Вкупно 22 пожари на отворен простор се регистрирани до 18:00 часот попладнево, од кои 11 се активни, еден е под контрола, а 10 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Најсериозна е состојбата во Општина Куманово, каде што активен е пожарот во селото Винце. Гори ниска вегетација, а огнот зафатил и куќи. Активни пожари има и во Општина Делчево, во месноста Бигла, каде што гори борова шума, како и во Општина Пехчево, во селото ...
Пет пожари на отворен простор и натаму се активни во земјава, додека еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати. Ова го соопшти Центарот за управување со кризи во пресекот на состојбата до 13 часот денеска, 24 август. Најголем пожар е регистриран на подрачјето меѓу општините Студеничани и Зелениково. Огнот се движи на релација Моране – Вртекица – Рамни Габер, со крак кон Палиград и Вражале, а зафатена е мешана шума. Активен ...

