Пејачката Камила Кабељо синоќа подготви сензационален настап за време на финалето од Лигата на шампионите каде во смел бел аутфит повторно покажа дека не ги крие своите облини. Настапот на Камила на крајот беше поздравен со аплауз и овации од страна на публиката, но пејачката се пожалила на Твитер дека не било се така сјајно. -Повторно го гледав мојот настап и не ми се верува дека фановите толку гласно ги пееја химните на нивните клубови ...

Ѕвездата на „Пријатели“ Џенифер Анистон (53) гостуваше во најновата и воедно последна епизода на „The Ellen Show“. Ток-шоуто траеше скоро две децении и имаше над 3.000 епизоди. Во четвртокот во финалето се појави и Анистон, која беше и прва гостинка во шоуто во 2003 година, а за време на разговорот со Елен се пошегува на сметка на нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит. -Раскинав и отидов на терапија. А потоа го снимив ...

Поп-ѕвездата Џастин Тимберлејк, кој започна во машкиот бенд NSYNC, ги продаде правата за неговиот каталог на песни на Hipgnosis Song Management, објави британската фирма во четвртокот. Договорот беше завршен во име на партнерството на Hipgnosis со фирмата за приватен капитал Blackstone, Hipgnosis Songs Capital. Се вели дека се проценува на повеќе од 100 милиони долари. Волстрит журнал, кој прв ја објави веста, додаде дека договорот не ги ...

Амбер Херд во четвртокот во солзи сведочеше за смртните закани и малтретирањето што вели дека ги добила за време на судењето во кое е тужена за клевета вредна 50 милиони долари од нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп. -Секој ден ме малтретираат, ме понижуваат, ми се закануваат. Дури и самото влегување во судницата, седењето овде пред светот, изнесувајќи ги најлошите делови од мојот живот, работите низ кои поминав, ме понижи. Луѓето сакаат да ...

Меган Маркл, без придружба на сопругот, принцот Хари, ненадејно се појави во Тексас каде беше извршен масакр во основно училиште за да им оддаде почит на трагично загинатите. Се чини дека пукањето во основното училиште во Тексас, во кое загинаа 19 деца и неколку возрасни, тешко ја погодило војвотката, која ненајавено се појави во близина на местото на масакрот. Таа пристигнала на место каде властите подигнаа крстови во чест на секое убиено ...

Сите четири членови на култниот шведски бенд „ABBA“ се собраа во четвртокот во Лондон за првпат од 1982 година на премиерната вечера на нивниот виртуелен спектакл „Voyage“. Шведските поп суперѕвезди – Бјорн Улвеус, Бени Андерсон, Агнета Фалцки и Ани-Фрид Лингстад - последен пат во престолнината на Велика Британија се појавија заедно во 1982 година во забавното шоу „The Late Late Breakfast“ чиј водител ...

Вчеравечер во луксузниот хотел „Мирор“ во Скопје, магазинот „Убавина и Здравје“ го прослави својот 14. роденден на која присуствуваа преку 400 гости. Роденденската забава започна уште во 19 часот, а траеше до полноќ. Гостите ги забавуваше „Попарт бенд“ и Бока Конга&Баже Сакс кои направија одлична атмосфера. Пред присутните се обрати уредничката на „Убавина и Здравје“, Јована Стојменовиќ ...

Македонската компанија АССЕКО СЕЕ, дел од полската групација АССЕКО, успешно 20 години по ред ја продолжува имплементацијата на меѓународно признатиот ISO 9001:2015 стандард. АССЕКО СЕЕ, која инаку е една првите ИТ компании кои се стекнаа со овој истакнат сертификат, доби пригодна плакета од сертификационото тело по повод 20. годишнината од првата имплементација на стандардот, на настан кој се одржа во просториите на компанијата. – ...

„The Ellen DeGeneres Show“ кое ги забавуваше Американците, рушеше стереотипи и ги угости најголемите ѕвезди, денеска завршува во сенка на обвинувањата по речиси 2 децении, 19 сезони и повеќе од 3.000 епизоди. Најголемите холивудски ѕвезди често гостуваа во ток-шоуто на комичарката Елен Деџенерис, кое се стекна со популарност и во поконзервативните делови на Америка. Нејзина прва гостинка беше актерката Џенифер Анистон, која исто ...

Судењето во кое Џони Деп и Амбер Херд, eден од друг, бараат отштета од повеќе милиони долари, го следи цела планета. Актерот Џони Деп и неговата сопруга Амбер Херд веќе неколку недели се на суд каде меѓусебно се тужат, а сите забележаа дека тој на последното рочиште ја носел вратоврската што ја добил за време на престојот во Србија. Имено, парчето што го имал е автентична вратоврска од понудата „Мозаик“, од колекцијата на Храмот ...

Киванч Татлитуѓ, главниот лик во серијата „Украдено минато“ на Dizi, веќе цел месец го доживува чувството на татковство, со среќата што го дава ова ново искуство како родител. Тој конечно го даде своето прво интервју во најважната улога во животот – улогата на татко. Но, покрај убавата вест за раѓањето на неговиот син, она што веднаш паѓа во очи кај новиот татко и познат глумец на неговиот Инстаграм профил е неговиот нов ...

Денес, 25 мај, некогашниот Ден на младоста, не случајно симболично беше одбран за втората и последна ПРЕСС конференција на групата „Меморија“ која се одржа на терасата на скопскиот хотел „Парк – 4“, на која беа соопштени сите детали за концертениот спектакал под отворено небо кој ќе се одржи на 11. јуни на стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје. Замислен како голема заедничка „рок ен рол матурска ...

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер си разменија завети пред пријателите и семејството во Портофино, а ова беше нивна трета венчавка. Кортни блесна во екстравагантна венчаница на Долче и Габана која се состоеше од мини фустан од тантела и прекрасен вел. Највпечатлив детаљ на велот беше огромниот вез инспириран од тетоважа што Тревис си ја направил на главата – ликот на Богородица. View this post on Instagram A post shared by Kourtney ❤️ ...

Во Лондон синоќа се одржа премиерата на долгоочекуваниот филм „Top Gun: Maverick“, а покрај актерската легенда Том Круз, на црвениот тепих се појавија и Кејт Мидлтон и принцот Вилијам. Кралската двојка се прошета на црвениот тепих во Лондон во четвртокот вечерта во друштво на холивудски актер. Кејт блесна во црно-бел фустан на Roland Mouret кој ги откриваше нејзините раменици, а го искомбинира со чанта на Alexander McQueen од ...

Водителката на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Торино, италијанската пејачка Лаура Паузини (48), откри дека е позитивна на Ковид-19 и всушност поради тоа и се слошило за време на преносот во живо на финалето во саботата вечер. -Да, нешто навистина не беше во ред. Од саботата не се чувствувам добро. Мислев дека тоа е предизвикано од насобран замор, но не било така. Само што дознав дека сум позитивна на коронавирус, поради што ...

Музичарот Ед Ширан (31) и сопругата Шери Сиборн добија уште едно дете, уште едно девојче. Среќната вест Ед ја сподели на својот Инстаграм профил, каде го следат повеќе од 38 милиони фанови. – Сакам да ве известам дека имаме уште едно прекрасно девојче. И двајцата сме вљубени во неа и сме пресреќни што сега сме 4-члено семејство– напиша музичарот под фотографија од бебешки чорапчиња. View this post on Instagram A post shared by Ed ...

Судскиот спор меѓу Џони Деп (58) и Амбер Херд (36) го следат милиони луѓе ширум светот, а своја „петминутна“ слава добија и нивните адвокати. Сепак, во прв план дојде адвокатката на Џони, Камил Васкез (37), која на нејзината фан страна на Инстаграм ја следат повеќе од 60 илјади луѓе, а таа бројка постојано расте додека нејзиниот вистински профил е приватен. Обожавателите на актерот споделуваат на социјалните мрежи снимки од Камил ...

Пејачката Тејлор Свифт (32) доби почесен докторат на Универзитетот за уметност на NYU во Њујорк. Тејлор одржа подолг говор пред студентите, а церемонијата се одржа на стадионот Јенки. – Здраво, јас сум Тејлор. Последниот пат кога бев на стадион со оваа големина, танцував во високи потпетици и носев светкаво трико. Оваа облека е многу поудобна – Тејлор вака го започна говорот, а беше облечена во вообичаената наметка и капа кои се ...

Ријана го роди своето прво дете, момче чие име се уште е непознато за јавноста. По неколку месеци гледање на нејзините совршени комбинации за бременост во кои уште еднаш се покажа како апсолутна стилска икона, Ријана стана мајка. Таа го родила синот чиј татко е раперот Асап Роки на 13 мај во Лос Анџелес, пишува TMZ. Името на момчето се уште е непознато за јавноста. -Ријана е добро. Многу се возбудени што се родители. Ријана веќе е прекрасна ...

Balkans Beyond Borders (BBB) ги повикува македонските млади режисери да ги пријават своите филмови на 13. издание на интернационалниот фестивал за кратки филмови Balkans Beyond Border, кој за првпат ќе биде одржан во Македонија, во градот Битола, откако во последните 12 години фестивалот патуваше во 10 града (Белград, Тирана, Атина, Букурешт, Сараево, Солун, Брисел, Нови Сад, Измир, Приштина). Фестивалските награди ќе ги додели жири составено ...

Ниту еден судски спор, не предизвикал толку многу внимание во јавноста како оној помеѓу Џони Деп и Амбер Херд. Џони Деп е доказ дека и мажите можат да бидат жртви на семејно насилство. А ги има многу, но поголемиот дел од нив молчат. Срамот да не бидат озборувани е поголем од болката на ударите. Токму на оваа тема естрадниот магазин „Бекстејџ“ разговараше со дел од нашите јавни личности. Оној кој прв зборуваше беше Џамбазов: ...

Градските приказни на ансамблот ИЛИНДЕН, беа изведени на целовечерен концерт под наслов „Битола е градот” во Офицерски дом. Изминаа повеќе од 67 години, откако ансамблот на народни песни и игри ИЛИНДЕН од Битола, започна да ја чува, негува и да ја шири нашата традиција. Низ сите тие години светот се менуваше околу нас, но ИЛИНДЕН секогаш го чувал највредното. Помеѓу тие бисери се „Градските приказни“ кои се подвижен ...

Седумдесет и петтиот Кански филмски фестивал беше отворен вчера со црвен тепих, гламур и присуство на светски филмски ѕвезди, посетители и филмски гледачи, враќајќи го фестивалскиот сјај во овој град на Азурниот брег. -Едноставно сум пресреќен – изјавил претседателот на фестивалското жири, Винсент Линдон, пред бројните новинари. View this post on Instagram A post shared by Festival de Cannes (@festivaldecannes) Во официјалното жири ...

Српската претставничка на Евровизија, пејачката Констракта (43) со песната „In corpore sano“ не само што ја воодушеви публиката која за време на целиот настап ракоплескаше со неа во ритамот на песната, туку и луѓето задолжени за режирање на целиот настан. На социјалните мрежи се прошири видео направено за време на финалето на Евровизија, на кое се гледа како италијанските режисери се забавуваат во студио додека Србија настапува на ...

Членовите на бендот „Kalush Orchestra“ застанале кога ја преминувале полско-украинската граница и со насобраниот народ ја пееја својата песна „Stefania“, која победи на Евровизија. Воодушевените обожаватели кои се најдоа на полската граница почнале да ја пеат победничката песна и да го скандираат името на бендот. Бендот се сретна со обожаватели и украински војници кои сакаа да се фотографираат со нив. Тие беа пречекани ...

ХПВ (Хуман папилома вирус) е многу распространет вирус кај човечката популација. Се верува дека повеќето сексуално активни луѓе се заразуваат со овој вирус во одреден момент од својот живот. Станува збор за сексуално пренослива вирусна инфекција. Тоа е најчесто преносливо заболување кое се пренесува преку вагинален, анален и орален секс, а може да се добие и ако партнерот нема никакви симптоми. Хуманите папилома вируси го напаѓаат слоевитиот ...

Некогашната водителка на „Бекјстеџ“, Миа Костова, денес е една од највлијателните на Инстаграм. Не е тајна дека постојано го привлекува вниманието на јавноста. Уште кога прва се соблече и се сликаше за „Плејбој“, па до денес, сеедно дали се муабети за сексуалната ориентација, саркастични видеа за дупките во државата или проблемите со депресијата кои ги сподели во јавноста. „Кога се сликав за ...

По „пробната“ венчавка во Лас Вегас на 4 април по доделувањето на Греми наградите и малку текила, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер официјално кажаа „да“. Парот сега и официјално е во брак, а пристигнаа и првите папарацо фотографии на кои се гледа нејзината кратка и едноставна венчаница. Ријалити ѕвездата и тапанарот си размениле завети во Санта Барбара пред семејството и неколку блиски пријатели, а веста прв ја ...

Музичките награди Билборд беа доделени во неделата вечер, на 15 мај. Повеќето од наградите беа доделени за време на преносот во живо на TikTok, додека другите победници беа откриени на церемонијата одржана во MGM Grand Garden Arena во Лас Вегас. Домаќин на музичките награди Билборд беше Диди, а на сцената настапија Тревис Скот, Силк Соник, Бурна Бој, Ед Ширан, Машин Ган Кели, Florence + The Machine и Megan Thee Stallion. View this post on ...

Пејачката Јана Бурческа во 2017 година ја претставуваше Македонија на Евросонг во Киев. Оттогаш речиси и да не пее. Денес, публиката ја препознава како водител на емисијата „Плеј топ-10“ на Македонската телевизија. Неодамна Јана се соочи со негативни коментари по домашниот Избор за песна на Евровизија кога во јавноста се пишуваше сешто за облеката што ја носеа таа и нејзината колешка Александра. Вели, и по дванаесет години на ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Белград

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
70%
1026
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.26
57%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.39
79%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / -1ᴼ
0.51
73%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
69%
1026
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
76%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 1ᴼ
2.06
80%
1030
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
0.89
58%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
5.66
70%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Платина

68963.35

Рутениум

47358.05

Паладиум

51794.85

Калај

50.64

Алуминиум

3.42

Иридиум

231355.22

Бакар

11.73

Цинк

3.24

Сребро

2711.59

Кобалт

66.14

Родиум

372948.66

Злато

166253.76