Венко Филипче и министерката за надворешни работи на Бугарија се на ист став, велат дека преговарале за Македонија со Европа, а не со Бугарија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Но, Венко Филипче исто така цврсто стои на ставот оти смета дека треба да се спроведат уставни измени без никаква гаранција за Македонија на евроинтегративниот пат. Ова би му дозволило на Бугарија и понатаму да ја ветоизира Македонија. Филипче исто така е ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени. Утре ...

БИК Денот е погоден за отпуштање, без разлика дали станува збор за лоша навика, старо убедување или негативна мисла. Фокусирајте го вниманието на тековните задачи и избегнувајте да започнувате нешто ново. На лично ниво, ве очекува интерес за вас и внимание. БЛИЗНАЦИ Денешниот ден е погоден за завршување на веќе започнатите задачи, ќе заврши некој проект, идеја или креативен потфат. Покажете со задоволство што сте создале. Поминете ја вечерта ...

Еден итен телефонски повик, неколку непланирани обврски и работниот ден завршува без да се заврши најважната задача. Ситуација позната на многумина често носи фрустрација и стрес, особено кога работите не одат според планот. Експертите објаснуваат дека причината не е случајна, туку психолошка. Колку подетално го планираме нашиот ден, толку повеќе очекуваме да ги постигнеме нашите цели. Кога не успеваме во ова, луѓето често се обвинуваат ...

Експертите предупредуваат дека недоволното движење и седечкиот начин на живот го зголемуваат ризикот од хронични болести, нарушено ментално здравје, послаба подвижност, намалување на густината на коските и когнитивен пад. Прескокнувањето на секојдневната прошетка може да му наштети на вашето здравје многу повеќе отколку што мислите. Седечкиот начин на живот е поврзан со поголем ризик од хронични заболувања и послабо општо здравје. Пешачењето ...

Астролошките транзити во следниот период носат значителни финансиски промени за четири знаци од зодијакот. Ретроградното движење на Плутон, кое ќе трае до октомври 2026 година, директно ќе влијае врз куќите на парите кај овие знаци. Професионалната астрологка Хелена Хатор во своето видео појаснува дека оваа енергија „го разградува стариот живот и носи нов кој е многу поизобилен финансиски“. Според неа, периодот бара целосен фокус бидејќи до ...

Според астролошки толкувања, наредниот период за три хороскопски знаци – Бик, Лав и Скорпија – може да донесе значајни животни промени и трансформации. Се верува дека овие промени ќе дојдат постепено, но со силно влијание врз личниот и професионалниот живот. Кај Биковите се најавуваат пресвртни моменти поврзани со работа или приватниот живот. Можно е да се појават ситуации кои ќе ги натераат да излезат од зоната на удобност и да направат ...

Јутјуб воведува нова автоматска функција за означување на видеа генерирани или изменети со вештачка интелигенција со цел да се спречи ширењето на дезинформации и измамнички дипфејк видеа, особено во чувствителни области како вестите, политиката и здравството. Јутјуб најави нова функција која автоматски ќе ги означува видео содржините направени или значително изменети со помош на вештачка интелигенција (ВИ). Ова претставува голем чекор на ...

Само еден од двајца анкетирани планираат да одат на одмор годинава, осум од десет одбираат поекономични типови одмор (викендички, изнајмени соби), додека пак мнозинството ја одбираат континентална Грција, за да ги избегнат трошоците за траекти, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од грчкиот Институт за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина. Од анкетираните, 50 ...

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денеска изјави дека ѝ наредил на војската да ги занемари условите од прекинот на огнот кој е во сила од октомври, и да „преземе контрола“ над 70 отсто од Појасот Газа, пренесе израелската телевизија. Прекинот на огнот, постигнат со посредство на САД во октомври 2025 година, ја воспостави демаркациската „Жолта линија“ која остави 53 проценти од Газа под израелска воена контрола. – Во моментов го држиме ...

Портпаролката на француската влада, Мод Брежон, денеска соопшти за седум смртни случаи, меѓу кои пет предизвикани од давење, кои се поврзани со топлотниот бран што ја зафати Франција во последните неколку дена. – Она што можам да ви го кажам денеска е дека се случија седум смртни случаи кои се директно или индиректно поврзани со топлото време – изјави Брежон за каналот ТФ1 (TF1), додавајќи дека ситуацијата дополнително ќе се прецизира по ...

Европската Унија би можела привремено да им го одземе правото на вето на идните земји-членки за да ги спречи да се мешаат во надворешната политика на блокот, објави „Гардијан“, повикувајќи се на извори во ЕУ. Според весникот, Европската комисија сега разгледува план според кој новите членки нема автоматски да добијат овластување да ги блокираат одлуките за надворешна политика или други прашања што бараат едногласност. Мерката би можела да се ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2026 година (понеделник) и на 02.06.2026 година (вторник), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги ...

Кампот во Зесхаупт на езерото Штарнберг е релативно мал, со капацитет од само 75 паркинг места, но локацијата е идилична. Кампот се наоѓа веднаш до езерото и е омилена дестинација за оние кои бараат, пред сè, мир и релаксација. „Едноставно станува збор за престој на отворено, во природа и минималистички начин на живот. Токму онака како што им се допаѓа на камперите“, вели Матијас Ледерер, кој го управува овој камп. Ова е токму местото каде ...

Финалниот натпревар од српското ракометно првенство помеѓу Војводина и Партизан, одигран во Нови Сад, беше прекинат поради сериозен инцидент на трибините во кој беше повреден хрватскиот ракометар Фран Милета. Според српските медиуми, навивачите на Партизан, познати како Гробари, внеле пиротехнички средства во салата. При водство на Партизан од 6:5, Гробари фрлиле „топовски удар“ на теренот. За време на немирите, Милета бил повреден во ...

Втора сезона по ред, англиската Премиер лига ќе има дури девет претставници во европските натпреварувања, израмнувајќи го сопствениот рекорд. Последниот клуб што го обезбеди тоа беше Кристал Палас, кој ја освои Конференциската лига. Како резултат на тоа, дури пет англиски клуба ќе играат во Лигата на шампионите, додека Кристал Палас им се придружува на Борнмут и Сандерленд во Лигата Европа. Конференциската лига ќе ја игра Брајтон. Лига на ...

Претседателот на СНСД, Милорад Додик, изјави дека вчера во Москва имал значаен и продуктивен разговор со заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушка, и дека една од темите била канцеларијата на високиот претставник во Босна и Херцеговина. „Исто како што рускиот претседател Владимир Путин и сите суверенисти лидери се борат за интересите на својот народ и држава, така и Србите имаат право да се борат за интересите на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од собраниска говорница одговори на барањата на опозоцијата за негова оставка, потенцирајќи дека бројките говорат за работата на Министерството во изминатиот период. – Говорам дека добро е што нема разлика помеѓу СДСМ, Левица и ДУИ и добро е што во ист ден повторно вие барате оставка од мене врз основа на вашата перцепција, а Левица повикува на интерпелација. Кај и да е, во текот на денов ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања зборувајќи за задолжувањето, истакна дека во јуни нема да има ново задолжување како што претендира опозицијата, а правејќи компарација помеѓу шест години од владеењето на СДСМ и ДУИ и овие две години од владата на ВМРО истакна дека според ММФ, оваа влада за две години остварила поголема додадена вредност отколку владата на СДСМ и ДУИ за 6 години, а ...

Во правливата индустриска зона на градот Била Церква, украинска пензионерка пребарува низ тлеечките остатоци од својот магацин во потрага по залиха од компири. Два дена претходно, локацијата беше погодена од едно од наводно најстрашните оружја на Русија – балистичката ракета со среден дострел Орешник. Но, за оружје кое чини повеќе од 50 милиони долари и треба да внесе страв на Западот, штетата што ја предизвика беше разочарувачка. Иако беа ...

Израелската армија прогласи големи делови од јужен Либан за „борбена зона“ и го повика населението да се евакуира. „Сите жители што живеат јужно од реката Захрани треба да се упатат кон север кон безбедноста“, објави портпаролот на војската на арапски јазик на платформата X. Реката Захрани тече приближно 40 километри северно од либанско-израелската граница. Во видео порака, портпаролот рече дека луѓето треба да се држат подалеку од ...

Норвешка се согласи да се придружи на предложеното „нуклеарно одвраќање“ на Франција, изјави францускиот претседател Емануел Макрон по средбата со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе во Париз. „Дадовте согласност Норвешка да се придружи на она што го нарековме нуклеарно одвраќање“, рече Макрон во Елисејската палата. „Тоа е многу важен чекор во нашето партнерство и ќе биде повод за многу амбициозна соработка“, додаде францускиот претседател. ...

Според најновата проценка на шефот на британската разузнавачка агенција GCHQ, речиси половина милион руски војници загинале во Украина откако започнала инвазијата пред повеќе од четири години. Ен Кист-Батлер, директорка на агенцијата за електронско разузнавање, во својот прв говор на таа позиција, изјавила дека руските сили во Украина „се повлекуваат од бојното поле“ за прв пат од крајот на 2022 година, пишува The Guardian. Кист-Батлер ...

Неколку членки на Европската Унија, предводени од Австрија и Грција, го забавуваат процесот на пристапување на Украина, инсистирајќи дека земјите од Западен Балкан не смеат да бидат занемарени и тргнати настрана. Ова одложување се надоврзува на веќе постоечките пречки: условувањето на Унгарија за отворањето на преговорите со заштитата на правата на унгарското малцинство, акцентот на Полска на проблемите во земјоделството и транспортот и ...

На 26.05.2026 во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.Г.(42) и Г.Г.(39), двајцата од Косово. Претходно, полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Г. и возило „шкода октавија“ со косовски национални ознаки, управувано од Г.Г., при што во ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје три лица управувале возило без возачка дозвола, четири во Тетово, пет во Битола и по еден во Македонски Брод и Велес (малолетник). Едно лице во Велес управувало возило ...

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни пријави ...

Македонија е добро рангирана на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан, кој обезбедува компаративен преглед на состојбите и капацитетите за иновации и конкурентност во регионот, како и сет препораки за унапредување на јавните политики и поттикнување на одржлив економски раст. Ова беше посочено на презентацијата на Индексот, во организација на Центарот на истражување и креирање политики, во соработка со Фондацијата Конрад ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во однос на најавите за укинување на роамингот на ЕУ со Западен Балкан, вели дека тоа не зависи од нас, туку од ЕУ, а оптимистичко сценарио тоа да се случи би можело да биде 1 јануари 2027 година. – Едно оптимистичко сценарио е дека до крајот на годината би ја имале оваа можност за нашите граѓани. Тоа сепак зависи од Европската Унија, рокот не зависи од нас, но би значело оптимистичко ...

Градот Скопје и Министерството за култура и туризам денес потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на културата, туризмот и културно-туристичката понуда на главниот град. Меморандумот, потпишан од градоначалникот на Град Скопје и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претставува важен чекор во подготовките за „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“ и има за цел посилна институционална координација во развојот и ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Калај

53.60