Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на собраниската седница за пратенички прашања изјави дека Владата води, како што рече, кредибилна и одговорна надворешна политика насочена кон заштита на националните интереси, достоинството на државата и стратешките цели. Одговарајќи на прашања за евроинтеграциите, Муцунски порача дека државата повеќе нема да прифаќа отстапки кои не носат конкретни резултати. – Нема ...

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денеска изјави дека ѝ наредил на израелската армија да ги игнорира ограничувањата од прекинот на огнот и да ја прошири контролата врз околу 70 отсто од Појасот Газа, пренесуваат израелски медиуми. Прекинот на огнот, постигнат со посредство на САД во октомври 2025 година, ја воспостави таканаречената „Жолта линија“, со која околу 53 отсто од Газа останаа под израелска воена контрола. Нетанјаху изјавил ...

Полицијата во изминатите 24 часа лиши од слобода 16 возачи низ државата поради опасно и несовесно управување возило, при што дел од нив воопшто немале возачка дозвола, а дел возеле и покрај забрани или под дејство на алкохол. Од уапсените, 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои има и малолетник. Еден возач бил фатен како вози иако му била изречена активна забрана, а друг без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје се регистрирани три ...

Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Скопје, еден државјанин на Австрија и еден жител на Гевгелија, поради сомнение дека без дозвола извршиле градежни активности на потегот од селото Пепелиште кон Војшанци, во неготинско. Според истрагата, осомничените ископале канал долг околу 600 метри и поставиле кабли за електрична енергија, со што, како што наведуваат надлежните, е направена штета на општината од над 1,5 милион ...

Чешкиот тенисер Јакуб Меншик обезбеди пласман во второто коло на Ролан Гарос по неверојатен маратонски дуел против Аргентинецот Маријано Навоне, но победата беше засенета од драматичен крај на натпреварот во Париз. Меншик славеше по речиси пет часа игра со 6-3, 2-6, 6-4, 1-6, 7-6, но веднаш по последниот поен се сруши на теренот поради тешки грчеви и целосна исцрпеност. Мечот беше исполнет со пресврти, а двајцата тенисери имаа свои доминантни ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку објава на социјалните мрежи реагираше на најавата за нова интерпелација против него, оценувајќи дека станува збор за политички координиран напад од страна на опозициските партии СДСМ, ДУИ и Левица. – Денешниот ден повторно ја разоткри коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, кои синхронизирано и координирано повторно ги насочија сите свои сили кон мене – напиша Тошковски. Тој тврди дека на ...

Со попуст од 15 отсто на апсолутно сѐ, подароци и забавна атмосфера, „dm drogerie markt“ денеска, 28 мај, ја отвори својата нова продавница во „Mega Shopping Park“, на улица Васил Главинов бр. 9 во Гевгелија. На денот на отворањето, купувачите беа пречекани во весела атмосфера со диџеј и забава за најмалите, а dm и овој пат својот нов деловен успех го одбележа на општествено одговорен начин. Во периодот од 16 до 17 часот, купувачите имаа ...

Русија денеска ги повика САД и Иран да не го обновуваат вооружениот конфликт, предупредувајќи дека секоја нова ескалација може да доведе до сериозна хуманитарна криза. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на прес-конференција изјави дека обновување на конфликтот меѓу двете земји би имало негативни последици за целиот свет, пренесуваат руските медиуми. Таа потсети дека прашањето за иранскиот збогатен ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за пратенички прашања порача дека реформската агенда се движи во добра насока и дека државата има шанса да се позиционира меѓу „фронтранерите“ во процесот. Тој нагласи дека до 30 јуни е предвиден „грејс период“ за завршување на дел од обврските и изрази очекување дека резултатите ќе бидат видливи во претстојниот извештај. – Имаме амбициозна агенда. Нашата цел е да ...

Украина ќе набави 20 нови борбени авиони „Грипен“, додека Шведска следната година ќе донира 16 постари авиони од истиот тип, соопштија украинскиот претседател Володимир Зеленски и шведскиот премиер Улф Кристерсон на заедничка прес-конференција. Двајцата лидери минатата година потпишаа писмо за намери со кое се отвора можност Шведска да ѝ продаде на Украина до 150 борбени авиони „Сааб Грипен Е“, но испораките на поновиот модел се очекуваат за ...

Во само едно деноноќие низ државата биле пријавени седум случаи на семејно насилство, а полицијата привела три лица и со едно лице извршила службен разговор по пријава за напад во семејството. Еден од случаите бил пријавен во Скопје, каде 51-годишна жена во полиција кажала дека била физички нападната од својот партнер во кругот на здравствена установа во Центар. Нападот, според пријавата, се случил ден претходно околу полноќ. Во друг случај ...

Поради верскиот празник Задушница, утре во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај околу гробиштата, а полицијата најави кружно движење и пренасочување на возилата со цел да се избегнат метежи и застои. Од 6 часот наутро, сообраќајот кон градските гробишта „Бутел“ ќе се одвива по изменет режим и во една насока. Возилата ќе се движат по улицата Бутелска, потоа лево по Александар Урдаревски, па повторно лево по Боца Иванова и оттаму кон влезот ...

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Обвинителството продолжи со изведување материјални докази, при што беше презентирана лиценца издадена во 2012 година од Министерството за економија. Одбраната побара во судницата да се прочита делот од лиценцата во кој е наведено за кој објект, за која дејност и за која локација е издадена. Од презентираниот доказ произлезе дека лиценцата не била издадена за објектот каде што се случи трагедијата, туку ...

СДСМ е фатен на дело, потврди дека имаше во план да дозволи промена на пол на малолетни деца, без притоа да имаат дозвола од родителите или од старателите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ повторно е во кавга со свој поранешен градоначалник, кој ги обвини дека за овој проект, тие велат, цитираме: Ова не е вистина, законот за кој зборува Костадинов е од 2023 година и тој закон беше повлечен, нема никаква врска со нашата нова програмска платформа. Со ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2026 година (понеделник) и на 02.06.2026 година (вторник), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Градот ги известува пчеларите навреме да ги ...

Во 2025 година биле извршени 249 милиони безготовински платежни трансакции, што претставува годишен раст од 7,1%, при вредност од 9.719 милијарди денари и раст од 36,4% на годишна основа, покажува Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во првиот квартал од 2026 година што го разгледа Советот на Народна банка. „Растот е поттикнат од сѐ почестото користење на платежните картички и од континуираното зголемување на ...

Во период од околу 20 години бројот на ученици во Македонија се намалил за 28% додека во истиот период бројот на наставници се зголемил за 46%. Како резултат на тоа националниот просек се намалил од 18 ученици на 11,4 ученици по наставник. Во споредба со препорачаниот просек од 15 ученици по наставник, ова довело до вишок на наставен кадар од околу 13 проценти. Оваа информација ја изнесе министерката за образование Весна Јаневска, одговорајќи ...

Има нови моменти, но да не навлегуваме, за да не се наруши случајот и да се остави на судовите да го кажат последниот збор, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање за случајот „Мазут“, за кој ОЈО за гонење организиран криминал и корупција ја сопре истрагата поради недостиг на докази. – Одблиску го следиме случајот и сето тоа што е поврзано со тој случај. Нашиот став како Влада јасно беше ...

Аналитичкиот извештај за болничкото лекување 2023–2025 година на Фондот за здравствено осигурување на РСМ (ФЗОРСМ) покажува стабилен раст на бројот на пациенти, зголемени буџети и постепено зајакнување на капацитетите на здравствениот систем, истакнаа на денешната прес-конференција директорот на ФЗОРСМ Сашо Клековски и заменик-директорот Седат Бислими. Според податоците, во 2025 година биле лекувани 194.230 пациенти, што е зголемување од 5,1 ...

Денеска на седница на Владата беше усвоен Предлогот за измена на Законот за царинска тарифа, со кој се врши дополнително намалување на царинските стапки и нивно целосно усогласување со стапките за тие стоки кои се применуваат во Европската Унија, соопшти Министерството за финансии. Според Министерството, овие измени претставуваат продолжение на минатогодишните законски измени кои стапија на сила на 1 јули 2025 година, кога беше извршено ...

Американската амбасада во Киев продолжува со работа, соопшти амбасадата, негирајќи ги извештаите за промени во нејзиното работење по предупредувањата на Русија дека дипломатите и странците треба да го напуштат украинскиот главен град пред нападите да ескалираат. Некои украински медиуми ја цитираа шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, која на маргините на самитот на ЕУ во Кипар рече дека сите странски амбасади во Киев ја ...

„Трудовиот и Пазарниот инспекторат немаат доволно капацитети, но тоа не треба да биде оправдување. Секоја институција во рамки на своите надлежности треба да постапува максимално и да ги казнува оние што не го почитуваат законот, особено кога станува збор за безбедноста и здравјето на работниците“. Вака денеска изјави денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, одговорајќи на новинарско прашање зошто се дозволува фирми да ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од собраниска говорница одговори на барањата на опозоцијата за негова оставка, потенцирајќи дека бројките говорат за работата на Министерството во изминатиот период. – Говорам дека добро е што нема разлика помеѓу СДСМ, Левица и ДУИ и добро е што во ист ден повторно вие барате оставка од мене врз основа на вашата перцепција, а Левица повикува на интерпелација. Кај и да е, во текот на денов ...

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите. Ова го овозможуваат законските измени кои вчера стапија во сила, а денеска беа промовирани пред претставниците на винариите. Лимитот на поддршката е до еден милион евра во наредните 5 години. – Ова е историски ден за Македонија, бидејќи прв пат откако постои Законот за финансиска поддршка на инвестициите, производителите на вино во рефус или ...

Македонија и во јунскиот извештај за реформската агенда ќе биде фронт-ранер, додека во однос на испораката на правда очекува побрза и поробусна испорака на правда од таа претходно, затоа што и граѓаните не се задоволни од спора правда и затоа дополнителни примања нема да има без јасни резултати – рече премиерот Христијан Мицкоски на собраниската седница за пратенички прашања во четвртокот. – Се разбира дека не само јас и граѓаните, сите ќе се ...

Наталија Водјанова ја потврди веста дека го очекува своето шесто дете во 45-тата година од животот, позирајќи со трудничко стомаче на насловната страница на францускиот Вог, докажувајќи уште еднаш зошто е една од најпознатите жени во модната индустрија со децении. Но, животот на Наталија Водјанова е далеку од бајката што ја живее денес со милијардерското семејство Арно. View this post on Instagram A post shared by Vogue France (@voguefrance) ...

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 мај 2026 изнесува 118,22 евра за мегават час, на МЕМО 106,25 евра за мегават час. Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 28 мај 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 118,22 евра/mwh, додека на MEMO цената е 106,25 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power ...

Европската Унија мора да го промени системот за пристапување на нови членки, за да одговори на потребите на Украина, вели еврокомесарката за проширување, Марта Кос. Во интервју за „Фајненшл тајмс“ таа оцени дека Брисел мора да биде иновативен, но, без оглед на евентуалната реформа на процесот на проширување, ќе нема отстапки за основните принципи и стандарди поврзани со владеењето на правото, судската независност и борбата против корупцијата. ...

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,04 п.п., при што во април таа изнесува 2,16%. Во април и просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад и тоа од 0,41 п.п. и изнесува 4,70%, покажува последниот извештај на Народна банка. Податоците покажуваат и месечно намалување на каматата на вкупните депозити на домаќинствата. Таа во во април изнесува 2,10% и е намалена за 0,01 п.п. ...

Новата централна зграда на Стопанска банка е првиот објект во земјата што доби LEED Gold сертификат, една од најпрестижните светски сертификации за одржливост во градежништвото. „Постигнувањето го позиционира овој проект како пример за одржлив развој во нашата земја и ја демонстрира долгорочната посветеност на Банката кон заштитата на животната средина, иновациите и благосостојбата на вработените и клиентите“, велат од Стопанска банка. LEED ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.21
30%
1013
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
3.85
44%
1010
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.51
35%
1013
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.41
33%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
56%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.47
47%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.74
44%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.22
38%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
38%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
78%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.21
57%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28