Шпански војник загина денеска додека учествуваше во операции за гаснење на голем шумски пожар во Арагон, Шпанија, изјави шефот на регионот на североистокот од државата. „Му изразив искрено сочувство на генерал-полковникот на воената единица за итни случаи за смртта на војник за време на пожарот во близина на Пењас де Риглос“, објави Хорхе Аскон на социјалната мрежа Ex. Локалните медиуми објавија дека камионот со кој патувал војникот за време ...

Јапонски тим научници објави дека се на работ на вакцина што ќе ги уништи застарените, уште наречени и „зомби“ клетки, чијшто број се зголемува со возраста и што влијаат на околните клетки, што доведува до нарушувања поврзани со возраста, вклучително и намалена еластичност на артериите. Застарените тн. „зомби“ клетки што престанале да се делат, но не умираат, предизвикуваат воспаление со ослободување хемиски соединенија што ги оштетуваат ...

Министерството за здравство, предводено од министерот Сашо Клековски, презема засилени и координирани активности за следење и справување со состојбата со западнонилската треска во земјава. Комисијата за заразни болести редовно ја следи епидемиолошката состојба и предлага соодветни мерки и препораки. На иницијатива на министерот Клековски, денеска е формирано координативно тело во кое, покрај институциите од здравствениот сектор, се вклучени и ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, повторно апелираше до граѓаните да бидат внимателни и одговорни во текот на летниот период и да не палат оган на отворено поради опасност од предизвикување пожари. При обиколка на подрачје покрај реката Треска, Ангелов преку видео порака покажа огниште за скара поставено во непосредна близина на сува трева и куп суви гранки кои водат кон блиската шума. Тој предупреди ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,85% во однос на одлуката од 10.8.2026 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 4,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра ...

Трет смртен случај од западнонилска треска е регистриран во Македонија. Пациент на возраст од 61 година починал во саботата, и имал коморбидитети, информираше денеска министерот за здравство, Сашо Клековски. Вкупно хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести се 16 пациенти. Од хоспитализираните, шест случаи на западнониска треска се критични. Во Македонија досега 35 случаи се потврдени на западнонилска треска, а има три суспектни ...

Неколку дена беа доволни за да се види целата политичка матрица на талогот од СДС. Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника, па дезинформации, а кога институциите ќе ги демантираат со факти, ниту извинување, ниту одговорност, истакна на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Тоа не е одговорна опозиција, туку политика која опстојува на создавање недоверба кај граѓаните. За водата во Скопје се ...

ОВЕН Денот е погоден за зајакнување и проширување на вашите професионални односи и потпишување важни документи. На лично ниво, бидете трпеливи и слушајте ги мислењата на вашите најблиски пред да донесувате заклучоци. Обидете се да ја одржите хармонијата во вашите односи земајќи ги предвид и гледиштата на другите. БИК Денеска ќе бидете цврсти во вашите одлуки и ќе ги следите сопствените уверувања и интуиција. Не дозволувајте другите да ви ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија сончево време со мала до умерена локална облачност. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, најавено е сончево време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Се очекува минималната температура да се спушти до 16, а ...

СДС никако да сопре со ширењето хистерија, страв и паника меѓу граѓаните. Ќе заврши со една тема, ќе почни со друга. Ќе заврши со водата за пиење во едно населено место, ќе се префрли во други, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Па така, СДС почна со Гостивар, со неуспешниот обид за ширење дезинформации за квалитетот на водата, за што експресно беа демантирани, се префрли во Скопје, за на крај да заврши на селската чешма со кисела ...

Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, вештаците кажаа дека „Пулс“ нелегано бил пренаменет од индустриски објект во дискотека спротивно на урбанистичкиот план. Со вештачењето е утврдено и дека биле ...

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има кај с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани каде што годи мешана шума и кај Видуш, Драгов Дол и Локвица во општина Македонски Брод каде што е запалена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Активен пожар ...

За многумина, утринската шолја топло домашно кафе е дел од нивната секојдневна рутина. Но, колку е добро да се консумира на празен стомак? Експертите предупредуваат дека оваа навика може лошо да влијае на нашите хормони. Нутриционистката Оливија Хедлунд, која редовно ги споделува своите совети и знаења со следбениците на социјалната мрежа TikTok, изјави дека консумирањето на овој пијалок на празен стомак може да го турне нашето тело во режим ...

Кои хороскопски знаци најмногу се трудат во кревет? Одговорот е – Водолија! Веднаш зад него се: Бик Риба Девица Лав Кои знаци имаат најмногу партнери? Девица Овен Бик Лав Риба Кои знаци се најзадоволни од својот сексуален живот? Водолија повторно! Јарец Вага Овен Бик Резултатите од истражувањето покажале дека 21 отсто од самците сакаат да знаат што е некој во хороскоп пред да започнат врска со таа личност. Водолија Тие се возбудливи и ...

Нина Атвуд, експерт за односи, верува дека пријателството со бившите може да предизвика многу емотивни превирања во животот. Секогаш кога луѓето остануваат пријатели со бившите, тоа е најмногу затоа што не сакаат раскинувањето да им остави горчлив вкус во устата. Исто така, тие обично се плашат од соочување со животот без луѓето кои толку многу им значеа до неодамна и со кои споделуваа длабоки и интимни врски, вели Нина. Таа додава дека не е ...

Дали некогаш сте обрнале внимание на бојата на седиштето во авион? Седиштата се скоро секогаш сини и ова правило го следат речиси сите авиокомпании. Многу луѓе претпоставуваат дека оваа боја е избрана затоа што нè потсетува на небото. Но, објаснувањето не е толку едноставно! Првите сини седишта започнале да се користат пред неколку децении, а сега во речиси сите авиони доминира материјал од оваа боја. Според британските научници, повеќето ...

Проституцијата се смета за најстариот занает на светот, кој денес е легализиран во некои земји, а иако е незаконски во поголемиот дел од светот сепак преживеал со векови. Иако е многу неблагодарно да се генерализираат работите, едно од поинтересните прашања е каков тип на мажи плаќаат за овие услуги. Шведскиот психолог Шарлот Деоган и нејзините колеги го истражувале ова прашање, а потоа објавиле труд со наслов „Архиви на сексуално ...

Унгарските власти подоцна денеска се очекува да започнат со контролирано потопување на два 80-метарски шлепа во реката Дунав за да го зголемат нивото на водата кај нуклеарната централа „Пакш“ и да го овозможат нејзиното ладење, соопшти унгарскиот премиер Петер Маѓар. Во моментов централата работи со околу 25 проценти од својот капацитет поради историската суша и рекордно нискиот водостој на Дунав, од каде што се црпи вода за ладење. ...

Русија ќе ги удвои напорите за уништување на сите ресурси што Западот ѝ ги обезбедува на Украина за поддршка на нејзината воена машина, а истовремено ја исклучува можноста за итен прекин на огнот – изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за државната телевизија. – Ќе користиме поостри методи за да уништиме сè што ја поттикнува воената машина на Киев од страна на Западот. И веќе го правиме тоа. Тие веќе ...

Повеќе од 900 напади врз здравствени установи, здравствени работници и пациенти се регистрирани во конфликтните зони низ целиот свет од почетокот на оваа година, што во просек е повеќе од четири напади дневно, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во тие напади загинаа најмалку 900 луѓе, а повеќе од 1.400 беа повредени. Податоците на СЗО, што беа презентирани во Женева од директорот на агенцијата за хуманитарни операции и ...

Од почетокот на јули досега во Франција се приведени 474 лица под сомнение за подметнување пожари, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на таа држава. Меѓу приведените има 183 малолетници, или речиси 39 проценти од вкупниот број. Француското МВР на почетокот на август објави дека две третини од апсењата се поврзани со сомнение за намерно подметнување пожар. Нов шумски пожар избувна утрово во департманот Ланд во југозападна ...

Украински мажи на возраст од 23 до 60 години кои бегаат од руската војна во Украина, а не се ослободени од воена служба, повеќе нема да можат да добијат привремена заштита во Германија и би можеле да се соочат со депортација, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи. Министерството за „Дојче веле“ соопшти дека ограничувањето се однесува на мажите кои пристигнале во Германија од 31 јули годинава, кога стапила во сила ...

Телевизија Ако имате модерен телевизор со LED осветлување, ќе трошите многу помалку струја отколку кога би користеле старомоден уред. Сепак, дури и кога е исклучен, но приклучен во струја – овој телевизор продолжува да троши, па затоа е паметно да го исклучите кога не го користите. Компјутери Ако го оставите компјутерот вклучен во струја во текот на ноќта, тој продолжува да троши електрична енергија дури и кога екранот е црн, а компјутерот ...

Една цигара содржи никотин и разни други соединенија кои при согорување ослободуваат повеќе од 40 опасни хемикалии кои можат да предизвикаат рак. Чадот од цигари содржи и јаглерод моноксид, азотен оксид и мали количини радиоактивни честички кои предизвикуваат рак. Иако може да изгледа тешко, всушност постојат некои намирници кои ќе ви помогнат да се откажете од пушењето. Ѓумбир Ѓумбирот има антиинфламаторни својства кои помагаат во ...

Штедењето на пари не е лесно, особено ако имате ограничени приходи и големи фиксни трошоци. Но, понекогаш навистина трошиме повеќе отколку што треба, односно на работи за кои подоцна се каеме. Без разлика дали се обидувате да заштедите за дом, патување, едукација или за „црни денови“, одвојувањето на дел од вашата плата секој месец може да биде предизвик. Постои правило „30 дена“, што може да биде потенцијално решение. Правилото за заштеда од ...

Ако често јадете закуски помеѓу оброците, може да имате голем проблем. Главната причина е што закуските не се здрави, а содржат и „празни“ калории што прават да се чувствувате сити, а не сте внеле ништо хранливо во вашето тело. За да знаете како да го решите овој проблем, прво мора да ги знаете причините за постојаната потреба да грицкате нешто. Жед Ако сте јаделе, а по некое време повторно се чувствувате гладни, помислете кога последен пат ...

Чувство на бескорисност Најлошото чувство на светот е кога ќе сфатите дека никому не му требате, а тоа се случува ако немате интимни моменти со вашиот сакан. Ќе се чувствувате депресивно и тажно. Спротивно на тоа, редовните секс е одличен лек за депресија и стрес. Чудни соништа Отсуството на секс доведува до опсесивни соништа и фантазии поврзани со секс или оргазам. Потешко се будите Без задоволство, ќе се чувствувате мрзливи и депресивни. ...

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Мастерс 1000 турнирот во Синсинати откако во второто коло загуби од младиот Аргентинец Тиаго Тиранте со 2-1 во сетови (4:6; 6.4 и 6:4). Тој по мечот, што траеше 2 часа и 45 минути зборуваше за здравствените проблеми со кои се соочува изминативе години. -Не е првпат, а сигурно ниту последен. Едноставно во прашање се здравствените проблеми. Имам проблеми особено кога влажноста е голема и со висока ...

Централната банка на Турција ја зголеми прогнозата за инфлацијата на крајот на 2026 година за два процентни поена, односно на 28 проценти, објави турската новинска агенција Анадолија, повикувајќи се на гувернерот на банката Фатих Карахан. Гувернерот Карахан ги соопшти новите проекции за време на информативната средба за претставување на третиот годишен извештај за инфлацијата, која се одржа во кампусот на банката во Истанбулскиот финансиски ...

Годишните загуби во земјоделскиот сектор на Европската Унија поради климатските промени до 2050 година би можеле да достигнат 40 милијарди евра, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извештај на осигурителната компанија „Хауден“, изработен за Европската инвестициска банка. Според истражувачите, во сегашното климатско сценарио загубите би се зголемиле од сегашните околу 28 милијарди на повеќе од 40 милијарди евра годишно, додека во ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32