Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Преку писмо до министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис, кој е надлежен за полицијата, градоначалникот на Атина Харис Дукас, бара итни мерки за справување и спречување на кражбите на бакарни цевки и кабли од криминални групи во градот, посочувајќи дека досега се украдени девет километри кабли од уличното осветлување и поднесени десетици пријави за кражби на бакарни цевки, јави дописничката на МИА од Атина. Кражбата на ...
Во пратка од Тајланд, декларирана како облека, на аеродромот „Елефтериос Венизелос“ во Атина биле откриени и запленети 207 килограми и 466 грама суров канабис, во вредност од околу 1 милион евра, што пристигнале во август годинава, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката полиција, Дирекцијата за борба против дрога во соработка со Одделението за сузбивање на шверц при царинската управа на аеродромот, спречиле обид за влез на дрогата ...
Германската влада, и покрај острите критики, усвои уредба со која од почетокот на 2027 година за половина ќе ја намали, од 50.000 на 25.000, годишната квота за работници од Западен Балкан кои имаат олеснет пристап до германскиот пазар на труд. Уредбата, усвоена на вчерашната владина седница, треба да добие одобрение и од мнозинството во Горниот дом на германскиот парламент, во кој се застапени германските сојузни покраини. Покрај неколку ...
Полскиот нуркач Бартломиеј Питала кој достигна рекордна длабочина во подводната пештера „Врело“ на Матка и постави светски рекорд е прогласен за почесен граѓанин на Скопје. На денешната седница на Советот на Град Скопје, градските советници ја прифатија иницијативата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и на нуркачот Питала му го доделија ова почесно признание. Во рамките на меѓународната експедиција „Врело 2026“, Бартломиеј Питала минатиот ...
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип, поднесе кривична пријава против Љ.Н.(45) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 29.05.2026 на ул.„Нада Михајлова“ и во просториите на Полициска станица Пробиштип, пријавениот упатувал закани кон полициски службеник. Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип, поднесе ...
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата значајна улога на транснационално ниво во борбата против недозволена трговија со дрога. Неофицијално дознаваме дека по брза размена на информации од страна на Одделот за криминалистичка полиција при МВР и службата за борба против дрога на САД-ДЕА, од страна на германската полиција запленети се над 300 килограми кокаин, кои биле скриени во товарен контејнер со банани, кој од Еквадор допатувал на ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 1 ноември до денеска, полициските службеници постапувале по 25 пријави за семејно насилство и насилство во партнерски и семејни односи на подрачјата на Скопје, Куманово, Кочани, Штип, Велес, Охрид, Гостивар, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Берово, Струга, Кичево, Свети Николе и Струмица. Во рамки на постапувањето по дел од случаите, полициските службеници лишиле од слобода и ...
Со цел да не се шират шпекулации и неточни информации кои ги има во јавноста, сакам да истакнам дека полицијата, односно МВР, во конкретниот случај соодветно реагираше и го институционализираше случајот, истакна денеска во СВР Струмица директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при МВР Александар Јанев. Во изјавата за медиумите тој ја изнесе и хронологијата на трагичниот настан во кој животот го загубија 17-годишната Билјана и нејзиното ...
На 556 пензионери кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички, денеска им се исплатени средства од „АЛТА банка“ АД Битола, во филијалата во Битола, иако според првичниот план се очекуваа околу 400 исплати, соопшти Народната Банка. -Исплатата на средствата се одвиваше во најдобар ред. Иако за денеска преку СМС-пораки беа повикани околу 400 граѓани, на шалтерите беа услужени сите граѓаните кои немаат оставено ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои сомнение дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и дејствија на перење пари и изнуда. За тројца од нив во текот на денов до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор, додека четвртиот веќе одреден период е надвор ...
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени. До ...
Случајот со изградбата на објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу заслужува конкретни одговори, велат во париското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Стево Пендаровски треба јавно да објасни што точно знае за овој објект, каква е неговата поврзаност со Муслиу и зошто овој случај отвора сомнежи за можен судир на интереси. Прашањето е од каде потекнуваат средствата за ваква инвестиција? Дали имотната ...
Полициски службеници од ОВР Кочани, преземајќи мерки и активности, го лишија од слобода Д.С.(43) од Кочани, поради сомнение дека во изминатиот период извршил четири тешки кражби во домови на подрачјето на Кочани. По наредба од суд, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од наведените кривични дела. По целосно документирање на случаите, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична ...
На 05.11.2026 околу 19:00 часот, во село Кучевиште, скопско полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко моторно возило „сузуки“, управувано од М.К.(37) од Скопје во кое се превезувале огревни дрва без соодветна документација за нивното потекло и транспорт. М.К. е приведен по член 104 став 11 од Закон за Шуми и спроведен во Полициска станица за понатамошна постапка. Известена е Шумската полиција за преземање понатамошни мерки и ...
Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен утре на улиците кои водат кон гробиштата во Скопје поради верскиот празник Задушница, информира Министерството за внатрешни работи. Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени сообраќајни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, со почеток од 6 часот. Кон градските гробишта Бутел сообраќајот ќе се одвива еднонасочно, кружно. Возилата ќе се упатуваат ...
Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл пристигнаа во Велика Британија по шест години живот во Соединетите Американски Држави. Според британските медиуми, нивниот авион слетал на меѓународниот аеродром во Бирмингем околу пладне денес. Нивните деца, принцот Арчи (7) и принцезата Лилибет (5), веќе се запишани во британски училишта и ќе започнат со настава во септември. Семејството планира да живее во приватна резиденција надвор од Лондон, ...
Стравот од летање влијае на помеѓу 25 и 30 проценти од возрасните, а експертите и стјуардесите наведуваат неколку едноставни техники што можат да им помогнат на патниците да се справат со летот и турбуленциите. Меѓу советите што најмногу се издвојуваат е „трикот со желе“. Стјуардесата Сиера Мист објаснува дека патниците можат да го сметаат воздухот како густа маса што го држи авионот стабилен, наместо да ја доживуваат турбуленцијата како ...
Лице во холандската покраина Утрехт почина во болница по заразување од вирусот западен нил – објави денеска холандскиот јавен радиодифузен сервис НОС повикувајќи се на Националниот институт за јавно здравје и животна средина (РИВМ). Ова е прв регистриран смртен случај од овој вирус во Холандија по шест години. РИВМ годинава го детектира вирусот западен нил во покраините Утрехт, Северен Брабант и Јужна Холандија, а уште двајца заразени ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека глорификацијата на нацизмот што се случува во Украина е само дел од посериозен проблем и дека главниот проблем е што неонацистичката идеологија е ставена во темелите на модерната украинска државност. – Неверојатно е што се случува во Украина во моментов. Глорификацијата на нацизмот е само половина од проблемот. Но, вистинскиот проблем е што оваа неонацистичка идеологија денес е темел на ...
САД ја откажаа заедничката воена вежба за амфибиски операции со Јужна Кореја, планирана за следниот месец, соопшти денеска јужнокорејската војска откако Вашингтон наведе ограничена достапност на американските сили поради војната во Иран. САД во јуни официјално ја известиле Јужна Кореја дека достапноста на американските сили за вежбата ќе биде ограничена, соопшти портпаролот на јужнокорејскиот марински корпус. Во тек се консултации за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека „Иран доживува целосен колапс“, само неколку часа пред објавувањето на деталите за новите американски економски санкции против Техеран. Тој оваа изјава ја даде на социјалната мрежа „Трут соушл“ откако американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно за денеска најави „економски Д-ден“ против Иран. Трамп претходно најави почеток на „економска војна и изолација“ против Иран во ...
Во последните три години, само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорениот трансфер предвидува 200 лица. Весникот „Сан он Сандеј“, на кој се повикува Топ ченел , посветил статија на ова прашање, наведувајќи дека „договорот вреден 8 милиони фунти, меѓу британската и албанската влада, имал за цел трансфер на 200 затвореници“. Но, според овој весник, ...
Стратешкиот план на Собранието за 2027-2031 година се темели на сите потреби на Собранието и службата, како и активностите што треба да придонесат за натамошно унапредување на законодавната, надзорната и претставничката функција на Собранието, а планот ги задржува шесте функционални цели-функционално, отворено, дигитално, безбедно собрание, парламентарна дипломатија и една новина е додавањето на интеграцијата во ЕУ и ефикасна служба, истакна ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на Форумот на шефови на гранични полиции од Западен Балкан, кој во рамки на Берлинскиот процес денеска и утре се одржува во Скопје, со учество на претставници од регионот, земјите членки на Европската Унија, Обединетото Кралство, Меѓународната организација за миграции (ИОМ), како и европски, регионални и меѓународни партнери. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека ...
На 25.08.2026 во 17:00 часот во с.Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Е.Н.(21) и Џ.М.(29), двајцата од село Банско. При претрес на домот на Е.Н., извршен со судска наредба, биле пронајдени пакувања со марихуана и стебло од растението канабис. Додека, при преглед на Џ.М., кој бил затекнат во домот на Е.Н., била пронајдена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...
Овен Работа: Денешната енергија ве принудува да донесувате брзи одлуки, но внимавајте да не ги прескокнете важните административни чекори. Очекувајте покана за нов проект што бара ваша храброст и иницијатива. Не влегувајте во конфликти со вашите претпоставени поради ситни правила. Љубов: Страсна средба на неочекувано место ќе ви го подобри расположението и самодовербата. Избегнувајте непотребни расправии со партнерот за ситници кои всушност ...
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓоргева од ОЈО – Скопје. Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за ...
Во изминатото деноночие регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување за кризи. Активни пожари има општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со крак кон Палиград и Вражале – општина Зелениково, мешана шума, во општините Гостивар и Македонски Брод – кај селото Трново кон селата Битово и Заград и во општина ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ...
Вратата на фрижидерот честопати служи како најпрактично место за складирање на разни намирници. Сепак, температурата во тој дел од уредот не е толку стабилна како на внатрешните полици, поради што одредени намирници таму можат побрзо да ја изгубат својата свежина или да се расипат. Температурата во фрижидерот не е сосема иста на сите места. Просторот до вратата е повеќе изложен на потопол воздух секој пат кога ќе ја отвориме, поради што ...