Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Во населеното место Петропавливска Боршахивка, на периферијата на Киев, синоќа избувнаа судири со полицијата откако цивили се собраа пред зграда во која се сместени припадници на Националната гарда. Во официјалното соопштение од Првиот корпус на Националната гарда „Азов“ се наведува дека се прошириле „непроверени информации“ дека припадници на војската биле нелегално притворени и мачени во привремен сместувачки објект. Според Националната ...
В сабота 7 ноември, Народната банка ќе организира автобуски превоз од Прилеп, Ресен и Охрид до експозитурата на „Алта банка“ во Битола, за граѓаните од овие градови да можат да ги подигнат пензиите и социјалната помош. Точните распореди и времето на поаѓање дополнително ќе бидат објавени. „Клиентите на банката немаат потреба да отвораат платежна сметка во друга банка, бидејќи ќе можат да располагаат со идните приливи во целосен износ, преку ...
Поранешните професионални војници денеска протестираа пред Владата, барајќи еднаков износ на отпремнина за сите, без разлика на тоа кога заминале во пензија. Тие реагираат на големите разлики во исплатените суми по законските измени од 14 февруари 2024 година и бараат државата да ја исправи, како што велат, неправдата кон пензионираните припадници на Армијата. Со транспаренти „Не бараме милостина, бараме еднаквост“ и „613 ветерани не бараат ...
Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ ќе достават заклучоци до Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните и се надеваат дека пратениците членови на Анкетната ќе ги усвојат, речиси една година по одржувањето на расправата за катастрофата што се случи во Кочани и во која загинаа 63 млади, а повеќе од 200 беа повредени, потврдија за „Слободен печат“ претставници на Здружението „16 март 2025 – ...
Челниците на СДС веќе ја преминаа границата. Единствено што прават изминативе две години е ширење на паника меѓу граѓаните, обид за создавање на недоверба кон институциите, како и хистерија и хаос во општеството, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Поради внатрешни проблеми во партијата, Филипче, додаде тој, ги лаже граѓаните и пробува да создава перцепција во јавноста дека ...
Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските и трговските врски, поддршка за стабилноста на Западен Балкан и европската интеграција, како и значењето на ОБСЕ во актуелниот безбедносен контекст, се заедничките приоритети што ги истакнаа денеска на прес-конференцијата во Скопје, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот на Сојузниот оддел за надворешни работи на Швајцарија и ...
На конкурсот за прием на 29 питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се пријавиле вкупно 99 кандидати, од кои 46 ги поминале критериумите за селекција. Од вкупно пријавените кандидати, двајца биле од албанска етничка припадност, еден Ром, еден Влав и 95 Македонци, наведува Министерството за одбрана во реакцијата на денешното соопштение од ДУИ. Во однос на двајцата кандидати од албанска етничка припадност, од Министерството ...
Војната во Иран изврши голем притисок врз светската преработувачка индустрија, поради што цените на дизелот и бензинот може да останат на повисоки нивоа со години, предупредува анализата на Ројтерс. Иако пазарот на сурова нафта се прилагоди релативно добро на остриот пад на производството на Блискиот Исток, рафинериите имаат значително помала можност да го надоместат изгубениот капацитет. Ова јасно се гледа во растечкиот јаз помеѓу цените на ...
Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар во градот. На денешната седница на Советот сите девет советници гласаа против. Пет советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, тројца од СДСМ и коалицијата и еден советник од Движење ЗНАМ, едногласно ја отфрлија иницијативата да има дата-центар во Пехчево. Гласањето следува по реакциите во јавноста во изминатите недели околу најавениот проект и начинот на кој се водела постапката. ...
И на квартално и на годишно ниво, пораст на “внатрешниот “ долг на државата, на крајот на првото економско полугодие доспеаните а неплатени обврски на државата, на централно и на локално ниво, се приближија до 700 000 000 еврa. Според податоците од новата “должничка“ листа на Министерството за финансии , државните железнички компании го зголемиле а државните енергетски компании го намалиле долгот. Долгот кон приватниот сектор, невладините и ...
Кога на Америка ѝ беа потребни сојузници, мојата земја не се криеше во толпата. Многу брзо, јасно и доследно застанавме на страната на САД, вклучително и кога тоа можеше да има политичка цена. Ова во интервју за „Брајтбарт њуз“ го изјави македонскиот премиер Христијан Мицкоски, говорејќи за неговата, но и поддршката на земјава за администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. „Кога на претседателот Трамп му беше потребна нашата ...
Институцијата која треба да ја штити нашата природа е заглавена во правен вакуум, бидејќи функционира врз основа на прописи од далечната 1949 година. Ваквото функционирање, што е резултат на недонесувањето на нов закон за прогласување на Маврово за Национален парк (НП), е во директна спротивност со целите на Законот за заштита на природата, овозможува нетранспарентно работење и ја доведува во прашање легалноста на активностите во паркот, ...
Управата за јавни приходи предупредува на внимателност кај граѓаните откако, како што информираа почнале да пристигнуваат лажни SMS-пораки во кои се тврди дека „даночниот поврат е подготвен“, а во пораката е приложен и линк. Оттаму предупредуваат дека станува збор за можен обид за измама и апелираат граѓаните да не го отвораат линкот и да не оставаат лични или банкарски податоци , посочувајќи дека ваквите пораки може да бидат дел од обид за ...
PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN After completing high school in Sofia in 1955, Goyko returned to his native Macedonia, then the Socialist Republic of Macedonia within the FNRY – Federal People’s Republic of Yugo slavia, to continue his education. Goyko returned to the capital of the state, about which is said that if Macedo nia is the most beautiful country in the Balkans, then Skopje is at the heart of that ...
Борачите ги донесоа првите (три медали) за македонските спортисти на Медитеранските игри Таранто 2026. Попладнево Иако имавме двајца финалисти, сепак златото беше недостижно, па епилогот е две сребра и бронза. Во првата и тоа финална во во категоријата до 74 килограми настапи Фати Вејсели. Тој за противникот го имаше албанскиот натурализиран репрезентативец, Ислам Дудаев кој ја доби борбата со 0-4. Во втората борба во категоријата 86 ...
Манчестер Сити и Тотенхем го потврдија трансферот на Савињо, кој кариерата ќе ја продолжи во лондонскиот клуб. Станува збор за исклучително богат трансфер од финансиски аспект – „граѓаните“ ќе добијат 75 милиони фунти фиксна отштета, плус дополнителни 10 милиони фунти преку бонуси, од кои 5 милиони се сметаат за лесно достижни. За споредба, Манчестер Сити пред две години го доведе Бразилецот од Троа за само 21,3 милиони фунти. Висината на ...
Германските енергетски компании предупредуваат дека би можеле да имаат сериозни проблеми со навременото полнење на складиштата за природен гас пред почетокот на зимата. Во моментов складиштата се исполнети со околу 50 отсто од капацитетот, а првичната цел од 80 отсто е намалена на 70 отсто. Претседателката на Сојузот на енергетски компании на Германија (BDEW), Керстин Андреае, оцени дека и намалената цел е „многу амбициозна“. „Осумдесет ...
Со полициско комбе, утрото на 24 август, во Основниот кривичен суд Скопје, беше спроведен поранешниот вицепремиер Артан Груби од ДУИ, на неговото првото рочиште како обвинет во предметот поврзан со Државна лотарија во кој проценетата штета на буџетот е 8,2 милиони евра. Меѓутоа, само што започна судењето, судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски ги прочита основните податоци за обвинетите, и рочиштето се одложи на барање на еден од адвокатите ...
Бугарија нема да се откаже од Бугарите во Република Македонија и ќе продолжи да ги штити нивните права. Заедничката историја меѓу Бугарија и Македонија не треба да биде повод за разделби, изјавила бугарската претседателка Илијана Јотова, пренесува телевизијата БТВ. Јотова оваа изјава ја даде на местото Петрова Нива, каде што учествувала на чествувањето на 123-годишнината од, како што се вели, Илинденско-преображенското востание. „Денес во ...
Овогодишниот осми по ред Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“ се одржа во Охрид, Лескоец и Црвена Вода, како и секоја година под мотото „Симболично обединување на Вардар, Пирин, Егеј и Мала Преспа“. Така, во организација на Друштвото за култура и литература “Мацково” од Охрид, на чело со Веле Митановски, во ЦОУ “Ванчо Николески”, во населбата Лескоец, крај Охрид, единствената установа во Македонија која го носи името на бардот на ...
Загрижувачкки податоци за бројот на учениците во основното образование и за намалувањето на бројот н аучилиштета во земјава изнесе денеска Весна Јаневска, мнинистерката за образование. На прес-конференцијата во Министерставото таа рече дека бројот на запишани првачиња досега изнесува значително помалку отколку лани. -Оваа година досега се запишани околу 14.500 првачиња. Но, потенцирам, тоа не е дефинитивна бројка затоа што во тек на целиот ...
Центарот за управување со кризи информира дека продолжуваат интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак. Оттаму информираат дека директорот на ЦУК Мухамед Али е на терен, заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата. Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ангажирани сите расположливи ...
PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN After the Second World War, under the leadership of Georgi Dimitrov, the Macedo nians from Pirin Macedonia were to gain full cultural autonomy which was supposed to grow into a territorial one through legal framework which would lead to unification of Pirin Macedonia with the then People’s Re public of Macedonia as a home state within the Balkan Federation. Josip Broz Tito. From day to ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Холандија, 12-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Британецот, актуелен шампион, ја забележа 13-та победа во кариерата, втора оваа сезона. Норис беше 11,5 секунди пред Кими Антонели во Мерцедес на целта, додека вториот возач на германскиот тим, Џорџ Расел, го освои третото скалило на подиумот. Британецот беше помалку од секунда пред поранешниот тимски колега ...
Македонските борачи се прикажуваат во извонредно светло на Медитеранските игри во Таранто, па така во текот на денешниот ден запишавме низа резултати кои вредат да се одбележат. Македонија ќе има двајца претставници во битката за златен медал во утрешните финалиња, најпрво во категоријата до 74 килограми, а потоа и во категоријата до 97 килограми. Фати Вејсели во полуфиналната битка оствари победа од 5:3 над Турчинот Јасин Јесил и покажа дека ...
Квалификациите во поединечна конкуренција на турнирот УС Опен започнаа денес а натпреварите од главната фаза за мажи и жени започнуваат на 30 август. На стартот на турнирот познат е и наградниот фонд. Вкупната исплата на играчите на Отвореното првенство на САД 2026 ќе биде рекордни 108 милиони долари. Ова е зголемување од 20 проценти во однос на 90 милиони долари доделени на играчите во 2025 година. Ова претставува зголемување од 44 проценти ...
ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција како манипулација го оцени ставот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) дека владејчката партија и премиерот Христијан Мицкоски бараат алиби за распишување предвремени парламентарни избори. Оттаму ѝ порачуваат на опозициската партија и нејзиниот лидер Венко Филипче, за кого велат дека на функцијата е поставен од експретседателот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев, треба да разберат дека ...
На 20-ти авгусат 2026 година, во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид беа промовирани делата „Славе Катин – живот и дела“ и „Патувања околу светот“ на Славе Катин, со што беше одбележан големиот јубилеј 85 години живот и 50 години творештво на познатиот новинар и публицист Славе Николовски – Катин. Овој културен настан го отвори и на присутните им се обрати директорката на НУ Библиотеката „Григор Прличев“, Христина ...
Од полноќ повторно поскапуваат горивата во земјава. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,62 отсто во однос на претходната одлука од 17 август. Најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за 3,50 денари за литар и од 25 август ќе изнесува 101,50 денари за литар. Бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за по 1,50 ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска изјави дека Владата прави сè што може за да им помогне на транспортерите. Склучува, како што рече, билатерални договори со земјите што се дел од шенген-зоната. „Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамките на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решение. Се работи за правила во шенген-зоната и за правила што ги уредува шенген-зоната. Она што ние ...