Како се креира стил? Или уште поважно, како се креира стил кој ќе го раскопча начинот на кој некогаш се правеле работите и ќе воведе револуција? Кога станува збор за филм, сѐ што ви треба е пиштол и девојка, според Jean-Luc Godard. Секако, треба многу повеќе од тоа, како на пример трансгресивен и турбулентен и реакционерен контранапад на она што Godard и неговите сонародници од Cahiers du Cinéma го сметаат како здодевна мејнстрим ера на ...

Парфимеријата Еликсир во Ист Гејт Скопје минатата недела беше домаќин на еден од најпрефинетите настани во последниот период. Компанијата Мартимекс, која со години го носи врвниот светски beauty и lifestyle на македонскиот пазар, организираше ексклузивна промоција на двата нови парфеми Michael Kors Absolu – женски и машки мирис создадени за модерни личности со изострено чувство за стил и присуство. Настанот собра голем број инфлуенсери, ...

На 25.11.2025 година, во 18:30 часот, пред бројна публика во Галеријата „BHROX Bauhaus Reuse“ во Берлин, Германија, беше отворена архитектонската изложба „Жените во македонската архитектура: обновата на Скопје“ (Women in Macedonian Architecture: Rebuilding Skopje) на авторите Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков, Јован Ивановски, Теа Дамјановска и Михајло Стојановски. Сместена на Ернст-Ројтер-Плац (Ernst Reuter Platz), Галеријата „BHROX ...

Во среда, 3 декември, со почеток од 19:00 часот во „Јавна соба“, Скопје, ќе се одржи промоцијата на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска, посветена на најпознатата и најуспешна македонска кореографка за современ танц ‒ Рисима Рисимкин. Изданието е на „ПНВ Публикации“ и објавено е со поддршка од Министерството за култура и туризам. Монографијата низ разговор со Јасна Франговска и Рисима Рисимкин ќе ја претстави Јулијана Величковска, ...

24 ноември е овогодинешниот Циркуларен понеделник (Circular Monday), кој во Европа и светот се слави деветта година по ред. Иницијативата е започната во Шведска во 2017 година, кога Циркуларниот понеделник беше создаден како реакција на Црниот петок (Black Friday), нудејќи алтернатива на неконтролираната прекумерна потрошувачка на новопроизведени, често неодржливи производи. Она што започна како мала иницијатива во 2017 година, денес е ...

Фестивалот на европски филм Синедејс, во соработка со престижните европски маркетинг агенции Alphapanda и Luckytime, го објавува повикот за учесници на дводневниот хакатон за филмски маркетинг кој ќе се одржи од 4 до 6 декември во Младинскиот културен центар во Скопје. Настанот е наменет за млади автори, продуценти, студенти и професионалци од областа на филмот, комуникациите и маркетингот, како и за сите љубители на визуелни приказни кои ...

Во животот, промените се неизбежни – тие нè обликуваат, нè предизвикуваат и нè водат кон нови верзии од себе. „Се менувам. Природно е.“ е видео рубрика поддржана од Rosa, посветена на истражување на личните и животните трансформации што нè прават посилни, поискрени и посвесни. Во петтата епизода ни гостуваат Дадо и Едит Тапшанови, двојка која низ својата професионална и приватна приказна покажува како изгледа кога промената не само што ја ...

Поезијата, музиката и автентичната енергија се она што го прават „Вазда Било“ посебен културен феномен. Веќе пет години, во срцето на Белград, поетесата Валентина Бакти и актерот Стеван Пиале создаваат единствена литературно-музичка платформа во просторот на Квака 22. Ова не е само настан, туку и место каде што уметноста опстојува и пулсира благодарение на чистата љубов кон креацијата и силниот однос со публиката. Програмата е секогаш ...

Во период на припрема за празничната сезона и брзата динамика на животот, MY:TIME со гордост ја претставува својата најнова кампања „МОМЕНТИ ЗА НАС“, која служи како нежен потсетник за она што навистина е важно. Кампањата ја пренасочува светлината од големите настани кон малите, интимни мигови на искрена блискост. MY:TIME ја пренесува пораката дека животната вредност не лежи во гламурот, туку во секојдневната љубов, смеа и безусловно ...

На 18 октомври на Љубљанската модна недела македонскиот моден бренд „Лудус“ ја претстави најновата колекција насловена како „Декалог“ за пролет-лето 2026 година. Десеттото поглавје од серијата Пост-родовостнајавува нова визуелна насока за брендот, суптилно оддалечувајќи се од препознатливата монохроматска палета преку воведување на природни ткаенини со внимателно избрани класични дезени, преиспитувајќи ја границата меѓу чистотата и ...

17 ноември, Виена: Националниот џез оркестар ќе настапи во реномираниот џез клуб Porgy & Bess вечерва во 20.30 часот, како дел од турнејата „Македонски сновиденија“ (Macedonian Dreams). Ова е третиот и последен настап на македонските џезери предводени од диригентот Владимир Николов, како дел од мини-турнејата што ги опфати и Будимпешта и Прага. Macedonian Dreams е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска ...

Одговорното користење на дигиталниот простор е клучно за поттикнување здрави навики и позитивни онлајн-искуства – истакна Мукаетов на конференцијата за безбеден дигитален простор. Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, учествуваше на конференцијата „Content Positive 2025 – подобар онлајн“, настан посветен на унапредување на дигиталната безбедност, организиран од „А1 Македонија“. Настанот обедини истакнати ...

Штипската публика ќе има можност да ја види најноватаизложба на академската сликарка Јана Јакимовска. На18.11.2025 година во 13 часот во Безистенот во Штип ќе сеотвори нејзината самостојна изложба на цртежи и слики сонаслов Везилка. На изложбата се изложени делаинспирирани од песната Везилка на Блаже Конески. Поизложувањето во Скопје, ова е второ претставување наизложбата Везилка пред македонската публика. За изложбата, кураторката д-р Ана ...

Balkan News Truck, или Балканскиот медиумски камион, пристигна во Скопје и ќе им понуди на Скопјани интерактивна програма на 13 ноември 2025 година, на паркингот пред Општина Центар, од 11 до 15 часот, и на 14 ноември 2025 година, во NOVA International School Skopje, од 9 до 15 часот. Balkan News Truck е патувачка платформа што ги истражува вестите, сликите и критичкото размислување. На секоја станица, камионот ќе биде поставен на централни ...

На престижниот SCAD Savannah Film Festival, македонската режисерка и ко-режисерка на двојно оскар номинираниот документарец „Медена земја“ (Honeyland) и авторка на новиот филм „Приказната за Силјан“ (The Tale of Silyan), Тамара Котевска, блесна во уникатен моден избор кој привлече внимание и на филмските и на модните кругови. Тамара Котевска во моментов е на американска турнеја во рамките на кампањата за Оскар, а минатата недела беше дел од ...

Визуелна авантура низ форми и материјали кои раскажуваат градска топографија, меморија и време на едно инспиративно патување. Најава за отворање на изложба со наслов „Стопен град“, на 14 ноември 2025 (петок) во Националната галерија на Република Северна Македонија, објект Чифте амам, во 20 часот. Стопен град: Урбана топлинска имагинација и материјална кревкост д-р Ана Франговска Со проектот Стопен град, Игор Сековски го продолжува своето ...

Денеска, 11 ноември 2025 година, стружанецот Ердал Лушо тргнува на едно од најголемите соло морепловни искушенија во светот — Setka Atlantic Challenge. Со својата едрилица „Пиксел“, која сам ја изгради од дрво во работилницата на клубот КК Снегар, Ердал ќе се обиде да го премине Атлантскиот Океан – сам, без моторна помош, воден единствено од силата на ветрот. Ова е првпат Македонија да има свој претставник на ваква престижна и екстремно тешка ...

Редовното одржување и техничката исправност на моторните возила преставува клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја започнува новата превентивно-едукативна кампања за „Унапредување на работата на станиците за технички преглед и подигнување на свеста за важноста на техничката исправност на возилата“, со цел системско подигнување на свеста за значењето од редовна ...

Лансирањето на Michael Kors Pour Homme Absolu и Pour Femme Absolu го означува влегувањето на брендот во нова мирисна фаза — поинтензивна, поорганска и подлабоко поврзана со идејата за личен стил како секојдневна изјава. Со овие две нови изданија од линијата Absolu, Michael Kors го продолжува својот препознатлив дијалог меѓу модата и начинот на живот, создавајќи мириси што го следат ритамот на модерниот човек, наместо да му го наметнуваат. Во ...

Dr. Martens го претставува својот прв целосно водоотпорен модел – 1460 Rain, модерна и функционална интерпретација на култната 1460 силуета, создадена за максимална заштита и комфор во дождливи и предизвикувачки услови. Опишани како „родени од оган, издигнати на воздух, подготвени за дожд“, новите 1460 Rain чизми претставуваат значаен технолошки напредок за брендот. Тие ја задржуваат препознатливата Dr. Martens естетика, но воведуваат изведба ...

Пред бројна публика во македонскиот КИЦ во Загреб беше отворено првото издание на Фестивалот на современа македонска книжевност којшто македонскиот КИЦ го реализира во соработка со реномираната македонска издавачка куќа ,,Македоника литера“ . Фестивалот го отвори директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска која истакна дека, целта на Фестивалот е да ја покаже важноста на книжевниот превод како ...

Оскаровките Џенифер Лоренс и Ема Стоун ќе бидат продуценти на нов филм посветен на легендарната кукла од „Мапетите“ — Мис Пиги. Според Variety, проектот ќе биде напишан од театарскиот автор Кол Ескола („Oh, Mary!“). Веста ја откри самата Лоренс во гостување на подкастот Las Culturistas, каде изјави: „Не знам дали можам да го кажам ова, но ќе ризикувам… Ема Стоун и јас продуцираме филм за Мис Пиги, а Кол го пишува сценариото.“ Водителите на ...

Нашата мисија е едноставна – да покажеме дека учењето може да биде радосен процес, а не обврска и напор. Обучени над 60 просветни работници, интересот расте, а нови групи веќе се формираат Во организација на Еду Центар, успешно беа реализирани обуки по Сугестопедија – иновативен метод при кој се користат неискористените резерви на мозокот на личноста. Методологијата, разработена од д-р Георги Лозанов, овозможува учење со радост, леснотија и ...

Hello Kitty конечно пристигнува на големото платно, откако Warner Bros. Pictures Animation и New Line Cinema официјално потврдија дека работат на големо игранo-анимирано остварување посветено на омиленото јапонско маче. Филмот се развива во партнерство со Sanrio и продуцентската компанија FlynnPictureCo., што претставува историски чекор за глобално популарниот бренд. Ова ќе биде прво поголемо англиско-јазично филмско издание за ликот создаден ...

Фестивалот Skopje Design Week 2025 година ќе започне со Саем на еколошки бизниси, кој ќе се одржи на 8 и 9 ноември во Public Room. Во рамки на второто издание на Саемот, посетителите ќе имаат можност да запознаат и поддржат 24 македонски иновативни и еколошки бизниси, кои преку своите производи докажуваат дека малите чекори водат кон големи промени. По успешното прво издание во 2023 година, Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење ...

Модната естетика на Анастасија Атанасовска повторно го привлече вниманието на публиката, претворајќи ја пистата во сцена каде модата станува уметност, емоција и јазик на женственоста. Најновата колекција, „Tied Illusions“, ја открива динамиката меѓу силата и кревкоста, формата и мекоста, реалноста и фантазијата. Таа е визуелна поезија во движење – создадена за жената што се осмелува истовремено да биде чувствителна и смела, гласна во тишината ...

Приспивните песни го пренесуваат чувството на нежните и меки допири кои раскажуваат најубави сказни, смируваат и даваат чувство на сигурност и на поврзаност на родителот и детето. Преку нив се поврзуваат емоционалниот и когнитивниот физички развој. Приспивната песна создава посебен момент на поврзаност меѓу родителите и бебето, на тој начин овозможувајќи чувство на сигурност, љубов и на смиреност. Токму сево ова е претставено преку посебната ...

Филмот „Ритам на животот“ во режија на Америса Баста ќе ја има својата светска премиера утре, на 5 ноември 2025 година, во рамки на 66. Меѓународен филмски фестивал во Солун. Ова е дебитантски долгометражен филм на режисерката Баста, кој ќе се натпреварува во официјалната конкуренција на програмата „Запознајте ги соседите“. Станува збор за мултинационална копродукција на шест земји, што низ поетичен визуелен пристап зборува за предизвиците со ...

4 ноември 2025: Дејан Дуковски, еден од највлијателните и најизведувани македонски драмски автори, ќе биде Автор во фокус на претстојното 60. Јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Фестивалот ќе му посвети ден на авторот во кој со различни содржини ќе биде потенцирана важноста на Дуковски за македонската театарска меморија и култура, воопшто. Фестивалот годинава ќе се одржи од 12 до 19 јуни 2026 ...

Почитувани, ве информираме дека на 12.11.2025 година во 19 и 30 часот во просторот на КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО ќе се отвори изложбата ,,Плацебо” на авторот Иван Аџиевски. На својата шеста самостојна изложба авторот ќе престави уметнички слики изработени од алтернативни медиуми на платно на кои ќе бидат застапени абстрактно насликани форми со минимален медитативен наратив со цел предизвикување на плацебо ефект кај гледачот за негово ослободување од ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
55%
1024
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
36%
1025
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
44%
1025
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
4.12
55%
1024
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
3.39
47%
1024
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
57%
1024
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.92
52%
1023
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
21%
1022
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
36%
1023
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
45%
1025
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
3.58
41%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1024
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Калај

51.64

Платина

69606.37

Родиум

368126.05

Иридиум

221848.72

Цинк

3.28

Паладиум

52823.68

Бакар

11.80

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.35

Сребро

2704.52

Рутениум

45750.51

Злато

166049.28