Со впечатлива перформативна изложба, мултидисциплинарниот уметник го затвори полуфиналното шоу на Top Model Europe 2026 и ја постави темата за загадениот воздух во центарот на сцената. Драган Божино повторно ја покажа силата на својот авторски израз, претставувајќи ја „ASPHYXIA“ во нова, перформативна форма. Во Музејот на македонската борба во Скопје, неговите дела станаа дел од сценско доживување во кое ликовната уметност, музиката и ...

Со свечена церемонија во Македонскиот народен театар, синоќа беше отворено 26. издание на Скопскиот филмски фестивал, кој и годинава ја става филмската уметност во фокусот на културните случувања во градот. За најдобрите остварувања во натпреварувачката програма ќе одлучува петчлено меѓународно жири составено од истакнати имиња од филмската индустрија: Стив Абот, Даниела Вебер, Лабина Митевска, Павле Вучковиќ и Даријан Пејовски. Во рамките ...

Додека во Македонија сè уште слушаме јавни изјави за потребата од „машки надзор“ врз сопругите и партнерките, за тоа како треба да се однесуваат жените и кое е нивното место во семејството, неодамна во Њујорк, Комитетот на Обединетите нации за елиминација на дискриминацијата врз жените (CEDAW) ја усвои Генералната препорака бр. 41 – документ што испраќа јасна порака за родовите стереотипи, патријархалните структури и нееднаквите односи на ...

Живееме во време во кое речиси постојано сме достапни за другите, а сè поретко навистина присутни со себе. Во кој момент човек почнува да се оддалечува одсопствените потреби? Ретко постои еден јасен момент на оддалечување од себе. Најчесто почнува постепено и несвесно: кога одморот го одложуваме „за подоцна“, кога на „како си?“ одговараме автоматски „Добро“ без да се провериме, кога трчаме по одредени нешта затоа што така „треба“, а тие не се ...

Новиот парфем La Bomba од Carolina Herrera ја претвора радоста на слободното изразување во раскошна мирисна композиција. Цветен, овошен и топол, тој ја истражува врската меѓу мирисот и личноста, меѓу она што го чувствуваме за себе и присуството што го создаваме во светот. Неговата привлечност се развива низ внимателно осмислен спој на тропска свежина, цветна полнота и сензуална длабочина, со кој куќата Carolina Herrera отвора ново поглавје во ...

Накитот отсекогаш имал значење што го надминува неговиот декоративен карактер. Тој ги чува спомените, сведочи за важните животни пресвртници и понекогаш, подобро од зборовите, открива нешто за личноста што го носи. Во свет во кој стилот сè повеќе се разбира како форма на автентично изразување, изборот на накит станува лична одлука, начин да се покажат сопствените вредности, емоции и уверувања. Токму врз таа блиска врска меѓу накитот и ...

По две сезони тишина, со задоволство го пренесуваме официјалното соопштение на домашниот бренд Ве., кој го најавува своето големо враќање и освојувањето на новиот континент со колекцијата FRANKLIN. Во продолжение прочитајте ги сите детали. BE. HAS BEEN QUIET. NOW WE KNOW WHY. Две сезони без нова колекција. Многу малку објаснувања. И наеднаш: Америка. Be. се враќа со FRANKLIN, колекција за моќта, независноста и луксузот што нема потреба да ...

Постојат моменти во кои светлината и темнината не се спротивставуваат, туку создаваат простор за една поинаква перцепција на убавината. Токму во таа суптилна граница, меѓу видливото и навестеното, дизајнерката Наталија Терзија го гради визуелниот и емотивниот идентитет на колекцијата „VESPERTINE“ на брендот TERZIYA, претставена на 33-тото издание на Fashion Weekend Skopje, во Музејот на современата уметност. Инспирирана од самракот како ...

Одбележувајќи седум години под брендот А1, А1 Македонија отвора ново поглавје во својот развој и ја претставува новата комуникациска платформа. Со неа, компанијата уште повеќе се доближува до корисниците и ја отсликува суштината на брендот и неговата најважна определба, според која зад секоја иновација, услуга и технолошки напредок, секогаш стојат луѓето и нивните вистински потреби. Оваа определба е заокружена во пораката „Твој А1“. Новата ...

Јубилејниот концерт на ФОЛТИН на 29 август го затвора БитФест, но не и вечерта, по Хераклеа следува Foltin After, а прославата продолжува со уште многу изненадувања БИТФЕСТ ЗАВРШУВА СО ФОЛТИН. ФОЛТИН НЕ ЗАВРШУВААТ СО КОНЦЕРТОТ. Пред 30 години, токму во Хераклеа, на сцена застана бенд кој почнуваше да ја открива својата музика, себе си и публиката пред која за првпат настапуваше. На 29 август 2026 година, три децении подоцна, Фолтин повторно ...

Септемвриската програма на Кинотеката на Македонија повторно ја потврдува нејзината суштинска улога како простор во кој филмот не е само средство за гледање, туку и начин на паметење, преиспитување и откривање на различните лица на кинематографијата. Програмата обединува дела од македонската продукција, филмови од поширокиот балкански простор, класици на светската кинематографија, неми и класични филмови, како и посебни програмски целини ...

Македонскиот долгометражен игран филм „17“, во режија на Косара Митиќ, ја доживеа својата регионална премиера на 17 август пред преполната сала на Народниот театар во Сараево, во рамките на 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал. Публиката го поздрави филмот и неговата екипа со десетминутни овации. Со премиерното прикажување започна и официјалната трка на „17“ за престижното „Срце на Сараево“, во главната натпреварувачка програма за ...

Во изложбата „Повиена во истуткани соништа“, уметницата Ана Јовановска го истражува домот како простор што постои истовремено во материјалното, во сеќавањето и во чувството на припадност. Инспирирана од традицијата на јапонските свитоци, таа создава сопствен визуелен јазик во кој текстилот, рачно изработената хартија, шиењето, линорезот, симболите и хаикуто се преплетуваат во интимни композиции на границата меѓу доживеаното и сонуваното. ...

Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период. Во моментов се снимаат три македонски долгометражни играни филмови, а кон крајот на август е закажана првата клапа и на четвртиот. Станува збор за „Мравки“ во режија на Марјан Гавриловски, „Голиот рид“ во режија на Игор Алексов и „Ајал“ во режија на Арбен Тачи, додека на 25 август започнува снимањето и на „Трета смена“ на Ана Опачиќ. Сите четири филмски проекти се ...

Вечерва, со почеток во 19:30 часот, во Паркот на поезијата во Струга започнува десеттото, јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“. Во следните пет фестивалски денови Струга повторно ќе биде место за средба на автори, филмски професионалци и публика, со програма посветена на современиот краток филм од земјава, регионот и светот. Годинешната селекција е распоредена во пет натпреварувачки програми – Меѓународна, Регионална, ...

Културниот едукативен центар „Лабораториум“, во рамките на летната фестивалска програма „Скопје вибрира“, на 31 јули и 1 август организира две филмски вечери под отворено небо, посветени на современата француска кинематографија. На 31 јули, со почеток во 21:00 часот, ќе биде прикажан филмот „En Corps / Повторно раѓање“, во режија на Седрик Клапиш – инспиративна приказна за млада балерина која, по сериозна повреда, повторно го пронаоѓа својот ...

Идентитетот на еден град не го градат само неговите големи зданија и познати датуми. Го градат и деталите што неговите жители ги препознаваат без некој да мора да им ги објасни. Фасадите по кои знаеме дека сме на Широк Сокак. Старите прозорци зад кои минувале генерации. Клавирот во битолскиот дом. Камерата на Манаки. Кафето што трае подолго од планираното, затоа што разговорот секогаш има уште каде да продолжи. Токму тие симболи беа главната ...

Амбасадата на Јапонија, Музејот на современата уметност – Скопје и Јапонската фондација ве покануваат да откриете една поинаква страна на Јапонија преку патувачката изложба „Изградена средина: Алтернативен водич низ Јапонија“. Од снежниот север до суптропскиот југ, јапонскиот архипелаг опфаќа богата разновидност на пејзажи и климатски услови. Животот во средина изложена на земјотреси, вулкани, цунами и сезонски бури поттикнал култура на ...

Патот на Сања Божиновска не може да се гледа само низ нејзината кариера, туку и низ искуствата, вредностите и изборите што ја обликувале како професионалец и лидер. Во разговорот таа се осврнува на знаењето како личен капитал, на вредностите што денес ги носи во јавната функција како министерка за енергетика, рударство и минерални суровини и на професионалното искуство стекнато во различни земји, академски средини, култури и деловни ...

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска испиша нова страница во историјата на македонската кинематографија, со две номинации за 78. Emmy Awards, најпрестижните награди во светската телевизиска индустрија. Ова е првпат македонски филм да биде номиниран за Emmy Awards, со што успехот на „Силјан“ добива историско значење не само за Македонија, туку и за документарниот филм во регионот. Филмот е номиниран во категоријата ...

Последните месеци Македонија беше потресена од неколку случаи на брутално врсничко насилство меѓу малолетници, дел од нив снимени и споделувани на социјалните мрежи. Покрај прашањата за одговорноста на сторителите, овие настани отворија многу подлабока дилема, што ни кажуваат тие за вредностите со кои растат денешните деца и за улогата на возрасните во нивното обликување? Со психологот, магистер по клиничка и советодавна психологија и ...

Пред вечерта да продолжи како патување низ поп историјата на Duran Duran, сцената во Скопје ја отвори Дина Јашари. Млада, смирена и своја. Нејзиниот настап донесе свежина пред големиот концертен момент, а нејзиниот изглед беше тивко заокружен со детали од Божиновски: Tissot PRX 25mm и TI SENTO Classic Zirconia Necklace. Tissot PRX 25mm е часовник што го носи шармот на 70-тите во современа, префинета форма. Неговиот modern-vintage карактер го ...

Со нова фотосесија, брендот за вечерна облека Era Angela ги претставува своите најнови дизајни, останувајќи доследен на естетиката по која е препознатлив. Структурираните корсети, елегантните силуети и фустаните со отворен грб и понатаму се заштитен знак на брендот, обликувани за жената која ја носи самоувереноста со природна леснотија и го негува современиот стил. Оваа фотосесија означува почеток на ново визуелно поглавје за Era Angela, во ...

Во ера во која технологијата нè поврзува повеќе од кога било, а чувството на осаменост станува сè поизразено, сè почесто се отвора прашањето како повторно да воспоставиме вистински контакт, не само со другите, туку и со самите себе. Современиот човек живее меѓу бројни улоги, очекувања и постојана потреба да биде успешен, продуктивен и доволен, притоа сè потешко препознавајќи ги сопствените потреби, емоции и автентичен глас. Токму во тој ...

Агенцијата за филм и Cineplexx продолжуваат со проектот „Македонски филм. На големо платно.“, кој ова лето носи богата програма со бесплатни проекции на македонски филмови. Во текот на јули и август, секој понеделник од 19:00 часот, во Cineplexx публиката ќе може да проследи внимателно избрана селекција од долгометражни, омнибус, кратки играни и анимирани филмови. Влезот е бесплатен, по принципот „прв дојден, прв услужен“, без претходна ...

На 30 јуни во Кинотека се одржа работилница и демонстрација на Бунраку, традиционален јапонски професионален куклен театар, впишан на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото на УНЕСКО. Настанот започна со поздравни обраќања на амбасадорката Кавахара и деканот Владимир Павловски, по што следуваа демонстрација и работилница посветени на оваа единствена театарска уметност. Преку прецизната анимација на куклите, ...

Од 3-6 јуни во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката на РС Македонија ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е сценарист или продуцент, со што јавноста ќе се запознае со уште еден, делумно запоставен аспект на творечката личност на Анте Поповски – неговата дејност ...

Скопје, 24 јуни 2026 – Вечер исполнета со префинета естетика, современа уметност и исклучителни мирисни композиции ја одбележа ексклузивната презентација на двата најнови парфеми на Fragrance Du Bois, Lucius Maximus и Sirène Privée, која се одржа во Intermezzo во организација на Contimpex Cosmetic, ексклузивен застапник на брендот за македонскиот пазар. Присутните имаа можност да навлезат во светот на еден од најценетите ниш парфемски ...

Македонските актери Јелена Јованова и Гораст Цветковски ќе бидат дел од анимираниот краток филм „Лефти и Рајти си најдоа дом“, каде што ќе ги оживеат главните ликови, блузичката Лефти и панталоните Рајти. За Јелена Јованова, оваа улога доаѓа во период кога анимираните содржини за деца имаат посебно место во нејзиното секојдневие. Како мајка на две деца, таа вели дека постојано е опкружена со сликовници, приказни и цртани филмови, па затоа ...

По повод својата 5-годишнина, Matto Napoletano ја реализираше хуманитарната иницијатива MATTO FOR GOOD, во поддршка на СОС Детско село Северна Македонија. За оваа специјална пригода беше подготвено ексклузивно бранч мени со авторски пици и пасти, креирани само за настанот, збогатено со Pizza Cook Experience, DJ сет и музички настапи на sempremusic и theaft3r, во уникатна open garden атмосфера. Посебна чест ни претставуваше присуството на ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Сребро

1670.34