Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе продолжува да бележи одлични резултати на меѓународната сцена. На трката во Штернберк, Чешка, која е дел од Европскиот шампионат на ридски патеки, тој успеа да се искачи на победничкиот подиум и да го освои третото место. Стефановски уште еднаш покажа врвна подготвеност и голема борбеност на патеката, натпреварувајќи се со некои од најдобрите европски возачи. Во силна конкуренција, македонскиот ...
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека се апсурдни западните предупредувања дека Русија би можела да го нападне НАТО, објави „Еуроњуз“. „Според мене, тоа не е само бесмислица, туку намерна провокација осмислена да создаде закана која всушност не постои и да ги натера граѓаните на нивните земји да трошат повеќе пари за одбрана“, изјави Путин на состанок со претставници на меѓународни новински агенции во Санкт Петербург. Рускиот ...
На годишното собрание на Eвропската слободна алијанса (European Free Alliance) едногласно беше усвоена Декларација со која се бара Бугарија да се извини за сите злосторства нанесени на македонското малцинство за време на комунистичкото владеење. Во Декларацијата се бара и спроведување на 14-те случаи пред Европскиот суд за човекови права поврзани со почитување на правото за регистрација на македонски организации во Бугарија. Европската ...
Политичката партија Левица вчера ја одржа својата 30-та редовна сесија на Централниот комитет, на која се дискутираше за актуелната општествено-политичка состојба, во услови кога ДПМНЕ има воведено комплетна десничарска, регресивна и деструктивна политика на централно и на локално ниво, соопшти партијата. „Пред сè поизвесните предвремени парламентарни избори, Левица настапува како единствена опозициска парламентарна партија која има моќ и ...
Признанија и пофалби за работа на Владата и напредокот на државата доаѓаат од повеќе функционери и претставници на земји членки на Европската Унија. Европски претставници како што е Антонио Кошта, претседател на Европскиот Совет и институции како Европската Комисија кои потврдуваат дека Македонија се развива и напредува во Реформската агенда, за што доби и најмногу финансиски средства од Планот за раст од земјите во регионот, се вели во ...
Еден од најпознатите природни феномени во Македонија, локалитетот Куклица или „Камените кукли“, кај Кратово, повторно е во центарот на вниманието, откако граѓани објавија сведоштва за незаконска наплата за влез во локалитетот. Според Левица, овој локалитет, заштитен како природна реткост и препознатлив симбол на македонското природно наследство со години е оставен на милост и немилост на самоволие, узурпација и институционална негрижа. „За ...
Реализацијата на „Чебрен“ и на „Галиште“ претставува стратешки приоритет не само за Северна Македонија, туку и за целиот регион, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за неговата вчерашна изјава дека се размислува државата самостојно да го реализира овој хидроенергетски проект, чија инвестиција би изнесувала до 1,5 милијарда евра. Оцени дека покрај енергетскиот аспект во проектот, особено ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ За егзодусот на Македонците, раселени на сите континенти и нивната вековна битка за опстанок и зачувување на својот национален идентитет, се зборува во публикацијата „Македонски иселенички панопти–кум” (1996), чиј издавач е„Друштво за наука и уметност, Битола“, на 296 страници на македонски јазик. Рецензенти на делото се проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ и проф.д-р Петре Георгиевска, а во ...
Како резултат на разговорите предводени од Соединетите Американски Држави, Израел и Либан се согласија да спроведат прекин на огнот, објави американскиот Стејт департмент. Израел и Либан, исто така, се согласија да работат на создавање пилот-зони во кои либанските вооружени сили би преземале ексклузивна контрола врз територијата, исклучувајќи ги сите недржавни актери, се вели во соопштението. Овие чекори ќе го олеснат напредокот кон сеопфатен ...
Претседателот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски едногласно усвоената Резолуција „Заштита на македонското малцинство во Албанија и заштита на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ“, од страна на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА) го оценува како голем историски ден за Македонците од сите региони, не само во ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Скопје ќе го одржи 32. Конгрес кој е посветен на финализирањето и усвојувањето на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата, документи кои треба да ги дефинираат идните политички насоки и приоритети на партијата. Конгресот, како што информираат од партијата, ќе се одвива во два дела – отворен и работен. Во рамки на отворениот дел ќе се обрати претседателот на СДСМ, ...
СДС и Венко Филипче не можат да ја скријат нервозата, па се претворија во бугарска испостава. СДС и Филипче не можат да го прифатат фактот што државата конечно има државничка Влада која ги штити државните интереси и забележува позитивни резултати, и на внатрешен и на меѓународен план, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Македонија може да води европска политика без понижување, без ...
Граѓани повторно реагираат дека на локалитетот „Камени кукли“ во Куклица, Кратовско, се наплаќа влез без јасен правен основ и без институционална контрола. Според сведоштвата објавени на социјалните мрежи и пренесени од Плусинфо, посетители тврдат дека биле спречувани да влезат во локалитетот или им биле барани пари за пристап до еден од најпознатите природни феномени во Македонија. Во објавите што ја отворија реакцијата, граѓани тврдат дека ...
Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8 %, а цените на мало раст од 5.6 %. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај во однос на април годинава, изнесува 0.6 %. Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 1.6 %, Облека и обувки, Храна и безалкохолни пијалаци за 1.0 %, Рекреација, спорт и ...
Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски се наоѓа во клучна фаза од кариерата, балансирајќи меѓу краткорочен ангажман во Кувајт Клуб и сериозни понуди од европски гиганти како Фуксе Берлин, ПИК Сегед и домашниот Охрид, што ќе ја дефинира неговата натамошна професионална патека. Филип Кузмановски моментално настапува за Кувајт Клуб на Азиското клупско првенство, каде што веќе ја потврди својата индивидуална класа. Со постигнати пет гола ...
Деветнаесетгодишната руска тенисерка Мира Андреева ја освои својата прва Гренд-слем титула на Ролан Гарос. Андреева во големото финале во Париз ја совлада полската сензација Маја Хвалинска со убедливи 6:3 и 6:2. Руската тинејџерка прикажа моќна игра на теренот „Филип Шатрие“ и го заврши мечот за само еден час и 22 минути. Натпреварот започна нервозно со четири последователни брејкови на двете страни, по што Полјачката поведе со 3:2 во првиот ...
Германскиот тенисер Александар Зверев уште еднаш покажа дека црвената земја во Париз е негов природен терен. Во првото машко полуфинале на теренот „Филип Шатрие“, третиот светски рекет успеа да го сопре налетот на младата чешка сензација Јакуб Меншик и по голема борба триумфираше со 7-5, 6-2, 3-6, 6-3. Со оваа голема победа, Зверев во недела повторно ќе го нападне престижниот трофеј и ќе се обиде конечно да го скрши своето Грен слем ...
Македонскиот борец Гого Славески ја оствари осмата победа во БКФЦ (Bare Knuckle Fighting Championship), откако го совлада Џони Тељо со едногласна одлука на судиите. View this post on Instagram A post shared by BKFC (@bareknucklefc) Македонскиот борец доминираше во текот на целиот меч и во неколку наврати го испрати противникот во нокдаун, но Тељо успеа да издржи до крајот на борбата. За Славески ова беше деветти настап во кариерата и осма ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Третото мое лексикографско дело во коавторство со Илинка Дракулевска-Грубовиќ и Никола Јордановски е „English-Macedonian veterinarian dictionary” „Англиско-македонскиот ветеринарен речник“ (1996), издание на „Матица македонска“, Скопје, кое е објавено на 296 страници. Рецензенти на ова лексикографско дело се: д-р Цветан Мицевски, д-р Михајло Зориќ и д-р Зозе Мургоски. Овој речник е прва ...
САД и Иран разменија нови ракети и напади со беспилотни летала, дополнително загрозувајќи ги напорите на Вашингтон да обезбеди нов договор за прекин на огнот со Техеран, пренесува Гардијан. Американските сили испалиле ракета „Хелфаер“ за да го онеспособат танкерот што се обидувал да ја пробие американската блокада на Ормутскиот теснец во вторник, а подоцна изјавиле дека ги одбиле иранските одмазднички напади во регионот и нападнале локации на ...
Лиценците издадени од државните институции наскоро ќе можат да се проверуваат за само неколку секунди преку QR код, без хартиени документи, фотокопии и дополнителна административна постапка. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го промовираше системот SMART лиценци – целосно електронско решение за издавање, проверка и јавно следење на лиценци. Според Андоновски, со едно скенирање граѓаните, компаниите и ...
И овој состанок помина на вообичаен начин – без резултати. Вака бугарски членови на Заедничкиот мултидисциплинарен експертски комитет за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија, го искоментираа последниот состанок во Скопје, пренесува БТА. Спотед БТА, членовите од македонскиот дел од комисијата одбиле да го усвојат текстот на препораката за претставување на Охридската архиепископија во учебниците за 7 одделение во Македонија, ...
Денес започна полагањето на државната матура за учебната 2025/2026 година. Вкупно 14.587 матуранти се пријавени за полагање на испитите со кои го заокружуваат средното образование и стекнуваат услов за продолжување на високообразовните установи или за вклучување на пазарот на трудот. Полагањето се спроведува во училиштата каде што се обезбедени сите законски и организациски услови, а дел од учениците, по барање на училиштата, полагаат во ...
Акцискиот план за правата на малцинствата во Македонииа станува нова пречка за старт на преговорите со ЕУ – Бугарија го блокира усвојувањето и на овој документ, без кој Македонија и ако ги донесе уставните измени, нема да може да го отвори првиот кластер од преговорите со Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека документот кој е донесен од Владата е усогласен со експерт за човекови права делегиран од страна на ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека неговиот оптимизам по самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват се темели на тоа што само тој од лидерите од Западен Балкан имал билатерални состаноци со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Фридрих Шолц. Тој рече дека Планот за раст за земјите од Западен Балкан ќе ѝ донесе напредок на Македонија и тој не е поврзан со процесот на проширување бидејќи и едното и другото паралелно ...
Системот на јавната администрација и државните институции повторно се под лупа откако серија ревизорски извештаи и внатрешни контроли открија шокантни случаи на исплата на плати и надоместоци за лица кои со години не се појавувале на работа, како и трошење јавни пари без соодветна контрола. Додека граѓаните се жалат на ниски примања, а институциите постојано предупредуваат дека немаат доволно кадар и средства за нормално функционирање, ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Во коавторство со Фиданка Танаскова, во 1996 година, на 122 страници, на македонски јазик, ја подготвивме публикацијата „Поетски иселенички меридијани”,1996,зборник на поезија, во издание на Матицата на иселениците од Македонија, посветена на Македонците раселени ширум светот. Рецензентие на делото се: Јован Павловски и Васко Караџа Книгата содржи 80 песни посветени на откорнатите од родните ...
Жестока реакција пристигна од таборот на Шкендија по одлуката на дисциплинските органи на Фудбалската федерација на Македонија да изречат висока парична казна на тетовскиот клуб по инцидентите во финалето на Купот на Македонија. Клубот е санкциониран со вкупно 105.000 евра поради повеќе прекршоци регистрирани на натпреварот, меѓу кои употреба на пиротехника од страна на навивачите, националистички скандирања, истакнување спорен транспарент со ...
Шпанскиот стратег Андони Ираола и официјално е нов менаџер на Ливерпул. За оваа можност се шпекулираше во изминатите денови, поточно откако Арне Слот доби отказ, а сега е потврдено дека Ираола доби голема шанса во еден од најголемите клубови во светот. Ираола остави одличен впечаток работејќи во Борнмут. Во вториот дел од штотуку завршената сезона во Премиер лигата, неговиот тим нанижа 18 натпревари без пораз и го освои шестото место на ...
Русија утринава нападна градови низ Украина со стотици беспилотни летала и десетици ракети, при што загинаа најмалку 18 лица, а повеќе од 100 беа повредени, според локалните власти. Нападите врз градовите, вклучувајќи ги Киев и Днепар, следеа по руските предупредувања за „систематски“ напади врз главниот град по смртоносниот напад со беспилотно летало врз студентски дом во регионот Луганск во Украина, кој е под руска контрола, минатиот месец, ...