно искуство-работна посета на Битола која истовремено беше незаборавно доживување. Бев поканета од македонскиот златарски бренд „Филигран 1934“ на настан за промоција на нивната нова колекција и воедно мое прво запознавање со рачната техника на изработка на сребрен и златен накит. Битола одамна ја сметав за град кој не треба само да се посети, туку и да се доживее, а овој викенд ми го потврди тоа. Со својата ...
Во светот на TikTok, Reels и Shorts, нашето внимание е најважната валута, а брзината е единствениот закон. Секојдневно, на социјалните мрежи, нè бомбардираат со содржини кои се дизајнирани да нè „зграпчат“ во првите 3 до 5 секунди. Ако не се случи тоа, ние скроламе понатаму, незаинтересирани. Оваа „брза култура“ не само што нè навикнува на инстант задоволство, туку и длабоко ја преобликува нашата трпеливост за подолги форми на уметност, ...
Pantone, светски познатиот авторитет за бои, направи изненадувачка објава на својот Инстаграм профил: Taylor Swift’s new era is glowing orange🧡. Ова е директно поврзано со новиот албум на пејачката, „The Life of a Showgirl“. Иако официјалната вест за албумот беше објавена во подкастот на Тревис Келси, вистинските фанови ја насетија портокаловата нијанса уште на почетокот. Свифт, која веќе носеше портокалови креации од дизајнери како Roberto ...
Атриум ја претставува новата продукција, театарската претстава „Душан“, според драмата „Мистерија Душан Васиљев“ од авторката Дуња Матиќ, во режија на Ана Пинтер, чии премиерни изведби ќе се одржат на 13 и 14 август со почеток од 21 часот. Овој проект претставува продолжување на заедничките напори и придонес на независните чинители кон одржување на вонинституционалната уметничка сцена и соработка помеѓу Македонија и Србија. Претставата ...
Copenhagen Fashion Week (CPHFW) заврши, а градските улици, како и секоја година, беа подеднакво инспиративни како и модните писти. Оваа сезона беше посебно значајна, со 44 брендови на официјалниот распоред и враќањето на дизајнерката Сесилие Бансен (Cecilie Bahnsen), која како гостин дизајнер ја прослави 10-годишнината од постоењето на нејзиниот бренд. Иако колекциите беа главната атракција, вистинското срце на CPHFW се крие во уличниот ...
Во соработка со швајцарскиот бренд „On“, Зендаја ја претстави својата прва заедничка колекција патики, направена да ги спои модата и удобноста. Оваа повеќегодишна соработка започна со лансирањето на моделот Cloudzone Moon, патиките која ветуваат многу повеќе од само стил. Моделот Cloudzone Moon е смела и стилска верзија на постоечкиот модел на „On“, дизајнирана во соработка со долгогодишниот стилист на Зендаја, Ло Роуч. Патиката има горен дел ...
На 9.8.2025 година, во 19 часот по њујоршко време, пред бројна публика во Македонскиот културен центар во Њујорк (545 W 52nd St), беше отворена архитектонската изложба „Жените во македонската архитектура: обновата на Скопје“ (Women in Macedonian Architecture: Rebuilding Skopje), проект од национален интерес во културата за 2025 година. Резултат на повеќегодишно истражување, изложбата пред американската и меѓународната јавност го претставува ...
Не мораш да одиш далеку за да доживееш нешто волшебно. Доволно е да излезеш на улица, бидејќи Баскерфест 2025 наскоро повторно ќе ги претвори градовите во сцени, а секој случаен минувач во дел од приказната. По неколкугодишна пауза, петнаесеттото издание на овој уличен уметнички фестивал ќе се одржи од 25 август до 6 септември, патувајќи низ 9 градови низ Македонија и застанувајќи на вкупно 13 локации. Од првото шоу во скопската општина ...
Во свет преплавен со паметни телефони и вештачка интелигенција, Polaroid се осмелува да понуди нешто сосема спротивно: враќање кон аналогниот живот. Нивната најнова кампања, „The Camera for an Analog Life“ („Камера за аналоген живот“), е директен одговор на дигиталната исцрпеност што нè опкружува. Кампањата го промовира нивниот најнов фотоапарат, Polaroid Flip, и нè повикува да ги оставиме телефоните настрана и да почнеме вистински да ...