Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека ниту Русија ниту Украина не се подготвени да направат отстапки во преговорите за прекин на војната, пред сè руската страна, и нагласи дека тоа е потребно за да се постигне мир. – Подготвени сме да продолжиме со каква било улога што е потребна во контекст на постигнување мир, бидејќи сметаме дека војната во Украина нема воено решение – рече Рубио во текот на вториот ден од ...
Светската здравствена организација денеска соопшти дека во Демократска Република Конго се потврдени 344 случаи на ебола, а 60 пациенти починале од болеста. Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус, на прес-конференција изјави дека одговорот на епидемијата сè уште доцни, но дека здравствените служби „под водство на владата на ДР Конго, ја стасуваат“ епидемијата. Епидемијата на ебола од Конго се ...
Во полското пристаниште Гдиња на Балтичкото Море денеска почна двонеделната поморска вежба на НАТО – БАЛТОПС, во која учествуваат над 30 брода од 15 земји и речиси 6.000 војници. Вежбата ја предводи американската морнарица, а главниот фокус на вежбата е обезбедување слобода на пловидба во Балтичкото Море. Вежбата исто така има цел да демонстрира силно одвраќање. Воената вежба ќе заврши во германскиот пристаништен град Кил. Балтичкото Море е ...
Гугл бара одобрение од американските власти за ослободување на милиони стерилизирани машки комарци во обид да се намали популацијата на инсекти што шират опасни болести. Технолошкиот гигант сака „да ги запре лошите инсекти со добри инсекти“, а овој пат не станува збор за програмирање. Компанијата поднесе барање до американската влада за дозвола да ослободи до 32 милиони стерилизирани комарци во државите Калифорнија и Флорида. Како дел од ...
Пратениците во словенечкиот парламент денеска ја изгласаа новата, 16-та Влада на Словенија и Јанез Јанша за нов премиер. „За“ гласаа 49 пратеници од десничарската Словенечка демократска партија, како и коалициските партнери од Нова Словенија, Словенечка народна партија, Фокус, Демократи, како и пратеници од Движењето Ресница, кое ќе ја поддржи малцинската владата . Словенечка народна партија во новата влада има седум министри, Демократите ...
Република Македонија денеска беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за мандатниот период 2027–2029 година. На гласањето што се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кандидатурата на Република Македонија доби поддршка од 174 држави членки. Станува збор за историски успех на македонската дипломатија, бидејќи за првпат од независноста државата ќе биде членка на едно од главните тела ...
Утре 05.06.2026 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на Самитот Европска Унија- Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, Република Црна Гора. Самитот ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro”, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија. По завршувањето на Самитот, на ...
На 03.06.2026 во 14:35 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.М.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот 75-годишен татко. На 02.06.2026 во 23:00 часот во прилепско село, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 49-годишен маж, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека физички ја нападнал во семејниот ...
Непријатно е да се слуша СДС и нивните првенци како се препелкаат зборувајќи за економија, инфлација, скапотија. Делува како да не сакаат Македонија да се движи на подобро, економијата да се стабилизира и постепено да заживува, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Излегуваат на прес-конференција каде јавно признаат дека им смета растот на БДП од 3,1%, кој впрочем е раст од 3 или над 3% седми квартал по ред, односно од заминувањето на СДС во длабока ...
о текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, од кои шест возеле без возачка дозвола, а еден и покрај тоа што имал забрана за управување возило. Три лица во Битола возеле без возачка дозвола и по едно лице во Скопје, Неготино и Кичево. Додека, едно лице во Кичево управувало возило и покрај тоа што имал забрана за управување возило. По ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска присуствуваше и се обрати на Бизнис форумот на информатичко-комуникациски компании, во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Здружението на информатички компании на Грција (СЕТПЕ), што се одржа во Скопје. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува уште еден важен чекор во градењето на ...
На 03.06.2026 околу 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, 63-годишниот Н.М. од Скопје, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, информира МВР. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид. На 03.06.2026 околу 16:10 часот во СВР Охрид е ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања кон поранешниот директор на Царинската управа и поранешен потпретседател на СДСМ, Стефан Богоев, тврдејќи дека е осомничен за местење тендер вреден околу 300.000 евра. „Богоев осомничен за местење на тендер во Царина вреден 300 илјади евра, притоа примил мито во вредност од 2.000 евра за да влијае на исходот на постапката“, изјави Лефков. Според ...
На 03.06.2026 во 17:30 часот во с.Руница, општина Липково, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ ги лишија од слобода Ф.Ќ.(46) од с.Лопате, кумановско и Р.А.(51) од с.Слупчане, липковско. При преземање службени мерки и вршење патролна дејност, полициски службеници сопреле и извршиле контрола во товарно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од ...
Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ф.А.(63), Ѓ.К.(57), И.Ш.(35), Џ.Ш.(35), сите од Скопје, како и против С.Ј.(35) од Куманово и И.А.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“. Во текот на 2024 и 2025 година, Ф.А. и Ѓ.К. го ...
До крајот на оваа година не се планира издавање нова Еврообврзница. Се она што беше планирано со Буџетот за 2026 година при неговото носење за обезбедување средства најпрвин за отплата на старите долгови е веќе реалзирано и останува до крајот на годината обезбедување средства за финансирање на буџетскиот дефицит. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за ТВ Сител. „Согласно проекците на буџетот и како ...
ОВЕН Денеска тешко дека ќе останете долго на едно место, денот ќе ви биде динамичен и исполнет со разни задачи и состаноци. Доколку успеете да го организирате вашето време и да ги структурирате вашите активности, ќе постигнете сериозен напредок. Моментот е погоден за преговарање, презентирање идеи или водење деловна комуникација. БИК Шансите за финансиска стабилност ќе бидат на ваша страна денеска, особено доколку покажете флексибилност и ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во своето гостување во „Топ Тема“ на телевизија Телма најави засилени контроли и нови мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот, откако статистиката за изминатиот месец покажала загрижувачки број жртви на македонските патишта и нагласи дека полицијата ќе дејствува многу построго кон возачите кои ги прекршуваат правилата и ја загрозуваат безбедноста на другите учесници во сообраќајот. – ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 литри на метар квадратен), елекстични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, ...
Филипче да престане да работи против македонските национални интереси. Венко Филипче не ги брани македонските позиции и македонските интереси, туку упорно ја застапува агендата која целосно им одговара на официјална Софија и на бугарските интереси, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. И покрај тоа што Македонија се соочува со постојани негирања на својот национален идентитет, јазик и историја, Филипче секојдневно настапува како ...
Еден од најпрепознатливите симболи на Мајкл Џексон, легендарната бела ракавица, не беше само моден додаток, туку имаше и подлабоко, лично значење. Додека Кралот на поп-музиката повторно е во центарот на вниманието за нова документарна серија и претстоен биографски филм, приказната за неговата ракавица открива борба со болест што долго ја криел од јавноста. Џексон се борел со витилиго, кожна состојба која предизвикува губење на пигментот и ...
Речиси секој патник кој летал со авион го знае тој момент: стигнувате до обезбедувањето, ја распакувате торбата и шишето со вода што сте го понеле за патувањето мора да заврши во ѓубре. Иако ова правило може да им изгледа претерано на многумина, не е воведено за да ги обесхрабри патниците да купуваат скапа вода на аеродромот, туку од безбедносни причини. Главната причина за забраната за внесување големи количини течности во кабината на ...
Замислете ја ситуацијата – телефонот ѕвони, вие одговарате очекувајќи разговор, но од другата страна владее целосна тишина. Иако многу луѓе мислат дека станува збор за технички проблем или лоша врска, експертите предупредуваат дека ваквите повици може да бидат дел од сè почеста измама насочена кон собирање податоци или злоупотреба на вашиот глас. Таканаречените „тивки повици“ станаа вообичаен метод што го користат измамниците во последниве ...
Познато е дека Јосип Броз Тито имал две страсти – лов и жени, и тешко е да се погоди бројот на непознати девојки и светски диви кои продефилираа низ неговиот кревет. Комплексот на палатата на Караѓорѓевиќ длабоко во себе крие тајна и љубовна приказна. Оваа приказна зборува за големата љубов на Маршалот Тито и неговата секретарка Даворјанка Пауновиќ Зденка, кој беше погребан од Јосип Броз во шумата на „Белата палата“, и подигна споменик и ...
Седнете во фотелјата, земете го далечинскиот управувач во раце и може да започне слабеењето. Причината зошто сакаме да гледаме хорор филмови е чувството на возбуда што се јавува кога ќе го процениме нивото на закана, кое има моќ да нè паничи и да нè заплаши. Истражувачи од Универзитетот во Вестминстер откриле дека хорор филм во траење од 90 минути може да согори до 113 калории. Што е како да пешачите половина час! Д-р Ричард Мекензи рече дека ...
Девица, Јарец и Вага: Се стремиме кон совршенство. Пребирливата Девица, строгиот Јарец и елегантната Вага се најмногу склони да се свртат кон негативната страна на перфекционизмот. Девицата е земјен знак, добро вкоренет во секојдневниот живот во кој сака да создава и одржува ред. Таа е многу остроумна и вешто асимилира сè што е корисно, здраво и ефикасно. Пребирлива и свесна за секој детал, Девицата наоѓа безбедност во ред и организација. ...
Европската комисија денеска препорача целосно укинување на внатрешните гранични проверки меѓу земјите од Шенген зоната (Австрија, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Словенија и Шведска), кои продолжуваат да вршат проверки на внатрешните граници. ЕК препорачува постепено укинување на проверките со оглед на претстојното стапување во сила на новите европски правила за азил и миграција на 12 јуни. Законодавството на ЕУ ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара од американскиот претседател Доналд Трамп, САД да испратат противвоздушни системи Патриот. Барањето на Зеленски уследи по синоќешните руски напади врз пет украински градови, при што загинаа најмалку 14 луѓе, десетици се повредени, а голем број се заробени под урнатините. Според украинското военовоздухопловство, Русија синоќа врз Украина лансирала 73 проектили, од кои осум хиперсонични ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рамковен договор со Иран може да се постигне „во текот на следната недела“, објави синоќа американскиот радиодифузер Еј-би-си Њуз (ABC News). Трамп во телефонско интервју за Еј-би-си рече дека меморандумот за разбирање за повторно отворање на Ормуската Теснина и продолжувањето на сегашниот прекин на огнот може да биде завршен и договорен „во текот на следната недела“, пренесе ДПА. „Треба да ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска ги предупреди младите Руси дека најверојатно ќе загинат доколку учествуваат во војната во Украина. – Ви се испраќа лоша понуда. Нема да бидете обучени, опремата што ќе ви ја обезбедат е со лош квалитет и постои многу голема шанса да загинете или да бидете ранети додека сте таму. Ако бидете ранети, веројатно ќе останете во калта да страдате и да умрете – рече Руте за време на прес-конференцијата ...